IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Природни маски за лице, коса и тело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Природни маски за лице, коса и тело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 20:32
Ако имате слаби и кршливи нокти, може да ги држите 10 минути во маслиново масло - применувајте го тоа еднаш неделно и вашите нокти за брзо време ќе бидат поцврсти.

За кршлива и ретка коса - еден лимон исечен на парчиња сварете го во две чаши вода. Кога ќе проврие, исцедете го низ газа и ставете ја течноста во шише со прскалка, па прскајте ја косата после капење... има неограничен рок на траење ако го чувате во фрижидер.


It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2009 во 14:43
Redovno si pravam maska od pcenkarno brashno i jogurt...mi ja osvezuva kozhata,mi ja pravi ,meka i nezna (ovaa maska e za normalna i masna kozha),vredi da se proba..
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2009 во 14:45
Inaku za dlabinsko chistenje na kozhata,na porite koristam maska na Freemen..na baza na avokado,zelena glina i oves,mnogu e efikasna za chistenje na porite i osvezuvanje na liceto...ja ima vo Vero okolu 310 denari..
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 23:45
•    Како маска против брчки употребете две лажици мед и една белка од јајце, помешани во каша. Нанесете ја смесата на лицето, оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и со ладна вода. Но внамавјте, оваа маска не треба премногу често да се употребува
•    Ако сакате да ја освежите и матирате кожата употребете смеса од еден свеж изгмечен компир и малку свежо млеко. Нанесете на лицето, оставете да делува неколку минути и измијте со ладна вода
•    За нечиста коже користете квасец помешан со млако млеко. Нанесете на лицето и оставете да делува додека да се исуши, а потоа измијте со топла па потоа со ладна вода. Со редовна употреба на оваа домашна маска, кожата видливо ќе се исчисти
•    За осетлива кожа употребете младо сирење помешано со една лажица мед во кремаста смеса. Нанесете на лицето во обилен слој, а посебно околу очите и усните. Оставете да делува 20 минути,а потоа отстранете ја смесата со памук натопен во топло млеко
•    За освежување на секаков тип на кожа употребете една изгмечена банана. Нанесете ја на лицето и оставете да делува 20-30 минути, а потоа измијте го лицето со чај од камилица. Оваа маска може да се применува еднаш до два пати неделно


не%20знамне%20знамне%20знам
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 23:52

...две лажици мед и една белка од јајце...а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и со ладна вода...

Ce si imate maka dodeka medot da go 'odmiete'...плазење
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2010 во 23:54
Еј го имам тоа пробано...баш ми е ОК..и лесно се вадида...топлата вода ...помаганамигнување
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 00:02
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Еј го имам тоа пробано...баш ми е ОК..и лесно се вадида...топлата вода ...помаганамигнување
 
 
Go imas probano...замисленост...aauuu a ja mislev mlada baba si...dobro ajd neka ti bide...ce ti veruvam...samo nemoj kiseloto mleko i krastavici da gi potrosis za maska, utre nema taratur...изненадувањеплазење


Изменето од gonzo - 24.Јули.2010 во 00:02
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 00:06
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Еј го имам тоа пробано...баш ми е ОК..и лесно се вадида...топлата вода ...помаганамигнување
 
 
Go imas probano...замисленост...aauuu a ja mislev mlada baba si...dobro ajd neka ti bide...ce ti veruvam...samo nemoj kiseloto mleko i krastavici da gi potrosis za maska, utre nema taratur...изненадувањеплазење



Mlada baba sum breтагатага ama batali tuka sto pisuva...ne e samo za toa...mnogu e dobro za pothranuvanje na kozata...posle toa e meka...kako na bebeдада

a krastavici ne stavam...auu begaj bre...toa se jadeплазење
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 00:11
A medot ne se jade aaaaa??збунетост
 
 
 
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 00:17
ааа колку сиииииголема%20насмевка никогаш не сум јадела мед..затоа така изреагирав..дека краставицата се јаде...нема врска..моја грешка..во чекорисреќа




еве една маска за коса

За расцветани врвови
1 јајце и неколку лажици јогурт (зависно од должината на косата - за кратка коса 2-3 лажици јогурт, за долга коса до 1 филџан јогурт)среќа
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2010 во 00:29

Mаска за сува кожа.

Две супени лажици какао во прав прелијте го со малку топла вода за да се направи кашичка. Додајте малку павлака и пола кафена лажица маслиново масло, за маската да се нанесува полесно. Лицето,вратот,деколтето и рацете припремете ги и намачкајте ги со сок од краставица. Преку мократа кожа, со прсти нанесере ја маската на сите места кои сте ги намачкале со сокот од краставици. Преку маската стацете газа натопена во сок од красравица. Сето тоа покријте го со алуминиумска фолија за да ја задржи топлината заради подобри резултати.

За мешовита кожа:

- 100гр квасец помешуваме со вода, а 100 гр со маслиново масло. Првиот дел се става во Т-зоната, а вториот на образите и челото околу косата.
- Жолчка се меша со неколку капки маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата. Белката се мати во цврст снег и се нанесува во Т-зоната.
- 2 лажички павлака се меша со лажичка мед и се нанесува во Т-зоната. На останатото се додава малку маслиново масло и се нанесува на образите и челото околу косата.

За масна кожа:

- лосион за миење: чај од лавандин цвет е добар за миење на масна кожа.
- лажичка пченично брашно се меша со лажичка јогурт. Се остава 15 мин, и се мие со млака вода.
- ситно се меле краставица и грејп, се нанесува и остава 20 мин, и потоа се одмива со млака вода каде сме ставиле малку лимонов сок (масна кожа без мозолчиња)
- парче пекарски квасец се меша со млеко, се нанесува и се остава 20 мин. Се одмива со чај од камилица ( масна кожа со мозолчиња)
- 2 лажички сок од портокал, лажичка сок од лимон и неколку капки бадемово масло. Чиста газа се натопува во течноста и се обложува на лице.

За сува кожа:


-пасирана банана се меша со малку мед и 10 капки лимонов сок. Се држи до 30 мин и се одмива со топла вода ( или банана со неколку капки маслиново масло)
-печена јаболка со малку бадемово масло.
- млеко помешано со растопен путер повремено обложете на лице.
-згмечена кајсија и мед, се нанесува и држи 20 мин, се одмива со ладна вода.
- жолчка, лажичка мед и ситно сомелен розмарин, добро помешано, нанесуваме и држиме 15 мин на лице, па одмиваме со млака вода. Ја прави кожата мазна и свежа, а делува и антисептички.

Митесери:

- загрејте малку мед, благо натапкајте на лице, и измијте со топла па ладна вода.
- направете лосион од малку овошен оцет и вода, 8 пати повеќе од оцет.

Темни дамки и пеги:
- редовно миење со мешавина од сок од домати и 2 лажички млеко.
-лимонов сок се втријува на лице и се покрива со ладен облог. После 25 мин се мие со ладна вода и се нанесува масна крема.
-во чаша вода се става шака магдонос и се остава преку ноќ. Наутро со таа вода се мие лицето.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 20:42
Маски за нормална кожа
  1. Една супена лажица млеко во прав се меша со 1 ч.л. бебешки крем и неколку капки сок од лимон. Смесата нанесете ја на лицето, оставете ја да дејствува 20 минути и измиете ја со млака вода.
  2. Се мешаат 2 рендани моркови со 1 избиена белка од јајце и 1 ч.л. маслиново масло. Смесата се нанесува на лицето, каде е потребно да дејствува 20 минути.
  3. Една чајна лажица сол се меша со 1 с.л. кисело млеко, 1 с.л. брашно и 1 с.л. мед. Добиената смеса се нанесува на лицето да дејствува 10 минути. Се мие со млака вода.

Маски за сува кожа
  1. Се мешаат 100g мед, 2 жолчки, 100 маслиново масло и потоа се затоплуваат. Маската се нанесува на лицето неколку пати на интервал од 5-7 минути. Се отстранува од лицето со помош на памук, натопен во чај од липа.
  2. Се пасираат 2 варени компири, во нив се додаваат една жолчка од јајце и малку пресно млеко, за да стане смесата густа каша. Се нанесува на лицето и после 15 минути се мие со млака вода.
  3. Половина банана се пасира и се меша со 3 с.л. кисело млеко. Се нанесува на лицето каде треба да стои 15 минути. Потоа се мие
лицето со чај од камилица.

  1. Маски за мрсна кожа
  2. Во изматена белка од јајце додајте 1 ч.л. сок од лимон. Измешајте. Нанесете на лицето еден слој од смесата, почекајте 10 минути и нанесете уште еден слој. Откако ќе поминат уште 5 минути, измијте го лицето со млака вода. Оваа маска ги стега порите, ги измазнува брчките и ја избелува кожата.
  3. Со една чаша врела вода се преливаат 3 с.л. ситно исечкана краставица. Откако ќе поминат 2-3 часа течноста се цеди. Кон неа се додава 1 с.л. мед и се меша додека медот не се раствори. Така добиената смеса се нанесува на лицето со помош на памук и по 30 минути се отстранува со млака вода. Смесата од мед и сок од краставица е многу ефективно средство за лекување на комедони.
  4. Смешајте 1 с.л. глина во прав (се купува од аптеките) со 1 ч.л. сок од лимон и 1 ч.л. мед. Оставете ја смесата да дејствува на лицето 20 минути. Маските од глина одлично ја чистат мрсната кожа.





Изменето од sneska_v - 07.Август.2010 во 20:42
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2010 во 20:47

6 домашни пилинзи за совршено мека кожа


Тело

Сол и бадемово масло

Солта е можеби најевтината состојка која често се користи како дел од домашните пилинзи за лице и тело. Таа има способност за детоксикација и за релаксирање на мускулите. Единствено треба да внимавате да не ја користите солта ако имате отворени рани или исеченици. Во никој случај не користете пилинг со сол ако претходно сте се депилирале или пак бричеле. За овој пилинг наместо сол може да се користи и шеќер.

Бадемово масло лесно можете да го најдете во сите супермаркети, а добро е да знаете дека помага и за разубавување на косата. Често се користи за масажа на телото, погодно е за сите типови кожа, лесно се апсорбира, ѝ дава влажност и мекост на кожата и се бори против чешањето и иритацијата.

Како да го подготвите? Измешајте 2 шолји сол со 1 шолја бадемово масло и додајте 15 капки етерично масло по ваш вкус. Најдобро е да употребите масло од лавандула. Не користете масло од нане (пеперминт).

Нанесете ја смесата по телото. Започнете го масирањето од долниот дел на нозете па нагоре.

Кафе и етерични масла

Кафето не само што може да ви послужи како пилинг за отстранување на мртвата груба кожа, туку ќе ви помогне и во борбата со целулитот и за зацврстување на кожата. Повеќето скапи креми против целулит содржат кофеин којшто го има во изобилство во кафето.

Како да го приготвите? Измешајте 1 шолја кафе (по можност крупно мелено), 1 супена лажица готварска сол, 1/3 шолја бадемово масло и 1 кафена лажичка цимет. Додека мешате додајте 8 капки масло од грејпфрут, 8 капки масло од нане и исцедете четвртина портокал. Смесата треба да изгледа како густа каша. Ако е премногу сува, додајте уште малку сок од портокал или бадемово масло.

Масирајте ја кожата по телото со смесата, а потоа можете да ставите повеќе смеса на местата засегнати од целулит и да ги завиткате во најлонска фолија. Оставете да делува 15 минути.



Лице

Смокви и маслиново масло

Благодарение на антиоксидансите и витамините кои ги содржат смоквите, а исто така и на нивната способност да ја навлажнуваат кожата, тие се исклучително корисни за подобрување на изгледот на вашата кожа. Малите семки кои се наоѓаат во нив овозможуваат ефикасна ексфолијација.

Од друга страна, маслиновото масло го забрзува обновувањето на клетките, а дури помага и во негата на кожа засегната од сончевите зраци. Затоа, маслиновото масло и смоквите се одлична комбинација.

Како да го приготвите? Во зависност од тоа дали сакате да го употребите пилингот на лицето или на телото, количините кои ви се потребни варираат. Пример: за да направите ексфолијација на лице потребни ви се 4 пасирани смокви и 1 супена лажица маслиново масло. Во смесата пасирани смокви додајте го маслиновото масло и промешајте.

Нежно тријте ја кожата, а потоа оставете ја смесата да делува на лицето 10 минути.

Јагоди и кафеав шеќер

Ако имате мрсна кожа, јагодите се идеален природен избор за вас. Освен што се борат против акни, тие содржат и AHA овошни киселини кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за свеж изглед. Исто така, јагодите содржат антиоксиданси кои се борат со просецот на стареење и ја обновуваат оштетената кожа.

Гранулите на кафеавиот шеќер се многу ефективни како пилинг.

Како да го приготвите? Пасирајте 4 големи јагоди и кон нив додајте 2 супени лажици кафеав шеќер. Масирајте го лицето со кружни движења.

Усни

Мед и маслиново масло

Заборавете ги испуканите усни и неколку пати неделно користете пилинг. Усните се многу понежни од останатата кожа, па затоа бараат дополнително внимание и нега. Медот не само што е здрав да го ставите во устата, туку убаво е и да го употребувате на усните. Тој ја прави кожата мека и нежна и придонесува да омекнат и паднат мртвите клетки.

Како да го приготвите? Измешајте 1 кафена лажичка маслиново масло со 1 кафена лажичка мед, 2 лажички шеќер и малку лимон. Промешајте ги состојките за смесата да наликува на паста, а потоа со врвовите на прстите тријте ги усните.

На крајот можете да ги премачкате усните со вазелин, гел од алое вера или пак балсам.

Сода бикарбона и мед

Сода бикарбона е одличен продукт кој долги години се користел за избелување на забите и за ексфолијација. Ако ви е потребна понежна ексфолијација на усните, тогаш нема да погрешите ако ја направите со сода бикарбона. Можете едноставно да ја помешате со малку вода, но медот е многу подобрата варијанта.

Како да го направите? Измешајте 1 кафена лажичка сода бикарбона и 1 кафена лажичка мед. Ставете дел од смесата на стара четка за заби и со кружни движења масирајте ги усните 2 минути. Ако сметате дека четката е многу груба за вашите усни, масирајте со врвовите на прстите.

Содата нема да ги навлажни вашите усни, па затоа на крајот премачкајте ги со маслиново масло или вазелин.


Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2010 во 21:11
Mаска за коса од павлака - за уништена коса.
Да се измешаат 2 лажици павлака со 1 лажичка сок од цеден лимон и 1/2 лажичка пченкарно масло. Мешавината ја нанесуваме на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.

Маска за коса од невен и млеко- за сува коса.
1/2 филџан млеко да се измеша со 1 жолчка и 1/2 чај од невен. Да се нанесе на сува или влажна коса, масирајќи. Покриваме со фолија и оставаме да дејствува 10 - 15 минути. Плакнеме со чиста вода.


Изменето од sneska_v - 13.Август.2010 во 21:12
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.