IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Природни маски за лице, коса и тело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Природни маски за лице, коса и тело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 16:54
За сјај на косата е многу добро вински оцет.Откако ќе се измие,се плакне со малку вински оцет разблажено со вода.На пример:една чаша со 1 прст оцет допунета со вода.Лично мео искуство,и многу сум задоволна.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 15:35
Каде може да се најдат масла за лице, знае некој?
Ми треба кокосово масло за лице...среќа
Кон врв
Hand and Nails Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Август.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hand and Nails Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2011 во 16:53
Originally posted by annaja annaja напиша:

За сјај на косата е многу добро вински оцет.Откако ќе се измие,се плакне со малку вински оцет разблажено со вода.На пример:една чаша со 1 прст оцет допунета со вода.Лично мео искуство,и многу сум задоволна.

mnogumina mi go kazale ovoj recept a go nemam probano
Семинар за "One-Stroke" на 30.08.2011 во Прилеп
http://www.facebook.com/pages/Hand-Nails-Academy/274007843036
http://www.facebook.com/profile.php?id=100001298762648
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2011 во 21:16
Пробај,не секогаш треба скапи препаратида
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 13:01

Трикови од познатите визажисти

Капка масло за убаво лице - на дневната крема наутро додадете капка масло за нега на лице. На тој начин кожата ќе ви биде затегната и подготвена за шминкање.

Јогурти и мраз за „бришење“ мани од лицето - на челото нанесете слој јогурт. Оставете да делува 20 минути па измијте се. За да се справите со подочниците ставете коцки мраз завиткани во ткаенина врз нив.

Млечната сауна ја чисти кожата – загрејте млеко до вриење, па прелијте го во друг сад. Застанете со лицето над садот и прекријте се со пешкир за да создадете минијатурна сауна. Млечната киселина ќе ги исчисти порите, а вашата кожа по третманот ќе биде сјајна.

Кармин што трае со часови – по првиот слој кармин на усните, ставете салфетка врз нив па нанесете пудра во прав. Низ салфетката ќе помине онолку прав колку што е потребно за да се фиксира следниот слој на кармин.

Маска за лице од аспирин- здробете две таблетки аспирин и помешајте ги со лажица органски мед. Оставете маската да дејствува 20 минути па измијте. Кожата ќе биде свежа бидејќи аспиринот содржи состојки кои се дел од врвните маски за лице.

Шеќерна вода за обликување коса - во чаша со топла вода ставете шест лажици шеќер, потоа оладете ја течноста и ставете ја во шишенце со распрснувач. Попрскајте ја косата со неа и обликувајте ги локните, па кога ќе се исушат слободно расплетете ги.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:01

3 маски кои ефикасно се справуваат со ефектот на „мрсна кожа“: Ги прочистуваат порите и даваат совршен тен

Многу луѓе во денешно време постојано се справуваат со проблемот на мрсна кожа, која е пропратена со непријатен ефект, односно дава прекумерен сјај на лицето.

Во принцип, овој проблем со кожата е доста застапен, при што на луѓето со овој проблем, од голема помош ќе им биде практикувањето на следните 3 домашни маски, кој ефиксасно ќе се справат со непријатните последици при ваквиот тип на кожа:

Домашни маски за ефикасно справување со мрсна кожа

Рецепт бр. 1

Потребно ви е малку кисело млеко и памучен туфер. Додадете го млекото во шолја, потоа потопете го памучниот туфер во истото, нанесете го на лицето и оставете го да отстои 15-20 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода.

Рецепт бр. 2

Измешајте белка и малку изрендан лимон, а добиената смеса нанесете ја на површината на вашата кожа и оставете ја истата да отстои 15 минути. По третманот, измијте го лицето со топла вода. Овој вид на маска ќе ги намали порите и ќе го подобри тенот на лицето.

Рецепт бр. 3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:01

3 домашни маски благодарение на кои може да се збогувате со назолабијалните брчки

Постојат две критични зони од лицето на жените, при кои најмногу се појавуваат брчки: Околу очите и над горната усна. Вертикалните брчки над горната усна се нарекуваат назолабијални и се појавуваат како резултат на ослабнато поткожно масно ткиво и намалено количество на масни жлезди.

Во таков случај, кожата се протега, се нарушува циркулацијата на крвта и ткивата губат колаген. Особено кај дамите на 40 години, ова може да претставува вистинска непријатност.

Пред да ви откриеме ефикасен начин како да се справите со овој естетски проблем, потребно е да знаете дека неопходно е да направите и превенција, за да не ја влошите состојбата на кожата, а тоа најдобро ќе го постигнете со пиење многу вода, да спиете 7 часа и да употребувате само висококвалитетна козметика за вашата кожа.

Домашни маски за отстранување на назолабијални брчки

1. Маска со краставица

Изрендајте ја краставицата и потоа истата измешајте ја со 1 супена лажица кисела павлака и половина кафена лажица мед. Добиената смеса нанесете ја врз зоната над горната усна и оставете ја да отстои 20 минути. На крај измијте ја кожата, без да употребувате сапун.

2. Маска со банана

Комбинирајте половина банана со 1 супена лажица кисела павлака. Нанесете ја маската, оставете ја да отстои 20 минути, а потоа едноставно исплакнете го вашето лице.

3. Маска со конзервиран грашок

Употребувајќи вилушка, изтолчете 2 супени лажици конзервиран грашок, а потоа истиот измешајте го со 1 супена лажица кисело млеко. Потребно е да добиете доста густа смеса, која е неопходно подеднакво да ја распоредите при површината на проблематичната зона и да ја оставите да отстои 15 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 10:03

Маска за лице од која кожата ми стана како на порцеланска кукла“

За денес ви откриваме стар рецепт за домашна и ефикасна маска за подмладување на кожата, која дури била редовно употребувана од членовите на британското кралско семејство.

Домашен третман за совршена кожа

Најдобро е овој домашен третман да го правите пред спиење, бидејќи токму за време на спиењето, кожата се обновува интензивно и се регенерираат нејзините клетки, притоа ефектот може да го забележите веднаш следното утро.

Ќе ви бидат потребни 4 шолји

Во првата шолја, измешајте 2 супени лажици овесна каша и 2 супени лажици маслиново масло.

Во втората шолја, изрендајте мало јаболко без неговата кора, а потоа додадете 1 кафена лажица сок од лимон и течен мед и добро измешајте.

Во третата шолја, измешајте 100 мл кисело млеко и 1 кафена лажица морска сол.

Во четвртата шолја, подгответе чај од камилица.

Начин на употреба

Нанесете ја смесата од првата шолја на претходно исчистено лице, врат и деколте. Масирајте ја кожата со нежни движења. Оставете ја маската да отстои 5 минути.

Без да ја миете овесната каша од лицето, нанесете ја смесата од втората шолја врз кожата. Повторно масирајте го вашето лице, а потоа оставете ја маската да отстои 5-7 минути.

Следно, употребувајќи памучен туфер потопен во смесата од третата шолја, отстранете ја маската од лицето. И како претпоследен чекор од третманот, избришете ја кожата со памучен туфер потопен во киселото млеко и морската сол.

На крај, целосно измијте го лицето со чајот од камилица.

По домашниот третман ќе забележите дека вашата кожа изгледа неверојатно: Мазно, навлажнето и беспрекорно. Порите ќе се намалат, лицето ќе се зацврсти, а брчките ќе станат помалку видливи.

За да го зајакнете ефектот на домашната маска, практикувајте го нејзиното нанесување 2 пати неделно, во временски период од 2 месеци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.