IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Новиот Закон за психолошка дејност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новиот Закон за психолошка дејност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Новиот Закон за психолошка дејност
    Испратена: 07.Декември.2007 во 19:56
DALI GO PROCITAVTE NOVIOT ZAKON ZA PSIHOLOSKA DEJNOST? DALI STE ZADOVOLNI OD NEGO? DALI NEKOJ VE PRASA KAKO SE IZBRANI CLENOVITE VO KOMORATA I DALI ZNAETE KOI SE?
SI GI ZNAETE LI PRAVATA KAKO DIPLOMIRANI PSIHOLOZI?


Изменето од mamma - 12.Април.2008 во 16:05
Кон врв
zumbulka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 05.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zumbulka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 07:57
ima nov zakon za psiholoska dejnost...bas sum iznenadena...kazi mi kade da go procitam...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 08:31
Dali se dadeni rabotnite zadaci na psiholozite vo ucilishtata i dali pishuva koj go izgotvil? Pishi kade moze da se procita?
Кон врв
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 12:23
Zakonot za vr[ewe na psiholo[ka dejnost e objaven vo “Slu`ben vesnik na Republika Makedonija” broj 6 od 28 januari 2005 godina.


ЗАКОН
за вршење на психолошка дејност


I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
     Со овој закон се уредува вршењето на психолошката дејност, организацијата и надзорот над вршењето на психолошката дејност.

Член 2
     Психолошката дејност претставува збир на стручни постапки, мерки и средства што се засниваат на начелата на психолошката наука и пракса и опфаќа:
-     психолошка дијагностика или утврдување на психичките и психомоторните
својства и потенцијали на поединци, групи и организации со цел да се објасни и предвиди нивното однесување, како и да се изнајдат причините за неефикасноста и пореметувањата, како и планирање и спроведување на психолошки третмани;
-     психотераписки третман за развивање на потенцијалите на единката, како и
отстранување на разновидни пречки во психичкото функционирање, со цел за интегративно функционирање на целовитоста на личноста;
-     психолошки третман и советодавна работа или постапки за заштита,
одржување и подобрување на менталното здравје на поединци и групи, подобрување на квалитетот на животот и работата, оптимално искористување на личниот потенцијал и подобрување на вкупната и организациска ефикасност;
-     едукациски активности кои вклучуваат обука на поединци и групи за
совладување на општите и специфичните психолошки сознанија и вештини, заради подобрување на личната ефикасност и ефикасноста во работата со луѓето;
-     психолошки стручни истражувања со цел за продлабочување на сознанијата за
законитоста на психичкото и психосоцијалното дејствување, како и процена на општествените потреби и последици на економските или општествените иницијативи и
-     психолошка евалуација или сите психолошки и други постапки и третмани што
се однесуваат на поединецот, на група или организација и кои можат да имаат психички или психосоцијални последици.


II. УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА
ПСИХОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ

Член 3
     Психолошка дејност како занимање можат да вршат само психолози.
Психолог е лице кое завршило факултет за психологија.
     Психолошката дејност од членот 2 на овој закон можат да ја вршат психолози врз основа на општа и посебна лиценца која на нивно барање ја издава Комората на психолози на Македонија (во натамошниот текст: Комора).
     Содржината на образецот на лиценците ги пропишува Комората.
     Општата лиценца му се издава на психологот по положениот стручен испит, што се полага пред надлежно тело на Комората и по програма што ја пропишува Комората.


Член 4
     За вршење на психолошка дејност која опфаќа поспецифични стручни облици на работа во областа на клиничката, здравствената, пенолошката, форензичката, воената, педагошката и школската психологија, како и психологија на трудот, спортот, социјалните грижи, професионалната ориентација и медицината на трудот, психологот покрај општата мора да има посебна лиценца или лиценца за специјалистичка дејност.
     Посебната лиценца се добива врз основа на завршено соодветно оспособување во установа со соодветна програма што ја пропишува Комората.
     Условите и критериумите за издавање и обновување на општата, на посебната или на лиценцата за специјалистичка дејност, како и дејностите за кои е потребна посебна лиценца ги пропишува Комората.

Член 5
     Општата и посебната лиценца се издаваат за време од седум години и се обновуваат на барање на психологот со поднесување на докази за стручното усовршување за време на изминатиот период.      
     Комората може да му ја одземе на психологот општата или посебната лиценца во случаи кога:
-     во пропишаниот рок не ја обновил лиценцата;
-     ги повредил одредбите на овој закон;
-     го повредил кодексот на психолошката етика;
-     психолошката дејност ја врши нестручно поради незнаење или немарност и кога
-     во вршењето на психолошката дејност сторил кривично дело за кое со
правосилна пресуда му е изречена казна затвор над шест месеца.

Член 6
     Решение за издавање, обновување и одземање на лиценцата носи Комората.
     Против решението од ставот 1 на овој член психологот има право на жалба до надлежен суд.
     Жалбата го одложува извршувањето на решението.
     

III. ВРШЕЊЕ НА
ПСИХОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ

Член 7
Психологот може да врши психолошка дејност во приватна пракса или врз основа на договор со други правни лица.
     Психолошката дејност во приватна пракса може да ја вршат повеќе психолози (групна приватна пракса), што се регистрира во надлежниот суд.

Член 8
     Психологот може да ја врши приватната пракса под следниве услови:
-     ако има соодветна лиценца;
-     ако има соодветна просторија и опрема и
-     ако има деловна способност.
     Барање за вршење приватна пракса се поднесува до Комората која издава решение за одобрување на работата откако ќе утврди дека се исполнети условите од ставот 1 на овој член.


Член 9
     Комората води регистар на психолози кои вршат приватна пракса.
     Содржината и начинот на водењето на регистарот од ставот 1 на овој член ги пропишува Комората.

Член 10
     Правото на вршење приватна пракса престанува:
-     со одјавување;
-     по сила на закон и
-     со решение на Комората.
     Решение за престанување на одобрението за вршење на приватната пракса донесува Комората.

Член 11
     Психолозите кои вршат приватна пракса можат привремено да ја прекинат работата поради болест, воена обврска или друга оправдана причина пропишана со овој закон и актите на Комората.
     Времетраењето на дозволата се продолжува за онолку време за колку што време траел оправданиот прекин на работата.
     За привременото прекинување на работата мора да се извести Комората.

Член 12
     Одобрението за вршење приватна пракса престанува по сила на законот ако психологот:
-     почине;
-     потполно или делумно ја изгуби деловната способност и
-     биде осуден со правосилна судска пресуда за дело сторено во таа дејност или во
врска со таа дејност.

Член 13
     Против решението за давање, односно за престанување на одобрението за вршење на приватна пракса, жалба се поднесува до надлежен суд.
Жалбата го одложува извршувањето на решението.
     
Член 14
     Ценовник за давање на психолошките услуги во приватната пракса утврдува Комората.

Член 15
     При вршењето на психолошката дејност психологот е должен да работи согласно со кодексот за етика на психолошката дејност.

Член 16
     Корисникот на психолошките услуги има право да биде запознат со резултатите за процена на неговата психичка состојба во согласност со кодексот за етика на психолошката дејност.

Член 17
     Податоците за психичката и здравствената состојба на корисникот на психолошките услуги, како и причините, околностите и последиците од таа состојба, психологот е должен да ги чува како професионална тајна.
     Податоците од ставот 1 на овој член се должни да ги чуваат како професионална тајна и другите лица на кои тие податоци им се достапни во нивната дејност.

Член 18
     За податоците кои се професионална тајна, психологот може да ги извести стручните лица на кои истите им се потребни за доброто на корисникот или за општо добро, назначувајќи притоа дака тие податоци се заштитени со закон.
     Заради заштита на правата на корисниците на психолошките услуги, Комората во своите прописи ќе одреди на кои стручни лица, во која постапка и во која форма можат да се даваат податоците што се професионална тајна.

Член 19
     Психологот со приватна пракса и работодавачот кај кого психологот работи врз основа на договор за работа се должни да обезбедат соодветни услови за чување и за заштита на психодијагностичките средства, документите и податоците што се професионална тајна утврдени со прописите на Комората.

Член 20
     Психолозите во вршењето на психолошката дејност можат да ги употребуваат психолошките тестови, мерните инструменти што Комората ги пропишала како психолошки мерни инструменти (во натамошниот текст: психодијагностички средства).
     Комората утврдува пропис на посебно заштитените психодијагностички средства. Посебно заштитените психодијагностички средства не можат да се пресликуваат во целост или по делови и на кој било начин да се даваат на увид на неовластени лица. Оваа обврска се однесува на психолозите, издавачите и дистрибутерите на психодијагностичките средства, корисниците на психодијагностичките средства, помошниот персонал, корисниците на психолошките услуги и сите други учесници во психодијагностичкиот процес.
     Психодијагностичките средства се употребуваат во согласност со стандардите за психолошко тестирање што ги пропишува Комората. Психолозите се слободни во изборот на психодијагностичките средства и во примената на психолошките методи и техники во работата, освен кога тие се определени со пропис.
     
Кон врв
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 12:24
IV. КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИТЕ
НА МАКЕДОНИЈА

Член 21
     Психолозите во Република Македонија основаат Комора на психолозите на Македонија.
     Комората е самостојна, струкова и независна организација со својство на правно лице.
     Психолозите кои вршат психолошка дејност задолжително се зачленуваат во Комората.
     Седиштето на Комората е во Скопје.
     Комората има свој грб, амблем, печат и штембил.

Член 22
     Комората ги врши следниве работи:
- донесува решение за издавање, обновување и одземање на општата и посебната лиценца;
- донесува решение за давање и за престанок на одобрението за вршење на приватна пракса;
- води регистар на психолозите кои вршат приватна пракса, како и други евиденции;
- ги застапува членовите на Комората во заштитата на нивните професионални интереси;
- учествува во утврдувањето и верификацијата на програми за стручно усовршување на психолозите;
- го поттикнува и организира стручното усовршување на членовите на Комората;
- дава стручно мислење во врска со подготовката на прописите што се однесуваат на психолошката дејност;
- утврдува стандарди, нормативи и ценовник на услугите во приватната пракса;
- утврдува прописи на психодијагностичките средства и стандарди за нивната употреба, презема мерки на заштита од нивна неовластена изработка, дистрибуција и примена;
- стручен надзор над вршењето на приватната дејност;
- врши надзор над спроведувањето на професионалната психолошка етика и решава по жалби;
- соработува со други струкови здруженија, со соодветни стручни и научни институции во земјата и странство;
- соработува со државни органи и органите на единиците на локалната самоуправа во решавањето на прашања значајни за остварување на психолошката дејност и предлага мерки за унапредување на психолошката дејност заради заштита на менталното здравје на граѓаните и
- врши и други работи утврдени со овој закон, Статутот и другите прописи на Комората.

Член 23
     Комората има Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и други тела утврдени со Статутот.
     
Член 24
     Собранието на Комората донесува Статут на Комората.
     Со Статутот се уредува организацијата, надлежноста, составот, начинот на избор и одлучување на телата на Комората, правата и обврските на нејзините членови, како и други прашања од значење за психолошката дејност.
     
Член 25
     Собранието на Комората донесува кодекс за етиката на психолошката дејност.
     Кодексот за етиката на психолошката дејност утврдува начела и правила кои психолозите и психолозите приправници се должни да ги почитуваат при вршењето на психолошката дејност.
     Кодексот за етиката на психолошката дејност се објавува во “Службен весник на Република Македонија “.

Член 26
     Комората води именик на психолозите и психолозите приправници, вршителите на групна психолошка пракса, како и други евиденции утврдени со овој закон и со Статутот.
     Имениците и евиденцијата од ставот 1 на овој член се јавни книги. Извадоци од именикот и другите евиденции што ги води Комората, како и потврдите издадени врз основа на податоците од тие евиденции се јавни исправи.

Член 27
     Психологот и психологот приправник кои вршат психолошка дејност се должни уредно да ја плаќаат членарината и да ги намируваат и другите обврски кон Комората.
     Износот на членарината се утврдува со одлука на Собранието на Комората.


V. ПСИХОЛОЗИ ПРИПРАВНИЦИ

Член 28
     Право на вршење приправнички стаж се стекнува со упис во именикот на психолози приправници. Право на упис во именикот на психолозите приправници има лице кое ги исполнува условите од членот 3   на овој закон.

Член 29
Психологот приправник не може самостојно и за своја сметка да врши психолошки работи.
     Психологот приправник е должен да работи според упатствата на психологот кај кого го врши приправничкиот стаж.
     
Член 30
     Комората, психолозите и канцелариите на групна приватна пракса, се должни да се грижат за стручната и практичната обука на психолозите приправници, како и за почитување на сите правила пропишани со кодексот за етика на психолошката дејност.
     По истекот на програмата за обука која трае една година, психологот приправник има обврска да полага стручен испит.
     Стручниот испит се полага пред комисија што ја формира Комората.

      Член 31
На психологот приправник му престанува правото на вршење пракса и се брише од именикот на психолози приправници ако во рок од три години од стекнувањето на правото за полагање на стручен испит не го положи тој испит или ако без оправдана причина во рок од две години не побара упис во именикот на психолози, откако за тоа ќе стекне услови.

Член 32
На психолозите приправници соодветно се применуваат одредбите на овој закон за упис во именикот на психолозите, за чување на психолошката тајна, за стекнување и престанок на правото за вршење психолошка дејност, како и другите одредби со кои се уредува положбата на психолозите, освен ако со овој закон поинаку не е уредено.
Поблиски одредби за постапката за упис, привремен престанок и престанок на обуката, како и за вршење на обуката се утврдуваат со Статутот и со другите прописи на Комората.


VI. ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ НА
ПСИХОЛОЗИТЕ И ПСИХОЛОЗИТЕ ПРИПРАВНИЦИ

Член 33
     Психологот и психологот приправник се дисциплински одговорни ако:
- ги повредат одредбите на овој закон;
- го повредат кодексот за психолошка етика;
- вршат психолошка дејност нестручно, поради незнаење или немарност;
- во вршењето на својата дејност сторат кривично дело за кое им е изречена правосилна казна затвор;
- со своето однесување кон корисникот на психолошките услуги, кон друг психолог, трети лица или општествената заедница го повредат угледот на психологот;
- не ги исполнуваат обврските кон Комората или недолично се однесуваат кон неа и
- не ја водат уредно пропишаната документација.

Член 34
     Психолозите и психолозите приправници одговараат за тешки и полесни повреди на должноста и угледот на психолошката дејност пред телата на Комората, одредени со Статутот.

Член 35
     Со статутот на Комората се утврдува што се смета за потешка и полесна повреда на должноста, угледот и кодексот за психолошка етика.

Член 36
За полесна повреда на должноста и угледот на психолошката дејност на психологот може да му се изрече опомена или парична казна, а на психологот приправник опомена.     
     За потешка повреда на должноста и угледот на психолошката дејност на психологот можат да му се изречат следниве мерки:
- опомена;
- јавна опомена;
- парична казна;
- привремено одземање на одобрението за вршење на психолошка дејност во рок
од еден месец до една година;
- трајно одземање на лиценцата за вршење на психолошка дејност и
- губење на правото за вршење психолошка дејност од шест месеца до три години.
     За потешка повреда на должноста и угледот на психолошката дејност на психологот приправник можат да му се изречат следниве мерки:
- опомена и
- бришење од именикот на психолози приправници за време од шест месеца до
три години.
     Извршувањето на мерката губење право за вршење психолошка дејност на одредено време, односно мерката бришење од именикот на психолозите приправници на одредено време, може да се услови на време од шест месеца до две години.

Член 37
     Дисциплинската постапка се уредува со Статутот на Комората.
     Дисциплинската постапка ја покренува дисциплинско тело одредено со Статутот по службена должност или на барање на тело на Комората одредено со Статутот.

Член 38
     Правосилните одлуки на дисциплинските тела на Комората со кои се изречени парични казни се извршни документи и Комората е овластена да бара нивно присилно извршување.

Член 39
     Против второстепена одлука со која е изречена дисциплинска мерка губење на правото за вршење на психолошка дејност за време од шест месеца до три години или бришењето од именикот на психолози приправници од шест месеца до три години, допуштена е жалба до надлежен суд.


Член 40
     Потешките повреди на должноста и угледот на психолошката дејност застаруваат по две години, а полесните повреди по шест месеца од денот на извршување на повредата.
     Извршувањето на дисциплинските мерки застарува за шест месеца од денот на правосилноста на решението со кое е изречена мерката, односно од денот на истекот на рокот за кој извршувањето на дисциплинската мерка е одложена.


VII. НАДЗОР НАД ПСИХОЛОШКАТА ДЕЈНОСТ

Член 41
     Стручен надзор над работата на психологот кој врши психолошка дејност во приватна пракса и кај приватен работодавач, врши Комората.
     Стручниот надзор ја опфаќа оцената на стручноста и етиката во вршењето на работите на психологот, како и квалитетот и обемот на извршените услуги.
     Комората е должна да изврши стручен надзор и на предлог на физичко или правно лице кога за тоа постојат оправдани причини.
     Начинот, условите и околностите во кои се врши стручниот надзор ги утврдува Комората.

Член 42
     Стручниот надзор над работата на психологот кој врши психолошка дејност во установи со јавни овластувања, во судови, во органите на државната управа, полицијата, одбраната, образованието, како и во органите на локалната самоуправа, го спроведуваат надлежните министерства.
     Стручен надзор над работата на психологот врши тело во чијашто работа задолжително учествува и психолог кој има дозвола за соодветно подрачје на психолошката дејност.
     Начинот и условите во кои се врши стручниот надзор ги пропишуваат надлежните министерства.

Член 43
     Известување за спроведениот стручен надзор од членот 41 на овој закон со барање и со определување на рок за отстранување на утврдените недостатоци, Комората доставува во рок од 30 дена на:
- физичкото или правното лице на чијашто иницијатива е извршен надзорот;
- психологот над чија работа е извршен надзорот и
- управниот орган на правното лице со коешто психологот е во работен однос по
договор.

Член 44
     Врз основа на извештајот за извршениот стручен надзор над работата на психологот, во согласност со своите прописи, Комората може да:
- забрани вршење на оние психолошки работи во кои се констатирани
недостатоци, додека тие недостатоци не се отстранат;
- ја одземе лиценцата за вршење на психолошката дејност привремено или трајно и
- определи обврска за дополнително стручно усовршување на психологот кај кого е констатирана недоволна стручна оспособеност.
     Против решението донесено врз основа на овој член допуштена е жалба до надлежен суд.

VIII. КАЗНЕНА ОДРЕДБА
Член 45
     За вршење на психолошка дејност спротивно на одредбите од членовите 3, 15, 17, 18, 19 и 20 на овој закон, физичкото лице ќе се казни за прекршок со парична казна од 1.000 до 50.000 денари, а правното лице со парична казна од 10.000 до 300.000 денари.

IX. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 46
     Комората ќе се основа во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 47
     Психолозите кои на денот на основањето на Комората имаат најмалку една година стаж во вршењето на психолошка дејност, се ослободуваат од приправничкиот стаж. Тие се должни во рок од две години од денот на основањето на Комората да положат стручен испит пред соодветното тело на Комората и можат да побараат лиценца.
     Психолозите кои на денот на основањето на Комората имаат најмалку пет години стаж во вршењето на психолошката дејност се ослободени од полагањето на стручен испит и можат да побараат одобрение.
     Психолозите кои на денот на основањето на Комората имаат помалку од една година стаж во вршењето на психолошка дејност, во рок од две години се должни да го извршат приправничкиот стаж, да го положат стручниот испит и да побараат одобрение. Времето кое го поминале во вршењето на психолошката дејност пред основањето на Комората може да се признае како приправнички стаж.
     Психолозите кои на денот на основањето на Комората вршат работи од членот 4 став 1 на овој закон стекнуваат право на посебна лиценца.

Член 48
     Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија “, а ќе се применува по 30 дена од денот на основањето на Комората на психолозите на Македонија.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2007 во 15:10
Edno ne razbrav, dali licencite se odnesuvaat samo za onie psiholozi koi izveduvaat privatna praksa ili vazi i za veke vrabotenite psiholozi vo ucilistata i gradinkite, ili tie se tretiraat kako javna administracija????  iskreno nikoj ne znae kako se vodat strucnite sluzbi po ucilistata, dali za niv vazi administrativnoto rabotno vreme, plata za drzavni sluzbenici... enigma...
Кон врв
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2007 во 17:40
Za site vazi! samo sto onie sto veke rabotata kako psiholozi ke im se izdava licenza na baza na toa kolku vreme se vo ucilisteto. luge so iskustvo od 5 godini dobivaat licenca. drugite treba da polagaat pred komorata.
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2007 во 13:40
среќа


Изменето од Kali - 27.Мај.2010 во 20:29
Кон врв
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 00:28
NAVODNO KOMORATA TREBASE DA BIDE FORMIRANA USTE PRED EDNA GODINA. SEGA SE SLUSA SAMO DEKA KE POCNE SE OTPOCETOK OKOLU FORMIRANJETO ZATOA STO JA ZGRESILE REGISTRACIJATA :)

I JAS NISTO DRUGO NEZNAM! ZNAM DEKA NAJ VEROJATNO SE RABOTI ZA 5-6 PROFESORI KOI STO SI PRAVAT STO SAKAAT. :(
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 02:31
Nesto imam slusnato za noviot zakon za psiholozi i smetam deka e cista glupost. Arno sto baraat licenci, a kade rabota da najdeme? Zatoa ke si se prekvalifikuvas ko sto napravija mnogu od kolegite i ke im se pluknes i na diplomata po psihologija i na perspektivata sto ja imas so nea. Izvinete na revoltot ama navistina site granici se pominaa. 
Кон врв
anac Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 54
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 11:24
Site sme nezadovolni!
Aj edna vakava ideja kolku ke uspee: sto ako se sobereme mladite psiholozi od Makedonija i go sredime zakonot? :)
Ima li nades?
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 12:29
среќа


Изменето од Kali - 27.Мај.2010 во 20:29
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 12:29
Originally posted by anac anac напиша:

Site sme nezadovolni!
Aj edna vakava ideja kolku ke uspee: sto ako se sobereme mladite psiholozi od Makedonija i go sredime zakonot? :)
Ima li nades?


Jas mislam deka treba da se proba.. Ajde site nie mladi psiholozi od makedonija da si formirame Zdruzenie na Psiholozi koe ke bide zadolzeno da gi zastapuva i brani nasite interesi. Prvo Psihologijata kako predmet ja isfrlija od Srednite Ucilista i ja stavija da bide izboren predmet. Vo ova denesno vreme na moralno propagjanje na mladite blagodarenie na tranzicijata, ako nekoj predmet treba da bide zadolzitelen vo Srednite Skoli toa e Psihologijata. Vtora rabota, ne znam kako e po drugite gradista no tuka kade sto ziveam i kade baram rabota, po skolite sekade ima pedagozi, a psiholozite se marginalizirani (zboruvam za Osnovnite Ucilista), navodno nemalo sredstva za psiholozite posto nie sme bile samo sedaci i bajaci, a niv im trebal kadar za nastava, ne nekoj ke sedi i ke zema plata. Za razlika od pedagozite nasiot nastaven plan e kade kade poobemen, a sepak nie sme marginalizirani i nepotrebni. Poznavam moi kolegi koi rabotat po butici, po firmi, po trafiki, po spedicii. Navistina e sramota. Ako si za Anac, ajde ke stapime vo kontakt i ke probame da aktivirame edno takvo Zdruzenie na Psiholozi, na republicko nivo. Pozdrav
Кон врв
Mishell_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јуни.2007
Локација: Sweden
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mishell_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2007 во 12:32
Originally posted by Kali Kali напиша:

Треба да има ваков закон, јас сум за тоа.
Така ќе знаеме на што сме, ќе има некој ред и ќе се знае кој и што работи; така и професијата ќе ни биде заштитена и помалку ќе  бидеме  доживувани како ванѓи или гледачи на кафенамигнување

Само не знам кога ќе се случи тоа, реално да профункционира Комората. Многу време поминало од донесувањето на законот.

Плус, имам дипломирано и специјализирано во странство, така да претпоставувам дека ме чекаат процедури и процедури, и по некој валцер. Уф.



Kali sekoja cest na tebe koja si imala moznost da specijaliziras vo stranstvo, no jas koga sakav da se doskoluvam i da dobijam licenca za privatna praksa dobiv odgovor deka kaj nas ne postoi licencirana psiholoska skola so koja ke mozes da rabotis privatno. Sepak ti si edna od retkite, sekoja pocit, no ovde stanuva zbor za edna golema brojka na psiholozi koi imaat neresen status i koi ne znaat sto so svoite diplomi.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.