IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - По што е посебен нашиот главен град Скопје?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

По што е посебен нашиот главен град Скопје?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
Автор
Порака
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 02:20
Originally posted by brza brza напиша:

- sega e  po ...glupavostite ...shto niknuvaat (seushte) na sekoj chekor! да
абе ја викам нешто за земјотресот да не си пишал, кога он, за глупостите....
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 00:05
 

Заштитниот знак на Скопје – „Чичко Стоилко“ заминува во историјата

Еден од заштитните знаци на „старо“ Скопје, сендвичарата пред влезот на ГТЦ, познатиот „Чичко Стоилко“ чека булдужерите да го пратат во историјата и сеќавањата на скопјани.

Чичко Стоилко ќе оди во историјата. Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, согласно урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот Македонија ќе бидат урнати. Компаниите кои веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне откстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две бараки помеѓу горенаведените два објекти.

По уривањето ќе почне реконструкцијата фасадата на огромната зграда во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија

Кон врв
karaoglu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2014
Статус: Офлајн
Поени: 244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karaoglu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 00:32
По тетките кај МТВ.......
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2014 во 11:39
Eve ushte eden moment, samo nie ke si gi imame плазење
 
 
 

Промовирани првите електрични возила и скутери на струја. Петте електромобили, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра.Познавачите велат дека со овој тип на возила заштедата на граѓаните е најголема.

polnac za elektricni avtomobili
Електромобилите се полнат при самото возење а имаат можност и да возат на гориво, додека пак скутерите на струја се полнат на полнач за само половина час.
Во Скопје неколку компании ги претставија нивните електрични и хибридни возила и ќе се користат за туристички цели, има  јавни полначи за електрични возила кои ги плаќа оштината а кои граѓаните може бесплатно да ги користат. Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“. 

Билетот за возење со електромобил по скопските улици ќе чини 50 денари.

Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Почетната станица е Порта Македонија, а турата ќе се одвива по улицата Македонија и во реонот на Мал ринг.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2014 во 19:43
абе тоа што нема што да се гледа и нема некоја посебна издржана траса, тоа нема везе, битно измислија 1000 начини на превоз...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 14:12
Аааааа...

e па, по Зелено пазарче, како прво бе...
одам денес и барaм да си купам...
гаќи, машки, оние турските бе  брат...
3 за 100  денари...
да не речат, оној којсумјас знае да збори, а гаќи нема на него да облече...
знаеш каков е нашиов народец, се' гледа...
- кога, вика мајтапчијата што продава такви неопходни интимни ствари -нема 3 за 100, сега 50 денари едни...
-аман бе, ќе одам на друга тезга, викам...
-оди кај сакаш- ми пее мајтапчијата- сегде ти е исто, сме се договориле ние пријател уште одамна со другите...
видов не видов, си земав 2 за 100, пошто толку ми е буџетот за гаќи, 100 денари...
и си мрморам у брада, а бе којсумјас, до сега само бензина ставаше за 500 денари, па колку ќе дадат- толку, сега и за гаќи исто ќе правиш...
ќути не збори ако поскапат па станат едни повеќе од 100 денари...

ај си викам, батали...
да одам патлиџани да си земам...
-35 денари кило-вика овојпат една мајтапчика-земај комшија поубави нема да најдеш...
- е ајде, дај 2 кила, убави ми се гледаат...
она става, јас ставам, она става, јас ги вадам скапаните...
-а бе комшија-вика мајтапчиката- или ставај по ред или не земај...
-и скапаниве патлиџани да ги земам и да ги платам? - се инатам јас..
-а што ќе им правам па јас- се мајтапи мојата мајтапчика-да ги фрлам...?
-незнам, ама фала ти - не ми требаат такви- си мислам, не можеш ти мене да ми продадеш скапани патлиџани...
- е па, со здравје да ти е патот- вика она- од такви муштерии, преку галава ми е...

и си отидов, со чувство на вина...
зошто бе, којсумјас, не и го наполни џебот на мајтапчиката, се ситничариш за неколку скапани патлиџани...
балканец еден, селско копито, ебем ли те...

и така, продолжувам накај Тинекс...
дај викам да земам нешто за дома, лепче, јогуртче, паштетичка...
што викаше мајка ми, нека и е лесна земја, што дал господ  тоа, колку се може, толку...
гледам паштета 42 денари, Аргета бе...
е којсумјас, не земаш ти сенешто , само Аргета, не се заебаваш ...

(и ова, ете така ме потсети на жената на другар ми...
викаше, нејзините деца само CocaCola пиеле кога ќе дојдеа кај нас на гости...
а кога ќе отидевме ние кај нив, само сок на размножавање ни служеа...
ама јеби га, ова Балкан е, Балкан е...)

и земам јас тоа што ми треба, плаќам сметка,  излегувам надвор, проверувам...
не за друго туку онаа мојата ме навлече на лоша навика , а излезеш од маркет, одма сметката у рака, нешто да не искуцале повеќе...
и гледам паштета бе 54 денари...
се враќам на каса...
- се извинувам- викам- а бе таму стои цена дека е 42 денари а сте ми искуцале 54, грешка е сигурно - се силам - сте згрешиле, ама ОК е, се случува...
-ааа, не комшија, цената е таа- ми се насмевнува девојчето на каса- ама не сме стигнале да ги замениме  етикетите со цена, не се стигнува...
- е па добро, јас сум крив што гледам у сметка - си помислив- и и' изнаредив по список пола фамилија на онаа мојата , што ме навлече на гледање сметки кога ќе излезам од маркет, другата поливина се машки, не забегувам толку де... 
што убаво си бев порано прост, купи и не гледај во сметки...
сељак Балкански, копито, простак идиотски...

и така на крај...
си отидов кај маалската пиљара...
земав патлиџани, ги измери на вага, кило и 860 грама -ми кажува продавачката- 76 денари...
ако викам, да си жива и здрава, така се однесува со муштерии...

а знам, пустата таа, насмеана, малку уморна, бледичка малку...
дека и иде да ме отера у пичку матер...
пошто од сабајле и досаѓале еден куп маалски пензионери...
што кога ќе дојдат на каса, тогаш им текнува дека заборавиле да земат нешто...
па се враќаат да бараат по рафтови, а другите си чекаат додека они најдат што им треба...

и така секој ден...

ви викам, посебно е нашево Скопје...


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 22:08
Денес јадниот јас да не дојдеше другарот од Швајцарија нит ќе го видев
нит ќе седнев во по тоа градбите посебниот ни град...
И видов дека градот ни е посебен по педерите кои почнале слободно да си шетаат.
По ново хомосексуалци де ги викаат.

Изменето од Орка - 27.Август.2014 во 22:09
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 23:38
Една "песничка" за нашите генерациихи, хи...
Кога се чекавме кај Фреш и меѓувремено јадевме по некој тост од оние правоаголните со врат, единствени по вкус во СК, Колосеум, Ла Фабрик и Вулкан беа единствените места кај што дремевме, времето кога место во кафич седевме во парк и пиевме сокчиња или нешто друго, ама ретко кога пијан некој се враќаше дома.
Шверц во автобус не беше нешто непознато, па пазевме кога ќе влезе контрола ние одма надвор, а ако не фатеа ни се закануваа дека ќе чистиме автобуси а не како денес одма се закануваат со тужби од 75 евразамисленост
Чичко Стоилко беше едно од ретките што работеа касно навечер, па секогаш чекавме и по пола саат за да купиме нешто.

Денес не знам што работи во парк, чичко Стоилко во изрушија, на плоштад сега кога ќе се направи и новата фонтана нема да има место кај да се свртиш а не да дочекуваш Нова Година, кејот кај Мепсо го "украсија" со галија (што патем НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!!! Премногу е отмено, ама лажно отмено, затоа што нели со гипс картони е се) а порано дремевме до ниедно време на тоа место.




СИ БЕШЕ ЕДНО СКОПЈЕ, ДА СИ ИБЕШ...


    СИ БЕШЕ ЕДНО СКОПЈЕ, ДА СИ ИБЕШ...

    Си беше еднаш еден град,

    за некого дом, за некого гад.

    Имаше многу насмеани фаци,

    некои од Корчагин, некои од Рацин.

     

    Имаше и љубов во девојките,

    насекаде, парковите,клупите, постројките.

    Машките беа фини,

    гледаа во очи, а не во мини.

    Одевме на кафе,

    да си кажеме што ни тежи,

    не се олеснувавме со статуси по социјалните мрежи.

    Сакам да кажам дека не бевме дебили,

    да се замараме со заеднички профили.

     

    Дури и си праќавме пораки за добра ноќ,

    да да, Скопје имаше друга моќ.

    Порано не бевме ни прости,

    такви не направија оние што ни дојдоа на гости.

    Можевме да видиме по паркчињата на некоја клупа младич што душа и вади,

    сега на тие места има згради.

     

    Стварно беше многу фино,

    знаевме и рака да пуштиме на сред филм во кино,

    пиевме што било,

    не чекавме на меѓуградска мама да ни прати од домашното вино.

     

    Порано да облечат танга им беше срам,

    денес затоа имаат Инстаграм.

    Излегувавме за забава, дружба и провод фин,

    а не за еден мизерен чек-ин.

     

    Некогаш имавме и по 100че во џеб,

    па пак сме здрави и живи,

    за станче и Ауди не продававме ниви.

    Имавме Вулкан, Фабрик, Колосеум,

    девојките ги испраќавме во 2, а не во 7.

     

    На плоштадот не собираше сите и сите бевме исти,

    денес пола се луѓе, пола се бисти.

    Ако неможевме да ја најдеме,

    ја чекавме 'на Фреш',

    денес се по сепариња, направени 'леш'.

     

    Скопје ќе продолжи да дише,

    некому Париз, некому клише.

     

     

    М.П.

     

     

     



    Изменето од evangeline - 27.Август.2014 во 23:40
    Внимавај кому му веруваш.
    И ѓаволот еднаш беше ангел.


    Being RICH
    is not about how much you have,
    BUT about how much you GIVE

    Кон врв
    Орка Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 30.Август.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 44574
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2015 во 13:39
    Во клубско натпреварување го освои првото место во Европа
    Останува уште репрезентативно во Катар
    да го освоиме светското...
    И ќе може да си пееме.
    Кон врв
    Орка Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 30.Август.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 44574
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 20:35
    По спомените од едни убави времиња...
    Додека денес е станат како сцена од филмот Матрикс.
    Сите заглавени,многумина изгубени талкаат во некое исчекување.
    Исто како Нео во метро станицата додека ја чекаше Пророчицата.
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2016 во 13:35
    Бајка: Луксузната галија "закотвена" во водите на Вардар претставува вистинско бегство од секојдневието

    Бродот-хотел е вистинскиот избор за сите посетители кои се во потрага по комбинација на шарм, мир и спокој сместен во срцето на Скопје. Внимателно селектираниот персонал е секогаш на располагање да им понуди на своите гости било каква помош и услуга.

    За својата гастрономска префинетост, хотелот е под водство на искусните готвачи од "Воденица" кои се заслужни за сите ресторански услуги. 


    Бродот е "закотвен" на самата река Вардар и нуди уникатно, необично искуство за сите оние кои бараат прибежиште од здодевниот, секојдневен рутински живот, или со еден збор – нуди бајка. 

    Изграден е како вистински брод со воздушни комори на дното кои не дозволуваат да потоне, дури и кога нивото на водата би се зголемило тој би се искачил на соодветна висина. 

    Вложениот 3-годишен труд на италијанските и македонските архитекти заедно со сите потешкотии за да се долови автентичниот изглед и амбиент на хотелот можете да ги почувствувате веднаш штом ќе зачекорите на него. 

    А квалитетот зборува за љубовта која сопствениот на овој брод ја има инвестирано во него.

    Хотелот располага со 18 соби (еднокреветни/двокреветни) меѓу кои и две de lux соби. Собите не наликуваат на обични хотелски соби, напротив, во нив се чувствува аура на мир и спокој и покрај фактот што се на само 5 минути оддалеченост од плоштадот на град Скопје. 





    Звуците на реката, беспрекорната чистина, светлината која ненаметливо се потпира на луксузниот мебел, протнувајќи се низ малите прозорчиња, масивното дрво од кое е изграден наместо ладните бели ѕидови на кои најчесто наидувате во останатите хотелски соби придонесува за нивниот необичниот шарм и топлина. 



    Хотелот е поставен на 4 ката и две пространи тераси. Терасите се отворени за сите посетители, кадешто можете да се релаксирате од раните утрински часови па сè до ноќта, читајќи книга, пиејќи кафе или пијалок на пауза од работа или едноставно уживајќи и набљудувајќи го кејот исполнет со џагорот на главниот град.








    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 20:22

    Искрено: Скопје зад статуите и спомениците


    Една од најпознатите страници за туристите, кои редовно својата следна дестинација ја бараат токму таму – Lonely planet, во екот кога беше проектот „Скопје 2014“ година, напишаа цела статија за нашиот главен град. Проектот се уште не е завршен, со оглед на тоа дека кога ќе поминете низ центарот на градот уште гледаме скелиња и работници. Многу различни мислења се слушнаа за овој проект, па имаше и позитивни и негативни реакции. Сепак, уредниците на страната, решиле Скопје да им го пренесат на туристите во вистинско светло, прикажувајќи ги сите убави знаменитости за кои вреди да се дојде и да се почувствува скопскиот дух. Ви ја пренесуваме статијата во целост:



    Скопје помина низ многу промени во последно време. Без разлика дали вие сакате или не, главниот град на Македонија во последните пет години помина низ огромна – некој би рекол и апсурдна промена. Ако погледнете зад ново изградените шарени фасади и ексцентрични орнаменти, ќе најдете повеќе историја, подобра атмосфера и одлично гостопримство.

    Преку озлогласениот проект „Скопје 2014“ се изградија и реконструираа неколку нови згради меѓу кои и Владата, музеи, националниот театар (да не ја споменуваме и триумфалната порта и двата моста), што може да се опише со мешавина од барок, неокласицизам и мода слична на онаа во Лас Вегас. Во него се вметнати и голем број на нови споменици и бронзени статуи, вклучувајќи ја и статуата на 22 метарскиот Воин на коњ, заедно со фонтана и музичко светечко шоу, која се наоѓа на плоштад Македонија.

    Проектот требаше да даде акцент врз националниот идентитет, а со тоа и да го зголеми туризмот во главниот град. И покрај тоа што најверојатно успеа да привлече туристи, тоа се случи најверојатно поради погрешни причини: Нов изглед на Скопје со кој се засенуваат автентичните атракции на она што беше важно во овој град цели 1500 години.



    Отоманско и византиско наследство

    Населен на почетокот на 3 век, Скопје започна да создава име за себе како важен трговски центар со порастот на Византиското и православното христијанство околу 6 век. Токму во овој период се поставија темелите на тврдината Кале, која до ден денес е една од најзначајните знаменитости.

    После ридот се наоѓа уште еден остаток од тоа време – Камени мост, над реката Вардар. Ова е основна врска меѓу модерниот град и Старата чаршија, односно стариот дел, каде што се наоѓа еден од најголемите пазари на Балканот. Во овој историски дел од градот, кој се развивал во рок од пет века под турско ропство, се наоѓаат низа мозаици и галерии, како што се City Art Gallery и Чифте Амам. 

    Интересен контраст во Старата чаршија е една од најважните цркви во православното христијанство во Скопје, црквата Свети Спас изградена во 14 век, токму во овој дел од градот. Вреди да се влезе во неа и да се видат дрвените иконостаси.



    Остатоци од земјотресот

    Проектот „Скопје 2014“ е втората промена во Скопје. Првата промена била по земјотресот, кој уништил ¾ од градот на 27 јули 1963 година. Часовникот на старата железничка станица, кој сега е музеј на град Скопје, се уште покажува 05:17 часот – времето кога се случила катастрофата. Скопје беше повторно издигнат благодарение на Југословенскиот претседател Тито и како резултат на тоа, воскресна како еден вид на модернистички рај. Одлични примери за овие архитектури се зградата на Главната пошта и кампусот универзитети Св. Кирил и Методиј.

    Уште една интересна културна градба издигната по земјотресот, е Музејот на современа уметност, која најверојатно е најдобра од овој вид во регионот, благодарение на донациите од артистите и колекционерите низ светот. За футуристичко и мирно искуство, посетете ја меморијалната куќа на Мајка Тереза.



    Најдобри прибежишта

    За да го видите градот од различни перспективи, искачете се на врвот Водно, каде што лесно може да дојдете преку градскиот превоз и потоа преку жичара, но ако сакате повеќе да уживате, искачете се преку планинарските патеки. Кога ќе се искачете ќе го видете Милениумскиот крст висок 66 метри, најголем во светот, а исто така може да ручате во ресторанот или во некое од пикник местата. Недалеку е и Манастирот Свети Пантелејмон, изграден во 12 век, кој исто така ќе ви овозможи неверојатен поглед кон градот.

    Ако патувате 15км југозападно од Скопје ќе стигнете до езерото Матка, едно од најубавите природни точки во земјата и одлично место да поминете еден ден во пливање, пикник и истражување на пештери и манастири.



    Јадење и ноќен живот

    Во Скопје може да го најдете најевтиното јадење, па осигурете се да имате полна чинија, со цел да испробате што е можно повеќе од македонската кујна. Македонското мени вклучува многу јадења кои ќе ги најдете насекаде низ Балканот, како на пример месо приготвено на скара, но може да ги пробате и националните тавче-гравче и пастрмајлија. 

    Совршеното место каде што ќе можете да пробате сè е Пивница Ан, која се наоѓа во Старата Чаршија, додека во Ла Тана, од другата страна на реката може да уживате во жива музика секој викенд.

    Доколку сакате да го искусите ноќниот живот, упатете се кон Дебар Маало, каде што има добри барови, а баровите во Стара Чаршија се најдолго време отворени.



    Посетете го Скопје

    Во последните неколку години, аеродромот Александар Велики ги намали цените на летови, со што овозможуваат за евтин билет да стигнете од Западна Европа до Македонија. Исто така има автобуски линии до главните градови во регионот, како што се Белград, Солун и Софија, што не е и случај со возовите. Резервирајте си карта и правец кон Скопје!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    lethergo Кликни и види ги опциите
    Нов член
    Нов член


    Регистриран: 10.Мај.2016
    Статус: Офлајн
    Поени: 27
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lethergo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2016 во 06:03
    Позитивно по најмал број на регистрирани хомосексуалци од сите главни градови на државите.
    Негативно по најмасовен број на доселени малограѓани кои што сеуште живејат во него.
    Кон врв
    Орка Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 30.Август.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 44574
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2019 во 08:44
    Скопје ти е најдобар у сФет!
    Ја не знам шо е оваа скромност
    кај Зоќо.Бем ти петсто евра плата
    дај качи даноци,па достојно со зурли
    тапани и сфе пред шарената триумфална
    да го прославиме овој успех.
    Пиче се не мора ваздух нам је дрога!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,203 секунди.