IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - По што е посебен нашиот главен град Скопје?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

По што е посебен нашиот главен град Скопје?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
Автор
Порака Обратен редослед
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2014 во 14:12
Аааааа...

e па, по Зелено пазарче, како прво бе...
одам денес и барaм да си купам...
гаќи, машки, оние турските бе  брат...
3 за 100  денари...
да не речат, оној којсумјас знае да збори, а гаќи нема на него да облече...
знаеш каков е нашиов народец, се' гледа...
- кога, вика мајтапчијата што продава такви неопходни интимни ствари -нема 3 за 100, сега 50 денари едни...
-аман бе, ќе одам на друга тезга, викам...
-оди кај сакаш- ми пее мајтапчијата- сегде ти е исто, сме се договориле ние пријател уште одамна со другите...
видов не видов, си земав 2 за 100, пошто толку ми е буџетот за гаќи, 100 денари...
и си мрморам у брада, а бе којсумјас, до сега само бензина ставаше за 500 денари, па колку ќе дадат- толку, сега и за гаќи исто ќе правиш...
ќути не збори ако поскапат па станат едни повеќе од 100 денари...

ај си викам, батали...
да одам патлиџани да си земам...
-35 денари кило-вика овојпат една мајтапчика-земај комшија поубави нема да најдеш...
- е ајде, дај 2 кила, убави ми се гледаат...
она става, јас ставам, она става, јас ги вадам скапаните...
-а бе комшија-вика мајтапчиката- или ставај по ред или не земај...
-и скапаниве патлиџани да ги земам и да ги платам? - се инатам јас..
-а што ќе им правам па јас- се мајтапи мојата мајтапчика-да ги фрлам...?
-незнам, ама фала ти - не ми требаат такви- си мислам, не можеш ти мене да ми продадеш скапани патлиџани...
- е па, со здравје да ти е патот- вика она- од такви муштерии, преку галава ми е...

и си отидов, со чувство на вина...
зошто бе, којсумјас, не и го наполни џебот на мајтапчиката, се ситничариш за неколку скапани патлиџани...
балканец еден, селско копито, ебем ли те...

и така, продолжувам накај Тинекс...
дај викам да земам нешто за дома, лепче, јогуртче, паштетичка...
што викаше мајка ми, нека и е лесна земја, што дал господ  тоа, колку се може, толку...
гледам паштета 42 денари, Аргета бе...
е којсумјас, не земаш ти сенешто , само Аргета, не се заебаваш ...

(и ова, ете така ме потсети на жената на другар ми...
викаше, нејзините деца само CocaCola пиеле кога ќе дојдеа кај нас на гости...
а кога ќе отидевме ние кај нив, само сок на размножавање ни служеа...
ама јеби га, ова Балкан е, Балкан е...)

и земам јас тоа што ми треба, плаќам сметка,  излегувам надвор, проверувам...
не за друго туку онаа мојата ме навлече на лоша навика , а излезеш од маркет, одма сметката у рака, нешто да не искуцале повеќе...
и гледам паштета бе 54 денари...
се враќам на каса...
- се извинувам- викам- а бе таму стои цена дека е 42 денари а сте ми искуцале 54, грешка е сигурно - се силам - сте згрешиле, ама ОК е, се случува...
-ааа, не комшија, цената е таа- ми се насмевнува девојчето на каса- ама не сме стигнале да ги замениме  етикетите со цена, не се стигнува...
- е па добро, јас сум крив што гледам у сметка - си помислив- и и' изнаредив по список пола фамилија на онаа мојата , што ме навлече на гледање сметки кога ќе излезам од маркет, другата поливина се машки, не забегувам толку де... 
што убаво си бев порано прост, купи и не гледај во сметки...
сељак Балкански, копито, простак идиотски...

и така на крај...
си отидов кај маалската пиљара...
земав патлиџани, ги измери на вага, кило и 860 грама -ми кажува продавачката- 76 денари...
ако викам, да си жива и здрава, така се однесува со муштерии...

а знам, пустата таа, насмеана, малку уморна, бледичка малку...
дека и иде да ме отера у пичку матер...
пошто од сабајле и досаѓале еден куп маалски пензионери...
што кога ќе дојдат на каса, тогаш им текнува дека заборавиле да земат нешто...
па се враќаат да бараат по рафтови, а другите си чекаат додека они најдат што им треба...

и така секој ден...

ви викам, посебно е нашево Скопје...


Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2014 во 19:43
абе тоа што нема што да се гледа и нема некоја посебна издржана траса, тоа нема везе, битно измислија 1000 начини на превоз...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2014 во 11:39
Eve ushte eden moment, samo nie ke si gi imame плазење
 
 
 

Промовирани првите електрични возила и скутери на струја. Петте електромобили, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра.Познавачите велат дека со овој тип на возила заштедата на граѓаните е најголема.

polnac za elektricni avtomobili
Електромобилите се полнат при самото возење а имаат можност и да возат на гориво, додека пак скутерите на струја се полнат на полнач за само половина час.
Во Скопје неколку компании ги претставија нивните електрични и хибридни возила и ќе се користат за туристички цели, има  јавни полначи за електрични возила кои ги плаќа оштината а кои граѓаните може бесплатно да ги користат. Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“. 

Билетот за возење со електромобил по скопските улици ќе чини 50 денари.

Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Почетната станица е Порта Македонија, а турата ќе се одвива по улицата Македонија и во реонот на Мал ринг.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
karaoglu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2014
Статус: Офлајн
Поени: 244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karaoglu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 00:32
По тетките кај МТВ.......
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 00:05
 

Заштитниот знак на Скопје – „Чичко Стоилко“ заминува во историјата

Еден од заштитните знаци на „старо“ Скопје, сендвичарата пред влезот на ГТЦ, познатиот „Чичко Стоилко“ чека булдужерите да го пратат во историјата и сеќавањата на скопјани.

Чичко Стоилко ќе оди во историјата. Со реконструкцијата на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, согласно урбанистичкиот план, киосците за брза храна на плоштадот Македонија ќе бидат урнати. Компаниите кои веќе имаат добиено одобрение за градба ја известиле општина Центар дека треба да почне откстранувањето на времените објекти на ДТУТ Нино ДООЕЛ Скопје, ДОО Лозена компани (Чичко Стоилко) и две бараки помеѓу горенаведените два објекти.

По уривањето ќе почне реконструкцијата фасадата на огромната зграда во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 02:20
Originally posted by brza brza напиша:

- sega e  po ...glupavostite ...shto niknuvaat (seushte) na sekoj chekor! да
абе ја викам нешто за земјотресот да не си пишал, кога он, за глупостите....
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 01:48
- sega e  po ...glupavostite ...shto niknuvaat (seushte) na sekoj chekor! да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2013 во 08:36
По љубовта 

Покрај секоја форма на љубовта, овој пат ќе збориме за разни допири, фаќања, молења и гњавења по темните места во Скопје :)
Причина бр. 1: Живееш со твоите.
Причина бр. 2: Немаш кола.
Причина бр. 3: Имаш кола, ама ако имаш нешто „поозбилно“ во план, може да ве начекаат.
Причина бр. 4: Не смеете да правите поише од фаќање, а ако отидете кај што има кревет ќе стане поопасно :D
Причина бр. 4: Интересно е да се почне баш тука, баш сега.
Причина бр. 5: МОРА да се почне, баш тука, баш сега.

и така натаму...

Локација 1: Кеј
Веројатно сте седеле со објектот на обожавање на кеј и не сте можеле да се одвоите еден од друг. И не само што не се одвајате, туку продолжувате се поостро :)
Прво внимавате и барем малку се сецнувате на некој случаен минувач, како не би се створила незгодна ситуација. Потоа веќе ни минувачите не ви се битни, и единственото што може да ви прошета низ глава е „што бараат да дремат по кеј волку касно?“ А вие сте баш од тие што дремат на кеј толку касно.
На кеј обично не се оди до крај. Сепак е премногу центар и прометно во секое време од денот и ноќта. Но неретко се дочекува утро, баш таму, и баш со објектот на обожавање.

Локација 2: Парк
И тоа кој дел од паркот... ;) Колку пати сте посакале (или сте успеале) да се сокриете во најтемниот дел од паркот за да направите нешто повеќе од тоа што можете на клупите кај што е нешто посветло, или клупите на кеј? Најхрабрите (и најочајните од горенаведените причини) неретко успеваат да ја постигнат својата цел баш таму. Паркот ја нуди својата удобност, својата ладовина во лето и своите темни засолништа каде што ќе ја скриете вашата љубов од очите на несаканите (ама во тој момент НАЈНЕСАКАНИТЕ) минувачи и досадните (СЕКОГАШ најдосадни) манијачиња.

Локација 3: Водно
А како би го заборавиле, и како би го опишале, дури и зашто би го опишале, кога, ако не сте дел од популацијата што го пробала Водно за своите љубовни игри, тогаш сигурно сте биле сведоци макар на импровизираното љубовно гнездо :) Водно игра голема улога во швалерските верзии на Скопјани. Не се знае зашто баш Водно, ако знаете бујрум, ама ете така. Традиција си е традиција.

Локација 4: Рандом паркинг
По можност затемнет и изолиран. По можност подалеку од ТВОЈАТА зграда и ТВОИТЕ комшии. По можност... да не ги издаваме локациите :D
Паркингот е одлично место, доколку сакате да не бидете „ко сите“ на Водно, плус горенаведените причини. Плус, на паркинг не мора баш све да се деси. Може малку, ама тоа малку да направи многу ;) Може и да биде прекрасна конекција помеѓу „двајца млади што се сакаат“ на некое друго ниво, но за други нивоа во друга прилика. Во секој случај, добар дел од фантазиите се остваруваат во кола, на паркинг. Повеќето ќе се согласат дека е тесничко, но добро...

Локација 5: Маалско паркче
Е, во маалско паркче колку сакаш драпај се, не е баш свеедно. Проаѓаат комшии. Ѕиркаат комшии. Ма ќе те направат будала и само за љубење, ама кој да се секира, особено ако е Причина бр. 5 во прашање :) Во секој случај, не е фер без раче под маица, и раче на некое друго место да се помине, па што ако е маалско паркче.

Локација 6: Влез
Така, да. Од било која зграда. Влезот е добра варијанта, од причина што е многу тивко и се слуша најмал чекор. Плус кој и да излезе, пали светло, па си безбеден, што и да правиш. Плус, влезот не секогаш е планиран да заврши како сексуална локација. Неретко децата се испраќаат до врата, па бакнежот за добра ноќ преминува во СВЕ за добра ноќ :) И да, ако си внимателен, влезот може да значи СВЕ ;)

Локација 7: Темни улички
Ова веројатно нема пар што го нема пробано. Неочекувани изливи на љубов се случиле во многу тесни, симпатични и темни улички во Скопје. Од бакнеж, па до нешто повеќе, сокачињата се имаат изнагледано мал милион љубови, страсти, бакнежи, допири... Си ќутат и никако не издаваат, криејки ги своите искуства баш зад истата таа затемнетост која ги поттикнува.

Кој како милува... Во секој случај, мислам дека креветот има посебна магија. Особено ако после тоа можеш да излезеш на тераса и пак да си го осетиш Градот.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 23:11
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2012 во 22:11
некој си изработил домашна задача, ги испробал сите места да
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2012 во 22:46

Најдобрите места во Скопје за секс

Водно - Нема одредено точно место. Овде сексањето започнува уште од бивша Панорама, па продолжува на буквално секое местенце каде може да застане автомобил, продолжува накај познатиот видиковец, особено е изразено околу хотелот Водно, и по патот до Свети Пантелјмон. Овде секс-посетители може да се најдат буквално во секое време но најизразено е во попладневните часови. Овде може да се забележат и многу службени возила со логоа на фирмите (автомобили, комбиња, па дури и по некој минибус). Според ова може да се заклучи дека станува збор за таканаречени "интеркомпаниски односи", во кои се вклучени колеги и колешки. 
 
Парк - Овде посетителите се најмладата возрасна група во однос на други места и тука сексот е најмасовен и се практикува преку цела година.Причина за ова е што е најблиску до градот, не секогаш е потребно да се има автомобил а неретко има случаи на секс на отворено. Сепак најголем недостаток е што пазачи и воајери има на секое ќоше. Најпознати места во парк се паркинзите кај ресторанот Балканика, спроти Александар палас, покрај оградата од Зоолошка, салата на Работнички. Не ретко ќе се забележи и ситуација кога во еден автомобил ќе видите и два пара кои имаат секс.
 
Кеј - Локацијата порано беше прекрасно место за незаборавна ноќ но со активностите од проектот Скопје 2014 ова место малку се промени. Но кејот не е само центар. Сеуште постојат прекрасни места на потегот од Влада до Александар палас има многу скришни и не доволно осветлени места за возбуда на отворено. Нема премногу минувачи а и сигурно не ве интересира доколку некој се промота наоколу. На кеј обично не се оди до крај, туку тоа служи како место за загревање и почеток на забавата.
 
Паркингот околу салата Борис Трајковски - е релативно ново место а најмногу го практикуваат помладите. Овде се доаѓа малку подоцна, обично го практикуваат нови парови или егзибиционисти. Младите ова место го нарекуваат Јебодром. Понекогаш може да се забележи и секс на хауба, но внимавајте во околината има доста безбедносни камери, па може да се случи некое ваше видео да заврши на Youtube. Иако и на полицијата и е познато ова место, не интервенира освен ако нема некој инцидент предизвикан од поднапиени или од откриени прељубници.  
 
Факултетот ФИНКИ - Оваа локација порано се практикуваше многу повеќе но откако се среди паркингот но и кога се изгради салата Борис Трајковски, посетителите се преселија на новата локација. Овде сеуште има посетители од околните згради и од студенти кои живеат во околината. И времето на посети овде не е премногу доцна најчесто после 23 часот, па до околу 1 часот по полноќ.
 
Патот Нерези-Средно Водно. На одредени добро потскриени места на само 30-тина метри под патот има прекрасни ливадки и дрвца. Исто како дома во дворче само што вака е поинтересно а и нема пазачи. 
 
Матка - Прекрасно место за секс во кола или природа. Шансите некој да ве забележи се многу мали, треба само малку да скршнете од патот и веќе сте закриени од бујна шума а останува на вас и вашата фантазија како ќе ги искористите.
 
Кровови од згради - ВО Скопје има згради кои не се затворени или пак секој малку пофлексибилен може лесно да се протне. Убавината е што може и дење и ноќе да се практикува а задоволството е незаменливо. Доволно е да изберете зграда каде во околина нема друга повисока зграда или кула, но и ако има постојат затскриени делови коишто дури и преку ден никој неможе да ве забележи.
 
Влез од зграда - Влезот е секогаш добра варијанта затоа што е тивко и се слуша секој чекор. Дополнително ако го практикувате навечер кој и да излезе пали светло и сигурни сте неколку минути. Истотака влезот служи за испраќање па некогаш бакнежот за добра ноќ преминува во С.. за добра ноќ. 
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 04:46
Ноќна прошетка низ Скопје на велосипеди

Визијата за туристичка велосипедска патека - Скопје навечер, која на минатогодишната работилница за урбанистичко планирање "Градови и велосипеди", ја изработија студентите од Архитектонскиот факултет Зорица Дрвошанова и Ирина Јовановска, ќе биде промовирана денеска со почеток во 18.40 ч. на плоштадот Македонија.
Патеката, доработена во соработка со Град Скопје, е долга 6,4 км и се предвидува турата, која вклучува и туристички водич, да трае околу 2 часа. Промотивната тура ќе заврши во кафулето "Ла Кања" во Старата чаршија со проекција на филмот "Татко и ќерка" на холандскиот режисер Михаел Дудок де Вит, добитник на Оскар во 2001 година за најдобар краток анимиран филм.
"Идејата е да се направи спој меѓу туристичките знаменитости во центарот на град Скопје и ноќниот живот со што ќе се понуди поинаква и интересна содржина како за туристите, така и за самите граѓани", изјави Олгица Нелковска од креативниот фестивал за велосипеди Велофест.
Промоцијата на туристичката велосипедска патека - Скопје навечер е поддржана од амбасадата на Холандија и се одржува во чест на Денот на кралицата.
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 09:30
Нека ги испотепат веќе еднаш.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 05:36
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.