IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Прочитана книга што оставила длабок впечаток
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прочитана книга што оставила длабок впечаток

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 19>
Автор
Порака
Ивона02 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ивона02 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2009 во 00:17
папата јована
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 00:24
Originally posted by nikita nikita напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Quo Vadis e navistina top kniga.
Се согласувам. Авторот е Нобеловец, книгата е пишувана некако објективно, непристрасно, дури и суровите сцени се опишани без субјективност, што не внесува во една епоха, и како и самите да сме сведок на настаните....Се занесов ама и мене силен впечаток ми оставила. П.С. И некој ми ја попарилутина

go delam mislenjeto so tebe...pogotovo toa deka se pocuvstvuvav kako da sum tamu,vo anticki rim...izvondredno    

и мене многу ми се допадна среќа
Кон врв
mariija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2459
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mariija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 00:41
Ana Karenjina
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 20:27
Малиот принц...Незнам ни самата зошто таква книга читавме во второ одделение, кога има таква длабока тематика...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 20:35
Не ме променила , но открих делови од себе си во " На Исток од Раjот " на Стаjнбек.
Кон врв
RUSHKA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2837
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RUSHKA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2009 во 16:23
SVETA PETKA od LJiljana Habjanovic GJurovic
4ISTA SOVEST=MIREN SON
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2009 во 18:38

Маестрално, Венко!

(Венко Андоновски: Вештица. – Скопје, „Култура“, 2006)

Кристина Николовска

   Овој роман не се чита. Овој роман се живее...

 Сведоштвото за геноцидот на т.н. „вештерки“ од 17 век во Хрватска е потресна метонимија за уште поголемите инквизиции. Тие инквизиции сè уште „патуваат“ и се „преселуваат“ низ времињата и просторите. И тоа кога фикцијата е идеално алиби за постоење на – реалноста. Така вештиците се фикција – совршено конструирано алиби за стварноста на морбидниот свет на: тужители, истражители, гонители, џелати, крвници, казнувачи, инквизитори (на живот и на страст). Угледно маскирани во: униформи, улоги, функции, позиции... Се прави логичка инверзија: ù се суди на фикцијата, на наменски конструираниот свет, наместо на својата, „нечиста“ реалност. Се прави општествено, институционално и јавно скрнавење и масакрирање на убавото и умното – поради сопствената импотенција. Тоа е друго име за власта, за политиканството, за квази-идеолошкото морализаторство, за духовната травестија, интелектуална проституција, идеолошкиот хомосексуализам и хипокризија. Таа ерозија на моралот води кон неповратно лизгање на аксиологиите и конечен катастрофален земјотрес на аксиологиите!
        Тој масовен, одглумен хистеричен егзорцизам – е чист артизам на наводно истерување на ѓаволите. Таа злоупотребена демонопатологија – или опседнатост со ѓаволот, како вечна демономанија низ вековите само се травестира, премаскира, препакува, пререкламира. И тоа не само меѓу половите, туку и меѓу секој пол на: доброто наспрема лошото, убавото наспрема грдото, слободното наспроти затвореното, љубовта / омразата, страста / импотенцијата, слободата / фрустрацијата, итн.
        За сето тоа постои „тајна документација“, записници, закони, извештаи, каде фикцијата се „обесчестува“ и се злоупотребува како псевдо-факт. Но, во тој свет на документација, архиви, судови – не се трага само по најважниот и најтајниот можен документ. А токму по тој документ трага еден од авторите.
        
Има ли потаен и понеодгатнат документ од – човекот?
        Потрагата по него, како драгоцено тајно сведоштво на столетијата и универзумите, се води токму – преку приказните на ова дело.
        Така се отвора светот на инквизицијата. Ужасните сведоштва за геноцидот на т.н. „вештерки“ стануваат најуверливи преку потресна „хорор-документарност“. „Оти крвта пишува, а не мастилото“1, вели наративниот глас. Морбидната фактографија за направи за мачење со детални описи на инквизиторски оргии се место на стравотни „три точки“, каде „читателот со солзи ја допишува приказната!“, според нараторот. Нашиот „ракопис“ од солзи за овие ужаси е – реплика на крвта која „капе“ од масовната трагедија.
        
Но, преку јавните инквизиции се распукува и опасниот свет на „невидливите“, „духовни“, „лични“ инквизиции. Таа „внатрешна“ инквизиција или автоинквизиција ни се случува и нам. Секојдневно, невидливо, тајно – кога токму ние сме „гонители на (измислените) вештици“ во самите себе, како „овластени (себе)егзекутори“ на убавото и слободнотово себе. Тоа е Вештицата која ние самите невидливо ја палиме и ја ставаме на клада. „Внатрешната“ инквизиција се прави во име на малограѓанското „судство“, во име на нашата локална малограѓанска, маалска инквизиција, која е сенка на глобалната, средновековна или нововековна...
        
Таа инквизиција е управител на нашите самосоздадени „доживотни зандани“2. Такви „затвори“, според нараторот, се најголем дел од денешните бракови, како и нашите професионални, социјални и статусни улоги. Архитектите сме ние, а новата „квази-вера“ е нејзиното величество – глумата. „А стравот е победен со помош на лагата,“ вели раскажувачот.
        Во модерните инквизиции постојат и невидливи „духовни“ инструменти за (само)измачување и мачење на другите.
        Но, од таков хорор-свет на делото Вештицасе раѓаат најнежните и најљубовни можни приказни во ова дело.

Романот е дом на неколку приказни. Оти веќе не постои само една приказна и не ја раскажува само еден. И не ја читаме или допишуваме на само еден начин. Таа полифона читателска херменевтика е составен, креативен дел на творечкиот процес, кој се прави јавно и колективно, пред нас.
        Приказните се „златно-ехо“ една на друга. Приказни-ехо, приказни-сенки. И ликовите се сенки едни на други. Фабулите се деца-потомци на предците. Драмите, трагедиите се роднини кои отпосле се препознаваат. Сето тоа низ столетија, низ времиња, низ прапростори...
        Тоа полифоно, полисемично „читање“ на животот се прави преку пресликување на сториите, емоциите, интимите. Преку читање на „книгата-стварност“. Така приказните растат – во животи, дотогаш неоживеани. Така и животот станува – поживот. Оти се „читаат души“, а не само хартија. Читаме „невидливи“ писма, читаме „човек-писмо“, „девојка-писмо“, „жена-писмо“, „лице-писмо“. Животот се чита, а приказните се живеат. Така оживува потресната драма за вештерките, така „крв“ добива и средновековната Јована и современата „црвенокоса“ убавица, оти веќе не се осудени само на „живот од хартија“. И тоа, токму кога нашиот живот сè повеќе станува „живот-хартија“, „живот-монитор“, „живот-излог“ – во ерата на воајерството!
        Приказните се дешифрираат меѓу себе, но не само за потребите на повисоките цели на делото, туку и во име на поголеми растајнувања на масовни цивилизациски феномени, како што е примерот за видео-перверзиите на 21 век, кои се откриваат како потомци на прафрустрациите – средновековните оргии, визуелно документирани уште во 17 век.

Романот има полифона структура. Од сосем природни потреби, не од теоретски. Може ли да се „чита“ еден живот без низ него да се „прочита“ барем уште еден? Може ли да се доживее „туѓата“ приказна – ако не стане „своја“? Или „својата“ да стане и „нечија“? Во ист океан се влеваат трите приказни на делото, и праприказните и постприказните... А ние неусетно и несвесно посвојуваме. Така се посвојуваат: сториите, емоциите, состојбите, амбиентите, дијалозите во дворецот наречен Вештерка. Има ли покултна позиција од сетилна, емотивна и интелектуална отвореност: кон праприказната за забранетата љубов на отецот Бенџамин и на Јована, кон фиктивната автобиографија на авторот, и кон препознавање на својата приказна во „туѓите“ приказни. Така приказните „се читаат“ една низ друга. Така взаемно се осмислуваат и „разговараат“ помеѓу себе... Како што и животите може да се коментираат еден со друг. И така да се преосмислуваат... Но не со зборови. Со живот.
        Паралелните приказни не се одделни и независни светови, кои ги следиме низ неколку екрана. Тие покажуваат афинитет една кон друга. Трите приказни елегантно и грациозно – се преплетуваат како три утоки на златна речна плетенка. Но за тој преплет, постои само еден раритетен крунски доказ. Тој конкретен „физички“ контакт или канал меѓу нив – е предмет. Токму ножот е артефакт или „мостот“ меѓу приказните. Тој „се сели“ од една приказна – во друга.
        Но зошто и луѓето да не бидат „мостови“ низ столетијата? Црвенокосото (интернет) дете е можна сенка на инквизициската Јована, а тие пак се можна визија или пак сон на реалната девојка. Исто како и асистентот, кој е можно ехо на отец Бенџамин, а двајцата можеби се само привид на авторот, кој посакал да стане лик. Играта на можности е безгранична, оти постои една точка во сечии живот. Во таа точка влегувате откако идеално ќе ја „истренирате“ и конечно – постигнете сопствената животна улога, што сте си ја задале себе си, како домашна задача. Но токму од таа улога – професионална, приватна, социјална, контекстуална – посакувате да излезете! Како и авторот на романов што посака јавно да излезе од својата улога во ова дело! Замислете дека можеби некаде постои виртуелен огласник, во кој под шифра можеме да ги менуваме своите улоги. Но не како перверзија, туку како можна игра – кон нов живот.
        Таков можен, суптилизиран огласник за размена на стари, „износени“ улоги за нови – станува и овој роман. Игротека за возрасни! Кога веќе трансферот не може да се одвива слободно и јавно. Оти, следува и казна ако не сте доследни на сопствената улога и на својата „зандана“.
        Романот ни дава нова идеја за нов живот. Преку софистицирана игротека и мудротека. Романот е нова врата кон Вашиот нов живот. Живот во кој бирате одново.
        Се бирате дури и себе... Или пак вечно се разминувате со себе...

Романот е ребус. Речениците и репликите – дијалогизираат низ различни векови, емоциите патуваат низ столетијата и се пренаселуваат, а приказните се симпатизираат и се преплетуваат. А филозофемите и параболитеразговараат и полемизираат низ приказните, времињата и ликовите. Такви, мудроносни места или „езера“ на мудроста „растат“ од сосем суптилни „места“ во романот.
        Така љубов водат и самите приказни меѓу себе, така добиваат и пород. Пробајте да ги мотивирате на љубов приказните меѓу себе, и ќе добиете – нов свет, нова реалност.
        
Станува можно приказните да се склопуваат во мозаик, за кој и ние сме творци. А романот-ребус е во постојано потенцијално составување.
        Така се гради метаполемички амбиент, каде и типовите на писмо полемизираат меѓу себе. Сè е во некој длабински, исконски преиспитувачки процес, кон себе и кон другите. Има внатрешно полемизирање и коментирање, и тоа не само од наратологија, теорија на литература, филозофија, итн.
        Постои полифонија од автори. Умножен наративен глас.
        Од каде потребата на авторот да стане лик, ликот да стане реален, читателот да се претвори во имплицитен читател, а потоа во нов автор, а пра-авторот да излезе од книгата – и да стане нов читател?
        
Потребата за промена на местата – секако дека не е помодарски постмодернистички тренд, туку е суштински потреба на фокализицијата. Суштински да се „прелоцираме“, „преадресираме“ – е еден од идеалите на овој зафат. Да „влеземе“ во состојба на другиот, а тој во нашата. Само тогаш можеме да го пробаме „вкусот“ на неговиот диск*рс, но и „вкусот“ на неговите емоции, мисли, ставови, и да го сетиме неговото дишење и чукање на срцето.
        Преку филигрански изграден плурализам на стилови се постигнува раскошна полифонија на диск*рси. И тоа преку најмалку три типа диск*рси: наративен, есеистички и детекциски.
        Наративниот диск*рс се води епохално потресно и трогателно, „здомен“ во ужасната средновековна праприказна, од чија „утроба“ „расте“ најнежниот и најтопол забранет свет на отецот и на анатемата-„вештерка“. Но токму тука – наполно се „распукува“ и над романот се „отвора“ – чисто поетско „небо“! ... Кога ќе ви се отвори бесконечно „небо од поезија“ над романот – знајте дека се отворила најскапоцената вселена! Оти ќе ве раздени токму – поезија! Овој роман разденува од поезија! Од поезија на љубовта, и тоа вонвековна љубов, каде вљубените се барат низ вековите. И токму тука, можеби и сами ќе се препознаете себе, како веќе напишани или прочитани, одново осмислени, и тоа од својот изгубен дел, по кој трагаме низ вековите... Ви тврдам дека најљубовните адреси на столетијата, ќе ги сетите на своја кожа низ најљубовната можна љубов на Јована и на Папа. Средбата на идеалните улоги, кои транзитираат низ нив – е фатално жестока, погубна...
А експресијата на бесконечната љубов на Јована кон Папа е врвна апотеоза, највисок празник на љубењето! Нејзината љубовна радост, славена како дете е – севселенски фрескопис! За таа љубов, и инквизицијата е безопасна, оти премудрото главче на Јована се чуди: „Зошто им го палат телото, Папа, кога телото е само книга на која се испишува страста, а љубовта е во душата?“3 И навистина, никој досега не успеал да ги запали душите кои се љубат, ниту „мислата на душата“4. Така душичката на премилата Јована ја преживува и кладата, и како жарче, се „сели“ низ вековите – за да се запали повторно во современата црвенокоса студентка... Оти исто „мириса“ нивната љубовна интонација...
        Се вели дека преубавото е премногу незамисливо – и дека не може да се опише или раскаже. Но, романот е доказ дека и неописливото убаво – може да опише, дека и нераскажливото убаво – може да се раскаже, оти постои вонсериска, дури татковска грижа за секој атом текст, но постои и најсетилен... „памук“ од емоции. Така и неописливата љубов се опишува преку описот: „Седите така, во невидена топлина, (...)“5. Има ли „погуст“ опис од „невидената топлина“ која врие во љубовниците, или пак од описот на жешката, еротска сцена кога Папа ù вели на Јована: „‘Никој не може’, вели тој, ‘никој не може вака да те казни, дете непослушно, палаво, будалесто, аванче мое вжештено, (...)’“6. Тие навидум „мали“, но симпатични моќници-метафори од типот „аванче мое“ – се вистинско „кралство“ на љубовната реторика и на дикцијата на страста! Вистински скапоцени камења расфрлани низ романот! Светат и ноќе, кога е темно, оти страсните дијалози на љубовниците се водат во љубовен транс, каде Папа љубопитно и покорно прашува: „‘Со кого се галиш сега, ти галливо суштество?’, а таа му вели: ‘Со зборовите, со гласовите, со мирисите, со сонцето, со сиот овој раскош околу мене’, рече таа нежно. ‘Значи ме изневеруваш’, рече тој. ‘Колку си улав, Папа’, рече таа. ‘Па ти си во сето тоа: во секој глас, во секоја прашинка, во секоја тревка, во секој мирис си ти Папа; ти го проникнуваш сиот овој пејзаж. Се галам со пејзажот, со тебе’“.7
        Знам дека токму на ваквите места ќе ја допишете приказната со ракопис од солзи. Оти можеби и ние сме нечии замислен пејзаж, со кој се храни нечија незнајна душа.
        На повисоко „небо“ се водат овие дијалози, каде веќе отворено кулминира и авторовата вљубеност во текстот, кој за него е кралска љубовница, која треба нежно да ја „храни“ со својот генијален писателски сок! А триумфот на емоцијата кон литературата – е златна привилегија на авторот!
        Оваа привилегија се облагородува на највозвишен начин, кога од еден „извор“, сосем спонтано, ќе потече скапоцен океан филозофски пораки. Оти следниот тип писмо е есеистички диск*рс, чиј „мед“ „везе“ „платинест“ филозофемски мозаик. Така низ слаткото усте на средновековната Јована, неочекувано ќе „потечат“ медоносните дијамантски есеистички филозофемски парчиња аксиологии, врвни чисти идологеми, кристални есеизми! Особен шмек, па и шарм на овој тип писмо, му дава освежувањето – есеизмите се дислоцираат – преку атипични локации. Така, на пример, најгустите филозофемски „води“ ќе потечат сосем неочекувано, откако непосредно пред тоа се водела страсна љубов. Тие незаборавни филозофемски „дождови“ или есеизми почнуваат да „капат“ и да нè „оросуваат“, кога ќе чуеме дека: „Да ти кажам, да не кажеш потем дека не сум ти рекла: смртта е врата. И љубовта е врата. Истата врата, оти и по смртта во иста куќа уште си, иако во друга одаја. Затоа, не плачете по мртвите: во истата куќа се, само во друга одаја. И не плачете по разделените љубовници: во иста куќа се, во истата вселена, како и мртвите и живите, само во различни одаи. / И ќе се најдат, макар и во векови.“8
        Таков есеистички „дожд“ тече и од промислата: „Јазикот е гробје од зборови кои одново воскреснуваат во светата црква на човекот: устата. Низ нашите усти говорат мртвите. Ние само им го зајмиме гласот.“9, или преку чисто теориски, наратолошки упатства, како: „Освен тоа, читателот пишува многу повеќе од писателот, читајќи. Да, читајќи меѓу редови, врз тие белини тој го испишува поважниот текст од романот, она невидливо писмо на читателската страст (...)“10.
        Има еден волшебен момент, кога сфаќаме дека дождот од есеистика умно е пратен само за да го „измие“ и „исплакне“ тлото кое се отвора под нас. „Се прочистува“, како беспрекорно измиена улица, бесценетото тло под нас, во романот. Имено, како што над нас се „отвори“ „небото од поезија“, така го покажа своето „лице“ и прекрасниот поден мозаик – од филозофски килим. Килимот има скапоцени „камчиња-филозофеми“, кои веќе се во нашите раце, и само треба да ги составиме во повисока целина... Одеднаш сеќаваме дека на златна тепсија ни е послан секој здив од романот и дека некој одзади совршено се грижи за повисоко осмислување на сите внатрешни можни осмислувања... На делото, и на животот... И тоа – преку маестрална елитна креативна елоквенција, но и со фасцинантна триумфална дарба!
                 На тоа поетско небо и на тој есеизиран килим-мозаик, идеална циркулација му е – „крвта“ што циркулира од следниот тип писмо – диск*рс на детекција. Неговата „крв“ е акција, динамика, темпо, настани – совршено препознаени во хипер-енергичната „крв“ на црвенокосата студентка Јована од нашиот контекст. Тука имаме повеќегласие од комуникациски модели на писмо: e-mail допишувања, SMS-пораки, но и традиционални писма, сегменти од романот кој се пишува. Овие „парчиња“ од романот се во постојано одлагање, и затоа ја имаат динамиката на крими-роман. Диск*рсот на детекција е свет на љубовни налози, писма кои се оставени некаде и треба да се откријат, делови од романот кои треба допрва да се состават... Копнеж на секој потенцијално вљубен. И тоа во време во кое секогаш правиме шест работи одеднаш: додека возиме ауто, зборуваме на мобилен, или во кафуле работиме на lap-top, или додека слушаме, а не гледаме телевизија, читаме или пишуваме...
        Наполно освежувачки е дека сред акциониот диск*рс, низ очите на ововременскиот универзитетскиот асистент – ќе излезат неочекувани топли, човечки реченици.

Соработка на диск*рсите е можна, полнокрвна и животворна. Оти може и од гола убавица да „потече“ есеј, или од свештеничка руба да „капне“ сосем човечка и љубовна реплика. Топло е, сосем човечки е од униформата или рубата да излезе емоција, како што од голата убавица е можно да потече филозофска река, која се отвора кон океанот...
        И типовите на диск*рс се во взаемна еротизација. Меѓусебно е „надразнет“ светот на диск*рсите. Таа стимулација е најсочна „храна“ на „сокот“, кој го произведува динамичкото во ова дело.
        Но која е поентата на „миксот“ на диск*рсите? Секако, не е тоа гол експеримент, туку е насушна потреба за уметничка автентификација не само на диск*рсите, туку и на универзумите на мислење, на чувствување, на доживување. Сиот тој комплексен, сложен процес на водење на љубов на диск*рсите, не е напразно помодно блудничење или парада на очигледни брилијантни способности на творецот на ова дело. Тоа е можеби најакустичниот можен дијалогизам меѓу ентитетите и најсофистицираните теории, кои може да се разберат и низ „ини векови“. Нема завеса меѓу нив. Тоа е доказ дека ако еден автор посакал да се „дисперзира“ на неколку автори, значи дека може да води полифон, најдлабок интелектуален и емотивен разговор, внатре во домот негов. А домот е романот, кој е неверојатно компактен во сиот тој декомпозициски процес, оти парадоксално е, колку што романот покажува потреба да се декомпонира, толку од заднината се составува нова, потенцијална композиција. Но таа не е „тврда“ и конечна даденост, оти се допишува низ вековите... А ние сега само сме транзитни коавтори на делото, кое допрва ќе се допишува...
        А замислете го само „зачинот“ на сето тоа... Најнежните детски сцени, на кои сите ние низ „sfumato” се сеќаваме: сцената кога детенцето во „Фиќо“ заминува со родителите на одмор и го лепи носето на задното стакло од колата. Или кога Анте и Варошлија, заедно со Татко – се опиени од отровот на печатарското олово од „Нова Македонија“... Замислете го само тој сетен свет... Тие веќе одамна – се литература... и додека беа живот...

Ова е само дел од оригиналните постапки со кои ова дело инвентивно расчистува со праклишеата во наратологијата, но и во – ж и в о т о л о г и ј а т а. Едно од тие оспорени клишеа е дамнешното: „литературата ја имитира стварноста“. Авторовиот идеал е обратен: фикцијата да ја продуцира стварноста! Да ù даде нова, можна идеја на реалноста! Тоа и се случува во делото. Сите дирекции на наративниот глас се упатени кон црвенокосата девојка. Таа ги следи љубовните упатства преку писма, преку делови од романот кој се создава во меѓувреме. Тој застарен облик на комуникација има нешто што ниедна електронска пошта и телефонија не може да ја овозможи. Во свет во кој заборавивме што е тоа писмо, што е тоа роман, веќе и не може да постои класично писмо, ниту класичен роман. Ни имитација на една стварност. Иако знам дека придушен сон на секоја двојка или потенцијални љубовници е токму овој тип на комуникација – преку одлагање. Оти ова е роман во вечно одлагање, тој се допишува со Вашиот живот. Моливчето внатре во романот, или страниците кои се за допишување, се само симболика за алатот кој ни е неопходен. Да го допишуваме, или да го препишуваме својот живот. Онака како што авторите или авторските гласови во ова дело тоа го прават.
        Во свет на маркетинг, во свет во кој нападно се рекламира (веќе истрошената) идеја за живот, во свет во кој е опасно сериозно да ги следите упатствата за идеален изглед, свет на диети, закони, правила, тортури, инквизиции, медиумски линчувања. Оти светот очајно им припаѓа на етикетите, рекламите за т.н. „идеален“ живот. Во свет на невидливи студија, сцени и локални Hollywood-и, здраво ли е да посакаме друг (нережиран) свет, од кој можеби ќе добиеме нова идеја за живот?
        Оти ние сме највозвишениот преплет на приказни

Затоа, слободно „влезете“ во романот Вештица некое време. Поживејте го овој роман... Читајќи го. А потоа, така чисти и обновени, пак „влезете“ во своите животи...
        Па ако искрено го живееме делото Вештица , а не само да го читаме – тогаш се раѓа нова, најсвежа можност и идеја – да почнеме поинаку да го читаме и нашиот живот. И тоа не отпосле, како неми сведоци на сопствениот живот, туку како главни ликови. Онака како што читателот во ова дело се побунува и сака да биде автор. Ако после вашата средба со ова грандиозно дело, почне да заживува новата, свежа идеја за вашиот нов живот – мисијата е исполнета! Особено ако после нашиот најнов живот со делото Вештица – се ослободиме барем од една инквизиција или од еден затвор. Сторете го тоа, во оној момент кога авторот сака да излезе од светот на кориците и да се упати кон вас, вие – упатете се онаму каде што тој излегол...
      
        Можеби себе си ќе си бидете помалку таен документ...
        Оти можеби некаде сме запишани, а не знаеме. Можеби токму ние сме нечија сонувана приказна или лик. Или сме „писмо“ кое некаде е запишано. Можеби сме и роман или „парче“ од роман. Нечиј незнаен сон...
        Можеби некој веќе ги напишал нашите животи и ни дал нова идеја за осмислување.
        Оти ние сме само можна метонимија на самите себе. Засега сме само – она што мислиме дека сме. А тоа е само – дел од можните ние!
        
Како што и приказните се само помал дел од поголема приказна, која постојано се преопишува и пресоздава...
        А романите растат од свет на темнина...Тие се осветлување...

Имам чест јавно да му благодарам и да му се поклонам на авторот за делото. Овој роман е новото убаво лице на македонската култура! Лице, од кое светот ќе чита...

*        *        *

Овој роман не се чита, тој се живее... Како и секое ремек-дело.

        Маестрално, Венко!.........среќа




Изменето од bijonse1 - 02.Ноември.2009 во 18:45
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2009 во 17:35
Силен впечаток ми оставија книгите на Халед Хосеини, „Ловец на змејови„ и „ Илјада чудесни сонца„
едноставно, но прекрасно напишани... те тера да се соживееш со ликовите, да го почувствуваш она низ што поминуваат - а сигурно не им е лесно на тие 30-тина генерации кои не знаат што значи да живееш во мирна земја, слободен, безбеден и среќен....


Исто така, впечаток ми остави „Скршени крилја„ од Халил Џибран - книга за неостварената љубов....
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
After Dark Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај After Dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 15:49
Hmm...mnogu gi ima...ama posebno:
Koga Nice placese-Irvin Jalom, Parfem(zaboraviv od koj bese),Veronika resi da umre-Paulo Koeljo,The Giver-Louis Lowrey,Jane Eyre-Emily Bronte, Od Den Braun Site knigi..Marksovata antropoloska kritika na kapitalot-Ljubomir Cuculovski,Papokot na svetot-Venko Andonovski...Poezija od razlicni avtori-Aco Sopovski,Mateja matevski....(dajte nekoi drugi predlozi so vredi da se procita?!) :D
Se e relativno...
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 20:03
Svetot na Sofija-Justejn Gorder

Pod obavezno za nemirnite dusi sto baraat beletristika vo filozofijata

Edno dva-tri meseci ke ja citate sigurno...среќа
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2010 во 21:02
misija uspeh

Изменето од stigma04 - 09.Април.2010 во 21:05
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 09:40
Денеска почнува Саемот на книгата.....голема%20насмевка  голема%20насмевка  голема%20насмевка
 
идемооооооо....танцување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2010 во 10:11
definitivno ke se odi ama utre-zadutre голема%20насмевка

Predlog knigi- Cekori vo sekjavanje, Poslednata konkubina, Koga docni princot, Ne mi e strav, Quo Vadis i red drugi. Zavisi od koj tip na knigi sakas.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fichot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fichot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2010 во 10:26
Приспивна песна од Чак Паланик (Chuck Palahniuk) - издадена од Матица мислам. Супер книга за оние што сакаат чудни и необични приказни.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 19>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.