|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 678910 46> |
Автор | |||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Турски командоси уапсија седум пирати во Сомалија
Турски воено-поморски командоси, кои учествуваат во мисијата на НАТО за борба против пиратството покрај бреговите на Сомалија, уапсија денеска седум пирати. Пиратите, како што соопшти турската армија, се уапсени во моментот кога се обидувале да киднапираат чамец во Аденскиот залив. Турските командоси минатата недела со помош на хеликоптер уапсија пет пирати во Аденскиот залив, кои се подготвувале да нападнат брод. Турција испрати два воени брода во меѓународната мисија во Аденскиот залив. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Русија очекува потпис од Турција за Јужен тек
Русија и Турција денеска во Анкара треба да го потпишат протоколот со кој се овозможува изградба на гасоводот јужен тек во територијалните води на Турција. Договорот треба да го потпишат рускиот и турскиот премиер Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Турската страна со овој протокол ќе „даде зелено светло за почеток на работите“, а двајцата премиери ќе го одредат датумот за почеток на работите. Гасоводот Јужен тек треба да ги поврзе Русија и Бугарија, од каде ќе се разделува во два правца, кон Австрија и кон Грција и Италија. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
После проектот НАБУКО ќе функционира и гасоводот Јужен тек преку Турција
Вчера погледите на светот повторно беа свртени кон Анкара Турција и Русија потпишаа протоколи за соработка во 20 области
Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин фрлија потписи на мошне значајни договори помеѓу двете земји, додека на церемонијата на питпишување на договорите присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Согласно питпишаните договори кои ги засегаат одблизу светските енергетски рамнотежи, Турција и Русија влегуваат во еден нов период во мултидимензионалното партнерство во енергијата. Во тие рамки, главна точка на дневниот ред на средбата Ердоган-Путин беше енергијата. Двајцата лидери разговараа близу три часа, по што кон разговорите се приклучи и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. За време на вчерашната посета на рускиот премиер Владимир Путин на Анкара, помеѓу Турција и Русија беа потпишани протоколи за соработка во 20 сфери. Така според постигнатиот договор помеѓу двете земји, Турција од гасоводот Син Проток ќе може да продава гас на трети земји. Руската страна ќе доставува нафта на нафтоводот Самсун-Џејхан, додека Турција ќе го продолжи договорот за купување на гас од Русија кој истекува во 2011-та година. Друго значајно прашање за кое беше постигнат договор беше дозволата Русија да ги користи турските територијални води за истражувања посветени на проектот Јужен проток-2. Премиерот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот премиер Владимир Путин одржаа заедничка прес-конференција, по што Ердоган го покани и италијанскиот премиер Силвио Берлускони и премиерите на трите земји се ракуваа и фотографираа. Рускиот премиер Владимир Путин потоа во вечерните часови во претседателскиот дворец во Чанкаја беше примен кај претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул. Русија и Турција го потпишаа договорот за Јужен тек
Премиерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара потпишаа договор со кој се овозможува минување на гасоводот Јужен тек низ турски територијални води. На потпишувањето на договорот, како што пренесува Макфакс, присуствувал и италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Русија со ова обезбеди изградба на дел од Јужен тек во турските територијални води во Црно Море. Овој гасовод треба да ги поврзе Русија и Бугарија од каде ќе се расчленува во две насоки, кон Австрија и кон Грција и Италија. Италијанската компанија Ени е главен партнер на рускиот гигант Гаспром за проектот Јужен тек. Овој договор, според оценките на медиумите, ќе претставува значаен успех за Москва во напорите да ја задржи доминацијата во областа на снабдувањето на Европа со енергенси. Европјаните, од друга страна, ја планираат изградбата на гасоводот Набуко, кој ќе ја заобиколи Русија, со цел Европа што помалку да зависи од рускиот гас. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Атина вознемирена од „Јужен тек“
|
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Турција се стекнува со улога на клучна земја во енергетскиот сектор Турција како земја која се подготвува да стане значајна транспортна земја за ЕУ и Русија, ќе продава енергија на соседните земји. Претстојните денови започнува продажбата на електрична струја и гас на Сирија а потоа гас на Нахчиван. Најпрвин беа фрлени потписи на проектот Набуко. Веднаш потоа беше постигната историска соработка со Русија. Потписите фрлени во последниот месец го зајакна стратешкото значење на Турција. Турција преку цевоводите станува значајна транспортна земја а истовремено се стекнува со карактер на земја терминал. Значи Турција веќе не е само земја потрошувач туку напредува на патот да стане земја која продава енергија. Вложените напори почнаа да ги даваат првите плодови. Турција на Сирија ќе и продава електрична струја и гас, а на Нахчиван гас. Со Сирија беше потпишан петгодишниот договор за годишна продажба гас во износ од една милијарда метри кубни гас, и 250 мегавати електрична струја. Договорот свечено ќе биде потпишан претстојните денови во Дамаск со учество на министрите за енергетика на двете земји. Турција меѓудругото преку Игдир на Нахчиван ќе му продава гас чиј годишен износ ќе изнесува околу 500 милиони метри кубни. Од друга страна пак потписите фрлени на енергетските договори се очекува да придонесат кон развојот на односите со ЕУ. Историските потписи кои што беа фрлени во последниот месец придонесоа Турција да се стекне со улога на клучна земја во енергетскиот сектоp |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Масакр во Дагестан - 11 убиени
Група бунтовници влегла во една сауна и убила седум жени во руската република Дагестан, на северот од Кавказ, а потоа и четворица полицајци на еден контролен пункт, соопшти денеска полицијата. Седумте жени се убиени во приближно исто време кога сепаратистите го нападнаа блискиот полициски контролен пункт во градот Буинакск, на 41 километар од главниот град Махачкала. „Најмалку четворица се убиени кога бунтовниците ја нападнаа сообраќајната полиција. Во приближно исто време тие влегле и во сауна и убиле седум жени“, рече портпаролот на локалната полиција. Портпаролот на полицијата не наведе повеќе детали за двата напада, пренесоа агенциите. Руските медиуми јавија дека четворица полицајци се убиени при размена на оган со сепаратистите и во соседна Чеченија, а во таа прилика убиени се и двајца од екстремистите. Судирот бил во една напуштена куќа во близина на престолнината Грозни, јави агенцијата РИА Новости. Изменето од Biba_G - 15.Август.2009 во 22:59 |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Авганистан: Нема храна ако нема сексСо најновиот ’поумерен’ закон објавен во Службен весник мажот има право да не и дава храна на жената ако таа не ги исполни неговите сексуални потреби. Aвганистанските власти донесоа закон со кој како што соопштува организацијата за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч се ’легализира дискриминацијата’ на жените, вклучувајќи и скратување од храна ако таа не ги исполнува брачните обврски. Според соопштението на Хјуман Рајтс Воч спорниот закон е објавен во Службениот весник во Авганистан, на 27 јули оваа година. Ова е нова верзија на законот усвоен во март кој не стапи на сила заради противењето на западните земји, а според кој на мажот му се дозволуваше да ја силува жената, ако таа не сака доброволно да има сексуални односи со него. Со новиот закон, сопругот има право материјално да не ја помага жената, вклучувајќи ја тука и храната и грижата за децата, ако таа не ги исполни неговите сексуални потреби. Во тој случај старателството на децата го презема мажот. Законот исто така предвидува, дека жените мораат да добијат согласност од мажот за да работат некоја работа, но и дека силувачот може да плати отштета на жртвата и притоа да биде неказнет. Овој закон е донесен во екот на претседателските избори во Авганистан на 20 август, на кој досегашниот претседател Хамид Карзаи е забележан како главен фаворит. |
|||||||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Пјонгјанг се заканува со нуклеарен напад врз Јужна Кореја и САД 16.08.2009 13:05 Официјален Пјонгјанг ја осуди претстојната воена вежба на САД и Јужна Кореја и се закани дека двете земји ќе ги нападне со нуклеарно оружје ако ја загрозат севернокорејската безбедност. Американските и јужнокорејските вооружени сили утре почнуваат заедничка воена вежба, по извесен период откако властите во Северна Кореја ги ослободени двете американски новинарки и јужнокорејскиот работник. Северна и Јужна Кореја правно се уште се во војна, бидејќи конфликтот од 1950 до 1953 заврши со примирје, но никогаш двете страни не потпишаа мировен договор. |
|||||||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||||||||||||||||||
Biba_G
Сениор Непоправлив оптимист Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 13718 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
Почит на жртвите од нападите на 11 септември
Вашингтон, 11 септември (МИА) - Во САД денеска ќе бидат одржани комеморативни собири во знак на сеќавање на жртвите од терористичките напади на Њујорк и Вашингтон, кои се случија точно пред осум години. Во нападот на два авиони врз зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк и еден авион врз Пентагон во Вашингтон, како и при уривањето на четвртиот авион во рурален дел на Пенсилванија, загинаа околу 3.000 луѓе. На тие места со едноминутно молчење и читање на имињата на жртвите традиционално ќе им се оддаде почит на загинатите. Американскиот претседател Барак Обама ќе одржи говор кај Пентагон и ќе положи венец на ова место, каде загинаа 184 лица. Обама вчера издаде соопштение во кое ги повика сограѓаните да учествуваат на комеморацијата, ветувајќи дека „ќе ги пронајде сите оние кои ги извршија овие злосторства, ќе бара правда за убиените и ќе им се спротивстави на сите закани по безбедноста на државата“. На денешниот собир во Њујорк, каде во нападите на Светскиот трговски центар загинаа повеќе од 2.700 луѓе, ќе присуствува американскиот потпретседател Џозеф Бајден. На тоа место се уште е во тек изградбата на меморијалниот музеј и пет нови небодери, имајќи предвид дека градењето го одолговлекуваат политичките несогласувања и финансиски и правни спорови. На комеморацијата на местото каде во едно поле во Пенсилванија, 130 километри источно од Питсбург, пред осум години се урна авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ при што настрадаа сите 40 патници, ќе зборува поранешниот државен секретар Колин Пауел. Годинава денешниот ден е прогласен за национална годишна комеморација, а граѓаните својот придонес го даваат со учество во проектите на конзервација, со испраќање помош за војниците на фронт и со волонтерска работа. По терористичките напади на 11 септември, Америка во октомври 2001 година започна воена операција врз Авганистан со цел од власт да се смени талибанскиот режим и да се уапсат лидерите на терористичката мрежа Ал Каеда. |
|||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
паметен народ ....... затоа играат мајтап со цел свет АЈ ЛАВ ЧАЈНА
|
|||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||||
И јас сакам чајна-ама само како чајна салама.
|
|||||||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |