IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈНОВО во излозите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈНОВО во излозите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 77>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 16:28

 

Bottega%20Veneta%20resort%202011%20fashion%20425222

Bottega%20Veneta%20resort%202011%20fashion%20425222Bottega%20Veneta%20resort%202011%20fashion%20425222
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:17

Париската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Париз беше домаќин на бурна и атрактивна модна недела, која заокружи еден фешн месец исполнет со многу ретро гламур, фантазија и креативност.

Александар МекКвин

Стилот на модната куќа Александар МекКвин е толку уникатен и препознатлив што секогаш ќе буди воодушевување. Сара Бартон, чие име се поврзува со венчаницата на Кејт Мидлтон, уште еднаш покажа дека лекциите на покојниот МекКвин се врежани во нејзиниот ум.

„Таа е брилијантна во својата работа. Очигледно таа ги зема сите негови карактеристични црти и на некој начин им дава светлина. Навистина беше фантастично, дури и триумфално“ – коментирала Александра Шулман, уредничка на британскиот Вог.

Alexander%20McQueen Alexander%20McQueen

Кристијан Диор

Додека модниот свет со нетрпение очекува да дознае кој ќе ја преземе диригентската палка во Диор по Џон Галијано, тимот на оваа модна куќа работи под раководство на десната рака на Галијано, Бил Гајтен.

По мешаните критики кои ги понесе колекцијата висока мода, Гајтен реши да донесе поедноставна и побезбедна колекција инспирирана од гламурот на 50-тите години. Спојот од романтика и сексапил беше преточен во облеката преку проѕирни ткаенини, рафинирани набори и женствени ретро шапки. Не остана незабележано присуството на кожа и твид.

„Сметам дека беше навистина убаво: прекрасна лесна вечерна облека – тоа беше голем скок нанапред од couture шоуто, особено со лесната изработка од чипка и шифон. Можам да го видам сето ова на црвениот тепих“ – изјавила Лусинда Чемберс, моден директор во британскиот Вог.

Christian%20Dior Christian%20Dior
Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior Christian%20Dior

Ланвин

Драматичното шоу на дизајнерот Албер Елбаз го стави на преден план готик стилот. Една по една манекенките покажуваа крстови изработени од бисери, огрлици и токи на колани во форма на орел, скапоцени додатоци во форма на змија извезени околу фустани...

При дизајнирањето на колекцијата, во главата на Елбаз се вртела слика на ангел во пеколот. Можеби нагласените раменици, кои им дадоа посебна силуета на креациите, беа на некој начин крилјата на тој ангел.

Lanvin Lanvin
Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin Lanvin

Жан Пол Готје

Тетоважите беа главен мотив во колекцијата на Жан Пол Готје. Тату-принтови можеа да се видат врз хулахопки, фустани, панталони, но и врз кожата на манекенките. Секоја манекенка што дефилираше носеше број во раката, исто како на натпревар за убавина, а во меѓувреме коментаторот кажуваше по некој збор за нејзините хобија и интереси. Кога ќе се земе во предвид дека се работи за ревија на Готје, сето тоа не звучи чудно или откачено.

„Тоа беше уважување кон неговата кариера и ги имаше сите негови класики“ – изјавила Лусинда Чемберс по завршувањето на шоуто. Фризурите инспирирани од 40-тите години, пирсовите и тетоважите како магија го задржаа вниманието на публиката до финалето кое се состоеше од секси долна облека во препознатливиот стил на Готје.

Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier
Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier Jean%20Paul%20Gaultier

Џон Галијано

Брилијантниот стил што Галијано го градеше долги години ја окарактеризира и новата колекција. Бил Гајтен ги употреби сите препознатливи елементи од дизајнерскиот арсенал на Галијано – феноменален шифон, женствени сакоа и мантили, свилени фустани, свечени блескави тоалети, проѕирни сексапилни набори... Плетените коси, шапките и чевлите тип Мери Џејн го надополнија изгледот на манекенките. Инспирација за колекцијата Бил црпел од Мери Пикфорд и Мери Попинс.

Иако креациите добија пофалби, сепак критичарите не пропуштија да споменат дека на колекцијата ѝ недостигаше експертизата на Галијано.

John%20Galliano John%20Galliano
John%20Galliano John%20Galliano John%20Galliano John%20Galliano John%20Galliano John%20Galliano

Шанел

Шанел нурна длабоко во морето. Карл Лагерфелд приреди магично шоу инспирирано од подводниот свет. Искористувајќи нестандардни материјали кои ни сам не може да ги опише, 78-годишниот дизајнер создаде блескава нежна колекција во која манекенките изгледаа како импресивни морски суштества.

Морската пена, подводните растенија, алгите и школките го пронајдоа својот пат до креациите на Шанел, а бисерите претворени во тенки колани и сребрените чизми ѝ дадоа гламур на и така сјајната колекција.

Chanel Chanel
Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel Chanel

Луј Витон

„Тоа беше прекрасна панорама од освежителни пастели. Со сите тие чисти бледи бои, беше како голема модна свадбена торта“ – изјавила Александра Шулман, коментирајќи го цветното магично шоу на модната куќа Луј Витон.

Креативниот дизајнер Марк Џејкобс со задоволство се поклони на крајот на спектакуларното шоу, оставајќи ги присутните да се прашуваат дали од наредната сезона ќе го гледаат во Диор или не.

Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton
Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton Louis%20Vuitton

Живанши

Темната и мрачна естетика на Рикардо Тиши уште еднаш ги освои критичарите. Исто како Сара Бартон и Карл Лагерфелд, и Тиши успешно го презентираше својот талент благодарение на инспирација од подводниот свет.

Тесни хеланки кои потсетуваат на долниот дел од одело за нуркање, заби од ајкула како приврзоци и украси на сандалите, крокодилска и змиска кожа во комбинација со пастелни нијанси на розово и крем, црно и војничко зелено ја преплавија пистата. Присутните му дадоа дополнителна гласност на аплаузот кога шоуто го финализира Жизел Бундхен.

Givenchy Givenchy
Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy Givenchy

Ели Сааб

„Color Shock“ – така Ели Сааб ја именува својата најнова колекција. И веднаш може да се забележи зошто. Колекцијата беше поделена на блокови од бои – шоуто се отвори со бисерни креации, а продолжи со нежни фустани во сенф и портокалова боја, за да заврши со темнозелени и гламурозни сини тоалети.

Како и секогаш, елеганцијата и софистицираноста се провлекуваа во креациите кои гарантирано ќе ги преплават црвените теписи во Холивуд.

Elie%20Saab Elie%20Saab
Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab Elie%20Saab
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:20

Њујоршката недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Њујоршката недела на модата заврши. „Ретроманија“ е зборот кој може да ги опише колекциите претставени на ревиите во Њујорк. Повеќето дизајнери гледаа наназад во времето за да ја презентираат својата креативност на иновативен начин и само малку од нив покажаа футуристички стил.

Џејсон Ву

Џејсон Џу претстави креации со силно акцентиран струк и колкови. 28-годишниот дизајнер со вкус си поигра со пропорциите и формите. „Графичкиот контраст на спротивните концепти е силна тема на колекцијата“ – објаснил тој. Употребата на нежно розовата боја беше храбар контраст на неговите бели, црни и сиви креации и монохромните принтови.

Колекцијата во целост беше модерна, скоро минималистичка и романтична, а низ неа се почувствува мало влијание на спортскиот и ретро стилот.

Џејсон%20Ву Џејсон%20Ву

Џени Пекам

Модните ентузијасти со нетрпение очекуваа да видат што ќе претстави британската дизајнерка Џени Пекам поради тоа што Кејт Мидлтон двапати воодушеви со нејзини креации.

Инспирирана од песната „She’s a Rainbow“ на Rolling Stones, Пекман создаде романтична и ултра женствена колекција, полна со ненападни нежни креации.

Џени%20Пекам Џени%20Пекам
Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам Џени%20Пекам

Каролина Ерера

Брендот Каролина Ерера секогаш се асоцира со елеганција, а не разочара ниту најновата колекција на познатата дизајнерка. Гледајќи ги инвентивните принтови со птици и женствените кројки, не е тешко да се види зошто Ерера е една од омилените креаторки на холивудските убавици.

Луксуз, рафинираност и препознатлив стил можеше да се насети во секоја креација, било да се работи за дневен аутфит со птичји принт или вечерна тоалета со геометриски детали. Од боите може да се каже дека највпечатлива беше комбинацијата црно-бело-црвено.

Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера
Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера Каролина%20Ерера

Оскар де ла Рента

Пред очите на видни модни имиња како Валентино и Рејчел Зое, Оскар де ла Рента претстави разновидна колекција која остави силен впечаток уште од самиот почеток. Де ла Рента шоуто го отвори со три грандиозни креации со огромни здолништа во воочливи бои и со тоа најави дека следува нешто динамично, возбудливо и драматично.

79-годишниот дизајнер, кој зад себе има огромно искуство, настапи бестрашно, користејќи многу различни стилови, текстури и бои за да комплетира фантастични вечерни тоалети што сигурно ќе ги видиме на црвените теписи низ Холивуд и дневни креации за префинетите дами.

Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента
Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента Оскар%20де%20ла%20Рента

Келвин Клајн

Ако не би знаеле кое име стои зад овие креации, тешко дека ќе успееја да ви остават некаков впечаток. Пастелни нијанси на крем, жолто и сребрено и црната боја доминираа во едноставната колекција на Франциско Коста.

Некои од креациите со нежноста и едноставноста дури и наликуваа на ноќници затоа што ја дефинираа формата на целото тело на моделите.

Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн
Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн Келвин%20Клајн

Мајкл Корс

Доволно е да погледнете само неколку модели од новата колекција на Мајкл Корс за да заклучите дека неговата инспирација доаѓа од Африка.

Гладијаторски сандали, змиски и крокодилски чанти, земјени тонови и комфорна облека во сафари стил – тоа беа одликите на колекцијата што Корс би ја опишал со зборот „Африлукс“.

Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс
Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс Мајкл%20Корс

DKNY

И додека Корс црпеше инспирација од егзотичната Африка, Дона Каран инспирацијата ја најде во Америка. Дизајнерката чиј концепт за брендот е изграден околу Њујорк, ја воодушеви публиката со патриотски комбинации на сино, црвено и бело, но исто така можеа да се сретнат и нијанси на розово, црно и крем. „Навистина не постои друго место како нашиот сакан град, Њујорк. Нашата инспирација“ – пишувало во белешките на Каран.

Секој изглед вклучуваше шешир во бои кои апсолутно одговараа на облеката. Преовладуваа едноставни фустани со подолг заден дел, но имаше и тесни пантолони од материјал кој наликуваше на деним, но беше далеку полуксузен и поелегантен.

DKNY DKNY
DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY DKNY

Ралф Лорен

Елегантни костуми со кратки пантолони, пастелни бои, минималистички свилени фустани, крзнени кратки наметки и шалови – едната половина од колекцијата на Ралф Лорен изгледаше супер слатко и нежно. А потоа, на ред дојде елегантниот гламур изразен преку долги сребрени и бели тоалети со блескави извезени материјали.

20-тите години на минатиот век очигледно биле во мислите на 71-годишниот дизајнер додека ја создавал пролетната колекција. Стилот од тој период можеше да се насети и во шапките и во костумите и во „пердувестите“ фустани и крзнените додатоци.

Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен
Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен Ралф%20Лорен

Рејчел Зое

Омилената стилистка на холивудските ѕвезди, Рејчел Зое, ја претстави својата колекција во Њујорк. „Мојата инспирација е навистина многу едноставна. Тоа е Брижит Бардо, на југот на Франција, во доцните 60-ти, раните 70-ти години“ – изјавила Рејчел.

Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое
Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое Рејчел%20Зое

Прабал Гурунг

Впечатлива, интересна, модерна и полна со смелост и нестандардност – колекцијата на Прабал Гурунг беше вистинско освежување на њујоршките модни писти.

Футуристичките принтови и модели ја разбија ретро монотонијата, а секој модел донесе секси палаво присуство.

Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг
Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг Прабал%20Гурунг
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:22

Миланската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Изминатава недела Милано се тресеше во ритамот на диригентските палки на некои од најреномираните дизајнери во модната индустрија. Имињата Џорџо Армани, Прада, Кавали, Фрида Џанини, Версаче и Долче и Габана се повеќе од звучни и може да се каже дека сосема оправдано моментално го освојуваат вниманието. Ѕирнете низ нивните колекции за да добиете претстава за трендовите што ќе бидат актуелни наредната сезона.

Гучи

Неодоливи фустани со паднат струк во златна, сребрена, црна и бела боја, црни проѕирни елегантни фустани, интересни панталони со висок струк и краток „шлиц“ на ногавиците и многу златни детали... ревијата на Гучи го донесе на сцената гламурот на 20-тите години.

„Сакав да ја истражувам оптичката страна на женственоста со создавање на скулптурен гламур за жената Гучи“ – објаснила креативната директорка Фрида Џанини.

Иако доминираа црната и белата боја, златната и бојата на смарагд на елегантен начин се интегрираа во голем дел од креациите. Фрида не пропушти да си поигра и со принтовите, мешајќи црно-бели шарки на жирафа со принт на зебра.

Gucci Gucci
Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci

Фенди

Хоризонталните и вертикалните линии ја преокупираа модната писта на ревијата на Фенди. Карл Лагерфелд како вистински мајстор успеа да прикаже шик начин на облекување за вистинската жена.

Тренч мантили, асиметрични сукњи, многу кошули, фустани кои потсетуваат на туники и интересни повеќеслојни горни делови со отсечени раменици го одбележаа новиот стил на жената Фенди.

Fendi Fendi
Fendi Fendi Fendi Fendi Fendi Fendi

Версаче

Море од гламур ја преплави модната писта на шоуто на Версаче. Нежна, елегантна и гламурозна колекција претстави Донатела Версаче, праќајќи на сцената манекенки кои наликуваа на вистински сирени со креации украсени со морски ѕвезди и коњчиња.

Тоа е имиџ на сирена „која пристигнува во Њујорк во жешка летна ноќ, подготвена да освои сè: луѓето, градот и самата себе... Жените мора да ја извадат својата агресивна страна, бидејќи сè уште треба да се пробиваат за да се истакнат во светот на мажите. Во никој случај не сум романтичарка, но чувствував дека треба да ја омекнам таа решителност“ – изјавила Донатела.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Прада

Она што може да се каже за неповторливата Мјуча Прада е дека никогаш не се плаши да стапне во непознатото и да експериментира со стандардите за убавина. Критичарите отсекогаш ја опишувале како креаторка со жед за нови идеи.

За новата колекција, Прада извади на виделина елементи како автомобили од 50-тите години, фигури од стрипови и ретро цветни дезени. Автомобилите беа главна тема на колекцијата – на креациите на кои немаше автомобили имаше апликации од чад. Сукњите беа со должина до колена и со висок струк, но кратките „блузички“ отскриваа дел од стомакот на моделите (тренд кој неспорно завладеа на пистите). Палетата на бои беше женствена: жолто, кремово, небесно сино и бордо.

Prada Prada
Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada Prada

Алберта Ферети

Коктел фустани со должина до под колената доминираа на ревијата на Алберта Ферети. Во секој од нив искусната креаторка имаше вметнато проѕирни ткаенини кои умерено покажуваат дел од женското тело.

Низ креациите можеа да се видат елементи инспирирани од арт деко стилот, како и од стилот на 20-тите и 60-тите години. Ферети успешно употреби поживи бои, како корална и жолта, најавувајќи разнобојна пролет.

Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti
Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti Alberta%20Ferretti

Емпорио Армани

Отсуството на боја во повеќето од креациите на Џорџо Армани придонесе да дојдат до израз префинетоста и рафинираноста на ткаенините, кројките и изработката.

Црно-белата колекција ја фасцинира публиката со женствен современ приказ на машки стил на облекување и стилот од раните 20-ти години.

Emporio%20Armani Emporio%20Armani
Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani Emporio%20Armani

Макс Мара

Модната куќа Макс Мара се смета за бренд кој нуди безвременска елегантна облека за повозрасните жени, но новата колекција како да е обид да проникне кај младите клиенти.

Бело, ведро сино, нијанси на крем и златна боја ја окарактеризираа луксузната колекција во спортски стил.

Max%20Mara Max%20Mara
Max%20Mara Max%20Mara Max%20Mara Max%20Mara Max%20Mara Max%20Mara

Долче и Габана

За време на модната недела во Милано, познатото креаторско дуо ја објави веста за затворањето на нивната модна линија D&G и покажа дека ќе го задржи на фокусот својот примарен бренд.

Дневните креации беа ретро цветни и разнобојни, а вечерната облека беше украсена со многу блескави камења. „Сè потсетува на типичниот италијански весел дух“ – изјавиле прочуените дизајнери.

Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna
Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna Dolce%20Gabanna

Роберто Кавали

Златото е актуелна тема во бизнис круговите, но и во центарот на новата колекција на Роберто Кавали. Етаблираниот дизајнер употреби злато на фустани, панталони и дури и јакни.

„Оваа колекција е химна на „Made in Italy“ и на фантазијата на италијанскиот стил. Инспирирана е од жените кои го сакаат животот и кои гледаат на него со сензуалност“ – изјавил Кавали пред почетокот на шоуто за колекцијата во која се испреплетуваат егзотичност, сексапил и мистериозност.

Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli
Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli Roberto%20Cavalli
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2011 во 08:24

Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Лондонската недела на модата заврши и со брзина на светлината модната толпа дизајнери, критичари, уредници и стилисти од Лондон се префрли во Милано. Додека реномираните дизајнери го покажуваат својот талент во Италија, да видиме што оставија зад себе дизајнерите во британската престолнина на модата.

Burberry Prorsum

Burberry е еден од најстарите и најуспешните британски модни брендови и секогаш успева да привлече огромно внимание со својата инвентивност и користењето на дигиталната технологија. Секоја креација прво била покажувана на Twitter, а дури потоа на модната писта, со што им била дадена можност на обожавателите да ја видат колекцијата дури и пред публиката присутна на ревијата.

На прв поглед колекцијата не делува како пролетна или летна, но дизајнерот Кристофер Бејли добро знае дека Велика Британија нема топла клима и дека пролетното сонце таму нема голема сила. Креативни комбинации на бои, еклектички принтови и доза на елеганција се наѕираше во секој изглед на манекенките. „Толку е нослива и секси“ – изјавила Роузи Хантингтон-Вајтли, која е рекламно лице на парфемот на овој бренд.

Burberry%20Prorsum Burberry%20Prorsum

Кристофер Кејн

Модниот дизајнер Кристофер Кејн претстави нежна и светликава колекција. Материјалите на првите креации оддалеку делуваа како мокра кожа, но одблиску всушност се гледаше дека се извезени со сребрени и златни дезени. Ревијата продолжи со едноставни фустани и кратки панталони со цветни принтови, кои или имаа предни кратки шлицови или беа отсечени над струкот за да се ѕирка малку кожа.

За голема радост на манекенките, Кристофер имаше подготвено комфорни ниски влечки наместо високи потпетици. Откако некои го обвинија дека го прави тој потег за да привлече внимание, Кејн побрза да објасни дека неговиот избор е од естетски причини. „Ултра високи штикли, особено со мини сукња сега изгледаат толку старо“ – објаснил тој.

Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн
Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн Кристофер%20Кејн

Метју Вилијамсон

„(Колекцијата) беше многу Метју – полна со ентузијазам, колоритна и навистина секси“ – коментирала Александра Шулман, главната уредничка на британскиот Вог, по завршувањето на шоуто. Карактеристичните бои кои потсетуваа на зајдисонце уште повеќе ги истакнаа креациите на сивата позадина на пистата, а сексапилот вметнат во формите на фустаните и комбинезон-панталоните целосно го освои вниманието на публиката.

„Сакав да е шик и женствена – помалку младешка и да се надеваме порафинирана од нормална“ – изјавил Вилијамсон.

Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон
Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон Метју%20Вилијамсон

Mulberry

Пастелни бои кои потсетуваат на сладолед доминираа во колекцијата на дизајнерката Ема Хил, но понекогаш се судираа со интензивни угаснати нијанси на војничката боја. Популарната црна Хил ја зачува само за неколку финални креации.

Долгите лесни фустани и кратките широки панталони во комбинација со интересни мантили и јакни создаваа прекрасен видик кој ја воодушеви публиката. И нормално, голем дел од погледите на присутните, меѓу кои беа и Кејт Мос и Кристен Стјуарт, беа насочени кон чантите по кои е препознатлив овој бренд.

Mulberry Mulberry
Mulberry Mulberry Mulberry Mulberry Mulberry Mulberry

Temperley London

Алис Темперли ја прослави десетгодишнината од своето присуство во модната индустрија со елегантна, гламурозна и примамлива колекција. „За наредната сезона таа сака да ни даде стајлинг како на Грејс Кели“ – пишува Вог, коментирајќи ги белите свилени марами на главите на манекенките, црвениот кармин и големите очила за сонце.

Името Темперли оваа година остана запаметено по зелениот фустан на Пипа Мидлтон на кралската свадба, па беше логично сестрата на Војвотката од Кембриџ да се појави во првиот ред на ревијата.

Temperley%20London Temperley%20London
Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London Temperley%20London

Ердем

Цветниот принт ја завладеа ревијата на Ердем, што не е воопшто изненадувачки затоа што овој дизајнер уште е нарекуван и „принц на шарите“. Овој пат цветниот принт имаше повозрасен изглед, токму како за омилените клиентки Саманта Камерон и Мишел Обама.

Силуетите на канадскиот дизајнер варираа од структурирани и строги кројки до долги и развеани тоалети. „Мислам дека многу наликуваше на 50-тите, со елеганцијата на Диор“ – коментирал експертот Колин Мекдауел.

Ердем Ердем
Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем Ердем
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 12:44

Armani 2012

Giorgio%20Armani%20Spring%202012%20_5

Giorgio%20Armani%20Spring%202012%20_4Giorgio%20Armani%20Spring%202012%20_3
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2011 во 12:45

Giorgio%20Armani%20Spring%202012%20_1

Giorgio%20Armani%20Spring%202012%20_2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:11
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:20
\
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:20
\
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:21
\
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:31
Valentino SS2011 - Sheer Black
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 10:33


Изменето од lotus flower - 05.Декември.2011 во 10:59
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2011 во 08:46
Mulberry-Prolet 2012

Mulberry Spring 2012
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6566676869 77>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.