IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Приватни острови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приватни острови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:44

ПРИВАТЕН ОСТРОВ ВО ОБЛИК НА СРЦЕ ВО АВСТРАЛИЈА

huioi

Ричард Бренсон и неговиот партнер ( авиокомпанијата Virgin Blue Australian ), се „ виновниците “ за едно од најубавите места на планетава. Посебно внимание привлекува и фактот дека островот има, форма на срце а се наоѓа во близина на реката Noos и спектакуларниот брег Queensland. Преубавите плажи и големите корални гребени на приватниот остров, привлекуваат голем број посетители.

1 (1)

Опкружено со мирна река, островот го сочинуваат зелени тропски билки. Иако последниве години го користеле фамилиите Бренсон и Годфери, сепак сопствениците одлучиле ова парче рај да го споделат со сите заинтересирани посетители.

Ресортот нуди и многу богатства. Сите апартмани се опремени со убави и вредни Балинезе антиквитети и мебел кој е внимателно одбран и увезен на островот. Ресортот може да прими најмногу 22 луѓе во еден момент. Во склоп на цената на смештајот, гостите уживаат во бројни активности како кајак, скијање на вода, храна, пиење и многу други задоволства.

1 (2)

Во близина на ресортот се наоѓаат повеќе интересни занимливости, од сурфање, до голф терени, хеликоптер тури и спа центри…

Задоволството да се биде овде вреди многу повеќе !

1 (4)

1 (5)

1 (6)

1 (9)





Изменето од Valerija - 18.Мај.2018 во 15:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2015 во 21:26
Рај на продажба: Ова се најскапите острови на светот - кои може да се купат

Приватен остров денес можат да си дозволат многу луѓе, а еве некои кои се на продажба.

Приватните острови обично се резервирани само за оние навистина богатите, но факт е дека на Земјината топка има острови кои се во рангот на малку поскапите недвижнини, на пример во Лондон или Њујорк. Тоа само значи дека таквите острови се добра инвестиција и дека вложеното сигурно ќе ви се врати.

1. Young Island, St. Vincent - 8 милиони евра, 50.990 метри квадратни 

Овој карипски остров детално е опишан на страната "Private Islands Online", на која се продава како посед "окружен со бели песочни плажи и мирни води". Овој остров има и хотел кој е во функција.


2. Johny.s Cay, Bahamas - 4,7 милиони евра, 18.050 метри квадратни

Овој остров е опишан како "совршена инвестиција" со "заштитени патеки окружени со бујна вегетација, која прави да се чувствувате релаксирано".


3. Casco bay Island, Maine - 1,1 милиони евра, 166.000 метри квадратни

На островот има заштитени полиња, големи и мали плажи, па дури и мочуришта.


4. Сирена, Италија - цена непозната, 4.050 метри квадратни

Наречен е "џебен остров" и во споредба со останатите е многу помал. Се препорачува како можност која не смее да се пропушти, за сите оние кои сакаат да имаат сопствен остров во убавата Италија.


5. Лацао, Чиле - 1,7 милиони евра

Еден од најевтините острови кои се продаваат на страната "Private Islands". Опишан е како "Езерска земја", односно дивина преполна со езера и зеленило.


Изменето од Valerija - 18.Мај.2018 во 15:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 08:43

Приватни рајски острови кои можете да ги изнајмите за вашиот следен одмор


Планирањето на патување со пријателите е секогаш забавно, затоа што покрај тоа што уживате во морските бранови и сончевите зраци, тоа го правите заедно со луѓето кои ви се најблиски и со кои знаете дека ќе си поминете убаво.

Што ако имате можност тоа да го направите на некој приватен остров во ресорт каде ќе се чувствувате како да сте единствените луѓе на копното?

Би можело да се каже дека тоа е како мини семејство „кое доживеало бродолом“ како семејството Робинзонови, па сега можете да уживате на својот приватен остров.

Такви места постојат и на нашава планета, тргнувајќи од некои од Бахамските Острови, па се до некои од француските острови на кои ако ви е доволно широк џебот, можете да го планирате вашето идно летување.

Ако не, потонете во сладок сон – приватен луксузен остров само за вас:


1. Островот Calivigny

Во овој ресорт има 25 апартмани каде една ноќ чини 124.000 долари. Мебел во француски стил и кревет доволно голем за да пружи неверојатно доживување и квалитетен сон. Доволно големи соби во кои има џакузи и можност за изнајмување на јахта. Доколку некој сака да се релаксира во природа, по заоѓањето на сонцето може да ужива и во мини кино додека се лади во базен или да замине на прошетка.

2.Островот Musha Cay

Овој остров е дел од Бахамските острови Exuma Cay, а него го поседува познатиот илузионист Дејвид Коперфилд кој во 2006-та платил 50 милиони долари.

Тука еден апартман чини 57.000 долари од ноќ, во 4 посебни куќи. Англиски инспириран мебел од махагони дрво. Тука не може да ви биде досадно, бидејќи постои голем избор на забавни активности во вода или на копно, а доколку сакате, можете да испланирате романтична вечера со партнерот.


3. Островот Thatch

Тука има само една колиба која е идеална за парови, а чини 914 долари од ноќ. Самата колиба има само една спална соба и прилично едноставен стил на уредување, со надворешна кујна и камена скара доколку сте подготвени за готвење на вкусна риба или скара под ѕвезденото небо.

Можете да кајакарите или да пловите, а на крајот од денот да дегустирате вино на палубата.

4. Островот Melody Key

Тука не само што имате можност да уживате, туку тоа да го правите и во еколошки подготвена средина. Целата вила е обложена со соларен систем за струја и вода.

Една вечер тука чини $1.250 долари, а вилата собира 10 луѓе. Секоја од 4-те соби има свој приватен балкон, а заедничка дневна и трпезарија со поглед кон океанот.


5. Островот East Sister Rock

Тука една ноќ чини $6.500 долари,а до островот можете да пристигнете со брод или хеликоптер. Можете да уживате во панорамскиот поглед и буквално да се чувствувате дека сте единствени на островот, бидејќи тој е доволно голем за само една колиба.



Изменето од Valerija - 22.Септември.2015 во 22:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 22:13
Рај за богаташи: Приватен остров кој доаѓа со вас каде и да посакате

Проектанти дошле до идеја да направат приватен пловечки остров кој лесно може да се премести во било кој дел од океанот. Технологијата за негова изградба веќе постои, а како ќе изгледа островот, зависи од нарачателот. Еден од досега проектираните острови ќе има стан на височина од 80 метри, водопади, хелиодром, па дури и пристаниште за суперјахта.


Милијардерите во иднина ќе можат да избегнат пловење ако тоа не им се допаѓа и со хеликоптер ќе можат да се спуштат на својот приватен остров, а ако поднесуваат и сакаат пловење, до островот ќе можат да стигнат и со јахта.


Проектанти смислиле начин на кој ќе направат пловечкиот приватен остров да се поместува на локација по желба.


Еден од проектираните вештачки острови има апартман на врвот, кој овозможува поглед на околината од 360 степени и до кој се доаѓа со лифт.


Во комплексот има и спа-центар, теретана, бар и базен, како и многу дрва, па дури и станица за хранење ајкули.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2016 во 08:43

ПРИВАТНИОТ ОСТРОВ НА ДИКАПРИО

12

Пред десет години Леонардо ди Каприо купи остров во Белизе со план да го претвори во првото еколошко одморалиште кое ќе ги чува водите и шумите. Островот е наречен Блакадор Кеј.

Леонардо го открил островот додека одморал во одморалиште во близина во 2004 година. Рибарите го користеле островот за време на работата и истиот се очекувал да потоне од ерозија. Лео сакал да го спаси островот.

Неговото одморалиште треба да биде завршено во 2018 година.

blackadore-caye-belize

blackadore-caye-eco-resort-mclennan-design-leonardo-dicaprio1

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2018 во 15:34

Ова е Вашиот мал рај на приватен остров

Ангра Дос Рејс е уникатен островски регион во Бразил, кој е веројатно најубавиот локалитет во Рио де Жанеиро. Него го сочинуваат 365 острови, а овој прекрасен регион е локација во која најбогатите луѓе на светот ги поминуваат своите одмори, уживаат на своите јахти и прекрасните плажи.

Добрата вест е дека еден мал дел од овој рај, идиличен приватен остров од 12 хектари е достапен за купување по цена од 9.85 милиони долари. 

Сместен е на јужниот дел од овој регион, на приватниот остров се наоѓа една шармантна вила со отворен простор и три бунгалови поставени во близина на крајбрежјето со пет спални соби со приватни тоалети. Со оглед на тоа дека сопствениците на овој имот можат да го задржат само за себе, своите пријатели и семејството, можат да се одлучат бунгаловите да ги изнајмуваат за туристи кои се пожелни за провод во вакво опкружување.

Кој би можел да одбие живот на приватен остров, опкружен со бујна вегетација и поглед кој е премногу добар за да биде вистинит?

Самиот имот Ви нуди простор со повеќе од 1.000 метри квадратни, вклучувајќи големо џакузи, сауна, прекрасна приватна кино сала и кујна на отворено совршено за правење скара. Секако, станува збор за приватен остров, па тука се и рампите за бродовите.

Исто така има и хелидром, која ќе Ви го олесни доаѓањето до приватниот рај, иако заминувањето ќе биде тешко. Тука е и прекрасниот вински подрум веднаш до главната вила со ѕидови кои се направени со камења од островот. Приватноста никогаш не изгледала подобро.



Изменето од Valerija - 18.Мај.2018 во 15:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2019 во 09:59

Откријте го најприватниот остров на светот

Сместен во Гладен, островот опкружен со корали и бел псеок во самото срце на Големиот Корален Гребен е совршено место за одмор од секојдневието.

Најприватниот остров на светот е сместен на источното крајбрежје на Централна Америка, а граничи со Мексико на северозапад, Карипското море на исток и Гватемала на југ и запад. Сепак, поради приватни цели, на овој остров постои само една вила, за две лица на најдалечната точка на светот. 

Како една од најубавите локации на светот, приватниот остров Гладен се наоѓа на самиот раб на Големиот Гребен во Карипското море. Овој гребен е најдолгиот на Западната хемисфера, а втор најголем во целиот свет. Островот Гладен се наоѓа на точката "Gladden Split", каде ајкулите се собираат еднаш годишно, нудејќи неверојатни и сликовити можности за нуркање и други активности во вода, кои за вас ги организираат консиерж и бродските капетани.

Двособниот хотел, односно вила е единственото сместување на овој остров и во целост е наменет само за гостите. Дури и персоналот, кој е тука да ја испочитува секоја ваша желба се наоѓа во близина на островот. Значи, животот на овој остров не е епизода за преживување, туку ол инклузив искуство. Во понудата има мастер апартман, доколку сакате да го посетите овој рај со своето семејство или пријателите.

После истражувањата и идиличниот живот на плажа, гостите можат да уживаат во фантастичните оброци кои ги подготвуваат гурманските кувари од целиот свет. Спа третмани или чартер чамците исто така ви се на располагање преку приватен консиерж.



Изменето од Valerija - 26.Март.2019 во 09:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.