|
Победете ја Невиноста |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | ||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
@малата и само малата : Безразлика кој какви ставови има... И јас имам остри ставови во врска со ова прашање (кога веќе се наметна... женска невиност) , ама сепак... се трудам да не напаѓам никого , поготово која неговиот личен живот и не ме засега баш толку многу. Како би било јас сеа тебе да ти поставам прашање: Колку партнери си имала до сега и која ти е омилена поза?? (реторичко прашање, не одговарај...I REPEAT.... не ми одговарај , не ме занима) Твоето прашање гласи: Kolku e vazno za edna zena da ostane nevina do 18 godini? До 20 и нешто не е жена според мене, туку девојка... ако веќе и тоа значи нешто. Туку... после 18 потоп?? Шо прај после 18 не е важно? Шо прај од кога ќе се омажи (или изгуби невиноста) не е важно?? Или ако е важно, дај нагласи... Пишуваш постови по 2 збора кои не се доискажани и немаат никаква поената , а често се тумачат и како несоодветни...
„Mislam deka poveketo so prst ja izgubile na forumov nevinosta,am ne kazuvaat“ ТИ КАКО СИ ЈА ИЗГУБИЛА СВОЈАТА НЕВИНОСТ?? Бујрум тука , изрекреирај се и олесни се , па да видиме со кого си имаме работа... Од мене добиваш изим да не даваш совети , туку само да си се олесниш.... Па?? Ако толку имаш стискавец пред другите форумџии , да те видиме на дело http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7409 Или пак.. си малолетна од 13-15 год , а неќиш тоа да го кажиш. Ако е така, тогаш е др. случај... кажи си, ќе те прифатиме и така, не е проблем Изменето од volkswagen - 10.Мај.2011 во 14:41 |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
фолки...ако ова е наменето за малата и само малата
сакав да те прашам каков е твојот став по прашањата во зелен болд? Од кога станува жена а престанува да биде девојка? Зарем има некоја граница за која не знам
|
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај добро... нека биде и за тебе Пааа.... оштар Што се должи на моите години највероватно и моето сегашно опкружување од страна на генерацијата. Кој да ти знае... А тоа другото... Мислам... релативна работа е , ама пак од друга страна кога ќе погледнам во некоја, незнам како , ама веднаш чувствувам дали да ја означам како жена или како девојка (грубо кажано-грубо звучи Нема некој посебна разлика меѓу поимиве и конкретна поделба... амааа.... ама ) Еве , мене едно мало детенце ми се има изнавикано „чичко чичко“... не му се лутам... шо да правам кога сум му личел ко за „чичко“ Уф... колку сум сложен... се уморив додека си го препрочитав постов |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
абе фолки и да не е за мене..дискусија нека има
ова победете ја невиноста, па уште Невиност со голема буква, како да е незнам што ме мава во глава
и од тука ми иде прашањето
Зошто бре луѓе толку ви е важна невиноста
Како што кажа малава, сигурно повеќето се скинале со прст(?!?) па од тука ...каков заклучок може да се изведе?
Како што мене ми изгледа, тука се прави само муабет за секс, а не за водење љубов. Секс како секс, влези излези заврши си работа, е за таков секс не е ни важно кога ќе ја изгубиш невиноста.
Водењето љубов е сепак со доза на емоции, па ако налеташ на некоја што има 16 години и не е невина, па и не треба да и се суди.
А за тебе мало, пази што правиш...со невините (кога веќе се искажа дека имаш остар став, претпоставувам што значи)
|
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Претпоставувам дека претпоставуваш... Ами бабичке.... такви ми се годините ваљда, па не знам за компромис Многу тешка филозофија е сето ова, па така „цело е кога има СЕ“ не семо објект, технички срања итд, ами објект+субјект... сложено е Ама сепак, ако имаш желба и трпение па да пружаш посебно внимание и нежност, не е тешко и тоа ... Ако се сака , ништо не е тешко |
||
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Леле, да знаете само колку не сакам да се навраќам на темата ама сепак има форумџии со кои е вредно да се помуабети без оглед на тоа колку спротивставени ставови може да има.
Вака, сега ќе пишам збор-два или 100 околу како изгледа животот во пракса, женскиот живот, ќе опфатам малку со примери и доколку некој сака да разбере и да прифати е добредојден.
Фолки еве тебе те сметам дека си многу умно дете, добро резонираш без оглед на твоите години (кои патем и незнам колку ги имаш), добро е да си имаш сопствени ставови по сериозни прашања кои ги наметнува животот, но твоите погледи ќе се менуваат со текот на животот, некои ќе останат исти но многу веројатно и да се случи за едно 15-20 да се разбудиш едно утро и да се присетиш каков си бил и што си размислувал кога си бил млад дечко и ќе си кажеш леле зарем ја сум истиот тој човек од пред 1,2,3 декади?
И јас можеби сум имала остри граници на прифаќање или покажување став по некои прашања во минатото, но доаѓаат моменти во животот кога почнуваш да се менуваш што е и нормално, оти секогаш учиш, дознаваш, си подложен на психо-физички промени....
Нејсе, од медицинска гледна точка им се препорачува на младите девојки да не се впуштаат во сексуални односи премногу рано оти тоа си има сопствени ризици. Тие се суште во развој итн, итн. Најмногу се обрнува внимание на емоционалната зрелост оти во тие години е нешто што им недостасува.
Е кога се зборува конкретно и кога настануваат првите сексуални искуства помеѓу младата популација се зима опсекот од 14-18 год, и то во најголем број случаеви(во најголем дел, не сите) . Ова е точна информација и е веродостојна и тоа во пракса се потврдува.
Значи многу луѓе го имаат својот прв сексуален однос пред својата 18 год. Тогаш нивото на хормоните дивее, затоа и кој што мисли паметот им е во дечковците и во девојките.
Многу од младите имаат и врски, се вљубуваат, некои се па и само љубопитни но реалноста не е воопшто невина и многу од нив имаат сексуални контакти па и односи.
Во тој период од животот тоа и не е тема за сериозна дискусија, оти се срамат, се кријат, да не ги дознаат дека спијат со дечковците или дека им се случило да бидат со некого и затоа не се зборува гласно за својата интима, од стравот да не дознаат другите, родителите, оти тогаш сите само за тоа шушкаат, ги интересира која била скината а која не, за да можат да се споредуваат меѓу себе која е попаметна, која е попоштена и која повеќе вреди. Што се вика да имаат тема за муабет на школо.
5 год подоцна,па после 10 год, па кога ќе начукаш 30 па и нагоре, ти е просто смешно со какви работи си се замарал, зашто тоа апсолутно веќе нема значење во твојот живот.
Многу често женските завршуваатво долга врска или брак со некој друг отколку со оној со кој ја изгубиле невиноста. Може сите си мислеле дека тој е принцот од нивните соништа и дека засекогаш ќе останат заедно, ама не е така, оти со невиноста не се купува љубов и разбирање или едноставно сте затрескани еден во друг ама не сте еден за друг.
Сите ние си ги бираме луѓето со кои ќе го делиме животот а после губитокот на таа фамозна невиност сите сакаме да имаме задоволителен сексуален живот и да бидеме сакани, што значи дека се фокусираш на сопствените и потребите на партнерот, а тука веќе невиноста не се ни зема во обзир.
Битно е како некоја машка личност гледа на жената, што му е важно кај една жена, како е воспитан и сл. Кога сакаш некого, па и најголемата фукса да е тебе не ти е важно. Секако на многу луѓе им е важно да не нивниот партнер промискуитетен, но старите рекле што си бараш-тоа и ќе си најдеш.
Сите имаат избор да бираат вакви или такви. Можеби нечива идна сопруга изгубила невиност на свои 15 год со некое дете со кои многу се сакале на времето ама не е останале заедно, ама на некој друг ќе му биде соодветна жена и мајка на неговите деца.
А и тие девојчиња што се залетуваат да имаат односи дали оти им се сака или мислат дека вреди да му се препушти на некого само за да го задржи покрај себе играат на опасна карта која може д им предизвика огромна емоционална болка а впрочем тоа и најчесто го прават со своите врсници или со некој малку постар од нив, така да...и машките во голем дел го искусуваат својот прв секс во тој период од својот живот, пред својата 20 год.
Не треба да не изненадува ништо оти нашите баби, прабаби дедевци се зимале релативно млади и своите деца ги изродиле пред да влезат во својата 20 год, што значи ние не сме измислиле топла вода а тогаш чесноста играла голема улога, но фактот говори оти минатите генерации општеле и создавале семејства многу порано отколку денешните генерации.
Денешните услови на живот наметнуваат некои други вредности а тука е и медицината да не потсети за вистината за човечката сексуалност и што носи таа, а потоа секој со свој памет во глава.
Знам дека постов ми е километарски ама се надевам дека добро се објаснив и дека не сум досадна, а се надевам дека и нема веќе потреба да ширам пешкири,зашто ќе стане бесмислено.
|
||
Beauty fades, dumb is forever
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ае Гленче.... постов не сетив кога го прочитав... едноставно има смисла и знаеш што сакаш да кажиш
Тој делот што се однесуваше до мене: Глен... па и не сум баш толку дете... Имам 17 сега за сега Од тие сум што појавуваат нагли промени секоја пролет (кокичињата)... Тие шо ме познаваат подолго ми викаат дека не можи човек да ме препознае од година во година со тоа колку драстични промени се случуваат во однос на моите ставови. А и сам го чувствувам тоа, поготово кога ќе си ги провртам старите постови на форумов. А и многу влијае на мене тоа што јас уште од помал (13-14 години) овде во маалово бев „учителот“ од кој што сите дечишта бараа помош , школо , инфо , иако бев постар само 1 год од мнозинството, а некои дури беа и на моја возраст Ова е едно од поретките ствари што ми се провлекуваат дооолги години , поготово што стално одам со помали чупиња од мене. Можеби некогаш и тоа нема да ми значи нешто.... од кај знам... |
||
krkovicka_mala
Сениор Регистриран: 21.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
17 год.ти си најголемо дете,има време за севе,само грешно ме разбравте.Несакам да се сексаат младите на секој кош,каде ке стигнат.Губат невиност по визби,паркови и незнам уште каде.
Тоа треба да биде на прва венчална нок. |
||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....... ................ Изменето од DragancoLeskoec - 16.Јуни.2011 во 21:23 |
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Леле, кај налетав на темава Сакам да прашам, дали е важно кај изгубиле невиност Јас мислев важно е со кого, а не каде Што да правиш, годините ми одминале па сега кога ја гледам 30ката во категорија старомодни спаѓам
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
хименопластикаЈове Кекеновски Кога ќе се спомене зборот хименопластика поголемиот број луѓе знаат дека се работи за хируршки зафат со кој на жените им се ,,враќа невиноста”. Меѓутоа на луѓето кои го разбираат овој збор првата асоцијација им е дека се работи за лажење, нечесност, неверност. А за воља на вистината хименопластиката и не e нешто друго. Денес е јавна тајна дека хименопластиката како хируршка интервенција се почесто се работи и применува не само во светот туку и во нашата држава. Докторите велат дека на неа најчесто се подложуваат проститутките, како би ги задоволиле своите клиенти за да им ,,бидат први кои им ја одзеле невиноста”. Новите партнери на проститутките за да ја задоволата својата суета (односно барем некаде да бидат ,,први”), спремни се тој чин на ,,прв сексуален однос” со својата дама дебело да го платат. Цената на ,,враќањето на невиноста” се движи од 200 до 500 евра, а во некои држави и до илјада евра. Hеодамна на оваа иста тема на еден портал прочитав дека во Египет комплетот со вештачки химен и целиот потребен прибор (од кинеско производство) се продава по цена од околу 30 долари. Во рекламата за овој производ се вели: „Не морате повеќе да се грижите поради изгубената невиност. Со овој производ можете секогаш да ја доживеете својата прва брачна ноќ“. Во контекст на ова постои еден податок кој вели дека еден турски гинеколог што работел хименопластика постигнал светски рекорд. Тој на една проститутка и го реконструирал хименот дури 431 пат. |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Додека има побарувачка ќе има и понуда.
Прекрасен пример и аргумент за илузорноста на човековата суета и материјалните вредности, потпомогнати со општествената традиција и религиозната догма.
Денес 431 човек е убеден дека постигнал едно од највредните нешта што може маж да направи во својот живот. Што е среќа, што е радост... толку големи што биле вредни за посебно плаќање.
И потоа некои ќе фрлаат со дрвја и камења по проститутките... не знаејќи колку хумана работа вршат.
Само замислете, да не била оваа жена дури 431 маж би умрел разочаран од овој живот.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |