IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Ислам и Фатализам
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ислам и Фатализам

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Sultan Osman Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sultan Osman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ислам и Фатализам
    Испратена: 23.Март.2011 во 16:39
Мир и спас (Селам Алејкум) на сите членови. Сакам да споделам една интересна тема која сите многу пати ја дебатирале но не дошле до некој заклучок. Мислам дека оваа тема покрај филозофската страна ќе ви ја објасни и Исламската страна на судбината и поврзаноста на религиите со неа.

Повелете.
Ислам и Фатализам


Фатализмот се нарекува сваќање по кое сите работи се случуваат според однапред одредена судбина. Фаталистичкото сваќање било карактеристично за првите етапи на развојот на човековите мисли, кога човекот стоел беспомошен пред природните сили, чии текови не ги разбирал. Околу тоа нас најдобро ни сведочи античката уметност, така преокупирана со проблемот на судбината. Хомер зборува за судбината како една интерперсонална моќ која човекот го прави како играчка на боговите. Хезиод судбината ја персонифицира и ја нарекува “ ќерка на ноќта “ . Есхил моќта на судбината ја издигнува над боговите, а Софокле ја сметал за неизбежна судбината во животот на сите луѓе.

Во античката филозофија исто така е разгледуван проблемот на судбината. Детерминизмот на Демокрит и Сеукип во добар дел бил фаталистички ориентиран, поради што бил критикуван од страна на Епик*ра. Народите сметале дека судбината е предмет на еден апсолутно рационален закон. Нивниот детерминизам имал фаталистички карактер , затоа што неизбежното го изедначувале со судбина, односно судбината била разбирана како неизбежност на сите работи. Затоа што не може да се измени редоследот на работите, т.е. треба машки да се поднесуваат ударите на судбината.

Многу, било тоа да е со одредена тенденција или од непознавање на самите работи, би сакале фатализмот во најтежок облик да го препишат на Исламот. Во угледни печатени медиуми во разни рубрики под името на “ Мали лексикони “ со наслов “ Фатализам “ помеѓу другото се тврди и тоа дека :
“Во религиозното учење судбината игра голема улога. Во Христијанството конструкцијата на сите судбини е припишувана на Бога, кој одлучува околу сите случувања, иако се признава извесна улога на поединецот кој со својата побожност и насочување може да влијае на Божјата милост за ублажување на својата судбина. Меѓутоа, во Исламот судбината (к`смет) има апсолутна сила која се смета за неизбежна и ги надминува сите физички закони на универзумот. Главна одлика на ваков примитивен фатализам е потполната рамнодушност, се се прифаќа мирно како одлука на судбината “ .

Не можеме да кажеме дека овие тврдења се без никаква основа и дека се потполно произволни. Како што е познато, во исламската апологетика постоел правец кој го застапувал потполниот фатализам и потполно ја негирал слободната волја на човекот. Човекот според ова учење е изедначен со останатите работи во природата, на него му е се предодредено и наметнато. Тој се движи и ја развива својата активност, не по одлуките на слободната волја, туку според волјата на сила која е над него, а која исто така еднакво управува со ветрот, громот, дождот и другите појави. Привзаниците на овој правец се нарекуваат “Џеберијје“.

Според тоа нашите деца помеѓу првите основни запознавања за Исламот учат за иманските шартови : “ Ве бил кадери хајрихи ве шеррихи миналлахи теала “, да се што се случува, било добро или лошо, потекнува од Аллах и се одвива по Неговата волја .
Понатаму, декадентниот период на развојот на муслиманите, кој траел низ многуте столетија и кој бил карактеристичен по општата и сестраната заостанатост, е фаворизиран за ширење помеѓу муслиманските маси. Таквиот поглед одговарал за состојбата на тотална стагнација. Во него се пронајдени оправдувањата на тешките злодела кои се направени кон Исламот, најдено е оправдување за една неопислива состојба, која настанала токму поради случувањата кои го занемаруваат субјективниот човечки елемент. Се сакало совесно, но погрешно и нечесно, да се симне одговорноста од себе и да се префрли на другиот, на судбината што значи на Бога . Судбината, која секако Бог ја одредува, е крива што ги снемало муслиманите од Шпанија, што е уништена една сјајна цивилизација и што, последните векови сите муслимани од светот што робувале и биле најгрубо експлоатирани. Да, судбината е виновна и одговорна за нашата ситуација и положба, а не ние . Ние можеме да си седеме со прекрстени раце, да мируваме, ништо да не преземаме, а сепак на нешто да се надеваме, она што ни е судено мора да не стигне .
Не можеме да порекнеме дека ваквите сваќања помеѓу широките муслимански слоеви, па дури и кај имамите, особено во периодот на општото пропаѓање, не биле. Дури и “ Ве бил кадери хајрихи ве шеррихи “ се толкувало и објаснувало во тој правец .
Не ни е ни малку пријатно, но мораме да го истакнеме фактот дека мнозинството на заблуди, кои извесни елементи се користени во борбата против Исламот, преземени се од неисламските практикувања на самите муслимани. Таков е и случајот со фатализмот, кој противниците би сакале да го припишат на Исламот .

Фатализам, меѓутоа нема ништо заедничко со она што во Исламот се нарекува судбина, ако така го преведеме “ када “ и “ кадар ”(силен). Сосема е погрешно и неточно “ када “ и “ кадар “ дека значи рамнодушност, тивко прифаќање како одлука на судбината и нејзиното потполно предавање . Вистинската смисла на “ кадаа “ и “ кадар “ кој одговара на основната концепција на Исламот, се состои во верувањето дека Семоќниот однапред има одредено по цврст и сигурен ред по кој се одвива животот на целокупната природа, вклучувајќи го тука и човекот. Ние тој ред денес го нарекуваме природен, односно историски закон, во зависност од тоа дали станува збор за природен или општествен развој. По пат на тие закони, кои Свемоќниот ги поставил, се манифестира неговата волја. Во границите на тие закони се одвива се, живее и се развива се што постои. Надвор од тие закони не може ништо да се случува. Тие ја одредуваат судбината на сите работи. Судено е она што следува како неопходна последица на одредени фактори и причинители. Јас, на пример не можам да живеам без храна. Ако одредено време не земам храна, јас ќе умрам. Тоа ќе ми биде неизбежна сидбина. Одржувањето на животот има свој ред и свои закони. Без нив животот не може да се одржува. Така сакал Свемоќниот, и ние тука не можеме ништо да изменеме. Добивањето на храна има, исто така свои закони. Покрај останатото треба прописно да се ора, ѓубри, посее со доволна количина на влага и сонце, па да се добие храна. Судбината на водата на пример е одредена на температура под нулата, исто како и судбината на температури над 100 Целзиусови степени.

Така е со сите појави, случувања и процеси. Се е строго одредено со својот внатрешен ред и своите сеопфатни закони на развојот.
И човекот е, како што се кажува дел од природата. Неговиот живот и психички и физички се одвива во склад со општите закони. Ако скокне во оган ќе изгори. Ако скокне од одредена висина ќе се повреди итн., тој може да прави што сака. Слободен е во своите одлуки. Може да сака се, но да оствари може само она што е во скалд со неговите физички и психички способности и со општите работи.

Судбината на секој човек е строго одредена според неговите дела на кои се одлучува на основната слободна волја и потполно слободно одбирање. Тој во одлучувањето е потполно слободен, без никакви ограничувања. Меѓутоа кај остварувањето и реализирањето на одлуките мора да се води сметка за редот на законите по кои се одвиваат самите работи и појави. Се има свој ред врз основ по кој се создава, развива и завршува. Ако сакам да остварам една одлука, да завршам едно дело, морам, пред се да спознаам што и како треба да преземам да тоа дело да го завршам. Треба да се познава редот по кој Семоќниот го има пропишано за секоја работа, секоја појава и секој процес. Се има свој закон, и само врз основ на тој закон се случува, развива и исчезнува. Ако сакаме успешно да делуваме и успешно да ги спроведуваме своите слободни одлуки, мораме да ги познаваме и почитуваме редот на работите и да ја ускладиме нашата волја со општата Божја волја, која се отчитува преку природните и историските закони. Колку и да е бескорисно и штетно да донесуваме илузорни одлуки, исто толку е штетно реалните одлуки да ги оствариме преку илузорни методи и начини. Тајната на успехот лежи исклучиво во усогласувањето на нашата волја, нашите одлуки и начини на остварување на тие одлуки со одлуките на Божјата волја.

Тоа на кратко би била вистинската смисла на “ када “ и “ кадар “ во Исламот. Не се работи тука како што се гледа за никаков фатализам , за никакво пасивно држење, за никаква рамнодушност према случувањата. Напротив “ када” и “ кадар “ условува со полна активност и ангажирање и вкучување во текот на случувањата.
Човекот е многу важен фактор во сите случувања. Семоќниот баш токму поради тоа што човекот го има обдарено со разум и слободна волја му ја има наменето и највозвишената мисија. Дадено му во име на Семоќниот да управува со работите и со нив да се служи, и тоа во нивна права смисла во нивната намена. Злоупотребата на овие работи , која може да настане поради слободното управување на работите од страна на човекот представува грев. Секоја работа така речено има своја мисија, свој смисол и своја цел. Тоа е всушност оправдување на нејзиното постоење. Меѓутоа таа може и да се злоупотреби. Господ ги има објаснето целите на работите, има посочено на патот на среќата и спасот и на патот на заблудата, лошото и несреќата, дадено му е на човекот можност да избира за себе по кој пат сака да оди, но за тоа пропишано му е и одговорност. Ако веќе по слободна волја човекот сам на себе си избира пат, тогаш е логично и да ги сноси последиците од таквиот пат.

Човекот како застапник на Господ на земјата со самото тоа веќе на себе има голема обврска да работите што му се ставени на располагање (а тоа е се што се наоѓа на земјата и небото) ќе ги користи во нивната основна цел за кои и тие постојат. За злоупотреба треба да сноси одговорност пред Господовата правда. Ако човекот од атомската енергија , која Господ ја има доверено на луѓето со неа да се користат и да ја употребуваат за подобра среќа и благосостојба, а тој направи атомска бомба и со нејзина помош разурнува цели градови и убива луѓе, тој секако без никаква сомнеж ја има направено најголемата злоупотреба и ја заслужил најголемата казна.
Според тоа човекот не може и не смее да стои настрана од случувањата, тој секако мора да е нивни извршител и главен актер. Да би управувал со природата и да ја користи мора подобро да ја открива и запознава.

Оној на кого му е дадена природата да управува со неа и кој ја сноси најголемата одговорност за нејзиното правилно користење, односно злоупотреба, не може што е сосем јасно и логично, против неа фаталистички да се однесува. Не може човекот мирно и пасивно да набљудува од страна.
Да не би се рекло дека овие размислувања се само плод на моите лични и субјективни гледања, тука ќе се повикам на двајца најголеми авторитети; едниот е – Газалија кој умрел пред 925 години и – Шејх Шелтут кој умрел пред 50 години.

Газалија на едно место во делото “ Китабул Ербеин фи Усулиддин “ многу генијално и интересно го дефинира “ када “ и “ кадар “ и дословно кажува : “ Ел – кадау хувел вад`ул куллијју лил есбабил куллијјети би харекатихел мадудетил махсубети ила мусеббебатихел мадудетил махдудети би кадерин ма`лумин. Ла јазиду ве лајенкусу “ .
“Када “и “кадар “е постоење на општи универзални и постојани причини кои делуваат во смисла на предизвикување на одредени последици “.

На ваквото објаснување на судбината (када и кадар) не би се имало денеска што да се додаде или одземе. Газалија овде сосема јасно ја означува судбината со делување на законите. Човековото друштво како и останатата природа се развива и се случува се во смисла на делувањето на одредени закони. Секоја појава и секој процес , било во животот на луѓето или во животот на природата, се како неопходна последица на делувањето на соодветните закони. Одредените причини секогаш мора да дадат одредени последици. Тоа е она што во Исламот, според Газалија се нарекува “ када “ и “кадар “.
Шејхот Шелтут познат ректор на универзитетот Ал-Азхар во своето дело “ Ел-Исламу акидетен ве шериатен “ на страна 62 пишува :
“Када и кадар “(судбина) кој во к*р`анот се спомнува и кој луѓето го поврзуваат со своите дела и со својот животен пат, не е ништо друго туку закони по кој се развива и живее приридата и друштвото и кои непходно бараат поврзување на причините со последиците и просторните заклучоци. Тоа се всушност природно-историски закони, кои константно и без исклучок секогаш делуваат. Еден од тие закони е законот по кој човекот слободно ја развива својата активност сосема слободно без никаков притисок од страна.

Многу одамна мушриците пробувале за своето идолопоклонство да најдат изговор на таквото верување дека на тоа се присилени со Божјата волја, затоа што Господ сакал такви и да бидат. Таквиот изговор Семоќниот нејенергично го отфрла. Во к*р`анот стои :“ Идолопоклониците ќе речат : Да сакал Гопод, ние немаше да бидеме идолопоклоници. Ни нашите татковци не би биле тоа, ниту ние на себе би направиле што е забрането. Така и оние пред нив ги наговарале на лага пратениците (пејгамберите), па ја вкусија нашата казна. Кажи: Ако вие нешто знаете, тоа јасно кажете го. Вие ги следете несигурните мисли и внесувате само чиста лага. Кај Господ се најјасните и најсигурните докази “ .
“Вистина е дека Господ со своето сеопфатно знаење знае на кого и што ќе му се случи, знае дали некој ќе биде добар или лош, на прав пат или во заблуда. Се тоа Тој го знае, ама тоа никако не значи дека Господ со тоа врши притисок да тој мора да бидет таков. Тоа е само откривање на тоа што ќе се случи, а што следува како последица на законите и редот кои преовладуваат со општиот развој на настаните, вклучувајќи ја тука и слободната волја на човекот врз која се заснова принципот на одговорноста, казнување и наградување ” .
Накратко Исламот не му дозволува на човекот да за своите скршнувања и заблуди наоѓа изговор во судбината (када и кадар). Ако тоа би било така, зошто тогаш испраќање на Господови пратеници и книги ? Зошто објави и повикување на луѓето да веруваат? Зошто обврски? Зошто одговорности, награди и казни? Зошто Пекол и Рај? Се тоа во тој случај би било обична игра.
Ова е, заклучува Шејх Шелтут, ставот на Исламот наспроти проблемот на слободната волја кај човекот.

Превземено од: www.plasnica.org

Изменето од Sultan Osman - 23.Март.2011 во 16:40
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 21:48
Izvini, no tekstov poradi negovata masivnost retko koj je go prochita, pa si dadov za sloboda da go rezimiram so citat koj mislam deka e dovolno ilustrativen.



Originally posted by Sultan Osman Sultan Osman напиша:

Судбината на секој човек е строго одредена според неговите дела на кои се одлучува на основната слободна волја и потполно слободно одбирање. Тој во одлучувањето е потполно слободен, без никакви ограничувања. Меѓутоа ... Се има свој закон, и само врз основ на тој закон се случува, развива и исчезнува.




Tokmu taka.

Toa e karmichkiot zakon ili pomoderno kazhano zakonot za prichina i posledica.

Toa e onoa shto se veli "shto kje seesh, toa je zhneesh" i "shto kje zgotvish, toa kje srkash".




E sega, toa e poednostavena i nepotpolna verzija na zakonot koj glasi:

Sudbinata na chovekot zavisi od negovite dela spored negovata slobodna volja, kako i od delata od drugite lugje spored nivnata slobodna volja.

Rabotata e shto nie ne zhiveme potpolno izolirano od lugjeto, pa da ne zavisime i od nivnite akcii kako shto i tie zavisat od nash*te.

No poradi kompleksnosta na potpolniot zakon i posledicite koi sledat od nego, obichno toj nikogash ne se prezentira vo negovata integralna forma. Na toj nachin mnogu polesno se upatuvaat lugjeto kon onie normi na verata i opshetstvoto koi se ochekuvaat da bidat ispolneti i zadovoleni od niv.







Изменето од Messenger - 24.Март.2011 во 13:14
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 22:50
I ne mi e jasno sto e poentata na postot.

Normalno e deka covekot e gospodar na svojata sudbina, no isto taka vistina e deka site sudbini na ovoj svet se povrzani i deka povece ili pomalku zavisat edna od druga.

Od religiozna gledna tocka, toa go propovedaat mnogu drugi religii ne samo islamot.
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 10:18
Али веб сајтот plasnica.org е страва Они се Турци мада не е сајтот на турски.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 13:23
Originally posted by Templarius Templarius напиша:

I ne mi e jasno sto e poentata na postot.

Normalno e deka covekot e gospodar na svojata sudbina, no isto taka vistina e deka site sudbini na ovoj svet se povrzani i deka povece ili pomalku zavisat edna od druga.

Od religiozna gledna tocka, toa go propovedaat mnogu drugi religii ne samo islamot.


Mislam deka tekstot dopira kaj onie vernici (od site veri) koi veruvaat deka samo spored voljata na Boga se sluchuvaat site neshta vo Svetov. Ako toa e taka, togash site neshta se odredeni i podredeni od visha sila i nie nemame nikakov uddel vo niv, shto samoto po sebe e definicija za sudbina.

A ako zhivotov e sudbina, togash vernikot vo sushtina ne poseduva slobodna volja, pa zoshto bi se obiduval da menuva neshto vo sebe i svetot vo koj zhivee koga toa bi bilo samo kopanje dupka vo voda.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 22:17
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Templarius Templarius напиша:

I ne mi e jasno sto e poentata na postot.

Normalno e deka covekot e gospodar na svojata sudbina, no isto taka vistina e deka site sudbini na ovoj svet se povrzani i deka povece ili pomalku zavisat edna od druga.

Od religiozna gledna tocka, toa go propovedaat mnogu drugi religii ne samo islamot.


Mislam deka tekstot dopira kaj onie vernici (od site veri) koi veruvaat deka samo spored voljata na Boga se sluchuvaat site neshta vo Svetov. Ako toa e taka, togash site neshta se odredeni i podredeni od visha sila i nie nemame nikakov uddel vo niv, shto samoto po sebe e definicija za sudbina.

A ako zhivotov e sudbina, togash vernikot vo sushtina ne poseduva slobodna volja, pa zoshto bi se obiduval da menuva neshto vo sebe i svetot vo koj zhivee koga toa bi bilo samo kopanje dupka vo voda.







Da no opravduvanjeto so sudbina, e mnogu prifatlivo i leci mnogu rani taka da na nekoi ludje mnogu im e lesno da kazat "Eh sto da pravish takva mi e sudbinata" ako e toa taka togash site nie sme odnapred programirani roboti i sto ce ni e dushata i svesta ????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 23:46
Da, pa toa e poentata na onoj masiven tekst, da im ukazhe na vernicite deka vo zhivotot ne e s'e podredeno od Svevishniot, tuku deka zavisi od nashata slobodna volja.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 00:24
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

... tuku deka zavisi od nashata slobodna volja.

Iako e jasno, sepak malku poprecizno, mislam deka redno e i ova da se iskomentira.

Koga istaknuvame deka VOLJATA e primarna , mislam deka gersime !
Ovaa gledishte ( filozovska doktrina) e poznato kako VOLUNTARIZAM, Schopenhauer, kade e potencirano deka voljata e taa koja e najbitnoto svojto na dusta, go osmiluva zivotot, (kaj Hegel e idejata, kaj Dekart e mislata, kaj Marks e materijl. prozivodstvo, kaj Bergson intuicijata e primarna i t.n....) a ne INTELEKTOT.

Toj INTELKTOT e primarniot, a nikako voljata i site drugi sto gi nabrojav.
Intelektot e onaa `glavna alatka i masina za obarbotka na pdoatoci dobieni preku culata i setilata go percepirame svetot, samite sebesi se osoznavame, so negova pomos opstime so okolinata, gradime opstestva, kulturi, civilizacii, ....toj lezi vo osnovata na sekoja volja, idea, misla and so on ;)




Изменето од Marko sk - 25.Март.2011 во 00:27
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 00:28
Dobro Marko, ti krsti kako sakash.

Se podrazbira deka mozhesh da kazhesh deka prvin e intelekt ili svest,pa potoa toa se manifestira preku volja, za da na krajot se materijalizira preku konkretna akcija...

No mislam deka poentata e taa, oti nishto ne e odnapred isklesano od kamen i nie ne sme marioneti koi se dvizhat zatoa shto nekoj odozgora ni gi vlechi koncite.

Toa e celata poenta.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 00:34
Jasno e, taman rabota, poentata (i komentarite ne samo na ovoj topic, tuku i na drigite) deka se zavisi od nasata slobna volja potpolno gi razbiram, no isto taka moze i da se razbere deka voljata e onoj najsustestven del na nasata dusa, pa zatoa malku i doobjasniv :) onaka grtis ;)

Изменето од Marko sk - 25.Март.2011 во 00:45
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 09:11



Originally posted by Sultan Osman Sultan Osman напиша:

Судбината на секој човек е строго одредена според неговите дела на кои се одлучува на основната слободна волја и потполно слободно одбирање. Тој во одлучувањето е потполно слободен, без никакви ограничувања. Меѓутоа ... Се има свој закон, и само врз основ на тој закон се случува, развива и исчезнува.



Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Tokmu taka.

Toa e karmichkiot zakon ili pomoderno kazhano zakonot za prichina i posledica.

Toa e onoa shto se veli "shto kje seesh, toa je zhneesh" i "shto kje zgotvish, toa kje srkash".




E sega, toa e poednostavena i nepotpolna verzija na zakonot koj glasi:

Sudbinata na chovekot zavisi od negovite dela spored negovata slobodna volja, kako i od delata od drugite lugje spored nivnata slobodna volja.

Rabotata e shto nie ne zhiveme potpolno izolirano od lugjeto, pa da ne zavisime i od nivnite akcii kako shto i tie zavisat od nash*te.

No poradi kompleksnosta na potpolniot zakon i posledicite koi sledat od nego, obichno toj nikogash ne se prezentira vo negovata integralna forma. Na toj nachin mnogu polesno se upatuvaat lugjeto kon onie normi na verata i opshetstvoto koi se ochekuvaat da bidat ispolneti i zadovoleni od niv.













Од непроценлива и со зборови неискажлива вредност е да се согледа дека Милоста БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА - Која што Единсвениот Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотрвори во Исус Христос - е поголема и поважна од се’ што човекот може да стори, да делува, да помисли, да учи, да верува, ...!

Тоа е Совршениот Евангелиски фатализам, тоа е Совршениот Христов Ислам, во кого нема тероризам, егзибиционизам, мазохизам, садизам ...!

Совршената Вистина е толку едноставна, што мудрите, фалбаџиите, надувените, ... не можеле, нити пак можат да ја сватат и да и’ се поклонат, бидејќи сакаат да се гордеат со нешто друго!



За МИЛОСТА БОЖЈА,
За ХРИСТА јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!






Изменето од spiros - 26.Март.2011 во 09:19
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 16:50
Originally posted by spiros spiros напиша:









Од непроценлива и со зборови неискажлива вредност е да се согледа дека Милоста БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА - Која што Единсвениот Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотрвори во Исус Христос - е поголема и поважна од се’ што човекот може да стори, да делува, да помисли, да учи, да верува, ...!

Тоа е Совршениот Евангелиски фатализам, тоа е Совршениот Христов Ислам, во кого нема тероризам, егзибиционизам, мазохизам, садизам ...!

Совршената Вистина е толку едноставна, што мудрите, фалбаџиите, надувените, ... не можеле, нити пак можат да ја сватат и да и’ се поклонат, бидејќи сакаат да се гордеат со нешто друго!



За МИЛОСТА БОЖЈА,
За ХРИСТА јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!






I dobro seto ovaa sto go kazuvas kade go ima na DELO, se se samo zborovi za nekakvo sovrshenstvo koe nikade go nema, pa zarem ako toa e bozja volja ce ostanelo samo na zborovi???

Изменето од Templarius - 26.Март.2011 во 16:50
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 09:13
Originally posted by spiros spiros напиша:









Од непроценлива и со зборови неискажлива вредност е да се согледа дека Милоста БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА - Која што Единсвениот Совршен БОГ за спасение на сите Ја отелотрвори во Исус Христос - е поголема и поважна од се’ што човекот може да стори, да делува, да помисли, да учи, да верува, ...!

Тоа е Совршениот Евангелиски фатализам, тоа е Совршениот Христов Ислам, во кого нема тероризам, егзибиционизам, мазохизам, садизам ...!

Совршената Вистина е толку едноставна, што мудрите, фалбаџиите, надувените, ... не можеле, нити пак можат да ја сватат и да и’ се поклонат, бидејќи сакаат да се гордеат со нешто друго!



За МИЛОСТА БОЖЈА,
За ХРИСТА јас сакам само да знам
За Неговата безкрајна ЉУБОВ
За Неговиот Совршен Ислам!










Originally posted by Templarius Templarius напиша:


I dobro seto ovaa sto go kazuvas kade go ima na DELO, se se samo zborovi za nekakvo sovrshenstvo koe nikade go nema, pa zarem ako toa e bozja volja ce ostanelo samo na zborovi???







Не викај дека Го нема, само затоа што е сокриено од очите на оние што не Го гледаат!


Барај (понижно) и ќе ти биде дадено да најдеш!


(Ев. Матеј 7:8)







Изменето од spiros - 27.Март.2011 во 09:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2011 во 22:39
Eve tebe Spirose brate ce te prasham ti go imash toa video ili mozebi si go nashol, pomogni mi da go vidam...
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.