IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Колумна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колумна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
Автор
Порака
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 05:25
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

ДА ЉУБИШ Е ИСТО КО ПЕСНА ДА ПЕЕШ, НО НЕ ПОСТОИ ПЕСНА БЕЗ КРАЈ.

Колку ова го сметате за точно??? Значи, љубовта почнува, меѓу вас е се божествено, се чуствувате како на седмо небо, партнерот ве опсипува со најубави зборови,  интересни гестови, почит до облаци, ви ја бакнува косата, раката...сеkоја ноќ пред да се разделите сте во прегратка пола саат небаре нема никогаш веке да се видите...15тина минути подоцна се слушате...и се така додека да не  потонете во сон. Љубовта расте, врската созрева и станува сериозна. Се сакате,
верувате во љубовта, предадени сте целосно еден на друг...и се си тече така слатко и кротко. Но тука знаат и да започнат проблеми. Јасно..не може да сте цело време туку така, нормално мора да искрцне нешто..било што. Дали тоа ке бидат вашите лаги, дали на партнерот, дали сепак ке се изневерите еден со друг или слично, не е битно.Тука проголтувате (еден од вас двајцата, на кого му е ред), правите огромни компромиси, само за да се задржите во таа љубов. Тука еден од партнерот полека но сигурно се губи во длабочините на љубовта мислејќи си дека сето тоа што се случува е погрешно.  Вашата врска полека тоне. Љубовта се претвора во болка, среќавањата измачувања, разговорите караници..
И ШТО СЕГА???? Врската завршува. И КАКО ПОНАТАМУ??? Јасно со караници затоа што сеуште ве боли и не сакате да е крај, ама пак и не сакате да бидете заедно. Се смирувате! Пак ставате крај!!! Овој пат знаете дека  навистина е крај. Љубовта потона! ПРАШАЊЕТО ГЛАСИ-ДАЛИ ПОСЛЕ ТАА ЉУБОВ ТЕ ДЕМАНТИРАТЕ ДЕКА СТЕ ЉУБЕЛЕ??? ИАКО ЗНАЕТЕ ДЕКА ТОА БИЛО ТАКА. ИАКО ЗНАЕТЕ ДЕКА СЕ ШТО СТЕ НАПРАВИЛЕ СТЕ НАПРАВИЛЕ ОД ЉУБОВ, А СЕГА ВИ Е СЕТО ТОА СМЕШНО. Сето тоа демантирање е погрешно...ако и самите мислите дека е така, сигурно се лажете. Ако пред тоа навистина сте чуствувале љубов зашто тогаш ја газите таа вистина? Зашто не признаете...ДА ЈАС ЉУБЕВ, НО СЕГА ВЕКЕ НЕ Е ТАКА. Да имав прилика да љубам иако заврши тоа...не беше одамна иако чуствувате како век да поминало откако сте раскинале..
МОЈ СОВЕТ....ОСТАВЕТЕ ЈА МИНАТАТА ЉУБОВ ДА ПОЧИВА ВО МИР, СЕЌАВАЈТЕ СЕ НА НЕА КАКО НА НЕШТО УБАВО, ЗАТОА ШТО НЕ Е ЛЕСНО ИСКРЕНО ДА СЕ ЉУБИ, ЈА НЕМА БАШ СЕКОЈ ТАА ДАРБА, АКО ЈА ИМАТЕ ЗАЧУВАЈТЕ ЈА, АКО ЈА НЕМАТЕ ПОБАРАЈТЕ ЈА. ЉУБОВТА Е КАКО ПЕСНА, НО НЕ БАШ СЕКОЈА ПЕСНА ИМА КРАЈ. АКО Е ДОВОЛНО ДОБРА И КВАЛИТЕТНА ТАА ЌЕ ЖИВЕЕ ВЕЧНО ВО ВАС И КЕ СИ ЈА ПОТПЕВНУВАТЕ И КЕ ЈА ПРОГЛАСИТЕ ЗА ОМИЛЕНА. НЕКА ЉУБОВТА БИДЕ ВАША ХИМНА!!! !!! !!!



...ako nemalo pesni, ke nemalo ni podsetnici...

...no,druga rabota sakam da dodadam vo vrska so toa da chovekot spored mene ne e stvoren da bide Monogamno bitie...eve zasto mislam deka e taka...

...vo zivotot na sekoja skoro individua postojat poveke luge koi nie gi sakame i ni se bliski, znachi postojat brat i sestra, majka i tatko, baba i dedo, sin i kerka itn....


...zatoa bi kazal deka chovek treba da se stremi kon toa da bide veren na svojot partner megutoa definitivno po priroda ne e stvoren da bide so eden nekoj i da saka samo ednashka...zatoa sto na kraj se teche i se se menuva...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2008 во 23:00
Јас само колку да прочитам и преконтролирам, а потoа или понатаму ќе има и лични факти.
blu..........., сепак морам да ти кажам дека темата е доста блиска, вистинита и реална со сегашноста, со цивилизацијата, не нашата застатрена, него современата- западна.
Секој ден сум се по горд со тебе.големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање



Изменето од orlov - 15.Јануари.2008 во 02:16
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2008 во 00:58
Се се случи дамнешните седумдесетите години. Случајно ја запознав, а дежурен виновнок е МОТЕЛ САРАЈ и Ацо Симоновки кој понатаму знаеше како и првиот пат да не пречека и испрати со тогаш популарната ,,ЧЕСТО ЈА СОНУВАМ НЕА КАКО ЧЕКА,,.
Потоа изненадно се појавија Сребрени Крила и Владо Калембер со неговиот тогашен хит ,,Заколнисе љубена,, сето тоа идеално си течеше. Одненадеж почина нејзиниот татко. Особа посебно достојна за поштовање. Не знам дали неговата смрт ја зацврси уште повеќе нашата врска. И ги исполнував сите желби. Секоја ноќ после 00:00 часот одевме на гробот на нејзиниот татко. Посебно го ценев. Го чувствував како личена загуба. Беше доста емотивно врзана за покојниот и татко. Требаше да замине со мене за Словенија. Не покажа слабост. Или можеби пред мене се претвараше. Беше доста блиска со мојата сега покојна сестра. Беа како сестри.
Заминувањето за Словенија никако не го спомнуваше.
Но, една ноќ кога требаше да заминеме на гробот на нејзиниот татко испи доста алкохол. Не заминавме. Ја однесов дома а потоа сам со нејзиното ауто го посетив сам гробот на таткои. Незнам што понатаму се случуваше но алкохолот стана нејзин поќест другар. Сите и советуваа да престане со тоа. Но Ѓаволот како да беше веќе дебело ја земал под своја контрола. Тој 21. Ноември како да беше опседната паралитички од САТАНАТА, последни убедувања и кога привидно као се да се среди во ХОТЕЛ ПАНОРАМА музиката го свири ТАНГОТО НА СМРТТА, покасно дознав дека било договорено од нејзини другарки тоа танго. Нешто во неа се сврте, наеднаш како што танцувавме се отпушти и испи цела винска чаша КОЊАК,А потоа уште една. Заминавме.
Се договоривме да престане со алкохолот и врската да ја крунисаме.
Но, другата во нејзе беше појака од неа. Не го одржа зборот. Подолжи и понатаму да се дружи со алкохолот.
На 22.Деќември уместо да идеме на забава во домот на тогашната ЈНА по повод денот на армијата, таа повторно во иста (алкохолизирана) сосотојба.Сакаше да биде со мене но и со алкохолот.
Тоа беше нашиот заеднички 10.075 ден, но беше и последен.
Сега е секој на своја страна.
Секој со својата среќа или несреќа.
Повремено се среќаваме, се дружиме. Но сепак си имаме свој, ако воопшто после таа врска, може да се каже живот.
Таа е сама а Јас со свое семејство.
Но, што од сето тоа???
Сторијата е долга, ова е само инсерт од таа сторија.
Затоа љубите и ценете ја љубовта. Возвраќајтеја.

А, си ветивме на самиот почеток: CONGVITO NELA VITA EL MORTA.
Ветувањето остана празно. Можеби поради  значењето на последниот збор и подобро, што доследно не е исполнето.
ЛУЃЕ, САКАЈТЕСЕ ЛУЃЕ.



Изменето од orlov - 14.Ноември.2008 во 23:39
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2008 во 02:43
Originally posted by orlov orlov напиша:

Се се случи дамнешните седумдесетите години. Случајно ја запознав, а дежурен виновнок е МОТЕЛ САРАЈ и Ацо Симоновки кој понатаму знаеше како и првиот пат да не пречека и испрати со тогаш популарната ,,ЧЕСТО ЈА СОНУВАМ НЕА КАКО ЧЕКА,,.
Потоа изненадно се појавија Сребрени Крила и Владо Калембер со неговиот тогашен хит ,,Заколнисе љубена,, сето тоа идеално си течеше. Одненадеж почина нејзиниот татко. Особа посебно достојна за поштовање. Не знам дали неговата смрт ја зацврси уште повеќе нашата врска. И ги исполнував сите желби. Секоја ноќ после 00:00 часот одевме на гробот на нејзиниот татко. Посебно го ценев. Го чувствував како личена загуба. Беше доста емотивно врзана за покојниот и татко. Требаше да замине со мене за Словенија. Не покажа слабост. Или можеби пред мене се претвараше. Беше доста блиска со мојата сега покојна сестра. Беа како сестри.
Заминувањето за Словенија никако не го спомнуваше.
Но, една ноќ кога требаше да заминеме на гробот на нејзиниот татко испи доста алкохол. Не заминавме. Ја однесов дома а потоа сам со нејзиното ауто го посетив сам гробот на таткои. Незнам што понатаму се случуваше но алкохолот стана нејзин поќест другар. Сите и советуваа да престане со тоа. Но Ѓаволот како да беше веќе дебело ја земал под своја контрола. Тој 21. Ноември како да беше опседната паралитички од САТАНАТА, последни убедувања и кога привидно као се да се среди во ХОТЕЛ ПАНОРАМА музиката го свири ТАНГОТО НА СМРТТА, покасно дознав дека било договорено од нејзини другарки тоа танго. Нешто во неа се сврте, наеднаш како што танцувавме се отпушти и испи цела винска чаша КОЊАК,А потоа уште една. Заминавме.
Се договоривме да престане со алкохолот и врската да ја крунисаме.
Но, другата во нејзе беше појака од неа. Не го одржа зборот. Подолжи и понатаму да се дружи со алкохолот.
На 22.Деќември уместо да идеме на забава во домот на тогашната ЈНА по повод денот на армијата, таа повторно во иста (алкохолизирана) сосотојба.Сакаше да биде со мене но и со алкохолот.
Тоа беше нашиот заеднички 10.075 ден, но беше и последен.
Сега е секој на своја страна.
Секој со својата среќа или несреќа.
Повремено се среќаваме, се дружиме. Но сепак си имаме свој, ако воопшто после таа врска, може да се каже живот.
Таа е сама а Јас со свое семејство.
Но, што од сето тоа???
Сторијата е долга, ова е само инсерт од таа сторија.
Затоа љубите и ценете ја љубовта. Возвраќајтеја.

А, си ветивме на самиот почеток: CONGVITO NELA VITA EL MORTA.
Ветувањето остана празно. Можеби поради  значењето на последниот збор и подобро, што доследно не е исполнето.
ЛУЃЕ, САКАЈТЕСЕ ЛУЃЕ.




должен сум да одговорам на прашање на мој колега:
Мирославе, иако велиш дека касно си го прочитал текстот, сепак не е касно. Мило ми е што си сватил одма дека тоа сум јас и моето злато- како претпочитуваше да ме вика.
Мој драг другару, на твоето прашање дали би сакал да се повтори врската она иста би ти одговорил со едно големо ДА, но со мали корекции. Сепак и после 10.075 дена таа е сеуште сама, а јас сеуште ја сакам и покрај се што беше. Знаеш дека имам пречка, ноооо,............................ каде ли се само тие седумдесети години????
Извини, сега баш ја слушам ,,Доѓи да остаримо заједно,,.
Да, вистната е таа за жал.




Изменето од orlov - 03.Мај.2008 во 18:55
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2008 во 19:53
Орлов, фала што го подели ова со сите нас..Стварно треба да си храбар да го сториш тоа.
И многу ме трогна да знаеш.
 
 
Има еден филм се вика "When a man loves a woman" со Енди Гарсија и Мег Рајан. Не е идентично на твојата сторија-но е слично. Зборува за љубовта помеѓу еден маж и една жена, но жената е алкохоличар...
Погледни го ако не си го гледал, те молам.
 
 


Изменето од maria_magdalena - 13.Јануари.2008 во 01:23
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 01:52
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Орлов, фала што го подели ова со сите нас..Стварно треба да си храбар да го сториш тоа.
И многу ме трогна да знаеш.
 
 
Има еден филм се вика "When a man loves a woman" со Енди Гарсија и Мег Рајан. Не е идентично на твојата сторија-но е слично. Зборува за љубовта помеѓу еден маж и една жена, но жената е алкохоличар...
Погледни го ако не си го гледал, те молам.
 
 
.

Премалку е кажано, но, и после 10.075 дена болувам. Но што да правам? Можеби така требало да биде. Сега повеќе ме боли душа затоа што почесто се гледаме. Но таа е онаа иста.
Се дружме. Срдбите ни се службени, но потоа завржуваат приватно, со ручек и вино.
Во моментов по кој знае кој пат го слушам Реј Чарл со неговата: ,,КОГА ЧОВЕКОТ ЈА САКА ЖЕНАТА,,.
Потајно посакувам да она кое го пее Шабан Шаулиќ за мене да е вистина, а тој добро вели: ,,ДОЃИ ДА ОСТАРИМО ЗАЈЕДНО,,.
сепак maria_magdalena, ти благодарам.
Ти посакувам среќа.


Изменето од orlov - 13.Јануари.2008 во 01:56
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2008 во 02:02
Скопје навечер, нели убаво звучи!? Особено ако сте вљубеник во мексиканската храна, во виното и во личноста која седи спроти вас. Многу пати сум кажала македонската кујна ми е омилена, потоа мексиканската па италијанската, но меѓу сите овие овде најомилена храна ми е љубовта.среќа Има чуден вкус, сладок, горчлив, вкус на болка, на тага, на среќа, на радост, со повеќе или помалку чуства..на што не ти не има вкус, односно сам си ја декорираш. Ти одлучуваш и одбираш од менито а готвачот ти ја декорира, приготвува и сервира твојата желба. Понекогаш и самите ние знаеме да си ја утнеме нарачката, иако тоа било по наша желба. А понекогаш и готвачот од чиста навика на повекето јадења да достава кечап п аи на вас ке ви стави иако тоа не сте го сакале а сте нагласиле да не става. Потоа се од старт, се објаснува, се приготвува, патем може да ви се одјаде...па бирате нешто друго поново. Така е и во љубовта. Разгледуваш, одбираш, нарачуваш, пред вас е, е понатаму е се во ваши раце. Има само една разлика, во оброкот ретко кога готвачот знае да направи таква грешка, а ако направи сепак вие некогаш ке прогледате низ прсти во стилот-ај прв пат доаѓам овде или пак го јадете кечапот иако не сте го сакале во оваа комбинација но кога веке ставиле нека биде така. Тоа во љубовта го викаме попустивост за шанса да се направи некој си компромис иако не изгледа на компромис ако го прифатиш тоа туѓото. Сепак нели, го сакате тој вкус, немате време пак да чекате да ви се зготви истото, малце ви изгледа комплицирано, односно преведено немате време да чекате повторно нов партнер само без кечап односно без таа мана или грешка, времето лета а вие стоите па затоа прифаќате.  ДО КОЈА ГРАНИЦА СМЕЕМЕ ДА РЕЧЕМЕ МОЖЕ, А ДА ОСТАНЕМЕ НЕОШТЕТЕНИ И ДА НЕ СМЕ ЛИШАНИ ОД НЕКОЈА РАБОТА ОДНОСНО НЕКОЈ ВКУС во овој случај така претставено???? Велат-прави го она што сакаш да ти го прават. Кога станува збор за тоа во љубовта денес ретко кој тоа така го вели, но еве сепак за тие кој така велат, знаеме дека сигурно и тие правеле нешто што не посакувале да им е ним направено пред да го научат ова правило, или го напАравиле ама себеси си прогледале низ прсти односно угостителски кажано ете готвачот приметил дека ставил кечап ама ај да не готви одново исто ке си рече нека ми извини. Односно ке си речете партнерот нема да дознае за оваа лага сигурен/на сум. И што понатаму? Тој готвач вечерта мирно ке си спие, резултат, незадоволен муштерија или муштерија кој се надева на подобро искуство следен пат во тој ресторан. Тој партнер може сега нема да дознае, ама кога ке дознае ке биде готви одново ако е доволно цврст и ако доволно ја сака личноста која зезнала работа, ако не е доволно цврст ке си го јаде кечапот и следниот пат. Епа добар апетит драги мои и внимавајте да не ви стават кечап на животот, а за во јадењето не му ја мислете! голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2008 во 01:59
САМО ЈEДНОМ Е ЉУБИ, СВЕ ЈЕ ОСТАЛО ВАРКА.

Изменето од orlov - 16.Јануари.2008 во 10:31
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 17:49

ТАА-Добар "look", беспрекорна шминка, поглед фатален, тело извајано, косата ппаѓа по рамениците...солариум, фитнес, сауна....силикони....

ТОЈ-Добар "look" , јак парфем, обликувано тело, продорен поглед, средена коса, бели заби.....

Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед???

На времето, кога баба ми била на мои години, немало ништо од ова. Излез навечер “у бољи живот“ кај нив било одење на чешма со стомни по вода, трачарењето на кафе со другарки било везење во селскиот двор со снаи и золви припазувајќи ги кокошките да не го исклукаат врти попот и лалето. Пуштањето по смс и частењето пијачки било праќање шефтелии и сл. Додека денес младите гледаат само да се видени во ВИП зоната во некоја уште поВИП  дискотека во сабота навечер (дремуцкајќи во комотните фотељи, пиејќи добро виски) и во недела наутро на трач моабет, што-како, во некој елит кафич особено ако е самер тајм на надворешните фотељи со наочари во “холивуд стил“ (што би рекол Тони Зен) додека бабите наши и дедовци “излегувале“ на пазар и ВИП зона им било каде што се продавале сомуни. Изгледот не ни бил толку битен колку што било битно да не “пукне брука низ село“ ако таа има 22 год. а е немажена. Демек уседелица ке останела! Дедо ми ја “армасал“ баба ми баш на ВИП зоната и и купил ВИП лебче сомунче. Нормално по лебчето ја однел дома кај него а баба ми ја испратила снаат да каже дека нема да се враќа веке дома. Додека нашиве ЕЛИТ (значи не зборам за сите) машки бараат девојка со “2 метра нога“, тогаш било ИН да си ниска. А сестрата на баба ми била така повисочка од модерното со 165 цм плус и слабичка и не била баш омилена кај стројниците. Кој му ја мислел тогаш на убавина и карактер!? Гледале само да се земат и изродат деца. И додека нашиве млади живеат предбрачно што би рекле =колку за проба= заедно, баба ми спиела 3 месеци со свекрвата иако веке била мажена. Кога ке погледнеш уназад 20 год., знаејќи ја баба ми, дедо ми сигурно со “нож под грло“ ја правел мајка ми =) =) =). Велат на никого не му пишува на чело каков е во душа, но овде баш имам едно прашање. ЗАШТО МЕСТО НА КРАЈ ДА КУКАТЕ ДЕКА СТЕ СЕ ИЗГОРЕЛЕ ПОРАДИ ТОА =НЕ МУ ПИШУВА НА ЧЕЛО= , МАЛЦЕ ВИЕ СТАВИТЕ ПРСТ НА ЧЕЛО, ПОРАЗГОВАРАТЕ И СЕ ЗБЛИЖИТЕ СО ЛИЧНОСТА КОЈА ВИ ГО ПРИВЛЕКУВА ВНИМАНИЕТО А НЕ ОДМА ОДИТЕ ВО ВРСКА????!!!??? Уште одма се впуштате во “љубов„???!!!!??? Што е ? Не ви се чека? Ма дајте без наивност. Јас не велам дека на баба ми времето било убаво, но искрено денешниве се повеке и повеке на број фацки кои само дремат по кафичи, дискотеки и со моабет го минуваат денот ми е преку глава...а уште повеке преку глава ми е кога гледам како ги менуваат партнерите како циган коњи. Јас се заљубив во карактер а човекот не ни го познавав. Никогаш не ни го запознав, но навистина ми беше при срце. Треба ли поголем доказ дека изгледот за мене не е на прво место? Нормално, го имав видено на слика, камера....но неговата душа секој ден ја гледав на некој начин што беше многу побитно. Не трагајте по совршенство, кога ни самите вие не сте тоа, никој не е совршен, постојат само сродни души....Зашто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Прифатете ги своте мани, но и туѓите како дел од карактерот. Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП ложата, која за мене поточно е ИКП-Имаш Кеш-Повели! Небаре парите ке купат и љубов и среќа...ноу рулс вит мани дјуд...ноу ВИП витаут мани..БУЛ ШИТ У БОЈА!!!

 



Изменето од blueprayer - 22.Јануари.2008 во 17:50
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2008 во 22:47
Спознавајќи ги границите во љубовта, најтешко беше да се разбере мудроста-Оној што знае да љуби има потреба да се изгуби и повторно да се пронајде себеси! Мммм....да болка. Но верувајте, кога боли од љубов ги спознаваме границите на нашата чуствителност. До каде таа може да оди и што се може да стори. Никој е е совршен, па зашто и љубовта мислиме дека мора да биде совршена!? Убавината сепак не доаѓа од перфекноста, односно доаѓа од дисциплината на душата. Да! Нема 9 часот. Добро е што денес малце подоцна ке започнам со работа па ете имам шанса повторно набрзинка да се искажам. Моќта на ова пенкало тешко дека ќе се прифати и смислата на овие зборови тешко дека кој ја доловува. Не постои љубов во која нема барем одредена мала доза на болка. Сепак и таа е створена според човекот, а човекот како суштество во денешно време е далеку од совршенството. Знаејќи дека човечкото совршенство е дух кој никој не го видел се прашувам- ЗАШТО БАРАМЕ СОВРШЕНА ЉУБОВ КАКО ОД ФИЛМОВИТЕ КОГА НИЕ СМЕ НЕСОВРШЕНИ ГЛУМЦИ!?  ОДНОСНО, ЗАШТО БАРАМЕ ЦЕЛА АЗБУКА КОГА НИ Е ДОВОЛНО САМО ЕДЕН ЗБОР (ЉУБОВ)??? Зар треба да очекуваме, постела од рози, романтични вечери секоја ноќ, наутро мирис на кафе да не разбуди? Се си е тоа така убаво и нежно и романтично, но така 2 недели да го третираме партнерот, ќе му стане навика и воопшто нема ни да обрне внимание колку вие тоа со љубов го правите. И да. Еден ден ќе ви пукне филм зашто по сета таа борба да изградите нешто некој ќе стагнира. Ќе се раскарате и бу! Ете прва кавга! И нормално, заслепени, пак и пак и пак. Мислам за понатаму е јасно што ке се случува, нема потреба да раскажувам и така ќе згасне љубовта на крај. Затоа се вели-за се треба да се има граница. Буквално за се! Па дури и не е пријатно премногу да “кубете коси“ по некого, не барем поради самите себеси.  Затоа, не ја пумпајте самодовербата, но не се ни потценувајте, не претерувајте, но не се ни губете во делата...едноставно бидете умерени во се, љубете, почитувајте, верувајте.....И така нема совршенство, вака барем среќни ќе бидете.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2008 во 01:39
Вистинската среќа велат е во љубовта. Ниту една друга работа не може да ве направи толку среќни колку фактот дека некој ве сака, а и вие сакате некого. Но реалноста неретко ги руши ѕидовите кои се изолатори од тие негативни дејствија. И да! Повторно удира. И покрај сите тие удари кои од искуство ги знаете,  сепак нешто ново може да се изроди секогаш! На негативноста и нема крај, затоа подобро припремете се подобро, набилдајте ги живците, наполнете се со оптимизам и кога ке дојде удар-дејствувајте! Нормално, ова со некаква цел го зборам, а целта ми е да објасниме за некои побитни “фактори“ кои може да предизвикаат “промена на клима“ во вашата врска. Вашата врска не е како во бајка, не поради друго туку поради тоа што сакате реалност, го следите она “ако живееме како во бајка лесно ке не изеде волкот“, но не можете да се пожалите, навистина сте среќни. Или пак, вашата врска е како во бајка, се наоколу вас е розево и ви цвета па и вие цветате. Кој би рекол дека постои рајска среќа на земјата!?И нормално, како и секогаш доаѓа она огромно НО !!!
Надворешен “фактор“ штетник бр.1- друштво, фамилија....(нека не се бараат оние кои не се вакви овде значи стриктно за поединци зборувам) не обвинувам ниту еден родител, ниту еден пријател кој се однесува нормално. (и еве го пак) НО колку само може да наштети и ви нанесе болка и предизвика нервози приврзна мајка за својот син, татко што ја третира веке израснатата ќерка како девојченце, љубоморен/на другар/ка, никој повеке не може.
Мајката сето време збори против вас како не и се допаѓате, како гледа нешто во вашите очи “како да криете“, намерно не ја крева слушалката кога знае дека вие ѕвоните, и кога еден ден на синот тоа ке му додје преку глава и и рече да прекине, таа ке почне да преќутува, но вие ќе мора да бидете дочекани и испратени со лоши погледи и слушајќи моабети по неговата улица како “сте и го земале синот“.
Таткото прво ќе започне со “ембарго“.Забрани за излегување, таа прво ке си прекути но потоа ке и дојде преку глава затоа што тој продолжува да ја третира како мало дете па дури и да има 25 год. Дома настанува општ хаос. Се додека не ја уцени “ако сакаш со него, оди си кај него“. Се додека таа не се спакува и си отиде поради љубовта. Па зар таа девојка нема право на љубов како и сите други или поради нејзиниот недоделкан татко (знам не доликува така за родител ама во моабетов таков го претставив)???? Како нејзиниот татко ја запознал нејзината мајка??? ДА НЕ ГОТВЕЛА ВО КАСАРНА!?-ЧИСТО СУМЊАМ! Но родител ко родител, а внуче. а прошка! Фала му на Бога што татко ми нема ни еден збор од ова што го пишав во него, а не сум ни син на мајка!
Пријатели-уф, ова го напишав со кеиф, небаре за убаво ќе зборам. Колку и да се чуствуваат запоставено и тргнато на страна, не треба вината да ја бараат во партнерот на својот/та другар/ка, туку лично во другарот/ката. Ако тој/таа нема време да одвои за пријателите не мора да значи дека партнерот е виновен. Можеби зголемен број на обврски на работа/факултет....! Може се! Но еве нешто интересно-ШТО КОГА НЕКОЈ ОД ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ПОЧНЕ НЕГАТИВНО ДА ВЛИЈАЕ НАД ВАШАТА ВРСКА И ГО ПОЧУСТВУВАТЕ КАКО КОШМАР???-Пријателот на вашиот партнер повек ес еинтересира каде сте биле со кого сте биле зашто сте биле отколку вашиот партнер. И уште ве напаѓа зашто вашиот партнер не дошол со вас! Ви надава гнасни епитети, уличарски зборови кои не доликуваат некој ни да ги рече ни да ги слушне. На почеток објаснувате (ако имате живци и сте се припремиле по горе наведениот рецепт), “полека“ губите трпение кога личните навреди ќе прераснат во секојдневие и пријавувате кај партнерот. Тука малце ке посветиме внимание како тој/таа ќе изреагира. Да, тој/таа  си ги сака и почитува своите пријатели, НО ако ве сака и вас, нема да е сеедно ни најмалку што така ви се обраќаат и ве третираат како најгрешно суштество на светот. Ако ви рече-батали не слушај такви моабети-совет- веднаш раскинете! Вие не сте должни (па и колку да сте во љубов) да слушате навреди од некој кој својот живот можеби не си го средил а се зафатил со вашата врска (да не речам прле пред магаре), а партнерот  воопшто не ви се замара како ви е вас. Тогаш би можело да речам е дбар момент да сватите со какв личност сте во врска. Не се потценувајте и не виткајте грб за секој камшик....Ако еднаш ве навредил, сте простиле?-Пак ке ве навреди. Еден огромен гард од такви личности, ултиматум на партнерот да ја држи на страна вашата врска од такви штетници, а тие нека се дружат колку сакаат. Вие никого не двоите, не скарувате, но не ги трпете навредите на некои незрели луѓе кои ете можеби немаат партнер во кој се заљубени поради трауми од поранешна врска која завршила поради нивните наивности.
Околу овој фактор не се мислете многу! Често се водев по пишани правила, иако несекогаш ми одговарале, но барем знаев дека така е најправилно за на крајот така и да испадне. Затоа мој совет ви е-Врската е за двајца, а штом дојде трета личност, тоа веќе не е врска! Не вмешувајте никого и не дозволувајте некој трет да ви ја гради врската. Кога градите куќа (врска) гледајте ја добро секоја цигла (секој чекор) за да сте сигурни колку добро таа е изградена. Секој столб исполнете го добро (со љубов) за да знаете дека ќе потрае и ќе задржи тешки удари. А се додека некој друг ви го “меша малтерот“ нека не ви е криво ако еден ден ви падне кровот на глава. Затоа следете ја онаа старата-што си си надробил,тоа ке си јадеш! Сакајте се, верувајте си! Нека третиот што ќе ви се вмеша е плод од вашата љубов,а не мајка, шајка, татко или пријател.

И пак ке речам, извинете на машко/женското обраќање сепак малце потешко ми оди да пишувам така. Ова важи за сите не само за женски или само за машки.


Изменето од blueprayer - 12.Февруари.2008 во 02:06
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Drlja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 3373
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Drlja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2008 во 03:10
мечтаење
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2008 во 01:19
Оној кој стално размислува и премногу претпоставува што ќе се случи, секогаш ќе има погрешен одговор за нешто на кое не може да се оговори. Blueprayer ги прочитав повеќето од твоите размислувања и едно е очигледно - премногу размислување, анализи и приказни. Достојно за писател,  но не и за реалниот живот.
ЉУБОВТА  е едноставна ако е вистинска!
Сакаш некоја (машко сум инаку) и тоа е едноставно чувство, ама истовремено и многу силно. Нема тука ама баш  никакви филозофии! Оној кој не е сигурен во љубовта кон другиот ќе се заборави од  размислување, што ако биде ова, па што ако ми смета овој, оној , оваа , онаа !!
Тој што претпоставува дека нешто ќе се случи уште пред да се случи, или дека ќе се одвива така и така уште пред да започне, не треба ни да започнува ништо.
Живеј го животот и не се прашувај премногу што ќе биде. Во тоа е убавината, што не знаеме што ќе се случи во иднината? Ако секогаш го знаеме одговорот што ќе биде и како ќе заврши, каде е тука убавината?
Најпосле , се што има почеток мора да има и свој крај. Затоа човекот треба да ужива во нешто додека трае, така подолго ќе трае!
Можебо откако ќе заврши љубовта (никој не бил заљубен само еднаш, тоа е сигурно) треба да се размислува за тоа што се случило. Да се запраша зошто сес лучило нешто што можеби не требало! И тоа е ОК.
Само оној кој се прашува ЗОШТО е жив!
Затоа уживај во животот кој ти го дарил господ, и љубовта  е дел од него. И не се секирај! Секогаш имало машки кои знаат што е љубов и секогаш ќе ги има. А што, зарем некој жени не се исти како некои машки? Не има разни, но што и ако е така? И во тоа е убавината.
Секој ќе си најде некој, ама не мора уште од почеток да ги брка сите окулу себа затоа што знае како тоа ќе заврши. Така ќе  го избрка и оној што не треба! Како човек ќе ја почувствува љубовта ако се плаши од неа?
Чашата е секогаш поовина полна, а не половина празна нели?



Изменето од којсумјас - 14.Февруари.2008 во 01:26
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2008 во 01:33
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Оној кој стално размислува и премногу претпоставува што ќе се случи, секогаш ќе има погрешен одговор за нешто на кое не може да се оговори. Blueprayer ги прочитав повеќето од твоите размислувања и едно е очигледно - премногу размислување, анализи и приказни. Достојно за писател,  но не и за реалниот живот.-прва замерка...ако сакаш да потрае љубовта не смее нејзиниот сјај да те заслепи
ЉУБОВТА  е едноставна ако е вистинска!-љубовта сами ја креираме!
Сакаш некоја (машко сум инаку) и тоа е едноставно чувство, ама истовремено и многу силно. Нема тука ама баш  никакви филозофии!-зависи колку време сте заедно. не доаѓа се на старт. затоа чувај си ги чуствата за подоцна Оној кој не е сигурен во љубовта кон другиот ќе се заборави од  размислување, што ако биде ова, па што ако ми смета овој, оној , оваа , онаа !! -не да размислува што да биде туку да следи нешто од порано или од свое искуство или од туѓи грешки, се со најдобра намера да му е се во ред, а ако се замара нормално ке испадне како што велиш
Тој што претпоставува дека нешто ќе се случи уште пред да се случи, или дека ќе се одвива така и така уште пред да започне, не треба ни да започнува ништо.-јасно! ако влезеш несигурен, таков и ке излезеш НО затоа припази како ке се одвива подобро спречи него да лечиш
Живеј го животот и не се прашувај премногу што ќе биде. Во тоа е убавината, што не знаеме што ќе се случи во иднината? Ако секогаш го знаеме одговорот што ќе биде и како ќе заврши, каде е тука убавината?-тука од Христијанска страна не е ферски
Најпосле , се што има почеток мора да има и свој крај. Затоа човекот треба да ужива во нешто додека трае, така подолго ќе трае!-се што е на земјава има крај морам во тоа да те поправам
Можебо откако ќе заврши љубовта (никој не бил заљубен само еднаш, тоа е сигурно) треба да се размислува за тоа што се случило. Да се запраша зошто сес лучило нешто што можеби не требало! И тоа е ОК.
Само оној кој се прашува ЗОШТО е жив!-животот е школо а испитите горе ке видиме кој сме ги положиле кој не...не греши од одма
Затоа уживај во животот кој ти го дарил господ, и љубовта  е дел од него. И не се секирај! Секогаш имало машки кои знаат што е љубов и секогаш ќе ги има. А што, зарем некој жени не се исти како некои машки? Не има разни, но што и ако е така? И во тоа е убавината.
Секој ќе си најде некој, ама не мора уште од почеток да ги брка сите окулу себа затоа што знае како тоа ќе заврши. Така ќе  го избрка и оној што не треба!-Бог не ми го дарил животот јас сето време да тупам мозок дали ке ме остави или не, но кога веке сум влегла во врска барем според мене мора да се надевам на иднина а не one night stand да ми е треба да се припази како што реков. често губите памет покрај убавиот сјај на љубовта а потоа страдате поради тоа слепило. само Бог се љуби на еден единствен начин се друго е слично
Чашата е секогаш поовина полна, а не половина празна нели?-зависи. колку сам ке си ја наполниш.Поздрав!

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.