IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали постои Бог?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали постои Бог?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 54>
Автор
Порака
Carnation Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3499
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Carnation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2007 во 01:57
i zaborajv da kazam deka ako postojt na nekoj nacin,togas e ili psihopat,ili sadist ili neso slicno,poso bogami bas normalen coek ne bi go donel svetot do ova do kaj so e donesenWink
Понекогаш дури и за Фројд бананата е само банана
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2007 во 02:01
E KARNI
NEMA NIKOJ KOJ NE CUVA
PA SI PRAJME k*rTASAK SO PLANETATA,ZIVOTOT I IDNINATALOLLOLLOL
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2007 во 02:40
Originally posted by brza brza напиша:

a,be ,..elektronite mozesh da gi osetish,...ne treba da gi vidish,....a,razumot shto go imash ne ti dozvoluva ,da fatish goli zici pod napon,...ne ti treba ni nego da go gledash,...iako e mnogu glupavo i da go prashash toa (za razumot),...a,kako mozesh da go osetish toj tvoj gospod,a?!
 
Брза, кажи ми како ти ги "осеќаш" електроните? Smile
Дали те скокоткаат додека вртат околу јадрата на атомите од твоето тело?
 
Велиш "да фатиш голи жици под напон", е токму тоа драга моја е нешто што јас цело време сакам да ти го објаснам.
Тоа е ефект или последица на електроните кога ќе ти ги згрчат мускулите и ќе направат скара од нив.
Научниците не можат да го фатат електронот со пинцета и да го стават под микроскоп, туку тие можат да ги набљудуваат неговите корпускуларни својства (импулсот) и бранови својства (интерференција, дифракција).
 
На сличен начин ние јасно можеме да ги набљудуваме Божјите индирекни објави што не опкружуваат.
На пример, доколку при твојата прошетка во градскиот парк ти најдеш еден часовник (касио), дали ти ќе претпоставиш дека тој случајно се создал со самоорганизирање на атомите и молекулите ИЛИ ќе претпоставиш дека мора да постои часовничар што го направил тој часовник?
 
Во природата ние гледаме неспоредливо посложено дизајнирани креации од еден обичен часовник. Универзумот, природните закони, прецизно поставените параметри со кои се наштимувани планетите, ѕвездите, галаксиите, јадрените сили, нуклеарните сили, хемиските реакции во ѕвездите, фузијата како извор на огромна енергија со која сонцето не грее, идеалното растојаните на земјата од сонцето (малку поблиску ќе се спржиме, малку подалеку ќе смрзнеме), ефектот на стаклена градина, само неколкуте милиметри на озон што не штитат од штетното зрачење на сонцето (доколку се удвои дебелината на озонскиот слој - средната планетарна температура на земјата би била 70 степени, доколку се преполови -70 степени) итн итн..
 
Потоа дизајнот на една обична клетка што ја надминува најсложената фабрика на планетава, разнобразниот животински свет, и најпосле круната на Божјото создавање - Човекот.
 
Што е посложено: Човекот или часовникот?
Ако за најдениот часовник ние претпоставуваме дека мора да постои часовничар кој го создал тој часовник, тогаш колку повеќе треба да претпоставиме дека постои и Создател (Бог) на Човекот?
 
Заклучок:
Каде што има создание, има и Создател.
Каде што има закони, има и Законодавец.
Каде што има дизајн,има и Дизајнер.
Каде што има живот, има и Животодавец.
И најпосле,
Каде што има искрена потрага по ова прашање, има и одговор!
 
Поздрав!
EvAngelos
 


Изменето од EvAngelos - 25.Мај.2007 во 02:41
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 11:25
Originally posted by Carnation Carnation напиша:

i zaborajv da kazam deka ako postojt na nekoj nacin,togas e ili psihopat,ili sadist ili neso slicno,poso bogami bas normalen coek ne bi go donel svetot do ova do kaj so e donesenWink



 WinkABE STO KOMPLIMENTI MU PODELI NA BOG


Изменето од beleg - 03.Јуни.2007 во 11:29
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 11:34
типично Пилатова аксиома на carnation кој во истата реченица вели „распнете го“, и „не сум јас виновен“...

Не може човекот за својата вина да го обвинува Бог, бидејќи Бог ни даде СЕ што ни е потребно за праведен и мирен живот, а човекот тоа го извитопери до тој степен што стана крволочен мутант, а не човекот што Бог го создаде...
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 11:45
Поздрав до учесниците на Вероисповед форумот. Некое време Ве читав и одлучив повторно да се приклучам. Ме радува што има и нови приклучени, но не ме радува тоа што во многу од постовите наместо да се бара вистината, постои силување на фактите и тенденциозност. Жалам што го нема Чорбаџија бидејќи имав многу аргументи со кои ќе го спорев неговото мислење. Иако ме предизвикуваа неговите гледишта намерно не се приклучував сакав во целост да ги видам неговите ставови т.е. масонско-темпларските ставови кои ги застапуваше. Бидејќи мислам и верувам дека ако со силата на мислата водена од Духот и молитвата се разобличеа неговите ставови, пак ќе ја здувнеше како порано пред една година. Ме изненади аџија и другите христијани што не успеаја да го детектираат масонско-темпларскиот извор на ставовите на Чорбаџија црпени од нивната тенденциозна база на податоци.
Каде е Калиф? Дали може некој да му каже да се приклучи за да продолжиме со разговорите?
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 11:46
Дали Бог постои?

Лично не се согласувам со фактот дека треба да се верува без да се има образложение. Меѓутоа многу полош е патот кој и самиот го изодев прво да се бара причината за верувањето, а потоа да почне да се верува. Полесно поминуваат оние кои одлучуваат да почнат да веруваат без да имаат целосно разумско образложение за својата вера. Тоа не значи дека тие помалку ќе знаат и дека нема да знаат да го образложат верувањето. Потребните одговори и образложенија на верувањето ќе ги добијат нешто подоцна преку самата вера, а всушност побрзо од оние кои претходно бараат образложение за верувањето. Тоа е полесниот и поблаг пат на одговорот на прашањето има или нема Бог и тој пат го препорачувам. Човек ако сака да го открие Бога и да се увери во Него неопходно е целосно да го испита тоа прашање од аспект на верник. Така најпрво од позиција на неверник да ги разгледа и изживее сите ставови против верувањето во Бог, а потоа целосно да се префрли од другата страна. Да му пристапи на истото прашање како да е верник. Човекот кој ја бара вистината за Бога не може да поверува доколку не биде доволно фер и ја напушти атеистичката страна па ги разгледа истите прашања од гледиште на верник. Така ако пристапува кон читање на Библијата да ја чита како верник со голема почит, внимание и со верба. Откако ќе ги разгледа двете страни атеистичкото и теистичкото нека се повлече и нека одлучи што е вистина. Тврдам дека секој кој бил доволно фер да ја погледне верата низ призмата на верник останува(л) и го бране(л) тоа стојалиште. „Побарајте Ме и ќе Ме најдете ако Ме побарате од сесрце“.
Така во моето гледиште на верата доаѓам до фактот дека ако Бог е Алфа и Омега, почетокот и крајот, ако Бог постои тогаш Неговото постоење ќе биде откриено во било кој правец само ако испитувањето отиде до крај. Независно на кое поле Го бара ќе Го најде. „Кој бара ќе најде, кој тропа ќе му се отвори“. . Археологија, Историја, Астрономија, Физика... Емпириските области се ѓаволски тешки за откривањето на одговорот на верата т.е. неверата и ништо не значат за друг настрана од оној кој испитувал. Противникот на тврдењето може едноставно да каже дека податоците се лажни, подметнати, измислени, дека е тргнато од погрешни поставки како и други аргументи против оние на оној кој тврди дека дошол до научни емпириски сознанија за верување т.е. неверување. Оној кој тврди ќе нема начин да докаже дека неговите испитувања не се подметнати, фалсификувани и слично. Така на тврдењата за алиенистичкото потекло на религијата верникот доволно е да каже дека доказите се наместени или подменати. И обратно на тврдењето за постоењето на чуда низ кои Бог се објавува себеси неверникот може да рече дека тоа е наместено, илузионизам и слично. Во таков случај обично и двете страни преминуваат кон користење на сила односно со истакнување на бројноста на доказите или со повикување на авторитети сакаат да го наметнат сопственото тврдење. Исто така колку што една емпириска научна потврда се приближува до совршенството кое никогаш не може да го постигне таквото емпириско научно откритие би било разбирливо само за врвен професионалец во таа област и неразбирливо за лаиците. За совршено да опстои еден емпириски доказ не само во поглед на атеистичко-теистичката дилема човек треба да не пропуштил ниту една секунда од егзистирањето на појавата која ја користи за докажувањето. А со тоа не располага никој освен Бог. Затоа и докажувањето на Бог единствено е благодарно да се врши само на полето на филозофијата чија гранка е и теологијата. На тоа поле целото човештво учи низ историјата така и теолошката филозифија учи и открива. Науките влегуваат како делови во градбата на филозофијата но погледнати со широко нивно глобализирање и заокружување. Пример panta rei е емпириско и научно кое филозофијата го зема како ставка во своите истражувања. Не знам од каде ставот дека теолошката филозофија е завршен и затворен систем. Затоа и не е срамота за теологијата (филозофијата на една вера) да се усовршува со човечкото искуство чиј дел е и науката.
Се спомнува правилото „Окамово сечило“ - „Доколку постојат две теории кои објаснуваат еден ист феномен, тогаш за вистинита се зема онаа поедноставната.“. Вака поставено е многу некритички, нефилозофски, „ненаучно“. Прво за да постои како правило треба да има причина зошто. Зошто поедноставното да се земе како вистина? Но и ако може да се премине преку тоа, како ќе утврдиме што е тоа ПОЕДНОСТАВНО. Бидејќи се на овој свет има повеќе значење истото од една страна е поедноставно, но од друга страна е посложено. Ќе биде потребно да се кажат критериумите со кои ќе се определува што е тоа што е поедноставно. А со тоа веќе сме влегле да го одмотуваме целото клопче на целото знаење кое што ќе биде неопходно за да се утврдат критериумите на поедноставното. Тоа значи не ќе можеме да ги утврдиме критериумите на едноставноста како што не можеме да утврдиме ниту еден единствен сигурен принцип во светот. Бидејќи ако некој може со несомненост да постави и едно единствено тврдење или принцип тогаш тој преку него ќе ја знае целата вистина за се што ќе посака да знае. Ако некој досега тоа го открил тогаш тој ќе беше совршен и се ќе му успеваше бидејќи низ принципот се совршено ќе поставуваше и се ќе водеше кон резултат кој го предвидел. Јасно е дека таков во науката не постои ниту таков принцип во науката е можен. Теологијата вели: ние можеме и треба да ја бараме вистината меѓутоа вистината нема да можеме да ја откриеме се додека таа не ни биде ОТКРИЕНА (од Некој кој би требало да ја поседува). Откривањето е награда за барањето.
Бидејќи Верата учи дека е можно постигнување на сознание за вистината (Бог) на овој свет верниците може да му се приближат на совршенството (светите луѓе), т.е. да се обожат. Теологијата вели за да го откриеш Бога всушност е многу едноставно. Треба да Му се тропне на врата на Бога и да се праша: „Дали постоиш?“. Ако Тој постои и ако е жив тогаш Тој треба да одговори. Ако не одговори тогаш слободно не верувај. Ако постои, а не одоговорил вината е Негова. Ние кои сме тропнале и кои тврдиме дека ни одговорил велиме дека всушност проблемот на неверувањето е во
1. Индифирентноста, ноншалантноста и незаинтересираноста дали Бог навистина постои.
2. Гордоста на оние кои не сакаат да тропнат и вистината да им се каже
3 и во стравот дека навистина од другата страна може Бог ќе се покаже на вратата и со тоа ќе треба да се признае постоењето на одговорноста на совеста.
Колку ќе се тропа на вратата толку Бог и ќе се открива.

Би прашале, а што тогаш тебе лично ти открил па за да знаеме дека навистина открива. Верувам дека ми открил многу работи. Еве некои мои размислувања во врска со прашањето дали Бог постои.

Дали Бог постои? Не Бог не постои! Погрешно е да се каже дека Бог постои бидејќи се што постои живее во одредена даденост. Ако Бог постои тогаш тој би бил ограничен од даденоста. Ако не од даденоста околу себе би бил ограничен од сопствената даденост. Бог не би можел да го прави она што би било спротивно на сопствената даденост. Значи не би бил семоќен да прави нешта кои би биле спротивни на Неговата природа. Ако некој постои тогаш неговото постоење мора да има некаква даденост, одреденост. Во нашиов свет даденоста се одредува со факторите на време и простор. Се што постои мора да е ограничено со даденоста. Но во тој случај како постоечкото може да постои ако е ограничено. Постоечкото е ограничено просторно и временски. Има почеток и крај. Што го предизвикува неговото постоење во почетокот и каде е неговиот крај? Всушност постоечкото постои врз основа на непостоечкото. Светот на постоењето живее врз основа на изворот во светот кој не постои. Постоечкиот свет живее, но постигнатото е мртво и целосно ќе умре доколку не црпи од непостоечкото. Затоа и Адам и Ева по казна „умреле“ најдувајќи се во овој свет. Бог кој е трансцендентен и за да биде трансцендентен треба да го опфаќа како светот на постоењето така и светот кој не постои. Затоа Бог постои но и не постои! Тој ги обединува но и ги надминува двата света (светот и несветот). Така Неговото постоење е АПСОЛУТНО и Целосно ПОСТОЕЊЕ. Таквиот „квалитет“ единствено го прави трансцендентен т.е. го прави Бог. Затоа ТРАНСЦЕНДЕНТНИОТ Бог го може и она што не го може. Бог го знае и она што се ограничил да го знае. Затоа и 1+1+1 не се три туку 1 бидејќи за Него физичките
закони „не постојат“. Дали тоа значи дека е неодреден и „бескарактерен“. Не напротив туку апсолутно е одреден и стабилен во својата одреденост но не онака како што тоа ние можеме да го изразиме. Се што ќе речеме за Него ќе згрешиме. Дури и Господ е љубов е погрешно ако биде сфатено некако. Секоја слика за Него е погрешна. Господ е љубов но не ние како што би го толкувале тој поим независно како и да го толкуваме туку онака како што тој нам би ни се открил. Се што произлегува од Него е тајна. Можеме само да зборуваме за околните последици на таа тајна. Така за љубовта можеме да зборуваме за нејзините околни ефекти но не и за самата неа. Поради сеопфатноста, Неговите „одлуки“ се универзални и совршени. Колку повеќе утврдуваме одреден квалитет тој толку се приближува до Неговата есенција но истовремено нашата определба за Него ја скверни Неговата вистинска природа. Во духовниот христијански живот посебно во молитвата се отфрла секоја претстава и се разговара со Бога. Тогаш Бог самиот не учи за Себе. Меѓутоа бидејќи е Бог ни е она што се нуди, апчето на вистината е многу силно за нас, за туку така да го голтнеме. Не е така лесно да се прима апсолутната вистина, така што conditio sine qua non во духовниот живот (како и воопшто во развојот на подобро) е себепринудувањето.
Ние кои живееме во дадено постоење постоиме релативно и всушност привидно поради променливоста. Никогаш не можеме да знаеме дали ние сме истите во секој нареден миг. Што е тоа што не прави исти меѓу два различни мига. Знаеме дека во секој миг се случува некаква разлика така што во наредниот миг сме различни. Што е нашето битие кое не е променливо т.е. што е онтолошкото во нас. Истото важи за секоја целина. Во кој момент таа престанува да биде она што е и преминува во нешто друго бидејќи цело време постои континуитетот и што е она што цело време останува неизменето во континуитетот на измени. Затоа и гледајќи го самостојно овој свет тој всушност и нема свое постоење. Значи изјавата дека во овој момент седите пред компјутерот и зјапате во текстов е недокажлива во апсолутна смисла на зборот. Бидејќи ниту јас знам кој сум јас. Ниту компјутерот е одредлив и точен поим. И двата субјекта се одредуваат во однос на нешта кои се во постојана целосна промена и така се неодредливи. Затоа и светот на постоењето сам за себе е непостоечки погледнат сам за себе нема свое постојано постоење кое би го дефинирало. Ништо постоечко не може да се одредува само по себе туку едно во однос на друго и потребен е барем еден „статичен“ субејкт за да може да постои одредување. Не постои дефиниција која точно ќе ја каже сегашната позиција, а најмалку да каже зошто и да ја валоризира причината за седењето. Ако на еден човек му се смени дроб, бубрег, срце, можеби во иднина и мозок, во кој момент тој престанал да биде некогашниот и станал нов човек. Дали меморијата на искуството е одредувачко. Ако е меморијата одредувачка тогаш ние во секој еден момент сме различен човек бидејќи нешто принаучуваме, а нешто забораваме. А ако ја префрлиме меморијата од еден на друг човек дали тогаш истиот човек би се јавил во две или повеќе копии. Каде е битието кое не подлежи на промени? Платон поради ова верувал дека постои свет на идеите кои се непроменливи, а појавните нешта се движат и се стремат околу тие идеи и бил блиску до вистината. Каков е Православниот христијански одговор? За нешто да може да има некаква одредба на постоењето треба да се дефинира и да се одреди во однос на нешто што е „статично“. Бог е статичен иако е погрешно тоа. Најблиску е да се каже дека е суштински статичен, но формално подвижен. Така кога ние ќе застанеме во однос на Бога и се дефинираме со своите личности оние кои сме во однос на Него само тогаш нашите личности стануваат целосни и комплетно дефинирани. Затоа барањето на причината за одредено дејствување е совршено само поттикнато од комуникацијата со Бога. Секоја друга мотивација во која не постои и елементот на односот кон Бога е погрешна. Секоја личност која се гради во однос на нешто друго, ако при дефинирањето на другото не ја користи призмата на Бога формира сопствена илузорна личност која не е тој/таа. Како дел од Бога ние сме она што го носиме хмммм Божјо во нас. Божјата промисла за нас, споено она кое сме биле и она кое ќе бидеме. Личноста која себе си се дефинира во однос на Бога, која го носи, прима и се дружи со Бога постигнува суштинско задоволство на својата личност (поради статичноста) и тоа е непроменлива состојба, независно од околните услови, со можност за постигнување на повеќе од задоволност (поради подвижноста).

Ова не е нешто што јас сум го измислил тоа е дел од учењето на Православната теологија.
Линк до текстовите на светите отци кои разгледуваат вакви прашања. http://www.verujem.org/sveti_oci_azbucnik.html
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 12:08
zdr sard... welcome back...Thumbs%20Up
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 12:12
Фала, здраво Аџија,
Господ со тебе...
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 17:31
Originally posted by sard sard напиша:

Жалам што го нема Чорбаџија бидејќи имав многу аргументи со кои ќе го спорев неговото мислење. Иако ме предизвикуваа неговите гледишта намерно не се приклучував сакав во целост да ги видам неговите ставови т.е. масонско-темпларските ставови кои ги застапуваше. Бидејќи мислам и верувам дека ако со силата на мислата водена од Духот и молитвата се разобличеа неговите ставови, пак ќе ја здувнеше како порано пред една година. Ме изненади аџија и другите христијани што не успеаја да го детектираат масонско-темпларскиот извор на ставовите на Чорбаџија црпени од нивната тенденциозна база на податоци.


не знам од каде беа „податоците“ на Чорбаџијата, но секој кој ги имаше прочитано историските списи брзо можеше да препознае едно менување на годините, изјавите, и сведоштвата, толку мало, да речиси е непреметно, но е доволно тенденциозно да кога ќе се состави целата слика, дава една сосема погрешна претстава за настаните околу животот на Исус и на раната Црква.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 17:45
не гледам дека Чорбаџијата некого убеди додека беше овде... Единствено си создаде непријатели, освен пар муслиманчиња што аплаудираат на секој ерес... LOLLOL


Изменето од аџија - 03.Јуни.2007 во 17:45
Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 17:49

ne sakase da ubedi samo da pobedi:)

Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 18:10
Браво Сард.
Верувај иако немаш причина, верувај затоа што нема друго објаснување (да не речам изгледа најлогично), верувај затоа што сите ние веруваме, верувај оти тоа е светата книга и таа така кажува. Иако не веруваш, верувај и ќе станеш поголем верник и од мене...... Boolsheet што би рекле Америве.
Прочитај се само, дури ни ти самиот не веруваш дека е така, но не знам заради која причина го тврдиш спротивното. „Верници“, чукнете се малку по главата. Црквите и религиите се една од најголемите причини за војни и безредија, за поделби на луѓето, за бедотија. Светот ќе беше многу поубаво место за живеење ако не беа тие.
Која би била смислата на човечкото постоење ако се ни однапред дадено и предодредено. Ако некому му било „Пишано„!!!! Од кого тоа пишано?? Колкава ли би била таа книга за нас 6,5 милијарди луѓе. Зошто тогаш сите се трудиме (барем повеќето од нас) да постигнеме повеќе во животот? Ако ни е „пишано“ да наследиме некоја богата тетка од Америка, тогаш зошто воопшто и да помислуваме да станеме од креветот наутро? Или ако ни е пишано да умреме утре зошто да се мачиме да го живееме и денешниов ден?
И ако веќе, поради некоја причина, само вам позната, сепак верувате, зошто мислите дека „Вашата религија“ т.е. православната е најисправна од сите (можеби затоа што е најнеединствена од сите други: ЦПЦ, СПЦ, ГПЦ, РПЦ, БПЦ и така натаму до недоглед, нема да ми стасат 5 страници). Од каде ви е таа помисла дека секој Македонец по Default е православен? Верата е право на избор (или неизбор) на секој граѓанин на оваа земја (нормално и во секоја друга) Никогаш не го заборавајте тоа.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2007 во 21:58
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

Браво Сард.
Верувај иако немаш причина, верувај затоа што нема друго објаснување (да не речам изгледа најлогично), верувај затоа што сите ние веруваме, верувај оти тоа е светата книга и таа така кажува. Иако не веруваш, верувај и ќе станеш поголем верник и од мене...... Boolsheet што би рекле Америве.
Прочитај се само, дури ни ти самиот не веруваш дека е така, но не знам заради која причина го тврдиш спротивното. „Верници“, чукнете се малку по главата. Црквите и религиите се една од најголемите причини за војни и безредија, за поделби на луѓето, за бедотија. Светот ќе беше многу поубаво место за живеење ако не беа тие.
Која би била смислата на човечкото постоење ако се ни однапред дадено и предодредено. Ако некому му било „Пишано„!!!! Од кого тоа пишано?? Колкава ли би била таа книга за нас 6,5 милијарди луѓе. Зошто тогаш сите се трудиме (барем повеќето од нас) да постигнеме повеќе во животот? Ако ни е „пишано“ да наследиме некоја богата тетка од Америка, тогаш зошто воопшто и да помислуваме да станеме од креветот наутро? Или ако ни е пишано да умреме утре зошто да се мачиме да го живееме и денешниов ден?
И ако веќе, поради некоја причина, само вам позната, сепак верувате, зошто мислите дека „Вашата религија“ т.е. православната е најисправна од сите (можеби затоа што е најнеединствена од сите други: ЦПЦ, СПЦ, ГПЦ, РПЦ, БПЦ и така натаму до недоглед, нема да ми стасат 5 страници). Од каде ви е таа помисла дека секој Македонец по Default е православен? Верата е право на избор (или неизбор) на секој граѓанин на оваа земја (нормално и во секоја друга) Никогаш не го заборавајте тоа.


Ако го прочита мојот текст зошто верувам тогаш ќе видеше дека верувам ЗАТОА ШТО ИМАМ ПРИЧИНА. Прочитај го текстот. Каде и да погледнеш има причина за верување. А не веруваат во Бога оние кои не ги интересира вистината.

Причината за војните и безредијата лежи во самиот човек во неговата падната природа.
Последните војни, Првата и Втората Светска војна не беа верски и религиозни, па сепак беа најкрвави.

Прашањето за она што е однапред одредено или „пишано“ не ти е јасно. Православната теологија не вели дека нешто ти е пишано. Ние ја градиме историјата заедно со Бога. Така што нашата судбина зависи од нас. Прашањето за „слободата“  и „судбината“ (детерминираноста и недетерминираноста) е тешко прашање за било која идеологија на која сите запнуваат, а Православната теологија одлично го објаснува, само ти тој одговор не го знаеш.

Учењето кое ја има вистината не прави повеќе компромиси со учењата на лагата. Затоа за разлика од сите други верувања и идеологии кои се спремни да прават компромиси, Православната теологија не прави компромиси со никого. Како суверена вистина во духот на правдата и правичноста сведочи за вистината. Не ја наметнува и не се шири со сила, затоа што нема потреба од тоа нема потреба да се плаши од другите учења и верувања. Ја докажува и благовести вистината, додека другите бидејќи се лага и не можат да го докажат она што го тврдат, применуваат сила за да го наметнат своето верување и идеологија.

Кој е тој кој тврди дека секој Македонец по default е Православен!? Јас воопшто не го тврдам тоа! Господ ја почитува нашата слобода на избор и затоа во Православните земји (за разлика од некои други пример муслиманските) никој никого не принудува да верува во Бога.  А ако вистината која христијаните ја сведочат ја измачува твојата совест, од тоа не можеме да те поштедиме. Не можеш да ни го одземеш правото да ја бараме вистината и да сведочиме за неа.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.