IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - Познатите - каде се ... што прават ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познатите - каде се ... што прават ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2020 во 15:37

Елена Велевска со понуда до фановите за „блиска средба“, тие и возвратија со „непристоен предлог“





Елена Велевска со понуда до фановите за „блиска средба“, тие и возвратија со „непристоен предлог“ (ФОТО)

Дефинитивно, карантинот прави чуда…  Она што никогаш не би ти паднало на ум или не си имал време да го правиш, кога си во изолација ти доаѓа да си кажеш: „Сега му е мајката…“  Од домаќинлук до билдање популарност. На секој од нас му текнува нешто со што ќе ја разбие монотонијата, ќе ја отепа досадата, а од друга страна, смета дека тоа нешто може да биде корисно, да му оди во прилог, да биде од полза… Или нему лично, или на тие околу него, а можеби на сите.

Особено моќна алатка станаа социјалните мрежи на кои можеш да направиш, изведеш, објавиш, споделиш… што ти душа сака. Така сите, така и пејачката…

Имено, Елена Велевска реши да биде што поактивна во карантинот, за времето побргу да и помине, а тоа што го прави да ја одржи во „кондиција“ нејзината кариера, а и самата да остане во конекција со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.

Меѓудругото, Велевска најпрвин на своите Инстаграм приказни им овозможи на нејзините фанови и Инстаграм следбеници да и поставуваат прашања, на кои таа кусо ќе им одговара.

Во меѓувреме,  атрактивната македонска фолкерка доаѓа до нова идеја, па до своите обожаватели има нова понуда, овој пат баеги присна:  Тие неа споделено видео со нејзина песна, таа ним за возврат – „блиска средба“.  Рокот, до 1-ви мај!

Во меѓувреме стигнуваат прашањата на фановите до згодната и сексапилна пејачка. И како што е редот, повеќето, се коментари, пофалби, комплименти за неа, нејзиниот иглед, песните кариерата, арно ама… Меѓу сите нивни прашања и нејзини одговори, доминира ЕДНО, кое периодично се повторува, па му доаѓа нешто како одговор на нејзината понуда за „блиска средба“ со фановите… само што е прашање, кое всушност е еден вид „непристоен предлог“ кој гласи: „Елена дали ќе се омажиш за мене?“

А Велевска, се’ уште недоразведена, прво беше фина и одмерена во одговорите.

Но откако сфати дека „брачната онлајн понуда“ нуди широк избор, пејачката како да го губеше трпението, па на оние што и онлајн ја побараа нејзината рака, на крај нервозно им одговори со прашање:  „Аман, што ви е?“  

Ништо… веројатно и тие имаат „карантински синдром“. Затоа едвај чекаме да го видиме резултатот од понудата на фолкерката за „блиска средба“ со среќниот обожавател. И ние и особено оние што ќе одговорат на нејзиниот предизвик, па секој од нив со душа ќе чека и стрепи да дознае, дали токму ТОЈ е најголемиот среќник!? А дотогаш, снимај, постирај и ќути – трај… до 1-ви мај!


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2020 во 23:35
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2020 во 21:43

Нека е жив и здрав Филип: Антонио Милошоски стана татко по пети пат


Milososki-5-dete-Filip

„Драги пријатели, во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко!

Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите Ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за Вашите семејства и најблиските.

Благодарни сме многу на Д-р Филип Вановски (Хистера) и Д-р Златко Палчевски (Систина) и неговиот тим!“, објави на својата Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 22:37

Мерките попуштија – време е Снеже Велков да се стегне 

 16. МАЈ 2020. 
Мерките попуштија – време е Снеже Велков да се стегне (фото)
ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЖЕВЕЛКОВ
  • Пандемијата со коронавирусот не само што ги затвори кафулињата, рестораните, трговските центри, туку и теретаните и салите за вежбање.

    Оние кои имаа практика да спортуваат и тренираат и за време на изолација најдоа алтернативно решение. Така некои вежбаат дома, пешачат, возат велосипед…но едно е сигурно многумина се активираа, па сега речиси сите на некој начин се занимаваат со физичка активност.

    Македонската фитнес инструкторка и водителка Снеже Велков вели дека салата за вежбање е нејзиниот втор дом.

    Така, таа редовно со девојките од пилатас тренираше. Се додека не доби една повреда на коленото, па мораше да паузира.

    ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЖЕВЕЛКОВ

    Меѓутоа, Снеже им се врати на тренинзите,  секако со успорено темпо, но не се откажа од вежбање.

    Ни корнота, ни вонредната состојба не ја спречија Снеже да продолжи со пилатас.

    ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЖЕВЕЛКОВ

    Иако не може засега да оди во сала, таа најде алтернативно решение да се стигне, односно да вежба дома.

    Неодамна во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели како вежба, а во описот напиша:

    „Мерките попуштија, време е да се стегнеме“.

    Кон врв
    paralelogram Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 29.Мај.2017
    Статус: Офлајн
    Поени: 787
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 22:42
    А јас пред некој ден баш седам дома и си викам.. Што ли прави снеже во овие кризни времиња...
    Кон врв
    zamislena Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 03.Јануари.2010
    Статус: Офлајн
    Поени: 14566
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 22:52
    Замисли и јас исто.... се чудев како може да си ја задржи формава 
    а таа пустата се ...стегала.....хи, хи...
    Кон врв
    zamislena Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 03.Јануари.2010
    Статус: Офлајн
    Поени: 14566
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2020 во 22:23
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.