|
Атрактивни национални паркови низ светот |
Внеси реплика |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 03.Април.2018 во 09:06 |
Национални паркови во Европа што некогаш треба да ги посетитеКога ќе се спомене национален парк секогаш во умот ми се провлекуваат пејзажи кои ми будат спокој и хармонија. Посебно оние места кои не се допрени од човечка рака и чија дивина те прави да се чувствуваш посебно. Исто како да имаш заталкано во некој сосема непознат свет, сличен на оние од приказните. Сигурно многумина ги имаат посетено македонските национални паркови како што се Пелистер, Маврово и Галичица. Но, кога ќе се спомене патување во странство секогаш природните и заштитените предели се места кои знаат да го привлечат окото на туристите и патниците. Планински масиви, полиња со трева, диви животно и кампување со логорски огин, тоа е комбинација што секое авантуристичко срце го посакува. Иако во светот постојат над 7.000 национални паркови, сепак во продолжение следува суптилна листа на неколку кои се наоѓаат во Европа. Плитвички Езера (Хрватска)Wild Taiga (Финска)Saxon Switzerland (Швајцарија)Belluno Dolomites (Италија)Ecrins (Франција)Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: КРКА - НАЦИОНАЛЕН ПАРК ВО ХРВАТСКАНационалниот парк е познат по големиот број на езера и водопади. Во паркот се наоѓа и православниот Манастир Крка кој е основан 1345 година. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НАЈУБАВИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ ВО ЕВРОПАНепознати и волшебни: десетте најубави национални паркови во Европа што, најверојатно, никогаш не сте ги посетиле. Пенеда Гереш (Португалија) – најголемата португалска природна атракција и прв национален парк. Во него живеат разни животински видови, меѓу кои и автохтоната раса кучиња, Castro Laboreiro. Саксон (Швајцарија/Германија) – карпесто подрачје што се издигнува до 2000 метри височина. Мостот на фотографијата е изграден во 1824 година, за посетителите да можат да уживаат во спектакуларниот поглед. Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 09:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСКУСТВО НА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТ: ЖИВОТ И РАБОТА ВО НАЈУБАВИОТ НАЦИОНАЛЕН ПАРКОд оваа причина за нас интересно беше да ги пренесеме импресиите што Стефаниа Макаровска ( студент на Економскиот Факултет во Скопје ) ги има од ова уникатно место. СМ: „Јас пред се премногу ја сакам природата и животните и тоа беше основна причина да аплицирам за овој национален парк. Работата ја добив преку Ф: „ Кажа дека сакаш животни, дали тоа значи дека имаше можност да ги видиш во нивна придордна средина како се шетаат и дали можеш да им пријдеш “ СМ: „ Животните во паркот се слободни и можеш да ги видиш скоро насекаде. Мене лично најмногу впечаток ми оставија елените и бизоните. Но во Yellowstone има и мечки, лисици, зајаци , диви кози и уште многу, многу други видови на птици “ – вели Стефаниа. “За мене исто така представуваше задоволство можноста да јавам коњи кои во овој парк ги има доста и се некоја форма на превозно сретство кога се органзираат ексК*рзиите низ паркот“. Ф: „ Што работеше во овој парк “ СМ: „Првата година од мојот престој во Yellowstone работев како помошник келнер. Втората и третата година добив унапредување и бев келнер. Тие што биле во Америка, знаат дека келнерите заработуваат многу, многу повеќе од останатите работни позици. Работев во преубавиот Yellowstone Resort – изјави Стефаниа. „ Презадоволна сум од условите на сместување и целиот престој таму. Сместувањето и храната се скоро бесплатни, ако се спореди колку плаќаат студентите кои работат на Источниот брег. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: НАЈУБАВИТЕ НАЦИОНАЛНИ ПАРКОВИ - YOSEMIITПаркот зафаќа површина од 761 268 хектари (3 080 74 км2 ), а се наоѓа на надморска височина од 648 до 3997м и содржи пет зони на вегетација: дабови шуми, долна планинска зона, горна планинска зона, субалпска и алпска зона. Во Калифорнија има околу 7000 видови растенија, околу 50% од нив ги има во Сиера Невада, а од нив повеќе од 20% ги има во Јосемит. Постои соодветна документација дека 160 ретки видови на растенија опстојувале во паркот благодарејќи на ретките геолошки формации и карактеристичната почва. Од геолошки аспект Јосемит го карактеризираат гранитни карпи. Сиера Невада како планински масив почнала да се издигнува пред 10 милиони години. По речните корите почнале да се формираат длабоки и тесни кањони. Пред околу 1 милион години акумулираните глечери од снег и мраз од високите алпски пасишта почнале да се движат надолу по речните долини. Еден од тие глечери за време на раната глацијација достигнал височина од 4000 стапки (1,200 м). При движењето на тие глечери се создале валови кои претставуваат природна атракција и привлекуваат огромен број на посетители. Јосемит над 3.7 милиони луѓе го посетуваат секоја година, а најмногу посетителите се задржуваат во 18 м2 од целиот парк. Јосемит за светско природно наследство е прогласен во 1890, а својата титула ја добил поради спектакуларните гранитни карпи, водопади, потоци, шумскиот џин Секвојата и разновидниот биолошки диверзитет. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Големиот извор, Јелоустоун национален парк Oвој врел извор е најголемиот во САД и трет по големина во светот, а секој од неговите обоени прстени е составен од различен вид термофили, микроорганизми кои живеат на високи температури. Врз различните термофили кои се адаптирани на уникатни температури и pH нивоа на нивното опкружување различно влијае експонирањето на ултравиолетовата светлина од сонцето, што создава виножитна обоеност на изворот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |