IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Велигденска трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Велигденска трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:15
Велигденско јагне

Велигденско јагне


Состојки
1 кг брашно
600 мл топло млеко
100 мл зејтин
4 јајца
1 г. лажица сол
1 м. лажиче шеќер
1 квасец
50 гр маргарин
50 гр сусам
2 зрна суво грозје

Се става квасецот да нарасне со 200 мл млеко едно лажиче шеќер и едно лажиче брашно. Откога ќе стаса квасецот се замесуваат три јајца, 600 мл млеко, 100 мл зејтин, солта и брашното. Се замесува меко тесто и откога ќе се измеси се остава тестото да нарасне. Потоа се размесува и се прават мали топчиња се ставаат едно до друго, за главата се става поголемо топче, се формираат нозете и се ставаат ушите. За очи се ставаат сувите грозја. И врз телото се премачкува со јајце и се посипува со сусам. Се остава да нарасне и после се става да се пече на 220 с.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:13
Велигденско зајче со мустаќи

Велигденско зајче со мустаќи



Состојки
1 кг. брашно
1лажица сол
1лажица шеќер
25 гр. свеж квасец
1/2 л. млеко
1 шолја масло
1 јајце


Од дома ми викаат дека личат на глувчиња ама јас си ги викам зајчиња =)

Најпрво активирајте го квасецот со млакото млеко, брашното, солта и шеќерот и потоа замесете меко тесто и оставете го околу 20-30 мин. на топло.
Земете малку од тестото и обликувајте две топчиња (поголема и помала) за телото и главата, па потоа и за носот, ушите и шепите (на местото за нозете можете да ставите и по едно јајце).
Од две зрна бибер направете ги очите, а за мустаќи употребете шпагети.
Зајачињата ставете ги во сад за печење на кој претходно сте ставиле мрсна хартија и оставете го на топло уште 10-тина минути, додека да се загрее рерната. 
Тестото не треба долго да стои, бидејќи ќе расте, па може да се случи зајчињата да го изгубат обликот. Затоа, почекајте само неколку минути.
Пред да го ставите да се пече, премачкајте го тестото со изматено јајце и по желба посипете со сусам. Печете на температура од 200 степени, околу 20-25 минути.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:12
Велигденско тесто - зајче (декорација)

Велигденско тесто - зајче (декорација)


Состојки
600 гр брашно
1 пециво
1 лажиче сол
100мл масло
1 паковка сув квасец
200 мл млеко
1 јајце за премаз
вода по потреба

Ова е тесто кое е меко како памук, а јас ќе го искористам за да ви прикажам една Велигденска форма на кифла.
Патем да кажам дека овие супер кифли ќе ги подготвите за 15 минути.
Брашното го сееме и префрламе во сад за месење.
Квасецот го раствараме во млекото и кога ќе стаса го префрламе во брашното.
Солта ја нанесуваме по краевите на садот, а пецивото го помешуваме со брашното и маслото.
Месиме тесто и постепено ќе ја додаваме топлата вода се додека не замесиме убаво меко тесто.
На работната маса веднаш ја размесуваме смесата и делиме топчиња.
Мене ми испаднаа 10 топчиња од кои направив 10 зајачиња.

Земаме едно топче и вадиме тесто за опавче уши и глава.
Останато го сукаме со двете раце да испадне како јаже долго и вртиме полжавче.
На полжавчето додаваме глава уши и опавче.
Окото го направив со биберче, а вие ако сакате смислете му нешто по ваш избор.
Видете на сликата како изгледа.
Намачкајте со матено јајце во кое ставивте малку сол и масло и веднаш печете.
Еве ви идеја за Велигденско зајаче.
Израдувајте ги вашите најмили.
На здравје





Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:10
Ситни Велигденски колачи со суво овошје

Ситни Велигденски колачи со суво овошје


Состојки
2 чоколада
100 гр бисквити мелени
50 гр урми сецкани
50 гр суво грозје
150 мл млеко
100 гр путер
100 гр ореви сецкани

Путерот се топи заедно со млекото.
Во друг сад се ставаат сецканите урми и суво грозје, мелените бисквити и сецканите ореви.
Се прелева смесата додека е топла и се соединува.
Се полнат претходно прелиените калапи со чоколада,па се оставаат да се изладат.
Се покриваат повторно со тенок слој на чоколада и повторно се оставаат да стврдне чоколадата,па се вадат од калапите.
Ете ви ситни колачиња,кои радоста на најмалите ќе ја направат најголема.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:08
Велигденска плетенка (козињак, милиброд)

Велигденска плетенка

Состојки
За тесто
750 гр брашно
150 гр шеќер
350 мл млеко
150 мл масло
2 јајца
1 квасец
2-3 ванилин шеќери
За фил
100 гр афион
10 лажици џем или мармалад
За премачкување
1 жолчка
По желба, ореви, суво грозје, кора од лимон или портокал.

Традицијата продолжува, ја подготвуваме за Велигден, а секаде има различно име.
Додека не почнав да се дружам со Вас овде на МР поима немав што е тоа козињак, а познат ми беше милибродот. Еве и јас да ви се придружам со еден вкусен традиционален рецепт...

Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки со млако млеко. Се остава да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на три дела.
3. Секој дел се сука во правоаголник, ама во форма на долга прачка, се филува, па се мота како ролат. Од трите прачки или ролатчиња се прави плетенка.
4. Плетенката ја ставаме во круг во округло намрсено тавче или пак ја делиме на два дела и ги редиме во правоаголно тавче.
5. Плетенките ги премачкуваме со жолчка од јајце и ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути или додека да ни се загрее рерната.
6. Ги печеме на 180-200 степени во загреана рерна до поцрвенување.

Забелешка
Афион и мармалад ставајте по вкус, одокативна е дозата, затоа што мармаладот може да е погуст, посладок или поредок.
Вкусен е и ако се изренда кора од портокал во него, јас особено така го сакам. Може во тестото, а може и во филот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:06
Велигденска салата со брокула

Велигденска салата со брокула


Состојки

5оо грама компири
200 грама брокула
2 јајца
1 лажица зачин
2 лажици лимонов сок
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:02
Велигденска салата


Велигденска салата


Состојки

  1. 4-5 варени јајца
  2. 3 поголеми компири
  3. 200 грама сирење
  4. 1 тегличка мајонез



Изменето од Valerija - 27.Март.2018 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 11:01
Велигденска погача

Велигденска погача



Состојки
500 мл млеко
3 јајца
3 лажици масло
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 коцка свеж квасец (40гр)
1.200 кг брашно (по потреба)
1 жолчка за премаз

Убава и декоративна погача која ќе ја краси вашата трпеза.

Најпрво се става квасецот да надојде со малку млеко и лајче шеќер. Потоа во длабок сад се ставаат сите состојќи постепено додавајки го брашното. Се меси убаво меко тесто. Тестото се остава да одмори на топло. 
Се дели на три дела. 
Првиот дел(поголемото тесто) се сучи и се премачкува со масло. Се витка ролат и се сечат парчиња кои се редат во тепсијата бр.28 наоколу. 
Вториот дел (средното тесто ) се сучи кора и се сечат ленти кои се испреплетуваат и тоа оди за во средина. 
И најмалото тесто се сучи во долга лента која се превиткува во фалта и се сечка.Така пресечено се става околу првото тесто. 
Се остава погачата да стаса.Се премачкува со жолчка и масло и се посипува со сусам.... Се печи 40мин.-200 С.За многу години !


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2018 во 10:59
Велигденски корпи (без печење)


Велигденски корпи (без печење)

Состојки
200гр мелени бисквити
100гр мелени печени лешници
1/2 маргарин
75гр шеќер
украсување
1 бело чоколадо
по потреба желе

1. Прво се замесуваат бисквитите шеќерот лешниците заедно со маргаринот и сокот од лимон (сокот ќе го балансирате од зависност на мекоста на тестото).
2. Потоа се прават бомбици големината да одговара со калапчето во кое ќе ги стегате слатките.
3. Го земате калапчето поставувате најлонче и ја ставате бомбицата внатре и со помош на показалецот ќе направите мала вдлабнатинка.
4. Во длабнатините ставате од белото стопено чоколадо и ставате парченца од исецканото желе.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.