Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Март.2016 во 18:39 |
Направи сам: Наместо завеси прозорци со тантела
За сите оние кои сакаат малку поинаков изглед на нивните прозорци еве една интересна и практична идеја со која ќе избегате од секојдневното клише и ќе испробате нешто ново. Станува збор за украсување на стаклото со тантела, кое дава префинет и шик изглед на вашите прозорци.
За овој мал направи сам проект ќе ви биде потребна тантела со омилената шара, ножици, вода, штирак, метро за мерење и четка. Најпрвин измерете го прозорецот за да видите колку ткаенина ќе ви биде потребна, а потоа исечете го материјалот.
Во четвртина шолја со вода разматете 2 лажици штирак, па смесата додадете ја во сад во кој претходно сте ставиле 2 шолји жешка вода. Ако ви изгледа дека смесата е премногу ретка додадете уште малку штирак. Потоа поставете ја тантелата на стаклото и со помош на четка натопена во смесата започнете да ја лепите по прозорецот. Откако ќе ја залепите целата ткаенина ви преостанува само да ја оставите да се исуши.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2016 во 09:49 |
Направете сами: Интересна фото лампаАко сакате уникатен начин да ги покажете вашите фотографии, тогаш пробајте ја нашата идеја за фотолампа. За овој проект ќе ви требаат обична светилка со абажур, испринтан колаж од фотографии, создаден според димензиите на абажурот. Ви препорачуваме да користите црно-бели фотографии, за дизајнот да биде поавтентичен. Оставете си и по неколку сантиметри од двете страни на хартијата, ако не сте успеале да ги пресметате точно димензиите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Март.2016 во 13:17 |
Направи сам“ шарена декоративна прекривкаРазубавувањето на ентериерот не секогаш подразбира големи вложувања и промена на мебелот. Некогаш само еден декоративен елемент може да биде сосема доволен. Овој „Направи сам“ проект е креативен начин да го исполните вашето слободно време и воедно да создадете мека и топла повеќенаменска прекривка. Прекривката може да ја користите како тепих, облога за стол или табуретка, украс за ѕид или како алтернатива за традиционално задглавје на креветот. Изборот на големината и на бојата останува на вас, во зависност од останатиот декор во домот. Одберете повеќе нијански од истата боја за да добиете „омбре“ ефект или повеќе бои за повпечатлив ефект. Потребен материјал: – 10 клопчиња волница (за прекривка со димензии 1х1 метар) – подлога за тепих – ножици Начин на изработка Овој „Направи сам“ проект започнува со изработка на повеќе мали забавни пом-пом топчиња. Изберете волница во различни бои и почнете со изработка на топчињата. Држејќи го во рака едниот крај од волницата, започнете цврсто да го намотувате клопчето околу прстите, сè додека не можете повеќе да ги поместувате. Симнете ја волницата од рака, а потоа неколку пати завиткајте ја по средината со волнениот конец што е поврзан со клопчето. Оставете нишка од петнаесетина сантиметри да виси (за да можете да го прицврстите пом-пом топчето за подлогата), исечете ја волницата и врзете ја. Протнете ги ножиците и пресечете ја намотаната волница од двете страни како што е прикажано на сликата и сте добиле еден елемент од прекривката. Исечете ја подлогата за тепих на саканите димензии. Провлечете ја волницата што ја оставивте да виси три пати низ дупчињата и заврзете ја во јазол. Врзувајте ги топчињата едно до друго сè додека не ја прекриете целата површина на подлогата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Март.2016 во 21:10 |
Направи сам: Креативни идеи за употреба на теглиДома сигурно имате тегли во различни големи, а доколку ви стојат така и сè уште не сте им нашле употреба, во продолжение погледнете неколку креативни идеи што можеби ќе ве инспирираат. 1. За осветлување во градината и дворот 2. Наместо вазна за цвеќе Можете да ги бојадисате во впечатливи бои и ќе добиете уште подобар резултат. 3. За чување пенкала, моливи, фломастери… Можете да употребите и помала тегличка. 4. Или можете да ги искористите за чување на различни работи во тоалетот (како на пример памучкиња) 5. За чување на приборот за шиење 6. Наместо рамки за слики 7. За служење пијалак или едноставно како декорација 8. Декорација за свечени прилики
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 18:18 |
НАПРАВЕТЕ САМИ ЧЕРГИЧЕ ОД КАМЧИЊА ЗА ВАШАТА КУЌА
Изменето од Valerija - 02.Април.2016 во 18:19
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Април.2016 во 14:02 |
Фонтаните се секогаш интересен детаљ кој може значително да придонесе за атмосферата вашиот дом. Жуборењето на водата има смирувачко дејство врз мозокот, па ваквите фонтани се одличен украс кој не само што ќе го разубави просторот туку исто така и ќе ви помогне да се релаксирате и да го одморите мозокот после секојдневните обврски. Потребни ви се неколку саксии со различна големина, еден поголем сад за основа и секако пумпа за вода и алат за правење дупки. На крајот украсете ја со камчиња, растенија или дополнителна саксија и уживајте.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Април.2016 во 08:06 |
Време е да го разбудите дворот од зимскиот сон! Извадете ги цвеќињата надвор, направете нови полици на кои ќе ги изложите, додадете неколку светилки за поромантична атмосфера и прошарајте го стариот мебел. Сето тоа подобро е да ви одземе неколку часа, отколку многу пари, па затоа ви предлагаме неколку „направи сам“ проекти на кои досега не ви текнало. Отворете ја пролетната сезона: 1. Направете табуретки за седење од стари гуми и дебело јаже.2. Белите новогодишни светилки закачете ги на дрвјата, наместо да ги чувате спакувани во кутија до следните празници.3. Направете полица од обичните дрвени палети.4. Сами направете патеки од старите даски - доволно е само да ги наредите во земјата.5. Искористете ги бетонските блокови како ногарки за клупа.6. Старите гуми лесно може да станат саксии - само наполнете ги со земја и закачете ги со синџирче.7. Искористете ги пресечените трупци како масички.8. Вертикалните џепчиња за на врата искористете ги како саксии.9. Шанк од палети и бетонски плочки е секогаш добра идеја.10. Или од старо дрвено буре.11. Кога нема да ви се трошат пари на саксии, повторно искористете неколку цигли и бетонски блокови.12. Кој вели дека не може да имате малку вода во дворот без големи трошоци?13. Обојте по некоја плочка за да го развеселите катчето каде што седите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Мај.2016 во 20:47 |
Направете сами: Перници во форма на писма
Перничињата често се користат како предмет за истакнување и како декоративен елемент во домовите. Затоа ги има во сите форми и големини, како и со различни и интригантни мотиви. Овие перничиња на пример може да додадат малку француски шарм во просторот поради својот оригинален изглед. Овој сет од три перничиња е рачно изработен од памук и декориран е со многу оригинален мотив. Покрај својот прекрасен изглед, перничињата кријат и мала тајна: имаат посебно полнење од цвет од лаванда со што дополнително го освежуваат просторот и му даваат убав мирис. Тие се мали и може да се употребуваат секаде каде што сакаме да внесеме нешто свежо, во спалната соба, во детската, па дури и во автомобилот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Јуни.2016 во 13:19 |
Нaправете сами: декоративна корпа од јажеНачинот на изработка е многу едноставен, а резултатот е фантастичен. Потребно е: - 1 јаже
- лепак
- 1 кофа
- боја
- хартија
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јули.2016 во 08:41 |
Имате барем неколку неупотребени, одамна заборавени кутии во домот? Вообичаено ги користиме за чување на работи во гаражата или едноставно ги фрламе, но од нив можеме да направиме нешто забавно и креативно. Пред да се решите да ги фрлите сите кутии кои ги имате дома, размислете дали сте расположени да се активирате, да ги употребите вашите раце како алатки и да се фатите на работа. Неколку „направи сам“ идеи како стари картонски кутии да ги претворите во практични работи кои секојдневно ќе ги употребувате: 1. Кутија за пикник2. Кутија за чување на шминка3. Фотопроектор4. Да го организирате накитот5. Место за полнење на сите уреди6. „Театар“ од кукли за децата7. „Флипер“ за децата8. Чанти за младите дами9. Куќа за кукли10. „Машина за шиење“11. „Автомобил“12. Мали куќарки13. Костим за маскирање14. Мали глобуси15. Место за организирање на списанијата
6. Кутија за чување на пешкирите17. Декоративен куфер18. Куќарка за птици19. Колаж за фотографии20. Декоративни полици21. Место за организирање на боички и пенкала21. Џебен нотес22. Место за чување на врвки, конци...23. Канта24. Саксија за цвеќе25. Куќарка за миленикот26. Декоративен камин27. Полици за чување на чевлите28. Кутии за чување на облека29. Кутија за шминка30. Полица за книги < ="https://www.youtube.com//vmAT2acnoHU" width="630" height="473" border="0" allowfullscreen="allowfullscreen" style="margin: 0px auto; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: initial; display: block;">
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јули.2016 во 08:53 |
Направете сами: Ламби од хартија
Доколку во вашиот дом се наоѓаат вишок парчиња од украсна хартија, време е да ги претворите во креативна задача.Малите ситници кои зафаќаат залудно простор во вашиот дом, често кријат потенцијал за некаква практична примена. Во продолжение, ви прикажуваме 20 прекрасни идеи со кои хартијата ќе ја претворите во украснa ламбa.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2018 во 15:35 |
Вториот живот на пластичните цевкиЕве неколку оригинални идеи како да направите столчиња за Вашите деца, како да се направите вазна за цвеќе, држач за фен, организатор за бања..
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Декември.2019 во 22:05 |
10 креативни идеи како на практичен начин да ги искористите шишињата од средстватаНе брзајте да веднаш да ги исфрлите празните шишиња од средствата за хигиена, бидејќи следните 10 креативни идеи ви носат вистинска инспирација како на практичен начин, вашиот дом да го претворите во модерен и прекрасен простор!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Февруари.2020 во 19:49 |
Направи сам - Вазни од стаклени епрувети и дрвени рамки Ако сакате цветни аранжмани во ентериерот, сигурни сме дека ќе бидете импресионирани од овие уникатните минималистички вазни кои дизајнерката и архитект Со Јунг Ли ги има креирано во своето студио во Сеул. Дизајнирани од стаклени епрувети и тркалезна дрвена рамка, овие необични мали куќички за свежи мали букети, се детали кои совршено се вклопуваат во најразлични стилови на ентериери.
Изменето од Valerija - 20.Февруари.2020 во 19:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|