IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2015 во 12:34
Удобен мал стан од 13 метри квадратни

Станот на полскиот дизајнер Симон Ханкцар претставува интересен пример колку малку простор е доволно за удобно домување.

Во неговиот министан од само 13 метри квадратни умешно и практично се сместени и распоредени мебел, техника и простори што се неопходни за удобно уживање, а ентериерот воопшто не изгледа пренатрупано, туку дури и просторно.



Во светлиот апартман има поставено спална, со кревет на кат, тоалет, мала кујна, работна маса што може да служи и како трпезариска, држач за велосипед и велосипед, машина за перење алишта, шкафови и удобна лулашка од едниот до другиот ѕид. Иако изгледа тешко за верување, добриот распоред го прави местото да изгледа просторно и уредно, сосема доволно за еден човек или пар. Сè изгледа удобно и функционално, стилот е минималистички со топлина што ја внесува дрвото, а во домот не недостига ништо од мебелот и техниката што е неопходна за домување.






Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 22:50

Црно-бела приказна раскажана во 48 метри квадратни

Лоциран во срцето на Шведска, овој мал, но шармантен стан неодамна доживеал целосна трансформација, а крајниот резултат е нов ентериер, многу поелегантен и покласичен од оној претходниот.

Станува збор за мал стан кој што се карактеризира со црно-бел ентериер, класична и стилска комбинација која што се одржува во секоја од собите. Простирајќи се на површина од само 48 метри квадратни, апартманот поседува прекрасна бела кујна, дневна соба со малтерисани ѕидови, бања со стилски плочки, голем гардеробер и две тераси.

Сите ѕидови во овој дом се бели и речиси се претопуваат во исто така светлиот под, а модерниот и едноставен изглед е надополнет во целост со дискретните осветлувачки елементи.

Влезот е опремен со рустикална врата која води во овој светол дом. Ходникот исто така има бели ѕидови, но во оваа просторија тие се ставени во силен контраст со темните мат плочки на подот.

Оттаму се пристигнува до гардероберот каде што има доволно простор за складирањето на облеката и сите други работи од домаќинството, а правилното и лесно организирање е овозможено преку големиот број на фиоки и полици.

Дневната соба, трпезаријата и кујната создаваат еден поголем отворен простор кој исто така изобилува со многу белина и црни детали. Еден од ѕидовите во оваа просторија е варосан и сето тоа на целиот простор му дава по малку рустикално и инвентивно чувство.

Кујната е пространа и изобилува со површини за работа, а елементите во истата се изработени во бела боја, но се надополнети во одличен контраст со сиви детали и црна работна површина. Спротивно од кујната се сместени двете тераси кои што се само “јаготка на шлагот” во овој симпатичен стан.

 



Изменето од Valerija - 15.Август.2015 во 22:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2015 во 09:24

Хармоничен стан од 42 метри квадратни

Прекрасниот стан од 42 метри квадратни, кој се наоѓа во Сан Франциско, е доказ дека убавината лежи во совршено одбраните детали.

Декориран е со интересни послужавници, сувенири, свеќници и свежо цвеќе во пастелни бои кои му даваат доза на шарм и хармонија.

Мебелот не е претерано модерен, но со добро одбраните перници и прекривки делува топло и совршено удобно за зимските денови.

Дневната и спална се споени во една соба, која креативно е одлично комбинирана и одвоена од останатиот простор.

Добро разгледајте го овој минијатурен стан, можеби ќе пронајдете некоја идеја и инспирација која ќе го освежи вашиот мал простор.




Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2015 во 15:54

Прекрасен стан со само една соба


Кој вели дека еден дом мора да биде голем, за да биде удобен.

Следниот стан лоциран во Гетеборг , Шведска, се протега на само 50 квадратни метри , но ако ги разгледате фотографиите подолу, ќе се заљубите во него на прв поглед и ќе започнете веднаш да сонувате за слична атмосфера и уметнички дом.

Станот претставува една огромна соба во која има сè – дневна, кујна, спална, бања, мал ходник и тераса.

Малата просторија е целосно реставрирана од дизајнерите на Alvhem кои успеваат да ги сочуваат автентичните елементи , додавајќи модерен комфор. Внатрешноста е решена целосно во бело – боја која е типична за сите земји на Скандинавија , а контрастот го чинат многу шарени акценти.



Изменето од Valerija - 15.Септември.2015 во 15:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2015 во 16:03

Има само 29 метри квадратни, а изгледа прекрасно


Студиото за дизајн на ентериери “3XA” го проектираше и го изведе ентериерот на минијатурен апартман во Вроцлав, Полска.

Малиот дом со површина од 29 метри квадратни е неверојатно комфорен и се состои од сите неопходни простори изведени како креативни решенија за удобно живеењ во мал простор.

Практичниот мал ентериер има поврзани кујна, трпезарија и дневна соба и спална соба на полукат изведен над ходникот во домот. Во овој дел на ходникот е компактно вметната и мала бања. Секој простор во домот гледан посебно е малечок, но симпатичен бидејќи неговиот распоред дозволува слобода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2015 во 15:26

Имате само 37 метри квадратни простор? Еве како да ги искористите

Современиот ентериер на овој апартман кој што се наоѓа во Киев, Украина е дело на архитектонското студио The Goort. Целиот простор зафаќа површина од само 37 метри квадратни, а програмата е распоредена двовисински односно во долниот дел се наоѓа дневниот престој, а на горното ниво е просторот за спиење. Овој ентериер е решен минималистички со примена на дрвени елементи и акцентирање на ѕидот од тула.

 

слика-2

слика-3

слика-4

слика-5

слика-6

слика-7

слика-9


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2015 во 14:47

Малечок стан од 24 метри квадратни како создаден за млад пар


Речиси и да нема некој кој е во своите 20-ти, а да не сонува за гарсоњера која може да ја уреди по своја желба и мера.

Romantichen-prostor-od-samo-21-metar-kvadraten-01.jpg

Овој мал стан од само 24m2 има сè што е потребно. Светол и модерен, идеално уреден за млад пар.

Внатрешноста е изработена од природно дрво полно со црвени детали.

Зоната за спиење е издвоена со креветот за сопствениците сепак да имаат малку приватност.

Прекрасни се големите прозори кои изгледаат многу романтично.

Плочките во кујната и бањата даваат дополнителна ведрина на просторот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2015 во 19:58
Реновиран њујоршки стан од 46 м2

Со живеењето и со работењето во рамките на својот мал стан, сопственикот на апартманот "East Village Studio" секојдневно ги туркал границите на малата површина од 46 м2.

Организацијата на апартманот била на многу лошо ниво и не дозволувала слободно и непречено домување и извршување на домашните и на работните обврски.



Првиот проблем со кој се соочиле архитектите од „Jordan Parnass Digital Architecture“ бил ослободување на домот од сиот неред предизвикан од многуте предмети и дренбулии, што значело креирање простор што ќе биде резервиран за складирање. Втората проблематика била дефинирање и организирање на функционални зони за готвење, чистење, облекување и спиење и воедно за обезбедување визуелна чистина и слобода во ентериерот.



Решението за подобра организација на просторот било да се искористи висината на просторот и да се издигне едно ниво што ќе функционира како спална соба, како и да се искористи секоја можност за складирање.



По обновата, ентериерот на апартманот се одликува со впечатлив изглед нагласен од дрво, кој функционира како хармонична целина. Комбинирањето и спојувањето на кујната, бањата и на спалната соба на ниво е изведено како комплексно „дрвено јадро“. Целта била да се создаде топла атмосфера, пријатна и удобна, и оттука како идеален материјал употребен во голема мера во процесот на реновирање е одбрано дрвото. Со сместување на просторот за спиење на повисоко ниво се ослободил дополнителен простор за вградениот плакар и складишниот простор интегриран во скалите.


Просторот надвор од дрвениот централен елемент е флексиблен. Сите површини се обработени во високосјајна бела завршница, која ја нагласува нивната адаптибилност. Ограничената палета бои помогнала овој мал дом да се претвори во прибежиште од њујоршкиот метеж.



Крајниот резултат е ефикасен, флексибилен простор за живеење и за работење со реорганизиран распоред што може да одговори на професионалните и на приватните потреби на сопствениците.



Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2015 во 20:15

Женствен стан од 40 метри квадратни

Млада дизајнерка сопственичка на овој стан од 40 метри квадратни успеала да вметне ненаметлива женственост во својот мал животен простор. Станот е светол и доминира белата боја која оптички го отвора просторот, и разигран е со пастелни детали и мебел во светли нијанси. Иако мал, ги содржи сите елементи на еден стан – влезен ходник со плакари и скриена перална, купатило, дневна соба, трпезарија, кујна, и минијатурна, но сепак одвоена спална соба.

1

4

5

6

8

9

10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2015 во 08:49

Модерен ентериер на апартман од 40 м2

Едноставниот дизајн и употребата на неутрални бои во малиот простор од само 40 метри квадратни, претставува современо енетериерно решение од дизајнерското студио Curly Studio со локација во Москва. Наместо класичната поделба на просториите со ѕидови, дизајнерите во овој случај се одлучуваат за поделба на дневната од спалната просторија со стаклени површини. Во тесниот простор поставени се голем број скриени простории за складирање, како што е просторот под креветот за спиење и отворени полици. Спрецифичните ентериерни украси како што се сликите, креативниот мебел и ѕидот од тула во бела боја само го надополнуваат просторот и му даваат посебен шарм.

слика-2

слика-3

слика-4

слика-5

слика-6

слика-7

слика-8

слика-9

слика-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2015 во 15:24

Мал, но многу функционален стан

При внатрешното уредување на станови со мала квадратура, еден од најважните аспекти е правилниот избор на мебел и негова соодветна димензија во однос на просторот. Истовремено, изборот на бои зазема голем удел во визуелното доживување на самиот простор.

Овој апартман во Киев од Yana Osipenko, од само 50 метри квадратни, е решен минималистички со користење на сиви тонови и додавање на елементи во зелено. Спалната просторија и работното биро се сместени заедно, покриени со подвижен панел кој се поставува во однос на тоа кој простор се користи, што придонесува за поголема функционалност на целиот ентериер.

слика-1

слика-2

слика-3

слика-4

слика-5

слика-6

слика-7

слика-8

слика-9

слика-10

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2015 во 09:37

Куќа од 7 квадрати, а има се што ви е потребно


Оваа совршено уредена куќичка, од само 7 квадрати, е сопственост на архитектот и дизајнер Марко Пјераци.

Кога ја купувал оваа мала куќа, не го дочекала баш убава глетка. Труло дрво, срушен малтер од ѕидовите се само некои од доказите дека оваа куќичка воопшто не била убаво одржувана и средувана.

Познатиот дизајнер ја искористил висината на куќата, и во неверојатни 7 квадрати сместил трепезарија, кујна, бања и спална соба. Кога ќе ги погледнете овие фотографии, нема да поверувате дека оваа куќа има само 7 квадрати. Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2016 во 15:06
Симпатичен апартман од 35м2 во Италија

Мал и компактен, но комфорен и пријатен за домување, овој апартман со површина од 35 метри квадратни, сместен во Леко, Италија, е пример за вешто искористен простор и тактички пристап во дизајнирањето.

Малиот апартман е дело на архитектонското биро „Studio76“, кое на едноставен начин го трансформирало апартманот од лошо организиран и затворен, во попросторен апартман со подобар и поконфорен распоред за сопствениците.



Тесниот стан е внимателно споен и поделен и има еден флуиден, едноставен тек на движење низ просторот. Избегнати се големи ѕидови кои го делат станот, па така од кујната лесно можете да ѕирнете во спалната соба, меѓутоа не се добива чувство на претерано мешање на просториите, а истовремено е задржана и приватноста и индивидуалниот карактер на секоја соба. Со новиот распоред и отворениот план, апартманот добива нов, покомфорен изглед и атмосфера за домување, која особено може да им одговара на младите двојки и студентите бидејќи ги содржи сите неопходни простори за пристојно домување во мал простор.



Апартманот е уреден практично и економично, вметнати се апциклирани елементи, како дрвени палети и гајби, кои се пренаменети во удобни парчиња мебел и инвентивен декор, кои прилегаат на младешкиот, едноставен и експериментален дух.





Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2016 во 21:36
Мал удобен дом од 28м2 во Русија


Руската дизајнерка Јулија Баранова разви дизајн за стилски, функционален и истовремено комфорен дом.

Светлиот апартман со површина од само 28 квадратни метри е уреден како микс од скандинавскиот стил и московскиот минималистички дизајн.


Домот е со одличен распоред на просториите, што е еден од најважните фактори во дизајнирањето мали апартмани. Во него се сместени сите простори што се неопходни за удобно домување на мало семејство. Со цел да овозможи се поголема просторност, отворениот дом е уреден со минимален декор и практични елементи, како вградени шкафови и полици и мултифункционална композиција, којашто формира спална и работна соба.


Во малиот стилски апартман преовладува светла атмосфера создадаена од спојот на бели ѕидни површини, мебел и ѕидни панели од светло дрво и декор со пастелни нијанси и геометриски мотиви. Баранова вметнала практични мултифункционални елементи за складирање, кои се вешта замена за гломазните и шкафови и комоди.




Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.