IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 282930
Автор
Порака
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2015 во 17:51
За да направите совршен помфрит, погрижете се да користите компири со помалку скроб, а ќе ги препознаете по кората која не е цврста и која лесно се лупи. 

Добро измијте ги компирите, излупете ги и исечкајте ги, а потоа ставете ги во тенчере со вода што врие, малку посолена.

Кога исечканите компири ќе се сварат, извадете ги, добро исушете ги и ставете ги во пластична кеса.

Кесата ставете ја во замрзнувач да отстои 3 до 4 часа. Потоа извадете ги компирчињата и ставете ги во загреано тавче со врело масло и пржете ги додека да не добијат кафеавкаста нијанса. 

Вашиот совршен помфрит е готов!

Препорака: Доколку сакате можете да направите повеќе пакувања од варените компирчиња и да ги чувате во замрзнувачот, вадејќи ги кога ќе имате потреба.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2015 во 21:49

Рецепт за вкусна и запечена боранија

Рецепт за вкусна и запечена боранија


Боранијата е едно од оние јадења, што или ги јадеме или не, но дури и оние кои што не се фанови на оваа здрава храна,може да се поколебаат, откако ќе го пробаат ваквиот начин на подготвување.

Состојки:

500 г. боранија

2 големи моркови

2 јајца

3 лажици кисела павлака

3 лажици јогурт

сол

сув зачин

масло

Подготовка:

1. Во тепсија со вода ставете малку масло. Кога водата ќе зоврие, ставете ја исчистената боранија, па исецканите моркови, посолете и варете околу половина час (боранијата да омекне и водата речиси сосема да зоврие. Пред крајот на готвењето, додадете зачин.

11

2. Префрлете ја боранијата во друг сад. Скршете јајца, во нив додадете павлака и јогурт и измешајте.

22

3. …потоа прелејте ги врз боранијата.

33

4. Печете околу 20 минути во рерна, загреана на 200 степени, за боранијата да зарумени.

44

5. Се служи топла.  Наздравје.

55

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 23:34
Ke praam utre oris tava so pileski batacinja a vo petok gravce pa ako ispadnat dobro ke go pisam receptot i nacinot na podgotvuvanje :)
Ps:stiskajte palci prv pat praam
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2015 во 00:50

Домашен рецепт за мини тако


За четири лица:
500 г. јагнешко мелено месо, 100 г. варена пченка, 3 големи тортиљи, 200 г. рендан кашкавал, 1 дл. павлака, 2 лажици сецкан магдонос, пола лажичка ким, пола лажичка мајчина душичка, 4 лажици масло, сол и бибер.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.Во тавче загрејте масло на средна температура, додадете мелено месо, ким, мајчина душичка и бибер и издинстајте го месото. Потоа измешајте ја варената пченка и посолете по желба. Вишокот од масло исцедете го. На секоја тортиља  исцртајте 4 големи кругови со дијаметар од 10 см. и потоа внимателно сечете. Распоредете ги парчињата на решетката за скара и печете 7-8 минути додека не заруменат. Печените тортиљи наполнете ги со рендан кашкавал и месото. Зачинете со павлака и сецкан магдонос и посолете. Наместо месо, можете да пробате и со свежи печурки.



Изменето од Kastro - 17.Октомври.2015 во 00:51
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:04

Јагнешки ребра во маринада од мед и зачини

Потребни состојки:

  • 1,5 кг јагнешки ребра
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици мелен лук
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици маслиново масло
  • ¼ лажица соја сос
  • ¼ лажица лимонов сок
  • 1 лажица цимет, вино,бибер и сол

Начин на подготовка: 

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Јагнешките ребра ставете ги во огноотпорна тава во која планирате да ги печете и прелијте ги со мешавината. Ставете ги во фрижидер и оставете да попримат од маринадата час време. Потоа преминете на печење во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 40 минути и послужете со зеленчук

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2019 во 15:24
Туна салата со јаболка.

Состојки:
-Туна
-макарони
-мајонез
-јаболки
-сол
-црн пипер

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 282930
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.