|
Кои се причините за сообраќајните несреќи ? |
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Автор | ||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
nisto ne mi e jasno,treba ili ne?.
Нема повеќе казни за возење дење без светлаНовиот закон за безбедноста во сообраќајот нема да бара од нас да возиме дење со запалени светлаОбјавено на 7 август 2015 година |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мојсие, кога ги извел евреите од ропството во Египет, ги вртел низ пустината 40 години… треба да изумрат старите генерации научени на стариот начин на живеење и да се родат неколку нови, во новите услови и нови закони на однесување.
Само така можат да се сменат некои нешта во општеството. И да, сето тоа се'срдно и обилно се потпомага со строги закони… Не за бадијала Мојсие користел драконски "од Бога подарени". Колку што е свеста поназадна, толку казните се поголеми. Свесните луѓе немаат потреба ниту од закони, ниту од казни. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не е само драконски казни да има... проблемот е што не се казнува како што треба и не се сите еднакви пред законот... сите веќе научивме како иде тоа, полицаец добива одредена наредба и денес ја изработува наредбата... ако стои на некоја улица и казнува за пребрзо возење, фокусиран е на тоа и можеш да убиеш човек пред него и да не мрдне со мал прст...
исто така законите во многу ситуации се нејасни и нелогични и постојано се менуваат и е незгодно ако не ги следиш конкретно (како овој новиов со 50, ама не знам што) што укажува на чиста злоупотреба на органите на власта втор проблем е општиот хаос во народов и неговиот менталитет... значи кога возиш, пешачиш или возиш велосипед, мора четири очи да имаш отворени, кај нас сете се понашаат како да се сами на улицата и нема никој околу нив... значи малку ажурност, да застанеш, да закочиш, да поминеш побрзо или слично... побогу, јас кога преминувам раскрсница регулирана од семафор, гледам лево-десно за секој случај, додека некој кога преминува улица блее во облаци... значи кај нас нема општ осет, ажурност и сообраќајна одговорност кога се влегува во сообраќај на прометно место... кај нас не постојат трепкачи, не постои право на предност и секој очекува дека е главен на улицта и сите треба да му се покорат кога тој вози/пешачи невнимателно... и секој мисли дека е во право тоа не знам кој закон ќе успее да го среди... најверојатно се должи на брзиот развој на сообраќајот кај нас во распон од 50 години... или ај да не навредам некој што до вчера одел пеш по опинци по некој каллив пат, а сега влегува во сообраќај за каде што треба да си посебно истрениран споро ни оди развојот на култивизацијата и создавањето на општествена одговорност и почит према другите... за ова е потребно да се чека на еволуција
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е само до џебот. Се согласувам дека преку џебот најлесно се стигнува до свеста на некои луѓе. Затоа што таму најмногу ги боли. Кога возењето со брзина поголема од дозволената или во алкохолизирана состојба, законски би се третирало и казнувало како обид за убиство, како што тоа се прави во некои држави, можеби свеста би била на друго ниво. Во меѓувреме, се множат црните статистики.... Изменето од Анастеа - 06.Октомври.2015 во 10:17 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Почна, почна… само така. Кој нема во глава ќе има во џебот. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Казна од 400 евра за возење над 50 км/ч во населено место "Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. " Не знам дали е точен текстот, ама ако е, тогаш не е точен насловот. Јас како што разбрав од целиот текст, казна од 400 евра би добил некој фатен да вози 50 км/ч повеќе од дозволеното. Значи ако вози 100 или 110 км/ ч (50+50 или 50+60). |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.1.mk/folkerkata-alacki-e-vozacot-koj-pregazi-i-usmrti-pesak-vo-skopje/
Фолкерката Алачки е возачот кој прегази и усмрти пешак во Скопје ! Македонската фолк пејачка која со автомобил удри во 76 годишен старец е Адријана Алачки, пренесува порталот 24 вести повикувајќи се на вистина.мк. Објавена е и фотографија од лице место, снимена најверојатно од автомобил во движење на која се гледа познатата пејачка и водителка, Алачки како стои на улицата. Според очевидци, таа била видно вознемирена во очекување на полицијата која подоцна изврши увид во прегазувањето на К.Деловски (76)од Скопје. Првите информации говорат дека пешакот неправилно ја преминувал улицата но сепак истрагата ќе покаже дали е така. Во секој случај бил направен и алко-тест за да се елиминира возење под влијание на алкохол кај фолкерката. Како што информиравме, на улицата “Франклин Рузвелт” во Скопје, во близина на крстосницата со улицата “Руџер Бошковиќ”, А.А. (47) од Скопје, во попладневните часови вчера со својот автомобил ауди, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Деловски кој од ударот се здобил со тешки телесни повреди поради што со возило на Брза помош бил пренесен на скопските клиники, каде и покрај напорите на лекарите, по околу два часа починал. 4 МЕСЕЦА ПОДОЦНА http://brif.mk/?p=175948 Се разведоа, а сега повторно се заедно! Горан и Адријана Алачки овие студени денови ги заменија со сонце во Бразил. Тие двајца и покрај тоа што се разведени веќе три години сепак заминаа заедно да го промовираат македонскиот фолклор во оваа далечна земја. Не сакаат да зборуваат за приватниот живот но очигледно е дека ги надминале несогласувањата и одлично соработуваат професионално. Горан и Адријана беа во брак 25 години. -------------------------------------------- Во Македонија има осудени за затворска казна само поради нанесени повреди на пешак додека некој ке шта без икаква совест да ја промовира нашата земја? Правна држава е кога законот е за секого ист.... |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Казните мора да бидат исти за сите. Пред законот сите се исти, та дали бил претседателот на државата, министерот на МВР или некоја позната пејачка... сеедно. Како што си имаме пешачка некултура, мало невнимание и ваква несреќа не дај Боже секому може да се случи. Мене пред 2 месеци ми истрча детенце мало пред колата, на 20-30 см од колата. Закочив секундарно и си умрев од страв, иако беше далеку пешачкиот и не возев брзо. А мајката на детето си стои настрана на улица, си зборува со некоја друга жена, само погледна накај детето, го виде пред кола, си ја сврте главата и си продолжи со муабетот. Морав јас да излезам од кола и да му објаснувам на детето дека така не се преминува улица. |
||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas pred 12 godini imav isto vakva soobrakajka , na partizanska ..so retrovizorot od kolata udriv pesak vo laktot , na sredna lenta , nadvor od pesacki premin .. samo srekja moja sto pesakot ostana ziv pa pominav so odzemanje na vozackata dozvola na vreme od 6 meseci i uslovna kazna od dve godini...E sega da vidime dali pravdata za site e ista ili vazi selektivno
|
||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пријателе, не би го земал патот кон Охрид како пример за брзо возење иако и тоа е вистина но статистички најголем број на жртви од сообраќајни несреќи се случуваат во источниот дел на Македонија поради преголема брзина и алкохол. На тој дел од патот "бугарските таблички" царуваат. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=50692
Веста дека Алачки прегазила 76 годишен пешак кој починал во болница како последица на ударот, според канал 5 тв, Алачки со аудито го удрила пешакот со ретровизорот (како да тоа не е кривично дело бидејќи има починато лице поради тој удар) и сега "познатата" фолкерка ќе биде заштитувана како бела мечка и за неа нема да важи законот за прилагодување на брзината. Наводно немало кочење, пешакот излетал пред возилото (??!!??) и не бил на пешачка зона (кај нас традиционално не се користи пешачки премин а тоа Алачки исто така го знае). Ме интересира исходот на целиов случај и колку министерката ќе биде праведна во овој случај. Ако овој случај помине со условна казна или домашен притвор тогаш за вакво дело секој треба истиот третман да го добие бидејки НИКОЈ од нив не сака да одземе нечив живот и е несреќен случај. Аконекој може за исто дело да биде казнуван и затворен тогаш по логика и Алачки треба да си го заслужи своето за одземање на живот на пешак. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поново видео,причините стари...Откако секоја будала фати волан.
Годинава може десетина пати одев до Охрид и назад,и вакви херои имаше на кило.Еднаш и ќе ме изгинеше еден швицарец. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уште една од причините - невоспитани животни Животни предизвикале 73 сообраќајки на автопатот Скопјe - Тетово |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОЛИЦИЈАТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ФАТИЛА 202 БЕСНИ ВОЗАЧИ ВО СКОПЈЕ
Полицијата регистрирала 1.030 сообраќајни прекршоци во Скопје за само седум дена и тоа од започнувањето на кампањата за безбедност во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Според МВР, 202 возачи возилата ги управувале со брзина поголема од пропишаната, 66 возачи возеле под дејство на алкохол, 54 возачи за време на управувањето користеле мобилен телефон, 47 возачи не го користеле сигурносниот појас за време на управувањето, а 114 возачи управувале со возилата иако им истекла важноста на дозволата или автомобилите им биле нерегистрирани. Освен возачи на автомобили, биле фатени и 15 возачи на мотоцикл, велосипед со мотор и мопед-велосипеди, како и 29 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин или на недозволен начин го поминале коловозот. http://dnevnik.mk/?ItemID=EBCED5EF5E5F7D44A7FA3B0D91B666C3 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Внеси реплика | страница <1234 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |