IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2015 во 08:22

Направете сами: Табуретка за седење од автомобилска гума


Зошто да купувате табуретка за седење која ќе биде удобна и одлично ќе се вклопи во ентериерот на вашата соба, кога истата може да ја направите сами и тоа од автомобилска гума.

napravete-sami-raburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma-1

Се прашувате како е можно?

Следете ги инструкциите и уверете се !

Земете гума од автомобил која не ја употребувате и купете 10 метри коноп во боја според ваш избор.

Потоа, од парче дрво исечете два кругови големи колку внатрешноста на гумата за да ја исполнете празнината во средина.

Парчињата дрва имплементирајте ги и заковајте ги на гумата со бормашина доколку имате, доколку немате истото направете го со чекан и шајки.

Откако ќе го сторите тоа премачкајте ја гумата со лепак за паркет или пак обично лепило кое ќе го држи конопот за површината на гумата.

Потоа започнете да го мотате конопот околу гумата, а кога ќе стигнете до крајот односно до закованото дрво, сечете го конопот и започнете да го лепите и на површината на дрвото одозгора започнувајќи од центарот како на сликата погоре.

Откако ќе завршите со целата постапка премачкајте го целото тркало уште еднаш со лепак за да бидете сигурни дека нема да се одлепи.

Вашата табуретка за седење е готова.

Вреди да се испоба, нели?

napravete-sami-taburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2015 во 08:43

Направи сам - идеи со старите ретро касети (фото)


Ако од носталгија до ден денес чувате неколку аудио касети, време е конечно да им дадете практична примена.

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-001.jpg

Наместо да ги оставите во некоја кутија или да фаќаат прашина на аголот од полиците, време е да пробате нешто поинакво.

Во само неколку чекори може да создадете ретро декорација за домот или практичен предмет за на канцелариското биро.

1. Саксија за цвеќе

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-01.jpg

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-02.jpg

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-03.jpg


2. 
Кутија за чување пенкала, стикери, спојувалки

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-04.jpg

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-05.jpg


3. 
Капа за ламба

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-07.jpg

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-06.jpg


4. 
Пластични полици за сите документи и хартии

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-08.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2015 во 08:45

5. Новчаниче за ситни пари или ластичиња и шноли

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-09.jpg

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-10.jpg


6. 
Опаковка за визит карти

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-11.jpg


7. 
Опаковката од касетата може да биде корисен држач за мобилниот

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-12.jpg


8.
 Штосен нотес со корици од касети

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-13.jpg


9.
 Закачалки за во ходник

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-14.jpg


10. 
Полица за цедеа или книги

napravi-sam-idei-so-starite-retro-kaseti-foto-15.jpg

Креативци, имате уште некоја идеја?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 19:13
Аман...
може ли некој да ми објасни што е тоа...
DIY...збунетост

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 23:06
DIY- Do it yourself,
како што е називот на самиот подфорум:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2015 во 16:35

Совршени за на тераса: Плетени држачи за саксии


Ако се уште се мислите како да ги декорирате едноставните и еднобојни саксии кои ви стојат на тераса, овие плетени држачи се совршена идеја.

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-01.jpg

Во само неколку едноставни чекори можете да направите шарена декорација која за момент ќе внесе нова свежина во домот или дворот.

Потребен материјал:

  • Растеглив материјал (околу 1,5 метар за саксија)
  • Пластична саксија
  • Метро
  • Ножици

Начин на изработка:

1. Исечете го материјалот на 8 ленти со ширина од 4 сантиметри и должина од метар до метар и половина, зависно од тоа колку сакате да висат.

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-02.jpg


2. 
Заврзете јазол на едниот крај, оставајќи 10 сантиметри материјал да виси.

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-03.jpg

3. На околу 3-4 сантиметри заврзете нов јазол, но овој пат од само 2 ленти.

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-04.jpg

4. Неколку пати различно групирајте ги лентите, така што ќе ги врзувате соседните две. Ќе забележите дека полека добивате мрежа од ромбови.

5. Доволно е 2-3 пати да ја повторите постапката, зависно од големината и висината на саксијата. На крај повторно сите ленти спојте ги со еден јазол.

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-05.jpg

Крајниот резултат е фантастичен!

sovrseni-za-na-terasa-pleteni-drzaci-za-saksii-06.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2015 во 08:31

Направете сами: Искористете ги старите предмети за вашата уникатна градина


Го завршивте домашното пролетно чистење и многу работи завршија во вашиот подрум но, не мора да останат таму. Старите предмети можете да ги искористите за инспиративно и уникативно декорирање на вашиот дом.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-01.jpg

Ослободете ја вашата креативност или едноставно послужете се со овие одлични идеи за вашата градина која може да добие ново стилско руво.


1. Искористете го она што веќе го имате во дворот

Доколку имате повеќе поголеми и помали камења во дворот можете од нив да направите уникатна „саксија“ каде ќе ги поставите цвеќињата за кои сте сигурни дека ќе преживеат во таква средина. Послужете се со креативноста на природата. Доколку Водно ви е на дофат слободно појдете, прошетајте се и освежете се и пропратно донесете дома сплоснати камења. Во нив ставете ги омилените кактуси. Тие со сигурност ќе преживеат тука и ќе никнат во прекрасна инспирација.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-1.jpg


2. Искористете ги предметите од подрумот

До неодамна ја реновиравте куќата? Сега се што ви остана се материјалите кои сте сигурни дека никогаш повеќе нема да ги искористите? Доколку знаете дека нема да ви треба количката за правење на бетон слободно поставете ја некаде во тревникот и искористете ја како саксија за вашето омилено цвеќе.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-2.jpg


3. Искористете ги играчките на децата

Вашите малечки пораснаа? Повеќе нема потреба од играчки и меѓу другото успеаа да преживеат од сите тие тестирања и детски експериментирања. Не мора да ги фрлате. Со нив можете на нов и креативен начин да го декорирате вашиот двор.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-3.jpg


4. Искористете го кафезот

Во младоста чувавте папагалче но, тоа сега не е со вас. За спомен го оставивте во подрум кафезот во кој тоа живееше. Сепак не мора да остане таму. Искористете го како прекрасна висечка саксија каде ќе ги поставите петуниите. Закачете го на некое од дрвата, доколку имате во дворот или некаде на кровот од куќата.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-4.jpg


5. Искористете ја домашната библиотека

Доколку во својата библиотека поседувате книги за кои сте сигурни дека никогаш повеќе нема да ги читате и подготвени сте да ги фрлите, можеби постои подобра идеа за вас. Искористете ги за вашето цвеќе како декорација која ќе ја поставите на масата.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-5.jpg


6. Искористете ги старите чевли

Доколку имате некои обувки од оваа сезона кои ви се искинаа и повеќе не сте во можност да ги носите можете слободно да ги искористите за вашата уникатна градина. Поставете ги некаде во близина на вашата врата или искористете ги како висечки саксии.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-6.jpg


7. Искористете ги тапите од вино

Ова се мали и уникатни детали кои можат многу да придонесат за изгледот на вашата градина. Доколку сте страсен љубител на виното и имате своја домашна колекција од тапи, послужете се со неколку од нив и претворете ги во мали цветни градини кои ќе бидат дел од вашата градина.

napravi-sam-iskoristete-gi-starite-predmeti-za-vashata-unikatna-gradina-7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2015 во 08:38

Направете сами: Фантастична домашна лулашка во 9 чекори


За читање книги, гледање телевизија или седење на фејсбук, откако ќе си ја направите оваа лулашка ќе се запрашате како воопшто до сега сте живееле без неа...

napravete-sami-fantasticna-domasna-lulaska-vo-9-cekori-01.jpg

Во 9 едноставни чекори ќе можете да си ја направите оваа фантастична лулашка во која ќе можете да си го поминете безгрижно слободниот дел од денот.

Потребен материјал:

  • Летва од даб 3,2cm x 92cm
  • Коноп со димензија 1cm x 5cm
  • 1,8m еднобојно платно
  • Алка од челик што не рѓосува со должина од 8cm
  • Алка од челик што не рѓосува за поврзување со должина од 5cm
  • Кука за поврзување од челик што не рѓосува
  • Црна боја за ткаенина
  • Четка за бојадисување

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-2

Потребен алат:

  • Бормашина и бургија со пречник од 1cm
  • Машина за шиење
  • Пегла и даска за пеглање
  • Ножици
  • Линијар
  • Запалка


Чекор 1

Свиткајте го платното на половина, ставете го рамна површина и поставете го како што е прикажано на првата фотографија. Измерете 7cm од горниот раб до долниот десен раб и забележете. Со помош на линијар, исцртајте линија од обележаното место до долниот десен агол и исечете ги двете половини на платното. Потоа раширете го платното.


Чекор 2

Свиткајте го горниот раб во должина од 1,3cm и испеглајте го. Потоа, повторно свиткајте 1,3cm и повторно испеглајте. На крајот, порабете со помош на машината како што е прикажано на фотографијата. Истата постапка повторете ја и на долниот раб.

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-3

Чекор 3

Свртете го платното за 90 степени така што најдолгиот раб да биде од левата страна. Свикајте го секој ќош во должина од околу 4cm и испеглајте.


Чекор 4

Свиткајте го уште еднаш платното во должина од 4cm и повторно испеглајте со помош на пегла.


Чекор 5

Дупло порабете го платното во должина од долниот свиткан раб, исто како што е прикажано на фотографијата. Истото повторете го и со другата страна.


Чекор 6

Измерете и обележете 5cm и 10cm од двата краеви на летвата и направете дупчиња со помош на бормашината. По желба, дрвото можете да го бојадисате во друга боја.

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-4

Чекор 7

Врзете чвор на конопот во должина од 5m така што ќе останат околу 8cm од „опашот” до крајот на конопот. Крајот од конопот стопете го за да не се одмота. Поентата на конопот е да го провлечете од едната и другата страна на ткаенината и врвот да го врзете повторно во чвор, како што е прикажано на фотографијата. Доколку страните не ви се еднакви, само израмнете ги чворовите пред да ги затегнете.

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-5

Чекор 8

Најдете го центарот на конопот откако ќе ја оптегнете ткаенината и врзете чвор, но над него оставете простор од околу 20cm до 25cm. Закачете ја алката на куката, која претходно треба добро и цврсто да ја поставите на таванот или на цврста гранка од дрво. Тестирајте ја издржливоста на тој начин што прво ќе се качите на лулашката во стоечка позиција, а дури потоа ќе легнете или седнете на неа.

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-7

Чекор 9

За поголема удобност, можете да си ставите перница на лулашката. Во зависност од висината на таванот, можете да исечете подолг коноп или да додадете јамка од конопот и така ќе можете самите да си ја подесувате висината на лулашката. 

napravete-sami-fantasticna-lulaska-vo-9-cekori-8

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 12:33

НАПРАВИ САМ: ЕДНОСТАВНИ И КРЕАТИВНИ ПЛОЧКИ ЗА ВО ДВОРОТ И ГРАДИНАТА

8

Не ви требаат скапи и фенси плочки за да направите прекрасни степеници во градината и дворот. Сé што ви треба е тефлонска тава, која патем нема ни да ја оштетите.

Земете неколку стари порцелански садови, стаклени шишиња или керамички плочки, во зависност од дезенот што сакате да го добиете.

1

Ставете ги во платнена вреќа и искршете ги со чекан. Ако имате елмаз (ноже за сечење стакло), уште подобро. Со малку труд ќе ги добиете саканите парчиња.

2

Повторете го процесот сé додека ги добиете потребните големини.

3

Поставете ја тавата на самолеплива хартија, или уште подобро, самолеплива проѕирна фолија, и прецртајте ја. Потоа исечете го обележаното парче хартија и поставете го во тавата, со лепливата страна нагоре.

4

Наредете ги парчињата на лепливата хартија, со лицето на парчињата (т.е. дизајнот) кон дното. Притиснете ги добро, за добро да се залепат. Патем, оставете доволно, но не премногу простор помеѓу парчињата, за да може цементот да навлезе и да ги пополни празнините.

5

Ако сакате да направите ревизија, можете да ја извадите хартијата од тавата и евентуално да го поправите дизајнот. Ова ќе ви биде последната шанса за такво нешто.

6

Премачкајте ги вертикалните ѕидови на тавата со вазелин или друг подобен изолатор, за полесно вадење на готовата плочка. Сега замешајте го цементот, според инструкциите на вреќата. Кога ќе биде подготвен, истурете еден слој (до половина на тавата) врз наредените парчиња во тавата и рамномерно распределете го.

7

9

Во оваа етапа фино е да поставите метална мрежа, за подобра кохезија на цементот. Втиснете ја во првиот слој, а потоа дополнете ја тавата.

8

10

11

Оставете ја плочката да отстои околу 2 дена. Потоа само превртете ја тавата и потчукнете ја на дното. Плочката би требало лесно да излезе. Внимателно отстранете ја лепливата фолија/хартија.

12

Евентуалните дупчиња можете да ги пополните со цемент. Нерамнините избрусете ги со шмиргла за да добиете фина и мазна површина. Ако сте перфекционист, можете и да ја излакирате плочката.

13

Тoлку е. Добивте евтин и креативен степеник што прекрасно ќе изгледа во вашиот тревник.

14

Ако не ви се ризикува со произволни парчиња, постои и ваква варијанта.

15



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:32

Направи сам: Рустикален држач за чаши


Дали имате старо гребло во домот кое повеќе не го употребувате? Не го фрлајте. Можете да го искористите на сосема нов и креативен начин.

napravi-sam-rustikalen-drzac-za-cashi-01.jpg

Од него можете да добиете прекрасен рустикален држач за чашите вино. На крајот од денот и вие ќе бидете задоволни од вашата работа, а и пријателите ќе ви даваат комплименти за генијалноста.

Сè што треба да направите е да ја извадите рачката од самото гребло и да го поставите на ѕидот во кујната. Потребно е да се погрижите истото добро да биде зацврстено и да има дополнителна стабилност.

napravi-sam-rustikalen-drzac-za-cashi-1.jpg

napravi-sam-rustikalen-drzac-za-cashi-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 14:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 14:53

Направете летен послужавник – лубеница како инспирација!

Можеби сакате да подарите нешто оригинално или пак сакате да ја освежите содржината на вашата кујна…

Наша топла препорака е да направите оригинален послужавник инспириран од лубеница, кој е идеален за во лето!

Потребен материјал:

  • дрвена даска (идеална би била кружна)
  • боја за дрво
  • бормашина
  • лак за дрво
  • две рачки
  • четки

Упатство за изработка:

Обоете ја целата даска со пинк боја и оставете да се исуши.

Потоа со зелена боја обоете го работ со ширина околу 3см.

На ред е цртање на семки. Со црна боја нацртајте ситни семки околу центарот на даската.

Сега е време да ја премачкате со проѕирен лак за дрво.

Кога лакот добро ќе се исуши, време е да направите дупки со бормашина, за потоа да ги додадете рачките кои сте ги одбрале.

И тоа е тоа! Видовте колку лесно се изработува!

Оваа идеја може да послужи идеално и како подарок за некоја драга личност, на која сакате да и подарите нешто уникатно и нешто што може долго да трае.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 14:54

Направете сами столчиња за гледање филм во двор

Имате желба да гледате филм на отворено и сега ви се потребни посебни столици во кои удобно ќе се сместите во текот на топлите летни ноќи и ќе уживате во филмските хитови? Ние имаме прекрасна идеја!

За да направите една ваква столица, потребно ви е:

  • Две идентични даски
  • Шарки за врата
  • Летвички
  • Шрафови
  • Перничиња за столици со потпирач

Сè што е потребно да направите е двете даски да ги споите со шарки на внатрешниот дел во форма на пирамида. На долната страна на даската која ќе послужи како постоље, поставете една летвичка која ќе му овозможи на столчето цврсто да стои на земја.

stolica

Обојте ја вашата столица со боја во спреј по желба и поставете ја на посакуваното место во дворот.

На потпирачот на столицата ставете ги перничињата за столици, така што седиштето ќе дојде на земја, а потпирачот на даската. И вашата столица е подготвена за употреба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 14:56

Генијалнo: Еве на кои се начини можете да ги користите старите гуми!

Старите гуми може да бидат вистински “кошмар” за отстранување и заземаат премногу простор во тесните гаражи.

Неколку научни студии покажуваат дека гумите на автомобилите, тракторите и велосипедите може да почнат да испуштаат голем број на токсини, ако тие се изложени на директно влијание на различни временски елементи како што се сонцето, дождот, итн.

Ако сте свесни за животната средина и поседувате “креативна линија”, старите автомобилски гуми може да ги искористите на голем број начини – еден од нив може да биде да направите маси, рамки за огледала, табуретки.

Во нашата фото галерија може да најдате инспирација за вашиот најнов проект.

automobilske-gume-diy-4

automobilske-gume-diy-1

automobilske-gume-diy-3

automobilske-gume-diy-2

automobilske-gume-diy-7

automobilske-gume-diy-5

automobilske-gume-diy-8

automobilske-gume-16

automobilske-gume-20

 

automobilske-gume-26

automobilske-gume-27

automobilske-gume-21

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.