IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Dеја vu од 2001-ва ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Dеја vu од 2001-ва ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Dеја vu од 2001-ва ?
    Испратена: 21.Април.2015 во 21:05

Заземена полициска станица во Гошинце, Липковско, 4 полицајци заробени

Четириесетина вооружени лица утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково и заробиле четворица македонски полицајци.

Како што јавуваат некои медиуми, пред малку се случил голем инцидент во полициската станица во село Гошинце, општина Липково.

Како што неофицијално дознава „Фокус“, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го зеле оружјето, а полицајците ги избркале.

Од СВР Куманово, без да дадат детали, рекле дека Иво Котевски набрзо ќе излезе со информација за случајот.

Во 12.30 часот е закажана конференцја за медиумите на МВР.



Изменето од Omar - 21.Април.2015 во 21:05
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:12
Стара ти е насловнава вест, напрај апдејт де.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:15
Тоа оставам на вас, јас од политика и слични работи не се разбирам многу..
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:16

Теренот околу караулата Гошинце на северната граница кон Косово, што синоќа беше цел на напад на поголема група вооружени униформирани лица, е обезбедуван од полициски единици и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, потврди помошник министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, откако медиумите регистрираа позначително присуство на полицијата во Липковскиот регион.

Котевски, во изјавата за медиумите потврди дека се направени и контакти со косовските власти, како и дека се очекува да се одржат состаноци на највисоко ниво. Комуникација и средби се планирани и со претставниците на српските безбедносни структури.

Како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи, поголема вооружена група од 40-ина лица изминатата ноќ во 2.30 часот ја нападнала караулата Гошинце во близина на границата на Македонија со Косово при што биле заробени четворица полициски службеници кои биле дежурни во караулата. Напаѓачите носеле униформи со амблеми на УЧК и зборувале на албански јазик.

„Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава“, рекло едно од униформираните лица, информираше Котевски на денешната прес-конференција во МВР.

Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово и според засега непотврдени сознанија неколкумина од нив веќе се идентификувани, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази. Министерството за внатрешни работи случајот го карактеризираше како терористички напад. 



Изменето од Omar - 21.Април.2015 во 21:18
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:18

Владејачката партија  ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце.

„Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи.

Граѓаните на Република Македонија треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот“, се вели во реакцијата.

Од таму сметаат дека сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси.

„Република Македонија ќе ги надмине сите предизвици и ќе продолжи со својот напредок кој е од интерес за граѓаните“, додаваат во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:19

Идентификувани се петмина од вооружената група којашто според МВР, ноќеска ја нападна караулата во липковското село Гошинце.

Водач на групата бил Командант Џеваир Адеми, од косовското село Гњилане.

„Според нашите информации утврден е идентитетот на уште четворица блиски соработници на водачот на терористите кои се од истото место. Неофицијално логистика на групата им бил извесен Фарук, а како дел од униформираните напаѓачи биле и двајца браќа Ерхан и Кадир Бајрами“ јавува телевизијата Алфа.

Според официјалната веризја на МВР ноќеска околу 2.30 часот вооружена група од 40-тина лица, најверојатно од Косово, ја нападнале караулата Гошинце што се наоѓа во близина на северната граница.

Напаѓачите, според МВР, биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК и меѓу себе комуницирале на албански јазик.

При нападот на караулата заробени биле четворица полицајци кои во моментот биле дежурни во караулата. Напаѓачите ги разоружиле, тројца од нив ги врзале со лисици, а еден дури и го нападнале.

Лицето кое ја предводело групата им се обратило на полицајците на албански јазик преку преведувач кој зборувал лош македонски јазик со србизми. Им дале на полицајците време од околу половина час да си заминат пеш од караулата и им се заканиле дека ќе ги ликвидираат, ако ја напуштат караулата порано.

Го зеле оружјето коешто го нашле во полициската станица и радиоврските и им ги искршиле мобилните телефони на полицајците.

По половина час, еден од полицајците кој не бил врзан, станал ги зел клучевите од лисиците коишто биле оставени на земја блиску до нив, ги одврзал колегите и пешки се упатиле кон патот надолу. Одејќи по патот слушнале долг рафал од автоматско оружје.

Според првичните информации на полицијата, лицата се од Косово, но се преземаат мерки за обезбедување дополнителни докази.

„МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот. Во овој момент поради активностите кои се преземаат на терен и кои се исклучително сериозни не би можеле да одиме со дополнителни информации“ изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.

По информациите кои се појавија во медиумите за нападот на полициската станица во Гошинце, ова е официјалната верзија на МВР. По прес-конференцијата, не беа дозволени новинарски прашања, а Котевски овој напад го квалификува како терористички напад. „Република Македонија односно државните институции утринава беа цел на терористички напад“, рече Котевски на почетокот на прес-конференцијата.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:24
Абе очигледно е дека Косоварите нешто туткаат, ама тие без нивните спонзори од САД не се кадарни ни да прднат и на крај ко ќе видиме, се ова е исто сценарио како во 2001.

Ама, не ќе моќи опет......иначе тука сме, арни сме, и спремни сме

Второ полувреме може да има, ама сега ќе го папаат според мене многу квалитетно, ќе го залапаат како порно ѕвезда во ганг банг


Изменето од fiks - 21.Април.2015 во 21:25
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:43
Брееее  коинциденции….

Каде се погоди баш сега да се појават овие, кога Заев се закани дека ќе има граѓанска војна и тој ќе ја води, а Црвенковски изјави дека го подржува и ќе биде во првите редови со син му.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 21:48
Мада ја не верувам дека било кој Македонец има вакви катастрофални мисли, ама што знам, се е можно.

Се обвинуваат денес едни со други, власт и опозиција, ама мене ми е тоа ептен забегана работа.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 22:28
Кај беа до сега? Се изначекавме зевање
Мислам дека веќе скоро сите живеевме под стрес очекувајќи дека кај и да е, да пукне тиквата пак..








Изменето од evangeline - 21.Април.2015 во 22:28
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 22:37
Самоиницијативни рамковни ....дај бе не ме зезај
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 22:39
Не зевај...Фати си сеирџиска позиција и гледај.
Откако и на овој мамец ништо нема да гриза,
не би ме чудело следно да е некоја ликвидација.
Па ќе следат билети во еден правец.А оние наивните
кои најслепо "веруваат" оти недопрени од закон
ќе уживаат во криминалното им стекнато богатство
ќе си стават и ортомче околу врат.
Лесна им земја на сите браќа кои излажени беа
дека се борат за Македонија,и сега најверојатно
душите во немир им се...
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 22:47
...Македонија па БиХ и така во круг...нема дерман од Американските канџи над Балканот
...веќе познати сценарија што и малите деца ги знаат
...најжалосно е што солидно и плодно земјиште имаат овде...а богами и орачи

Изменето од Joshua_Tree - 21.Април.2015 во 22:48
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 23:41
Еве според мене вистинските причини за ова денес.

Збор- два од Мирослав Лазански

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.