|
Дали е можна граѓанска војна во Македонија? |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Октомври.2014 во 11:10 |
|
Заев: Борбата на СДСМ и народот ќе одекне посилно од која било пушка,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Куманово на обележувањето на Денот на антифашистичкото востание 11 октомври порача дека борбата која СДСМ ја води со народот ќе одекне посилно од која било пушка. -Треба да знаат сите, дека на денот кога ја чествуваме првата пушка во Куманово и Прилеп, Македонија најавува една нова борба, но треба да обзнаниме јасно дека нема да дозволиме повторно пушките од минатото да ги ископаме, туку оваа борба ќе ја водиме со гласот на народот, којшто ќе одекне посилно од која било пушка, вели Заев. -Денес нема слобода во Република Македонија, не можете слободно да се изразите, нема слобода на говор, Нема слобода на мисли, нема слобода на медиумите, нема правда и правичност, професорите не предаваат слободно, студентите и учениците не учат слободно, лекарите не лечат слободно. Денес во Република Македонија сите вредности на нормалниот свет се уназадени, додаде лидерот на СДСМ Зоран Заев. По повод празникот, вo Собранието денеска напладне ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија. ___________________________________________________________________________ Како основа за темата ја земав зјавата на Заев со која се создава поволна почва за политичка нестабилност (која веќе постои) и која се продлабочува. Се вратив со мислата во времето на СФРЈ и политичката криза 90-те кога на ваков начин се поделија народите и секој си одбра своја страна. Некој ќе рече, "сите сме Македонци" но дали и Шпанците беа шпанци кога идеолошки завојуваа, дали сите досегашни војни имаа некоја причина, идеологија? Секако, човековиот ментален склоп создава, креира страв од нешто или кон некофо кога не се вклопува со неговата идеа, идеологија, стратешка цел и.т.н. Во моментов имаме создавање на тотално нетрпение помеѓу две политички идеологии, до каде не води сето тоа? Две страни гладни за власт, едната е спремна на се да ја сочува а другата води кон создавање на омраза кон секој кој ја подржува власта. Дали крајниот исход ќе биде кобен? поради политичка идеологија? Нивната неспособност за водење на една убава но малечка држава ја води кон пропаѓање само поради алчност а не патриотизам и желба да се помогне на народот! Ве молам дајте ваше мислење, не кој е крив за состојбата туку ДО КАДЕ НЕ ВОДАТ неспособниве политичари!? |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што мислиш ти, како отварач на темава?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Повеке нема идеологија,се работи единствено за личен интерес. ВМРО е партија составена од бивши членови на сдсм,либерали,демоктрати...каде единствено можноста да се доберат до позиција,или да си обезбедат лична материјална корист е заедничка карактеристика мегу членството. Сдсм е хејтерска партија ,исто така микс од членови на повеке партии ,на нив му се приклучуваат и оние стари членови на вмро кои се истиснати од нивната матична партија така да хејтот е неколкукратно зголемен. Во ваква констелација на работите и ако на ова се земи фактот дека сме најмизерниот народ во Европа во Политичка,Социолошка и Културолошка смисла можиш спокојно да си спиеш бидејки нема граганска непослушност, нема штрајк,а војна ке има во 2654 и тоа меѓугалактичка..... |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас дадов свое мислење а вие ако имате пoвелете... Сепак ова е моето мислење: Во моментов имаме создавање на тотално нетрпение помеѓу две политички идеологии, до каде не води сето тоа? Две страни гладни за власт, едната е спремна на се да ја сочува а другата води кон создавање на омраза кон секој кој ја подржува власта. Дали крајниот исход ќе биде кобен? поради политичка идеологија? Нивната неспособност за водење на една убава но малечка држава ја води кон пропаѓање само поради алчност а не патриотизам и желба да се помогне на народот! |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кај нас не можеш да извадиш илјада луѓе на штрајк а не пак некој да војува...
Имало еден куп повоинствени изјави досега па немало никакви реакции, па така нема ни од ова да има нешто.... Плус...јас сум за СДСМ, жена ми е за ДПМНЕ...татко ми за ДПМНЕ, мајка ми за СДСМ....и што сега,кој со кога ќе војува ???? Хушкачи и преувеличувачи имало одсекогаш и секогаш ќе има, само за овој народ треба нешто многу повеќе, овој народ има висок праг на толеранција.... Единствен облик на граѓански конфликт може да има само помеѓу македонското мнозинство и исламската популација која тежнее кон окрупнување и спојување во Голема држава...се друго е фикција... |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можна е, ама само теоретски. Практично - НЕ. Барем јас не верувам. Логично е да си помисли човек, дека на толкава закрвеност помеѓу двата спротивставени политички табори, еден ден тензијата ќе експлодира и ќе доведе и до физички борби помеѓу браќа, комшии, колеги, братучеди... од различни партии. Логично е, ама сепак мислам дека борбите ќе си останат само на борби на вилици, борби на суети и борби за власт, позиција и пари. И можеби по некој инцидент тука-и-таму, некоја кафанска тепачка зачинета со алкохол и желба на комшијата да му умре козата... |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ми е баш јасна поентава на темава...
ама ако се мисли буквално, како што е поставена... значи нема врска, каква војна какви глупости... убаво си кажа Александар... нема тука политички опции.... сите се они исто уствари.... кој против кого бре, глупости... нема тука политичка идеологија, во суштинска смисла на зборот... денес ВМРО утре СДСМ... задутре СДСМ, ден потоа ВМРО... каде имаат ќар, таму ќе одат... Боцевски против Боцевски... бивало ли тоа, ааааа... |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма каква идеологија. Ниту има веќе идеологија, ниту пак будали кои би гинеле за идеали. Тие времиња се неповратно поминати. Нема кој да се крене на штрајк дури и кога директно им се загрозува материјалната живеачка, а не пак војна за идеологија или за некои повисоки државни интереси. Единствено може да се сконтраат во некоја мини војна, доколку дојде до некои протести, па контрапротести... Да се наелектризираат двете групи, па да се замаваат со боксови, клоци, транспаренти и партиски сендвичи... Боцевски против Боцевски... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Подалеку од ѓаволска дружба!
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
..izbori ke ima pa posle toa se e mozno.
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве...додека Вие се спремата за војна со Заев, некој друг се спрема за тивка узурпација на територијата на Република Македонија... ГАРДАТА НА ИЛИРИДА ПАТРОЛИРА? Со соопштение се огласи т.нар. „Гарадата на Република Илирида“ во кое се наведува дека од синоќа на полноќ патролира секаде каде што живее албанско население и дека т.нар. албанска територија веќе нема да биде оставена без обезбедување. |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
SO ovakvi SELJACISTA,tesko da prhne nesto Gragansko,a kamoli vojna...
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
[QUOTE=svetosparki] SO ovakvi SELJACISTA,tesko da prhne nesto Gragansko,a kamoli vojna...
Хааахахаа....многу убаво кажано |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
2014 - 2017 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |