|
Париз - градот на светлината и романтиката |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 10:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајфеловата кула Париз е еден од најромантичните градови во светот, а можеби најпрепознатливата знаменитост на Градот на светлината е Ајфеловата кула. Многумина посетата на ова препознатливо обележје ја гледаат како големо клише, но ништо не може да го замени погледот на Париз од опсерваторијата на третото ниво, ниту пак задолжителната фотографија со бакнеж на подножјето. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ситниците ве издаваат: 11 знаци дека сте родени за живот во ПаризДали вашиот дом дише во атмосферата на романтичниот Париз? Уживате во чаша вкусен шампањ засладена со крцкави макаронс? Добро проучете го вашиот дом и откријте дали сте родени за романтичен живот во Париз.
Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тајни ресторани во Париз кои вредат да бидат разоткриениНикогаш не би помислиле дека во овие места во Париз се кријат ресторани и тоа не било какви туку ресторани кои нудат одлична услуга и вкусна храна. Парижаните веројатно обожаваат тајни и ги оставаат туристите сами да ги откријат рестораните, па доколку одите во градот на светлината отворете ги очите бидејќи можеби пред вас се наоѓа некој таен ресторан. Не пропуштајте да ги посетите засега овие 5 ресторани чувани во строга тајност: Најдобро чувана тајна е токму овој ресторан кој се наоѓа на улицата Св. Гермаин. Кога ќе поминете покрај објектот во кој се чува оваа тајна прво што ќе забележите е обична секојдневна италијанска продавница за сендвичи во која ништо не се случува. Но, во самиот заден дел од продавницата има две црни табли кои упатуваат токму кон ресторанот, а се едвај забележливи. Над нив се наоѓаат скали и во горниот кат постои прекрасен ресторан со вкусна храна и одлична џез музика.
На вечера со уметниците во напуштената фабрика за ориз. Овој објект се наоѓа токму во самата фабрика која е веќе 100 години напуштена и веројатно никогаш не би тргнале наваму ако не знаете дека тука постои одличен ресторан кој го посетуваат уметниците. Овој ресторан нуди прекрасен избор на храна со богато мени кое го подготвува јапонскиот сопственик Марико.
Повеќето парижани воопшто не ни знаат дека се крие ресторан во спомен обележјето на Наполеон. До овој ресторан се стигнува преку мала скриена врата од црквата зад маркетот за цвеќиња. Она што е специфично за ова место е тоа што ако сте член воопшто не плаќате, но за останатите целосен ручек вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт би ве чинел 10 евра.
Овој ресторан ќе ве врати назад во времето во далечната 1930та, а дури и луѓето кои седат добиваат карактер на старите парижани. Тоа е така поради атмосферата, музиката, но и изгледот на самиот локал. Ако сакате со еден збор да го опишете овој ресторан тогаш тој е сигурно драматичен. Ќе се чувствувате како да се наоѓате во стар париски филм. Инаку, овој таен ресторан се наоѓа низ уличките во најпознатото пазарче на Париз.
Овој ресторан е можеби најчуваната тајна од страна на парижаните и голема е веројатноста дека тие не сакаат да го делат со туристите. Ресторанот е скриен во галерија, односно музеј од 10тиот век посветен на архитектурата. Откако ќе го разгледате музејот, добро концентрирајте се и ќе пронајдете убаво среден двор со неколку маси за седење. Во текот на викендите се организира мини кино, но и мали концерти. Одлично за мирна ноќ со богата храна.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
15 знаци кои откриваат дека требало да живеете во ПаризЗаљубени сте во секој дел од Париз? Отсекогаш мислевте дека тоа е идеално место за живот, љубов и храна? Проверете, можеби по природа сте роден парижанец, а тоа не го ни знаете.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Париз е нај overrated град во светот... има илјадници градови со сосема истата културна тежина, дрматичност и убавина, ама овој да ти бил посебен демек...
и тоа што е најсмешно е што просечен турист кога оди во Париз, се задржува на најкомерцијалните глупости кои се продаваат, наместо да ја осети вистинската култура на градот |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавата тераса во Париз (фото)Париз живее за прекрасно уредените тераси на кои се сместени малите барови и ресторани. Една од најубавите е сопственост на хотелот Raphael, сместен на авенијата Kléber. Терасата се наоѓа на седмиот кат од хотелот и овозможува незаборавно опуштање со чаша префинет шампањ и поглед кон Ајфеловата кула и шармантните париски кровови. Прво што ќе забележите е беспрекорното зеленило, украсните грмушки кои се испреплетуваат со рози, кои во лето шират арома која опива. Централната позиција ја зазема малечкиот шанк поставен на голема шаховска плоча, а околу него се распоредени малечките удобни маси и столчиња кои даваат голема доза на топлина. Додека времето е убаво, терасата е целосно отворена, а на неа се служат врвни специјалитети на француски начин. Кој би одолеал? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se nadevam ke go vidam narednata godina
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Есенцијата на Париз преточена во храна
Доколку не сте дел од оние посетители кои можат со часови да чекаат пред железната убавица на Париз, тогаш веројатно сте дел од љубителите на добрата храна и вино. Блогерите на Tiffin tales ги истражиле париските слаткарници и пекари и препорачуваат неколку задолжителни вкусови кои вашите сетила мора да ги искусат. Слатко во само еден залак. Тоа е класичниот изглед и замисла за десертите и токму затоа, макарунсите се првиот и основен концепт за слатка во Париз. Pierreherme е епицентарот на најдобрите макарунси и од тука не можете да заминете се додека не ги пробате класиците. Прв е вкусот и мирисот на карамела. По него доаѓаат летните вкусови Ispahan (роза, малина и личи овошје) и сите видови на летни макарунси полнети со сладолед.
Не станува збор за блага Нестле инстант чоколада, туку изобилие на богат и силен вкус на вистинска чоколада. Секако, доколку овој вкус е премногу силен, секогаш можете да додадете малку свежо млеко и да ја ублажите аромата на париската топена чоколада. Местото кое се препорачува еAngelina.
Парижаните се страстен народ и не би чекале ништо друго освен, нивниот топло приготвен леб. Секако, не без причина. Парискиот леб е вистински деликатес и „клише“. Без оглед на тоа, дали станува збор за богат бизнисмен или сиромашен просјак, ќе ја забележите типичната слика на парижанец со багет во раката. Блогерите ја препорачуваат единствената „буланжерија“ на МонмартрGontran Cherrier.
Несомнено дека токму овој тип на солен деликатес ќе се најде во оваа листа. Цела Франција е добро позната по своите многубројни и различни типови и вкусови на сирење, а центарот е токму во Париз. Тука ќе ги најдете вкусовите на цела Франција. Што се однесува до нивната дегустација, тоа останува на вас. Добро познати продавници на сирења се Fromagerie Quatrehomme и La Fermette.
Кога ќе го слушнете зборот путер, ви се враќа сликата на девојчето во дрвени кломпи и холандска етно носија од цртаните, нели? И можеби е така. Општо сите западноевропски земји (без оглед дали е тоа, Холандија, Германија..) приготвуваат свој путер, но кога ќе дојдете во Париз, ќе ја имате можноста и во еден обичен супер маркет да пробате 10 различни вкусови. Уживајте здраво и разумно во овој француски деликатес (Bordier).
Французите навистина сериозно го сфаќаат приготвувањето на кроасаните и поседуваат цел сет на правила и чекори за подготвување на добар кроасан. Кроасанот не е добар ако не можете да го вкусите педантно. Основниот концепт е навртена златно жолта полу месечина со мека полу еластична и внатрешност полна со путер. Додека купувате макарунси, не заборавајте да купите и еден кроасан од Pierre Hermé.
Нема што многу да се зборува. Никој не може да одолее на свежо подготвената палачинка исполнета со нутела, банани и бисквит. Или пак, за оние кои претпочитаат солени вкусови: сланина, топено сирење и павлака.
Jacques Genin преточување на соништата на сите љубители на чоколада, во реалност. Блогерите велат: сите вкусови, оние кои сте ги замислиле и оние за кои не сте ни сонувале, ќе ги најдете на едно место - Париз.
Традиционално, фалафелот е арапски рецепт. Поимот потекнува од арапскиот збор falāfil, што буквално означува, пиперка. Станува збор за топка пржен зеленчук која да, можете да ја сретнете и на улиците на Париз. Место каде можете да го пробате овој арапски деликатес со париски „шмек“ еL’As du Fallafel.
Кога ќе го слушнам овој поим, секогаш се присетувам на готвачот на Hell’s kitchen, кој на 24 часа приготвува маделини со своите деца. Рецептот се чини лесен за приготвување, но вкусот не е ни одблизу како оној на париските улици. Место кое се препорачува за топло и секако, полни путер и јајца, слатки маделини, е Blé Sucré. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
20 причини кои ќе ви откријат зошто Париз е центар на светотГрадот на светлината минува низ турбулентен период во последно време. Но, ни терористите, ниту пак стравот нема да може да ја убијат убавината и духот на Париз. Градот на Сена е вечен и неуништлив, а ние ви прикажуваме 20 причини зошто е тоа така:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |