IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Атрактивни водопади ширум светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Атрактивни водопади ширум светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:37
Чудесна природа: Најубавите водопади во светот

Водопадите важат за едни од најубавите креации на природата затоа што се доказ за нејзината нескротлива моќ која заедно со огромните количини на вода создава креации кои што оставаат без здив.

Во продолжение погледнете ги најголемите и најграндиозните водопади кои што се дело на мајката природа или пак се уредени со помош на човечката рака. Како и да е, истите се туристичка дестинација од која секој човек ќе остане воодушевен. 

Викториини водопади во Зимбабве

Станува збор за едни од најубавите водопади на светот и истите се наоѓаат во Зимбабве. Водопадите се широки повеќе од 1,5 километри, со пад од 128 метри. 



Водопадот Тугела во Јужноафриканската Република

Тугела е највисоката река во покраината Натал, во Јужноафриканската Република. Истата е влива во Индискиот океан, северно од градот Дурбана. Позната е по истоимениот водопад висок 848 метри, највисок во Африка и еден помеѓу највисоките во светот. 



Водопадот Сатерленд во Нов Зеланд

Во Нов Зеланд се наоѓа овој прекрасен водопад долг 580 метри. Станува збор за еден од најспектакуларните водопади во Нов Зеланд. Сатерленд е најстрмниот водопад во овие предели и поради тоа има свое место помеѓу Топ 10-те водопади во светот. 



Плитвички езера во Хрватска

Водопадите во Хрватска претставуваат безбројна мрежа на слапови. Плитвичките езера се национален парк во Хрватска, во областа Лика. Реката Корана формирала 20 езера помеѓу кои што има многу прекрасни водопади и слапови. 



Нијагарини водопади во Канада

Нијагарините водопади претставуваат низа на масивни водопади кои што се наоѓаат на реката Нијагара во источниот дел на Северна Америка, на границата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада. Нијагарините водопади се состојат од три одвоени водопади и иако не се многу високи, тие се прилично широки. Со повеќе од 168.000 кубни метри вода во минута, овие водопади се едни од најмоќните и најпознати во светот. 



Гулфос во Исланд

Сместени во кањонот на реката Хвита на југозападот од Исланд, водопадите Гулфос се дефинитивно едни од најубавите во светот. Голем број на инвеститори сакале да ја искористат водената сила на овој водопад, но било безуспешно, па затоа истиот денес е под заштита на Исланд. 



Бала во Либија

Интересната јама се наоѓа во близина на селото Бала, на 70 километри оддалеченост од Бејрут. Длабока е околу 250 километри и настанала под дејство на водата пред околу 160 милиони години. Во текот на зимата и пролета, на ова место постои величествен водопад, а водената пареа се издигнува се до површината. 



Ангелскиот водопад во Венецуела

Ангелскиот водопад е највисокиот водопад во светот, со висина од 978 метри. Се наоѓа на малата река Чурун во Националниот парк Канјама во Венецуела. Висината на водопадот е толку голема што поради ветерот, водата се претвора во водена пареа уште пред да падне на земјата.



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:41

Angel Falls ( Венецуела )

Ова е најнискиот водопад во светот. Името го добил по американскиот авантурист Џими Ејнџл.
angel falls 11

Iguazu Falls ( Аргентина )

Водопад кој е долг 1.67 милји кој се состои од 275 падови.iguazu vodopadi

Victoria Falls ( Зимбабве )

Викториините водопади се најголеми во светот.viktoriini vodopadi

Yosemite Falls ( САД )

Ова е највисокиот водопад во Северна Америка.josemit vodopadi

GullFoss ( Исланд )

Најубавиот водопад кој може да го видете.gullfoss vodopad

Tugela Falls ( Јужна Африка )

Најдлабокито водопад во Африка.tugela

Sivasamudram Falls ( Индија )

Најмоќниот водопад во светот.sivasumudram

Најмалиот водопад кој е забележан во светот ( САД ) najmaliot vodopad



Изменето од Valerija - 02.Ноември.2014 во 10:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 07:45

ВОДОПАДИТЕ ХАВАСУ

1

Резервирани во Хавасупајскиот, Индиски дел на Гранд Кенион, Националниот Парк во Аризона, сигурно ќе ве примамат прекрасните водопади Хавасу. Сликата која ќе ја доживеете е илузична сино-зелена боја која всушност е базен што без сомнение ќе Ве повика да запливате. Со оглед на тешкиот пристап, невозможно е да стигнете пеш, но после ридот Хулапаи до кој стигнувате со возење, Ве чека рекреација од 16 километри со која Вие сте веќе во малото село Супаи, на 3 километри од водопадите. За оние кои не се во можност пеш да учествуваат во целата приказна, постои можност тоа да го сторат со хеликоптер, евентуално со јавање на коњ. Посетителите можат и да кампуваат или да пијат кафе во Супаи. Најдобрата опција за сместување е оддалечена 177 километри во градот Селигман. Пределот вклучува и други четири водопади на кои нема да им одолеете. Посетете ги и Навахо,Супаи, Месечевите и Бивер водопадите.



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 07:46

ЗЛАТНИТЕ ВОДОПАДИ ГУЛФОС

11

Најфамозната туристичка атракција во Исланд, се Златните водопади. Нивната поставеност всушност е на две нивоа. Дел се од реката Хвита. Близу атракцијата се наоѓаат и гејзерите Хаукадур и Националниот Парк Пингвелир. Заедно, овие 3 ремек дела го сочинуваат таканаречениот Златен Круг. Поради фамозноста на ова место, близу него има хотели кои нудат убави услови, но повеќето туристи се одлучуваат да престојуваат во Рејкјавик, а своето патување околу Златниот Круг да си го овозможат како еднодневна ексК*рзија.



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 09:29
Водопадите Игуаза - Тие се наоѓаат во близина на бразилската држава Парама и аргентинската провинција Мисионес. Овие прекрасни водопади се означени како едно од седумте светски чуда.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 08:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2014 во 07:39

ВАКВО ЧУДО НА ПРИРОДАТА СЕУШТЕ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: ТРОЈНИОТ ВОДОПАД

11

До сега сте виделе многу водопади, некои од нив во живо, некои на фотографии, но овој водопад дефинитивно ќе ве воодушеви.
Батара Горџ е познат како “провалија со три мостови“ и се наоѓа во Либан.
Водата си го нашла својот пат, полека разградувајќи ги варовниците, и сега овој предел зрачи со неверојатна убавина.
Млазот паѓа од 100 метри височина, поминува низ три отвори и исчезнува во мрачната провалија.

bejrut-vodopad-1

10

11



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 22:32

Водопад во Малезија резервиран само за дамите 


malezijaVodopadZeni

Мажите кои сакаат да го видат величествениот водопад во Тасик Кењир во Малезија треба да побрзаат, бидејќи тој наскоро ќе стане место на кое ќе се собираат исклучиво дами.

Водопадот се наоѓа во вештачко езеро во државата Теренган. Тоа што во неговата убавина ќе уживаат само жени, е дел од 92 милиони долари вредниот проект за развој на туризмот во оваа област.

До овој водопад не само што ќе доаѓаат само дами, туку нивните водичи и чувари, исто така, ќе бидат припаднички на понежниот пол.

- На овој потег Малезија се одлучи на барање на туристките од западна Азија, вели Датук Сери Ахмад, претставник на тамошната туристичка организација.

Ахмад додава дека местото резервирано само за дами ќе биде единствена туристичка атракција во Теренган. Исто така, оваа држава планира изградба на хотел, воден парк и аеродром со голем дјути-фри центар на езерото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2014 во 23:05

ФОТО: Ова е најсиниот водопад на светот 


vodopad-rio
Иако, фотографијата во прилог изгледа како да е доработувана во Фотошоп, необичната боја на водопадот Рио Целеста, е ремек дело на природата.

Реката Рио Целеста која се наоѓа во националниот парк Тенорио Волканио во Костарика, има водопад како од бајките, чија интензивна тиркизно сина боја воодушевува.



Изменето од Valerija - 09.Септември.2014 во 23:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2014 во 10:49

Водопади Пелус, Вашингтон


Дваесет годишниот Тајлер Брадт докажа дека човекот може да преживее пад од 60-тина метра висина во кајак. Но, немојте да се обидувате никогаш!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 03:08
Килт Рок - Шкотска



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 03:09
Меквеј - Калифорнија - САД


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2015 во 10:53

Најубавите водопади скриени во природните убавини на земјата


Гледајќи ги водопадите од високи планини се едни од најубавите работи кои може да се видат. Но, кога ќе може да ѕирнете во едни од прекрасните водопади скриени од останатиот свет е нешто навистина магично.

Плитвице



Познатите водопади Плитвице се наоѓаат во Хрватска, а откриени се многу одамна. Националниот парк бил основан пред 50 години. Нема ни да верувате колку е неверојатен паркот Плитвице заедно со водопадите. Климата е свежа, па ако посакувате да го посетите може да го направите тоа за време на летниот период. Може да го посетите со автомобил, автобус или коњ. 

Каиетер



Водопадите на Каиетер се наоѓаат во Гвајана, кои всушност се за четири пати повисоки од водопадите на Нијагара и два пати поголеми од Викторините водопади. Овие водопади биле место за снимање на документарни филмови, но и позната светска туристичка атракција. Може да ги посетите со авион или со автомобил.

Галфос



Водопадите Галфос се наоѓаат во Исланд и се едни од најпознатата туристичка атракција во Исланд. Нивното име значи „златни водопади“, кои се особено прекрасни во пролет. Можете да ги посетете со велосипед, автомобил или пак пеш по патеките.

Викторините водопади




Изменето од Valerija - 11.Март.2015 во 10:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2015 во 16:57

ВОДОПАДИТЕ ИГУАСУ: ТРОПСКО ЧУДО ПОМЕЃУ ТРИ ЗЕМЈИ

12

Доколку водопадите на реката Игуасу, би биле лоцирани покрај некоја голема туристичка локација, во некој предел кој има пристапен пат, а не би се наоѓале во тешко преодната јужноафирканска прашума, не би можеле да се одбранат пред масата на посетители и многу поодамна би ги надминале сите рекорди на Нијагарините водопади. Всушност, на двете крајбрежја на реката се наоѓаат два града – Фос до Игуасу во бразилската држава Парана и Порто Игуасу во аргентинската провиниција Мисионес – која за својот опстанок е потребно да се заблагодари исклучиво на познатите водопади, сепак водопадите Игуасу го зачувале приматот на туристичка атракција. Бидејќи до сега, не е донесена одлука, водената маса да се искористи за производство на електрична енергија, претставува тропско чудо кое се наоѓа на тромеѓие – меѓу Бразил, Аргентина и Парагвај.

Богатата и брза Игуасу е притока на 4.700km долга Парана, која се соединува со Рио Уругвај и уште една река покрај Буенос Аирес, сега именувана како Рио де ла Плата, се влева во Атлантикот. Изворот на реката Игуасу се наоѓа во близина на К*ритиба, во шумата покрај крајбрежјетп на Сера дел Мар.

И покрај, бројните бразци, 750km долгата река во поголемиот дел е пловна за бродови. Во горниот тек на реката Паране има многу водопади, од кои најинтересен е водопадот Гваир, а после овој водопад, реката се слева во длабокиот кањон долж границата помеѓу Парагвај и Бразил. Сите притоки кои се слеваат во Парана, мора да се “симнат“ низ овој кањон. Затоа целото пордачје е богато со брзаци и водопади. Најубавиот меѓу нив е водопадот Игуасу, 23km пред влевањето во реката Парана.

Многу важно е да се посочи, дека овде не станува збор само за еден и единствен водопад, туку за 21 водопади, кои паѓаат во еден теснец во 70 до 80m длабока клисура. Шумот на водопадите може да се слушне и до 25km. Околу половина од протокот на реката паѓа во долга и тесна бездна наречена Ѓаволско грло (Garganta del Diablo на шпански или Garganta do Diabo на португалски). Водопадите се најјаки кога врне дожд, кога за еден час поминува 140 милиони тони вода.

Првите вести за водопадите Игуасу во Европа пристигнале многу доцна, дури во шеснаесетиот век. Тогаш, во Парана и Парагвај се започнало со градење на познатата “Индијанска Република“. Гвараните, овие места ги претвориле во “редукции“. Исусовците, организирале обработка на полињата, оплеменување на парагвајскиот чај, се грижеле за редукциите и ги создавале и ги одржувале потребните врски за надорешната трговија.

Новодојденците (белци) немале ништо што да бараат во редукциите. Кога доаѓале трговците, да ја предадат робата, ги примале во куќите за посета, кои биле далеку пред селата и тамо ги нагостувале. Со тоа, затварање пред европската цивилизација бил еден од темелните принципи. Не било случајно што татковците ги избегнувале подрачјата на големите реки каде што живееле белците и што тргнале кон неоткриените внатрешни делови на земјата.

Неколку години подоцна сето тоа се сменило. Португалските авантуристи, ги откриле “редукциите“ како извор на робови. Околу десет илјади Индијанци биле однесени и продавани како робови.

Водопадите претставувале првата пречка. “Се обиделе да се спуштат со чамци низ водопадите, но не успеале. Им било потребно недела дена додека да ги заобиколат водопадите и да започнат со градење на нови чамци. Мал број на луѓе се обиделе повторно со чамците; останатите тргнале преку непреодната прашума, но голем дел од нив умреле од глад или од заразни болести“.

Португалците и Шпанците ги прогониле исусовците, Индијанците се вратиле во шумата.



Изменето од Valerija - 21.Март.2018 во 21:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.