|
Пилешки специјалитети |
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Автор | ||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Полнети пилешки гради
Порции4 лице/а Состојки
УпатствоВо едно мало тенџере наполнете вода и сварете ги морковите. Внимавајте да не ги преварите, за да не омекнат премногу. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:49 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко со кари сосПилешкиот стек посолете го и пржете го од двете страни додека да
зарумени. Кромидот ситно исецкајте го и испржете го заедно со печурките. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:49 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко со сенф и сусамОд моите брзи рецепти за работен ден..... |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Маринирано пилешко со маринада од цитрон и млечен преливПилешките гради исечете ги на коцки. Сос Подготвеното месо послужете го топло прелиено со млечниот сос. |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
1. Гравчето треба да ви биде убаво сварено. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пржат. Кога ќе омекнат и добијат боја додадете ги парчињата исецкани колбаси малку да се пропржат и ослободат дел од мрснотијата. Потоа додадете го и вареното гравче и убаво промешајте. На крај доадете ги маринираните домати, зачинете по вкус со сол и бибер, додадете ја мајчината душичка и убаво промешајте за да се соединат вкусовите.
2. Во отворот од пилето ставете сол и бибер и потоа наполнете го убаво, притискајте за што е можно повеќе да се наполни. На крај ставете цел лимон на отворот, прицврстете со чепкалки за да не паѓа и ставете го во тава за печење. Од горе повторно зачинете со сол и бибер, ставете малку зејтин и црвен пипер и убаво измачкајте го со рацете. 3. Во тавата во која ќе се пече ставете ги водата и виното, сол, бибер, мајчина душичка,ловоров лист (по желба) и 2-3 чешниња лукче, поклопете со капак или алу фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С 1 час. По 1 час тргнете го капакот/фолијата и оставете уште 20-30 мин. за да зарумени од горе. 4. Потоа извадете го пилето, отворете го отворот и во посебен сад извадете го полнењето. Пилето исечето го на парчиња, ставете на чинија и спремни сме за служење. За ептен оригинално ... лимонот треба да се истиска во сокот од тавата, да се процеди и да се послужи како сос. Го направив тоа меѓутоа за наш вкус беше киселкасто па го одбегнавме. |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Роловано пилешко со филУбаво измијте ги и исцедете ги парчињата стек и засечете на половина во дебелина, така што ќе добиете 4 парчиња со иста димензија само потенки. Секако, ако сакате ролните да ви се поголеми (како на пример за пречек како предјадење за гости, па сакате да ги исечите на парчиња и така да ги сервирате) тогаш не ги засекувајте стековите воопшто, ами такви и поголеми убаво исчукајте ги и направете си поголем ролат. Нам ни беа за ручек и секој си доби по едно парче во чинија =) Најпрво јајцата со малку сол испржете ги малку . При тоа, цело време мешајте за убаво да се измешаат жолчките од белките. Со помош на чук/чеканче за месо, убаво истенчете/исчукајте ги парчињата стек. Секое парче посолете го и премачкајте го со половина лажиче сенф (по желба и повеќе), врз него во линија скоро на средина на стекот распоредете од пржените јајца, а врз нив ставете од чајната колбасица и кашкавалот на коцки. Над сето тоа распоредете од магдоносот. Почнете со ролање на месото, при што дел од страниците ке свиткате на внатре за да не истекува филот. Ролованото месо со фил одозгора измотајте го со тенки парчиња сланина. Ставете го во огноотпорен сад со капак кој сте го премачкале со малку масло, попрскајте ги и нив одозгора со маслото и печете во рерна додека убаво не порумени слојот од сланината. Освен во рерна, можи исто така и на рингла да ги испржите без поклопување со капак. Ах, ќе изумев... па вие, можите слободно и по некое печурче да си насецкате во филот хехе... |
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко со мед и бадемиРецепт за неделен ручек, кој не одзема многу време за подготовка. Овој рецепт за пилешко месо, маринирано во сок од портокал и мед и бадеми, е пример како со едноставни продукти, можете да бидете креативни во приготвувањето на неделниот ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни: 300 гр. пилешко филе Начин на подготовка: Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер и во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа. Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на
покрупни парчиња. Покрите ја тавата со алуминиумска фолија. Пилешкото
се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и
печете уште 10 минути, додека бадемите заруменеат. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:50 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кој е најдобриот начин за приготвување пилешко?За пилешкото не е потребен некој посебен вовед. Еден од најупотребуваните продукти и сигурно еден од најпопуларните поради цената, но и нутритивната вредност. Се консумира на сите континенти, а во светот во 2003-тата година имало дури 24 милијарди пилиња. Најупотребувано е од домашните животни, што поради месото, но и поради јајцата. Приказната за пилешкото почнува многу, многу чудно. На почетокот се одгледувале индијски видови, и тоа исклучиво заради борба со петли. Малку внимание се обрнувало на месото и јајцата, речиси воопшто. Тие живееле од пет до десет години, во зависност од видот. Најстарата кокошка која умрела имала 16 години, и тоа од срцев удар. Интересно е тоа што имаат т.н. „ред на петлите“, многу јасна хиерархиска поделба во внатрешноста на заедницата. КуК*рикањето на петлите е територијален знак за другиот петел, а кокошките се гласни кога лежат јајца, ги повикуваат пилињата, но и кога чувствуваат опасност. Денеска има се помалку кокошки од органско производство, а се повеќе се одгледуваат во фабрички услови, и вакумирани се праќаат на полиците во супермаркетите. Постојат се помалку кокошки кои се исхранувани со пченка, а органско одгледнуваната живина се подготвува различно од неорганската за да биде сочна. Со пилешко се комбинира речиси се – печурки, зеленчук, тестенини, ориз, безброј видови на билки, сосови, зачини, па дури и, во Турција, слатко пилешко. Пилешкото може да се полни, пече, вари, да се динстува, похова. Експериментирајте, обидете се со соја сос и мед, со коријандер, кокосово млеко во црвен сос од кари. Истражувајте, со пилешкото можете се! Рецепт за вкусно и едноставно пилешкоПотребни состојки:
Пилето го подврзувате со коноп, така што крилцата ќе се завртат на внатрешната страна и батаците ќе се приближат до градите. Потоа оставете го на собна температура, посолете го, и по неколку минути ставете го да се пече на 200 степени без масло. Доколку имате мајчина душица, наросете малку одозгора. Пропржете го кромидот со сланината, додајте малку ловоров лист и зачинете. На крајот додадете малку путер за вкус и густина. Во сад ставете го медот, сенфот и сокот од портокал, зачинете со сол и бибер и посипете го врз испеченото пиле со гарнир од кромид и сланина. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:51 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко во сос од крем сирењеСостојки:500г пилешки шницли Подготовка:Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото. Совет:Може да користите и готово крем сирење со разни зачини. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:54 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко со јогуртИако можеби звучи како необична комбинација, спојот на пилешкото и јогуртот е вистински празник за стомакот. Прочитајте како да подготвите вкусно јадење од овие продукти Состојки:4 парчиња пилешки батак-карабатак, 500мл јогурт, 70г кашкавал, 2 лажици бело вино, 2 лажици соја сос, една лажичка кари, зејтин, сол, бибер Подготовка: Сипете го јогуртот во поширок сад, додајде ги виното, зачините и соја сосот. Пилешкото посолете го и ставете го во јогуртот, поклопете и оставете да отстои во фрижидер цела ноќ. Месото ставете го во плех за печење, одозгора сипете го преливот од јогурт, прекријте со фолија и печете 60 минути на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата, врз месото изрендајте го кашкавалот, вратете во рерна и печете уште 10 минути. Сервирајте со печени компири и свеж зеленчук. Добар апетит! Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:22 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешки стек во таваПилешкиот стек го чукаме од двете страни.Врз парчињата месо ставаме мешан зачин и босилек.Потоа ги пржиме во загреано масло.Стекот го пржиме од двете страни додека не зарумени.Пржените парчиња ги редиме во тава за печење.Во меѓувреме,во загреан путер додаваме брашно.Со постојано мешање додаваме вода.Кога смесата ќе се изедначи,ги додаваме печурките и сечканите маслинки.Динстаме околу 5 мин.Со оваа смеса го полеваме стекот.Одозгора ставаме кашкавал и павлака.Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Добар апетит :) |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Слатко кисело пилешкопрв чекор : го сецкате пилешкото на еднакви коцки, го мешате со 64 грама пченкарно брашно |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пилешко во слатко-кисел сосИсечкајте го пилешкиот стек на мали коцки и зачинете го. Најдобро е да го ставите од претходниот ден да отстои во фрижидер. Потоа, извалкајте ги коцките во брашно (за да бидат крцкави и сочни внатре)и пржете ги барем 3,4 минути во тенџере со загреано масло (или во фритеза). Штом се готови, пилешките парченца ставете ги на хартиена салфетка која од нив ќе го упие вишокот масло. Исечкајте ги кромидот, морковот, бабурите на поситни коцки (1 см.), а јаболкото (излупено) на уште поситни. Загрејте ја вок тавата, потоа додадете малку масло и оставете го убаво да се загрее. Прв додадете го кромидот, пржете 2 минути (постојано промешувајте со дрвена лажица), па додадете го морковот, пржете 2 минути, па додадете ги бабурите, пржете 3 минути, па додадете го јаболкото, пржете минута, па додадете оцет, шеќер и кечап. Убаво промешајте и додадете ги пилешките коцки. Пропржете уште 3 минути и готово! Послужете со ориз или зеленчук на кинески начин...ќе ги напишам и тие рецепто! Пријатно! :) |
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:59 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1 34567 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |