|
Уредување на помали станбени површини |
Внеси реплика | страница <12345 8> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со оглед на тоа што сè почесто се живее во мали станови или мали простории каде нема доволно простор за да може да ги извршувате секојдневните работи, да имате работна просторија, а истовремено и соба за спиење - ова е идеално решение. Флексибилен мебел кој може лесно да се трансформира зависно од намената. Мира Шрудер е дизајнерка на експериментален мебел која креирала уникатно парче мебел кое на прв поглед личи на голема работна маса, но со помош на специјално вградениот механизам, може да се претвори во кревет за спиење. Чаршавите се специјално направени да бидат прицврстени од внатрешната страна за да не испаѓаат при ротацијата. Совршено решение за мали и урбани простории за живеење или за канцеларии во кои самостојно работите. Особено погодни за оние кои работат до доцна во ноќта и едвај чекаат
да си легнат. Лесно и удобно решение кое секој би го посакал. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овој стан е доказ дека големината понекогаш не е важнаОбидувајќи се да најдете совршена рамнотежа помеѓу модерниот стил, удобноста и врвната елеганција, реновирањето и уредувањето на станот може да биде огромен предизвик. Но, во овој стан од 45 квадрати мисијата е повеќе од успешна! Со оглед на минијатурниот простор, архитектот посебно внимавал на осветлувањето кое е клучно за визуелното зголемување на собите. Белите подови, плочки и ѕидови одлично се вклопуваат со шарените тапети, исто како и со земјените тонови кои преовладуваат во ентериерот. Спалната и дневната соба се одделени со тенка преграда која никогаш не сте замислувале дека може да изгледа привлечно и креативно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
7 начини малиот стан да изгледа пространоСтановите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа, ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да ги зголемите. Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите. Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го. Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот. Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат функционалноста. Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите. Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста. Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор. Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови. Изменето од Valerija - 13.Февруари.2014 во 16:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стан во Париз од 20 квадратни метриВака изгледало студиото пред да се реновира. Во процесот на обнова на студиото архитектите користеле неколку светлосни извори со различна боја. Малиот простор содржи кујна, спална соба и бања. Од кујната има директен пристап до спалната преку бело минималистички скалила. Под спалната соба се наоѓа бањата, а тие лесно можат да се разликуваат преку различните нијанси на осветлување. Специјални вертикални светилки се инсталирани меѓу кујната и спалната соба / бања. Кога е потребно, овој простор може да блесне со жолти светилки, кои создаваат контраст со остатокот од куќата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мал стан за голем човек од Наталија АкимовОвој елегантен стан е дизајниран од руксата уметничка и дизајнерка Наталија Акимов во симплистичен стил, со акцент на контрасти помеѓу темнината и светлината. Мали допири на дискретни шари и декоративни додатоци кои служат да додат карактер. Погледнете како изгледа тоа.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Практични промени за мали станчињаЖивеете во мал стан и имате максимално искористен простор, па не ви се допаѓа натрупаноста? Овие промени кои можете сами да ги направите се одлично средување на просторот, но и заштеда на вашите пари. Овие закачалки изгледаат како оние во филмските студија, па со сигурност ќе му дадат посебен шмек на вашиот стан. Однапред одберете си ја гардеробата за цела недела и имајте ја секогаш при дофат на рака.
Кога живеете во мал стан,гледајте мебелот што го користите да можете да го употребите за повеќе намени. Како на пример табуретките може да служат и како масичка за кафе или пак кутија за чување работи.
Со нив ќе ги поделите кујната од дневната или може да го сокриете креветот за спиење. Така вашиот простор визуелно ќе биде поголем.
Лесно може да ги направите сами и на тој начин може да поканите голем број на луѓе во вашата дневна соба.
Тие предмети ќе му дадат интересен поглед на вашиот мал стан. Интересно дизајнираните ламби, куферчиња кои може да послужат како масичка, закачалки кои може да послужат за накит и чанти се секогаш добредојдени во минијатурните станчиња. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве едно екстремно мало станче од 20м2, од дизајнерот Astrid Sangil
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Големи трикови за мали становиМалиот стан не е причина за да не посакаме нешто повисоко, посветло и поубаво. Просторот може да се зголеми на неколку начини, а трите основни го подразбираат следното: - да се тргнат сите прегради или бар оние кои не се неопходни - да се користи светол мебел - во ентериерот посебно да се истакне некое парче мебел кој ќе ми даде свежина и пространост на просторот Вака дизајнираниот стан дава чувство дека се наоѓа надвор од градот, а освен овие основни правила постојат и бројни дополнителни можности за да го ублажите или целосно да го неутрализирате ограничувањето на малиот стан. Искористете некој од практичните големи трикови за во мали станови: Одличен начин за максимално да го искористите просторот за спиење и сместување на работите е да ги комбинирате орманот и софата, која воедно се пушта и се претвора во кревет за спиење. Најдобра опција е орманот да биде во бела боја или некоја друга светла боја бидејќи на тој начин го „отвора“ просторот, а истовремено ова парче мебел нема да се истакнува премногу, па просторот ќе делува посредено и поголем отколку што е. Препорачливо е белиот орман да се дополни со спротивниот ѕид во бела боја.
Завесите и тапетите се многу важен дел од секој стан, а посебно во малите станчиња. Во нив се препорачува користење на храбри завеси од цветниот материјал, бидејќи во станот даваат некој рустикален шарм, што ја прави атмосферата попријатна. Ако тој амбиент се дополни со некој впечатлив детаљ дополнително ќе се нагласат пастелните бои во станот и ќе остави целосен впечаток.
Многу ефективен трик во малите простори е употребата на тапетите со силни и „живи“ бои, како на пример зелената боја со принт на дрво. Ако просторот се збогати и со две огледала од подот до таванот, ефектите дополнително ќе бидат забележливи.
За да го заокружите целиот простор потребни се оригинални решенија, Едно од нив може да биде широка полица на ѕидот под телевизорот која ќе го направи просторот попрактичен и интересен, а воедно столчињата и другите детали може да ги позиционирате во непосредна близина. Со тоа истиот простор што е за одмор може брзо да го пренамените во простор за собирање и дружење.
Делот меѓу собата и малата кујна може да се претвори во трпезариски простор, а тоа да ви заштеди неколку драгоцени квадрати бидејќи максимално ќе ви биде искористен делот од станот кој најчесто нема никаква посебна намена и употреба.
Малиот стан подразбира и мала бања, па еден од најефективните трикови во овој случај е употреба на разнобојни предмети кои ве одвраќаат од помислата дека просторот е мал и прават весела, разиграна атмосфера во просторот кој нема дневна светлина. Најдобро од сè е тоа што за ваквиот трик ви се потребни минимални финансиски средства, па користа е двојна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инспирирајте се: Топол стан од само 45 метри квадратниВеќе добро познато ви е колку тешко се уредуваат малите станчиња и соби, па токму затоа ќе уживате во ова решение. Малечкото станче кое се наоѓа во Москва, Русија ќе ве остави без текст. Станчето кое денес ви го претставуваме е малечко парче богатство кое со денови ќе го посакувате. Освен што е одлично уреден и опремен, во него е искористен секој милиметар простор. Најдобрите работи навистина доаѓаат во мали пакувања. Студиото од само 45 метри квадратни е вешто преграден со дрво, завеси и плута така што се состои од дневна соба, спална соба, кујна, бања и тераса. Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гламурозен, минијатурен стан инспириран од холивудските дамиМалиот стан во австралискиот Мелбурн е оаза на гламурот и стариот холивудски сјај. Интересниот концепт на станот кој се наоѓа во задниот дел на една запуштена црква е замислен како неодоливо луксузно скривалиште во кое акцентот е ставен на елегантниот мебел. Ѕидовите се исполнети со портрети на холивудските дами, кои се главната инспирација на целиот ентериер. Освен пастелните ѕидови и декорации, гардероберот е посебна просторија дизајнирана според желбите на секоја жена. Целокупната топла атмосфера ја надополнуваат и дизајнерските столчиња и откачените фотелји во духот на гламурозните 70-ти. Светлиот стан со прекрасна тераса е одлична мала скривница на секоја жена. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елегантно и дизајнерски: Мал стан претворен во мало богатствоСо голема доза на креативност, ова минијатурно станче од само 36 метри квадратни е претворено во мало богатство скриено во светло поткровје. Целиот ентериер е одлично распореден и организиран на тој начин што сите соби се толку поврзани меѓу себе, а сепак интересно разделени. Малиот стан на врвот од зградата не само што нуди прекрасен простор, туку и е синоним на еден интересен дизајнерски спој и елеганција. Иако мал, сепак овој стан е доказ дека со малку креативност може да добиете одличен уреден простор во кој ќе се чувствувате удобно. Кујната, дневната и трпезаријата се на истиот кат, додека пак спалната е сместена на горниот кат од станот. Кујната зазема еден мал дел од ќошот од станот, a дневната е комбинација од софа и мала масичка, сместени покрај голем прозорец. Текстурите на ѕидовите се направени да се истакнуваат, но од друга страна пак одлично се вклопуваат со целиот дом. Целиот стан изгледа како мала просторија на таванот на прв поглед, но потоа сфаќате дека станува збор за удобно, релаксирано, современо и инспиративно место. Тоа што е навистина интересно е спалната соба која има прозорец на плафонот и додека лежите во вашиот кревет вие всушност го гледате небото и ѕвездите, а изутрина ве будат првите сончевите зраци. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совршено искористени 30 метри квадратни просторПовеќенаменското користење на просторот стана една од централните точки за време на уредување на домовите. Во овој стан од 30 метри квадратни, архитектот совршено одговорил на барањата. Распоредот на станот е прилагоден на потребите на сопствениците, функционира и како личен и како друштвен простор, давајќи доем дека има дупло повеќе површина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стан од 34 квадрати со интересен распоред и интелигентно искористен просторИако големината е важен фактор кај становите, постојат многу начини да го избегнете недостатокот на простор. Изгледот на станот може да го реши проблемот, а тука се и бројни дизајнерски решенија кои го олеснуваат животот во мал простор. Овој стан е идеален пример за тоа. Има површина од само 34 метри квадратни. Се поставува прашањето, како да ги уредите сите потребни простории во толку мала квадратура? Погледнете како: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Функционален стан од само 21 метар квадратен21 метар квадратен е обично големина на една убава соба, па тешко е да се замисли како изгледа комплетен стан од 21 квадрат. Доколку ја имате функционалноста и удобноста на своја страна, тогаш големината станува помалку важна. Дизајнерите за овој стан користеле светли бои. Сите ѕидови се бели, но и поркрај тоа, не делуваат ладно и непривлечно. Станот со своите 21 метар квадратен делува привлечно и не е пренатрупан како што можете да си замислите. Погледнете ја галеријата: Изменето од Valerija - 11.Јули.2014 во 14:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 8> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |