|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 8788899091 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
РАЃАЊЕТО НА ИСУС
ЛУКА 2 1 А во она време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители. 2 Тоа беше прв попис, кога Квиринеј управуваше во Сирија. 3 И сите одеа за да се запишат, секој во својот град. 4 Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот Град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство, 5 да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена. 6 А кога беа таму - и дојде време да роди. 7 И го роди својот Син, првенец, па Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
МУДРЕЦИТЕ ОД ИСТОК
Mатеја 2 1 А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, мудреци од исток пристигнаа во Ерусалим, 2 и рекоа: „Каде е Тој кој се родил, Царот на Јудејците? Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се поклониме.” 3 Кога го чу тоа, царот Ирод се вознемири, и целиот Ерусалим со него. 4 И ги собра сите главни свештеници и народните книжници и ги распрашуваше каде треба да се роди Христос. 5 А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски, зашто пророкот напиша така: 6 ’И ти, Витлееме, земјо Јудина, никако не си помал меѓу Јудините првенци, зашто од тебе ќе излезе Владетел, Кој ќе го пасе Мојот народ Израел.’ 7 Тогаш Ирод ги повика тајно мудреците и внимателно го научи од нив времето, кога се појавила ѕвездата, 8 и испраќајќи ги во Витлеем им рече: „Отидете и распрашајте се точно за Детето, и кога ќе Го најдете, јавете ми, за да дојдам и јас да Му се поклонам.” 9 Тие, откако го ислушаа царот, тргнаа, и ете, ѕвездата, што ја видоа на исток, одеше пред нив додека не дојде и не застана над местото каде беше Детето. 10 И кога ја видоа ѕвездата, се зарадуваа со многу голема радост. 11 И кога влегоа во куќата, го видоа Детето со Неговата мајка Марија, и паднаа ничкум и Му се поклонија; ги отворија своите сокровишта и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна. 12 И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирода, заминаа по друг пат за својата земја. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
СПОРЕДБА СО ГОЛЕМАТА ВЕЧЕРА
Лука 14 15 Кога го чу тоа еден од гостите, Му рече: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во Божјото Царство!” 16 Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и повика мнозина. 17 А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сè е готово!’ 18 И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’ 19 Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’ 20 И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’ 21 И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сакатите, слепите и хромите!’ 22 И слугата му рече: ‘Господаре, направено е како што заповеда, но уште има место.’ 23 И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом. 24 Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’ |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ПРОРОШТВО
„Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и нејзиното Семе; Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата!“ 1. Мојсеева 3,15. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните; и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто, за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога. . 1 Коринтјани 1:27-29
Јаков 1 19 Знајте го ова, мили мои браќа: секој нека биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето и бавен за гнев, 20 зашто човековиот гнев не ја исполнува Божјата праведност. 21. Затоа отфрлете од себе секаква нечистота, и се што останало од злобата, и примете го со кроткост во вас всаденото Слово кое може да ги спаси вашите души. 22 И бидете извршители на Словото, а не само слушатели кои се мамат себеси. 23 Зашто, кој го слуша Словото, а не го исполнува, прилега на човек, кој го гледа своето сопствено лице во огледало, 24 па откако ќе се погледне и замине, веднаш заборава каков бил. 25 А кој ќе се загледа во совршениот закон, законот на слободата и остане во него, не како заборавлив слушател, туку како делотворен извршител, тој ќе биде блажен во она што го врши. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Лука 1
26 Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, 27 при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. 28 И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!” 29 Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? 30 Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. 31 И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. 32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. 33 И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.” 34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?” 35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син. 36 И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна. 37 Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.” 38 Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
6 Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде;
Власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. Исаија 9:6 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Зашто земјата која го впива дождот, што често паѓа на неа, и која им раѓа полезни растенија на оние за кои и се обработува, добива благослов од Бога; А за вас, возљубени наши, иако зборуваме вака, сме уверени за подоброто кое го придружува спасението. Зашто Бог не е неправеден па да ги заборавил вашето дело и љубовта, што ја покажавте кон Неговото име, откако им послуживте и им служите на светите. Но ние сакаме: секој од вас до крај да ја покаже истата ревност, за да се исполни надежта наполно, и да не бидете мрзливи, туку да се угледате на оние, кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
Евреите 6:7, 9-12 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Исаија 55
6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! 7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
95:1 Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител!
Ефесјаните 6:17 Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, Ефесјаните 6:18 со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЗА ЛАЖНИТЕ ПРОРОЦИ
Матеја 7 15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци. 16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка? 17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови. 18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови. 19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган. 20 И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Palavka
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 138 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!” Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина. Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило. Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае. Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
ЈОВАН КРСТИТЕЛ ГО НАЈАВУВА МЕСИЈАТА
Лука 2:15-17 Бидеки народот беше во исчекување да се појави Божјиот Месија, се прашуваше да не е Јован Месијата?Затоа Јован им се обрати на сите:Јас ве крштавам со вода, а помене иде поголем од мене,толку голем што јас несум достоен ни сандалите да Му ги одврзам. Тој ке ве крсти со Светиот Дух и со оган. Тој ја има лопатата во рацете и ќе го исчисти Своето гумно: Житото ке го собере во своите амбари, а плевата ке ја изгори во оган што не гасни. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Јован 16:33
Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот.” |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 8788899091 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |