IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7475767778 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2013 во 10:46
1 Самоил 16

7 Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 10:44
1 Timotej

6 А голема печалба е, навистина, да биде човек благочестив и задоволен со себеси.
7 Бидејќи ништо не сме донеле на светов, јасно е дека не можеме и ништо да однесеме.
8 Но кога имаме храна и облека, со тоа да бидеме задоволни.
9 А оние, што сакаат да се збобогатуваат, паѓаат во искушение, во примки и неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел.
10 Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на кое што некои, откако му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки.
11 Но ти, човеку Божји, бегај од ова и стреми се кон праведност, побожност, вера, љубов, трпеливост и кротост!
12 Бори се во добриот подвиг на верата; држи се за вечниот живот, за кој си и повикан и си дал добра исповед пред многу сведоци.
13 Ти заповедам пред Бога, Кој се оживотворува, и пред Исуса Христа, Кој ја посведочи добрата исповед пред Понтија Пилат,
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2013 во 10:35
1 Солунтјаните 4


16 зашто Самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христос ќе воскреснат први.
17 Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господ.
18 Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2013 во 11:02
1 Коринтјани: 6:18

Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело.

Римјаните: 12:16

Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри!

Пословици14:12

Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2013 во 10:50
Ефесјани: 6:11-12...18


Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.
Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места.
Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се браните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите!
И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата,
обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот!
При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот!
Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово,
со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2013 во 10:40
Послание до Евреите

Глава 1

1 Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците,
2 во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на се, преку Кого ги создаде и вековите
3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото присуство, и држејќи се со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна на десната страна на престолот на вечичието на висините
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2013 во 11:09
А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил. Јован 17:3



ИСУС ВО ДОМОТ НА ФАРИСЕЈОТ СИМОН

Лука 7

36 Еден од фарисеите Го помоли да јаде со него; и Он, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
37 И ете, една жена од градот, која беше грешница, штом чу дека Он седи на трпеза во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
38 па, како застана при нозете Негови одзади, плачејќи, почна, почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро.
39 А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, рече во себе, велејќи: “Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, што се допира до Него, оти таа е грешница.”
40 Му одговори Исус и рече. “Симоне, имам нешто да ти кажам. “А тој одврати: “Учителе, кажи!”
41 Исус му рече: “Двајца му беа на еден заемодавец: едниот му должеше петстотини динарии, а другиот педесет.
42 Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе го милува?”
43 Симон одговори и Му рече: “Мислам оној, кому повеќе му прости.” А Он му рече: “Мислам оној, кому повеше му прости.” А Он му рече: “Право пресуди.”
44 И кога се сврте кон жената, му рече на Симона: “Ја вледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри.
45 Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.
46 Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги помаза нозете Мои.
47 Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има.”
48 Нејзе, пак и рече: “Ти се простуваат гревовите!”
49 А оние што седеа со Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: “Кој е Овој што и гревови проштава?”
50 На жената, пак, и рече: “Верата твоја те спаси; оди си со мир!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2013 во 10:54
ЕФЕСЈАНИТЕ 4

17 Ова, пак, го зборувам и за сведок Го повикувам Господа; да не постапувате веќе, како што поставуваат незнабожците, по суетата на својот ум;
18 помрачени со разумот, отстранети се од Божјиот живот поради нивното незнаење и ожесточување на нивното срце;
19 дојдени со безчувство, тие се предадоа на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота.
20 Но вие не Го познавте Христа така,
21 кога навистина сте чуле за Него и во Него сте се научиле - дека вистината е во Исуса -
22 да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби,
23 да се обновите со духот на својот ум
24 и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината.
25 Поради тоа, откако ја отфрливте лагата, кажувајте си ја вистината секој на својот ближен, бидејќи сме членови еден на друг.
26 Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш;
27 ниту, пак, да му давате место на ѓаволот.
28 Кој крадел, да не краде веќе, а подобро е да се труди, правејќи добро со рацете свои за да има што да му подаде на оној, кој што има потреба.
29 Никоков лош збор да не излегува од устата ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат.
30 И не го оскрбубајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето.
31 Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја друга злоба;
32 а еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2013 во 10:16
Ефесјаните 5

1 И така, угледајте се на Бога, како возљубени деца,
2 и одете во љубов, како што и Христос ве љубеше вас и Се предаде Себеси за нас, како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис.
3 А блудството и секаква нечистота или лакомост, да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светите!
4 Ниту срамни и празни зборови, ниту смешки, што се неприлични, туку подобро благодарност!
5 Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!
6 Никој да не ве мами со празни зборови, зашто заради тие нешта доаѓа Божјиот гнев врз непокорните синови.
7 И така, не бидете нивни соучесници!
8 Зашто некогаш бевте темнина, но сега сте светлина во Господа; живеете како деца на светлината,
9 а плодот на Духот се состои во секаква добрина, во праведност и во вистина!
10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
11 И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината, туку подобро: прекорувајте ги!
12 Зашто е срамно да се зборува и за она што тие го вршат потајно.
13 А сè што се прекорува станува јавно преку светлината, зашто сè што станува јавно, светлина е.
14 Затоа се вели: „Стани, ти кој спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2013 во 10:46
СОЛОМОН МУДРО ИМ ПРЕСУДУВА НА ДВЕ ЖЕНИ


1 Книга Царства, друг превод 3 Книга Карства


17 И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.
18 А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.
19 Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.
20 И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене.
21 А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!”
22 Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” А првата и одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!” И така се препираа пред царот.
23 А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’
24 Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот,
25 а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.”
26 Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!”
27 Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.”
28 Сиот Израел ја чу пресудата што ја изрече царот, и го почитуваа царот, зашто видоа дека во него е Божја мудрост во изречувањето на правдата.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2013 во 11:01
ВОСКРЕСУВАЈЊНЕ И ВОЗНЕСУВАЈЊЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ

1Солунтјаните 4

13 Не сакаме, браќа, да останете во незнаење за умрените, за да не жалите како другите, кои немаат надеж.
14 Зашто ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така и умрените во Исуса, Бог ќе ги приведе со Него.
15 Зашто ова ви го кажуваме преку словото на Господа, дека ние, кои живееме и остануваме до Господовото доаѓање, нема да отидеме пред оние кои умреле;
16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
18 Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2013 во 10:43
АПОСТОЛ ПАВЛЕ ГОВОРИ ЗА ВИДЕНИЈАТА И ОТКРОВЕНИЈАТА ШТО ГИ ИМАЛ


2 Коринтјаните 12


1 Немам полза ако се фалам, но сепак ќе дојдам до виденијата и откровенијата Господови.
2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо.
3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае -
4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.
5 Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости.
6 Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша.
7 И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам.
8 Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене.
9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.
10 Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2013 во 10:34
УТЕШУВАЈТЕ СЕ ЕДЕН СО ДРУГ, И МОЛЕТЕ СЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ.

2 Коринтјани: 1:4
Кој не утешува при секоја наша мака, та и ние да можеме да ги утешуваме оние што се наоѓаат при секаква мака, со онаа утеха, со кога Бог не утешува нас самите!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2013 во 10:46
Псалми 40

13 Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош.

Псалми 30:7

Ќе се радувам и ќе се веселам поради Твојата милост, зашто Ти погледна на смиреноста моја и ја спаси од мака душата моја,

Псалми

114:6 Господ ги пази слабите: бев во мака и Он ми помогна.

115:1 Поверував и затоа реков: во голема мака сум.

117:5 Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе.

118:143 Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7475767778 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.