Народскиот назив на ова место е „Изгубениот град на Инките”, а реката која тече низ него е главниот извор на реката Амазон, која ѝ дава живот на Земјата. Градот е изграден во 1300-та година, а потоа останал сокриен сè до 1911 година. Многумина сметаат дека овој град бил напуштен и заборавен 400 години, уште пред царството Инки да ги пороби Шпанците. Станува збор за енергетски центар на сексуалноста и креацијата на животот.
За австралиските Аборџини Улуру е света планина, на која биле слушнати и остварени многу од нивните молитви. Улуру е најголемиот камен монолит и се верува дека ова место ја јакне личноста и зацврстува самодовербата.
Се верува дека овој енергетски центар има влијаниe врз сите 7 центри на силата на планетата Земја. Има иста улога како срцето во телото, односно се смета дека овој центар е лековит.
Место Гиза некогаш било нулта меридијан, референта точка за одредување на географската должина, чија точка била токму во Кеопсовата пирамида. Во нашето тело петта точка се врзува со грлото, а ова место е центар на комуникацијата и нашите одлуки.
Оваа планина е една од главните инспирации на јапонските уметници. Според тврдењата на стручњаците, ова место се поврзува со третото око на светот и ни овозможува работите да ги видиме јасно и да ги прошириме нашите хоризонти.
Овој хималајски врв е круната на светот. Станува збор за сакралното место на будистите, а го посетуваат и многу туристи кои се во потрага по алтернативни животни и духовни решенија.