IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Менструација...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Менструација...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 17:24
Совет од гинеколог за сите девојки/жени за време на менструалниот циклус.

Кога се туширате млазот на вода секогаш да се слева од стомакот надоле,никако обратно,особено да се внимава на насоката на млазот кој не  смее да оди кон вагиналиниот отвор,затоа што на тој начин се овозможува дел од нечистотијата да се врати внатре и со тоа да се создадат услови за инфекции,а сите знаеме дека во тој период жената е подложна на нив.

Значи туширање на ваков начин да,а седење во када НЕ,заради истите причини и уште една дополнителна.....подолга изложеност на топлина,седење  врз термо печка или подолго лежење во када со топла вода  предизвикува продолжени и обемни крварења.

Јас си ги следам овие упатства,а вие како сакате изборот е ваш.да

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
kumanovecot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kumanovecot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 11:42
imam 43 godini i vo poslednite tri meseci imam ciklus na 20 dena t.e. dvapati vo mesecot dali e toa nesto sto treba da me zagrizi i da se javam kaj ginekolog.Dosega imav redoven ciklus na sekoj 27 do 29 dena.Blagodaram za pomosta ako ima nekoj da mi pomogne so svoe iskustvo i predlog sto za ponatamu.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 11:59
Што и да е да му/и одговориме,јас ќе се обраќам во женски род без оглед на никот.голема%20насмевка

Значи  пред се да те растеретиме од стравот,се случува   вакво нешто како последица на стресни состојби,кај некои  жени стресна состојба се манифестира со доцнење намесечен циклус,а кај некои подранува.
Можно е и дупла овулација.намигнување
Постојат и други причини за вакви состојби( оваријални цисти,миоми на матка),но се надевам дека не е случај и со тебе.
За да бидеш начисто,посети си гинеколог и едно вагинално ехо ќе ги избрише сомнежите и стравот.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
rodeoblue_xx Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Ноември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rodeoblue_xx Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2013 во 13:04
VAKA SEGA MOLAM ZA POMOS DALI NEKOJ MU SE IMA SLUCENO VAKVO NESTO DEVOJKAMI TREBASE DA IMA MENSTRUACIJA PRED EDNA NEDELA A TAJA IMALO SAMO NEKOLKU KAPKI KAFONO I TO , PA SE PLASAM DA NE SE RABOI ZA NEKOJ BREMENOST STALNO SE PAZIME JAS LICNO NE VERUVAM, NIKOGAS NE SUM NAPRAVIL NISTO VO NEZE , PA MOLAM ZA POMOS DALI IMA NEKOJ VAKVA SLUCKA POZDRAV

Изменето од rodeoblue_xx - 12.Мај.2013 во 14:22
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2013 во 00:41
Купете тест за бременост, за  работите да станат појасни... идеја
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
malaka Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 22.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 85
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај malaka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2013 во 00:45
Originally posted by rodeoblue_xx rodeoblue_xx напиша:

VAKA SEGA MOLAM ZA POMOS DALI NEKOJ MU SE IMA SLUCENO VAKVO NESTO DEVOJKAMI TREBASE DA IMA MENSTRUACIJA PRED EDNA NEDELA A TAJA IMALO SAMO NEKOLKU KAPKI KAFONO I TO , PA SE PLASAM DA NE SE RABOI ZA NEKOJ BREMENOST STALNO SE PAZIME JAS LICNO NE VERUVAM, NIKOGAS NE SUM NAPRAVIL NISTO VO NEZE , PA MOLAM ZA POMOS DALI IMA NEKOJ VAKVA SLUCKA POZDRAV


trudna e 100 posto
abe ti moze ne si napravil, drug napravil
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2013 во 01:21
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

Купете тест за бременост, за  работите да станат појасни... идеја

ili pak da si pojdat na ginekolog da im se razjasni celosno

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 14:05

Решение за болните менструални грчеви можете да пронајдете во мешавина од билни чаеви и лесна масажа во пределот на стомакот.

bilni-lekovi-protiv-bolna-menstruacija-01

Болките за време на менструацијата или менструалните грчеви не се ретки, а повеќето жени ги чувствуваат, но со различен интензитет.

Активните болки во стомакот, придружувани од главоболка, мачнина, повраќање и надуеност најизразени се во првите денови на менструалниот циклус, но може да потраат и во следните денови.

Познат лек е масирање на стомачниот предел со етерично масло од камилица, јасмин, жалфија и гераниум што ги смирува грчевите и ги намалува болките.

bilni-lekovi-protiv-bolna-menstruacija-4

Билниот чај подготвен од мешавина од малина, нане и маточина дава одлични резултати и ги намалува болките.

bilni-lekovi-protiv-bolna-menstruacija-1

Ѓумбирот е одличен лек против болните менструации, а од него може да направите чај или да го додадете свежо рендан во некој друг чај.

bilni-lekovi-protiv-bolna-menstruacija-2

Сварете неколку листови босилек во вода и подгответе си чај. Би требало да пиете по еден мал филџан на секој час, за време на менструалниот период. За да си го подобрите вкусот, може да додадете малку цимет. Ако ви е тешко да пиете чај од босилек заради вкусот, додајте го во храната која ја подготвувате. Слично дејство има и магдоносот.

bilni-lekovi-protiv-bolna-menstruacija-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 21:53
Валерија, Благодарам за добрите совети за намалување на менструалните болки со чаеви и масажа...Не сум ги знаела а имам страшни циклуси, така да ќе ги применам уште наредниов пат...само Дај Боже да не ми дојде...
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:51

5 начини како да ги победите менструалните болки

5 начини како да ги победите менструалните болки
Дури 95 проценти од жените во светот страдаат од менструални болки. Понекогаш симптомите може да бидат многу силни и освен болки во стомакот и грбот може да почувствувате главоболка, мачнина, дијареа и повраќање. Ако и вие спаѓате во оваа група дознајте како можете да ги намалите болките во текот на првите денови од циклусот.

Хормоните се главен причинител за ментруалните болки, но постојат и други фактори како што се недостаток на витамини и минерали, пресолена храна и алкохол и кофеин.

Natural-Remedies-for-Menstrual-Pain

Најчести симптоми на ПМС:

-нагли промени на расположението
-лоша концентрација
-умор
-зголемен апетит
-проблеми со спиењето
-главоболка
-болки и грчеви
-надуеност и отеченост
-дебелеење
-болка во градите

Ако препознавте некои од овие симптоми време е да ги земете работите во свои раце и со помош на мали животни промени да се ослободите од најлошите симптоми.

1. Вежби

woman-exercising

Иако додека имате менструација не ви се прави ништо, а најмалку да вежбате, редовната, лесна физичка активност може значително да ги намали болките. Ќе ви го поправи и расположението, ќе ја засили циркулацијата и ќе ја намали подуеноста.

2. Исхрана

Во текот на циклусот јадете што повеќе овошје, зеленчук и цели житарки, но најважно е да избегнувате солена и блага храна, големи количини на алкохол и кофеин.

3. Сон

women_insomnia

Многу жени во текот на циклусот или пред тоа не можат да заспијат или во текот на ноќта често се будат. Обидете се да бидете доследни и обидете се да отспиете 7 до 8 часа.

4. Стрес

Жените кои поминуваат низ стресен период две недели пред менструацијата имаат три пати поголеми шанси да имаат болен циклус и зголемени симптоми како раздразливост, тага и депресија, односно психички симптоми. Пронајдете го својот филтер со вежби за дишење, прошетка или некоја физичка активност.

5. Пушење

a young woman is lighting a cigarette in the dark

Иако пушачите нема да бидат одушевени со оваа теза, докажано е дека цигарите ги зголемуваат менструалните болки. Како поради здравјето така и поради ПМС-от најдобро е да престанете да пушите или барем намалете го бројот на цигари на минимум.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 20:59
Што треба да јадете во текот на менструалниот циклус?

Гинекологот Ребека Бут, авторка на книгата “Недела на Венера: Моќните тајни на циклусот во било која возраст” препорачува што треба да ви биде на менито во текот на “оние денови”.

Естроген, тестостерон и прогестерон – главните репродуктивни хормони – се клучните „виновници“ за тоа што посегнуваме по лош избор на храна во текот на менструалниот циклус.

„Хормонското ниво директно го наведува нашиот организам да копнееме за чоколадо и слатки“ – објаснува д-р Бут.

Внимавајте што јадете

Кери Гласман, колумнист на порталот Readers Digest советува денот да го започнете со оброк кој е богат со фибри и протеини. Бирајте јогурт, овесни снегулки, интегрални житарки.

Без пардон грицкајте во текот на денот, помеѓу оброците. Имајте при рака пуканки, семки од тиква или сончоглед.


Додајте железо

Железото се јавува во исхраната во два облика: првиот се означува како хем и се наоѓа во производите од животинско потекло, а другиот се наоѓа во растенијата.

Железото од животинско потекло се апсорбира многу подобро, но сепак апсорпцијата многу зависи од останатата исхрана. Железото од растително потекло се апсорбира многу подобро кога е во комбинација со она од животинско потекло. Спанаќот содржи доста железо, но не смее да се комбинира со млеко, бидејќи калциумот ја спречува неговата апсорпција, додека витаминот Ц ја олеснува.

Се препорачува порција од 200 грама месо дневно, која треба да се дополни со спанаќ или јајце. Важно е да се нагласи дека кафето и чајот после јадењето ја намалуваат апсорпцијата на железото. Постојат и додатоци во исхраната кои се препорачуваат, но поради проблемите кои можат да се јават, се препорачува тие да се земаат по препорака на лекар.

Витамин А

Јадете намирници богати со витамин А, какви што се компирот, спанаќот, живиот морков. Витаминот А помага во борбата со прекумерно мрсна кожа и акни.


Што не смеете да јадете во текот на менструацијата

Одбегнувајте, ако можете, било што што содржи голема количина на шеќер. Со внесувањето на шеќер доаѓа до брзи промени на концентрацијата на шеќер во крвта, а тоа може да доведе до чести промени на расположението.

Обидете се да го одбегнувате алкохолот (доколку е можно). Алкохолот може да предизвика меланхолија за време на циклусот, и прави да бидете подложни на главоболки.

Одбегнувајте храна богата со масти. Месото со многу масти, како говедското или јагнешкото заменете ги со риба и пилешко.

Кофеинот го подига нивото на естроген, а естрогенот доведува до тоа градите да бидат чувствителни. Кофеин нема само во кафето и чајот, туку и во чоколадата и кока-колата.

Одбегнувајте храна богата со сол. Солта допринесува во отекувањето и грчевите, бидејќи го зголемува задржувањето на вода. Големи количини на сол има во брзата храна, готовите јадења и чипсот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:43
Збогум за болната менстрација

Кога сте во “оние денови”, често и најсилните лекови против болки немаат ефект.Но, затоа тука се растенијата, кои со своите лековити својства можат да ве ослободат од мачната менструална болка.

Менструалните болки не се ретки, а повеќето од жените ги имаат искусено. Акутната стомачна болка, придружена со главоболка, гадење, повраќање и надуеност, се најчести во првиот ден од менструалниот циклус, но можат да потраат и до вториот, третиот, па дури и четвртиот ден.

Доколку ја масирата стомачната област со етерични масла од камилица, јасмин или жалфија, грчевите и болките ќе се намалат. Исто така, билниот чај подготвен од мешавина на малини, нане и лимон дава одлични резултати во намалување на болките.

Ѓумбирот исто така е одличен лек за болните менструации, а од него може да направите чај или да го користите свежо изрендан како додаток за чај.

Сварете неколку листови босилок. За да ви биде полесно во текот на целиот циклус, пијте по еден мал филџан на секој час ( само за време на менструалниот циклус). За да го поправите вкусот, додајте цимет во прав. Ист ефект има и чајот од магдонос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,113 секунди.