|
НАЈНОВО во излозите |
Внеси реплика | страница <1 6970717273 77> |
Автор | ||||||||||||||||
Јована.
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 24.Јануари.2013 Статус: Офлајн Поени: 336 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
The H&M Conscious collection Spring/Summer 2013
Изменето од Јована. - 10.Април.2013 во 23:12 |
||||||||||||||||
|
||||||||||||||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
lotus flower
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Првите фотографии од колекцијата на Изабел Маран за H&MИзабел Маран наскоро ќе ја претстави својата колекција за H&M, но љубопитните модни зависнички предвреме стигнаа до првите фотографии. Француската дизајнерка, која доживеа огромен успех инкорпорирајќи урбан став, бохо елеганција и рокенрол дух во своите креации, создаде колекција инспирирана од својот препознатлив стил. „Целам да креирам нешто реално коешто жените ќе сакаат да го носат секојдневно, со одредена небрежност, што мислам дека е многу Париски: се дотеруваш, но не обрнуваш премногу внимание и сепак изгледаш секси“ – изјавила таа. Погледнете ги фотографиите со моделите Мила Јововиќ, Андреа Диакону, Лу Доајон, Иселин Стејро, Малгосиа Бела и Алек Век. Изменето од Valerija - 27.Септември.2013 во 14:43 |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Лондон е познат по еклектичката и непредвидлива мода, секогаш предлагајќи разнообразни колекции кои често немаат допирни точки. На големо изненадување, колекциите пролет/лето 2014 презентирани во модната британска престолнина ги спои романтиката, изразена преку пастелни бои, цветни апликации и принтови, женствени украси, па и проѕирни ткаенини. Погледнете низ некои од најдобрите колекции од Лондонската модна недела. Burberry ProrsumДеликатност, нежност и романтика завладеаја на ревијата на Burberry. Кристофер Бејли изненади со релаксираните силуети и одушеви со пастелната палета. „Сакав колекцијата да делува романтично, да ги стопли луѓето“ – изјавил главниот дизајнер. Женствени фустани од чипка, меки блузи од кашмир и лесни волуменозни палта во розови, ментол, млечно жолти и синовиолетови нијанси доминираа на пистата. Иако текстурите и боите делуваа деликатно и нежно, во креациите се насетуваше и доза сексапил и дрскост поради транспарентноста на материјалите. Тренч мантилите кои стојат во темелите на брендот, сега беа трансформирани во коктел фустани кои ги отскриваа рамената и потсетуваа на стилот од 50-тите години. Украсувањето на креациите со цветни колани и блескави брошеви ја збогати динамиката на колекцијата. Том ФордЗадоволувајќи ги желбите на своите клиентки, Том Форд претстави луксузна колекција исполнета со гламурозни и впечатливи креации кои го задржуваат погледот. Клучните мотиви беа искршени огледала и пајажинска чипка, но се наѕираше и допир со спортскиот стил. Моќните жени кои не се плашат да блеснат долги години го инспирираат Форд, кој ја започна ревијата со кафеави и бели кожени фустани и јакни, продолжи со мини фустани со долги ракави кои привлекуваа со светкав изглед, вметна неколку женствени и елегантни панталони, го истакна сексапилот со необични чипкасти фустани, а не го заборави и крзното. Кристофер КејнКејн ги стави цветовите под микроскоп и ги искористи цветните форми на нов начин, инспириран од цртежите во учебниците по биологија. „Ботаничката“ колекција беше украсена со форми кои ги имитираа заштитните (стерилни) елементи на цветовите, а кои Кејн ги поврза со анатомијата на жената. Бегајќи од популарните рози, Кејн го постави акцентот на цвеќиња како лутиче, каранфил и орхидеја. Temperley London„Станува збор за целосна романтика, сицилиски сон, тропска атмосфера во медитеранска околина“ – изјавила Алис Темперли по завршувањето на шоуто. Брендот обожаван од војвотката Кетрин, се насочи кон женствена палета на примамливи бои и цветни апликации и принтови, но динамиката беше засилена од повременото присуство на леопардскиот принт. ЕрдемЕрдем Моралиоглу заборави на бојата, изразувајќи ја креативноста преку црно-бели креации. „Отсекогаш ме привлекувало женственото, но оваа сезона мислев на мажественоста. Имав идеја за девојка која мора да се престорува во момче за да оди на училиште, таа се облекува во негова облека, но потоа се заљубува и сè станува поромантично и сензуално“ – изјавил тој. Славниот креатор на умен начин украде елементи од ученичката униформа и околу нив изгради пософистициран изглед, на моменти постигнуван со чипка и рачно сошиени пердуви. Роксанда ИлинчиќВпечатливи бои, често користени во „колор-блокинг“ стил, ја живнаа ревијата на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која долги години живее и работи во Лондон. Геометриски дезени, откачени украси, фустани со плисирани здолништа носени над ¾ панталони и судир на живи бои беа искористени за постигнување на „игривост и среќа“. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Новата модна приказна е динамична, се навраќа во минатото, раскажува за бунтовноста на панкот и гранџот, го истакнува класичниот кариран дезен, ја задржува романтиката преку драматични цветни принтови и розови нијанси, ги величи палтата, ѕирка во машкиот плакар, ја интензивира црно-белата игра и предлага луксузно доживување преку богати текстури. Време е да започнете да фантазирате за потопли модни комбинации. Ве копка да дознаете што ќе биде актуелно на модната сцена во студените месеци? Фрлете поглед на највпечатливите трендови за сезоната есен/зима 2013. Модни бунтовнички (нов гранџ + модерен панк)Носталгијата по духот на 90-тите ги поттикна дизајнерите да го вратат на сцената гранџ стилот, но со нова помодерна естетика. Безгрижност, комфор, слоевитост и доза бунтовност, ќе постигнете со маици со натписи, искинати и избледени фармерки, карирани кошули (врзани на колковите) или карирани здолништа, плетени капчиња, кожени јакни, модни додатоци со нитни или безопасни, чизми со „машки“ изглед или декорирани со токи или метални боцки. Изложбата „PUNK: Chaos to Couture“ во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк го оживеа панк влијанието на модната сцена. Сепак, експертите советуваат дека новиот панк изглед треба да биде поженствен и суптилно сексапилен. Карирана инспирацијаНајзабележителниот принт кој отскокнува над другите е карираниот. Карираниот дезен во повеќе варијации се среќава на палта, здолништа, кошули и модни додатоци, како дел од новиот бран на бунтовничка мода. Црно-бел графички принтДинамични црно-бели принтови со хипнотизирачки ефект ги претворија и наједноставните креации во визуелен спектакл. Графичките принтови несомнено продолжуваат да владеат на модната сцена. Магнетски привлекува принтот „houndstooth“ („кучешки заби“ или „гускини стапала“), кој е идеален за позрел и деловен изглед. Мрачна цветна романсаЦвеќињата продолжуваат да виреат на облеката, само што расцветените букети стануваат помрачни и подраматични. Се чини дека цветниот принт не губи од својата моќ во светот на модата, независно од сезоната. Кожа, кожа, кожаКожата не е неочекуван актер во модниот филм кој ги диктира новите трендови. Всушност, невозможно е да се помине студена сезона без видлива доминација на кожата. Моторџиската јакна без сомневање е најбезбедниот начин да го „украдете“ овој тренд, но за посмелите тука се кожените фустани, здолништа и блузи. Креациите со кожени панели се идеален избор за силен впечаток. Крзнен и кадифен луксузЕлеганцијата и екстравагантноста потенцирајте ги со крзнени детали. Крзнените јаки, шалови и ракавици, како и палтата со крзнени детали додаваат луксуз во дамскиот изглед. Доколку не сте обожавателки на впечатливото крзно, одлична алтернатива е кадифето. Романтичната и богата текстура на кадифето говори за нежност и софистицираност. 50 нијанси на розовоСтудените месеци не минуваат без црната и сивата боја, како и земјените нијанси, но секогаш се истакнува една пожива боја која ги разведрува тмурните денови. Неочекувано, розовата стана моќна боја на новата сезона. Најразлични нијанси на розова шармираа на модните писти, но ако треба да се издвојат две, тоа дефинитивно се зачадена светла розова и циклама. Акцент на палтатаДизајнерите се опседнати со креирањето на палта, па модните писти никогаш не виделе толку силен бран од палта со различни силуети, бои и текстури. Најприсутни во актуелните колекции се XXL палта со заоблени раменици и силуета на кожурец, но најверојатно ќе бидат прифатени само од најхрабрите модни зависнички, бидејќи не придонесуваат за истакнување на женската фигура. Од друга страна се структурираните палта кои најчесто доаѓаат со колан за потенцирање на тенката половина, но не се ретки и палтата со машки крој. Палтата во силни бои (жолта, црвена, кралска сина) се идеални за незаборавен модерен изглед, но многу модни експерти се убедени дека розовите палта треба да имаат предност при изборот. „Хибрид“ е зборот кој оваа сезона се споменува заедно со палтата и мантилите. Станува збор за палта и мантили со кожени ракави. Војнички маршВојничката инспирација смело маршираше кон дизајнерската фантазија, а сега стигна и до улиците. Шарата, но и боите од војничките униформи, како и палтата во милитаристички стил, повторно бестрашно навлегуваат во уличната мода. Позајмени од машкиот плакарДизајнерите танцуваат на границата меѓу мажественоста и женственоста, спојувајќи типично машки и типично женски модни елементи. Палтата и костумите со машки крој се типичен доказ за популарната креаторска игра. Тенките линии карактеристични за класичните машки костуми сега си пронаоѓаат место во женскиот гардеробер. Зимска белинаДождливите и снежни денови не се баш идеални за бела облека, но токму поради тоа белиот изглед делува интригантно и привлечно. Не беше реткост на пистите да се видат манекенки облечени во бело од глава до пети, а не згасна популарноста ниту на црно-белите комбинации во „колор-блокинг“ стил. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Познатата италијанска модна куќа „Макс Мара“, пред два дена со ревија во Токио одбележа шест децении од своето работење. Одбраните модели воодушевија на прв поглед затоа што овој бренд е еден од највлијателните во светот на модата. Фустанот во златна боја во комбинација со бело сако е погодно за сите прилики. Гламур, шик, елеганција, квалитет и престиж, сето тоа е поврзано со модното име „Макс Мара“. Повеќедецениското постоење на модната сцена уверува дека купувачите ширум светот умеат тоа да го препознаат. Во главниот град на Јапонија, ревијата за шеесеттиот роденден ја следеа познати имиња на јапонскиот шоу-бизнис, како актерката Риоко Нонекура, но и холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер. Погледнете ги фотографиите и уживајте! |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Интересен спој за оваа зима се неутралните нијанси кои можете да ги комбинирате со силни и впечатливи бои или пак да постигнете едноставен изглед без нив. Светлите нијанси на крем, сивата и маслинестата боја изгледаат прекрасно за секоја пригода. Кремот класичен фустан изгледа одлично со темно виолетови потпетици и плик чанта. Кафените фармерки може да ги комбинирате со светло крем или маслинест џемпер и капут. Додатоците како марами, капи и накит повторно нека бидат во светли, крем тонови. Не заборавајте ги бледите усни и нокти со боја која е речиси идентична на вашата кожа. Погледнете како би изгледал овој спој на бои во секојдневни, класични и вечерни комбинации.
|
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Марчеза дефинитивно е бренд лидер во производството на фустани за црвениот тепих. Креациите речиси секогаш се едноставни и елегантни, додека по некој екстравагантен детал е неизбежен. Затоа се смета дека дизајнерите на Марчеза создаваат фустани кои секој би ги посакал. Најновата колекција за есен\зима е разновидна и вбројува фустани кои веќе се носени на неколку настани оваа година. Златниот фустан веќе беше забележан на Стејси Киблер за време на доделувањето на Оскарите. Меѓутоа, се чини дека овој бренд на кратко потфрлил за оваа сезона. Голем број на модни критичари веќе неколку од креациите, меѓу кои се најде и фустанот кој ја отвори модната ревија на Марчеза, беа исклучени од можноста да се појават на црвениот тепих.
|
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Француската метропола е домот на најгламурозните ревии на светот. Синоќа започна Париската недела на високата мода на која ќе бидат претставени мајсторски изработените креации на некои од највлијателните модни куќи. Модната недела започна со ревијата на Версаче. „Современа божица: Моќ, решителност, сила и гламур“ – со овие зборови Донатела Версаче ги опиша елегантните креации од колекцијата пролет/лето 2014. На почетокот на ревијата одекнаа зборовите: „I’m blonde, I’m skinny, I’m rich and I’m a little bit of a bitch“ од песната „Donatella“ која Лејди Гага ѝ ја посвети на славната креаторка. Грејс Џонс била инспирација за сензуалната колекција, што ги објаснува елегантните качулки кои ги збогатуваа силуетите. Повеќето креации се спој на гламур и мистерија, но и провокативност, изразена преку високи шлицови и корсети кои делуваа како геометриски тетоважи на кожата на манекенките. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
ФОТО: Мистика од Валентино vs романтичен раскoш од СаабМодните куќи на Валентино и Ели Сааб ги прикажаа своите најнови колекции на модната недела во Париз. И додека Валентино својот акцент го стави на мистичната елеганција проткајана со темни бои и интересни текстури, Сааб остана верен на својот бајковит приказ создавајќи облека која секоја жена ќе ја претвори во модерна принцеза. Валентино
Креативната визија на Марија Грација и Пјерпаоло Пичоли овој пат внесе вистинска драматичност во ревијата на Валентино. Модниот спектакл беше отворен со Травијата, а на сцената се појавија вкупно 55 модели. Доминацијата на тул, кашмир и тантела одлично се вклопи во креациите со необичен крој и животински мотиви. На моменти изгледаше како дизајнерите да го претвориле женското тело во платно за сликање на кое се обвиткал импресивен спој од моќни форми и исто толку впечатливи бои. Несомнено е дека оваа ревија и беше наменета на жената која што не се
плаши да се издвои од толпата и да му се предаде на својот уникатен
стил.
Раскошот, префинетите материјали и сјајот на гламурот отсекогаш биле заштитен знак на овој дизајнер. Неговите волшебни фустани кои маѓепсуваат со својата префинетост и нагласени детали и овој пат предизвикаа воздишки кај женската популација. Либанскиот креатор си поигра со боите, па најпрвин нè стопи со нежно сините и бели креации, за потоа целосно да нè собори со страста на црвената и комплексниот занес на црната и темно виолетовата боја. Кога станува збор за Сааб, облеката е нешто повеќе од обични комбинации на материјали и бои. Таа е бајковита фантазија која во неговите раце станува совршена реалност. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Зухаир Мурад својата колекција Haute Coutureза 2014 ја промовираше на модната недела во Париз, а ја најави со елегантни фустани кои се извезени со тантела, светни везови и со многу сјајни детали. Розовата, виолетовата и нежно сината беа боите кои доминираа кај овој либански дизајнер, а посебен акцент стави на единствениот моден детал - знатниот ремен. Тој ги закити речиси сите креации и комбинезони, па не е ни чудо ако токму Зухаир го започне овој златен пролетен тренд по кој сите дами ќе воздивнуваат. |
||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 6970717273 77> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |