|
НАЈНОВО во излозите |
Внеси реплика | страница <1 6869707172 77> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Cacharel 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Модна недела во Њујорк: Оскар де ла Рента со награда за животно дело, ги остави без здив присутните на неговата ревијаНа модната недела во Њујорк, што се одржа од 5. септември до денес, еминентни модни дизајнери ги покажаа своите колекции за пролет/лето 2013., но и оние кои се почетници, барем во модната кариера. меѓу нив и тенисерката Серена Вилијамс, Викторија Б. и главните луѓе на Гугл! Наградата за животно дело му беше доделена на Оскар де ла Рента, а чинот на доделувањето на наградата го проследија 1000 посетители. Тој пак за возврат ги почести присутните со ревија на раскошни фустани, што рака на срце оставаат без здив..
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Миланската недела на модата ја врати на сцената елеганцијата и во услови на економска криза понуди безвременски креации кои не се актуелни само една модна сезона. Погледнете ги колекциите за сезоната пролет/лето 2013 на едни од најпознатите дизајнери со светска слава: ВерсачеФлуидност, разлабавеност и леснотија владееше на пистата на Версаче. Креациите на Донатела овој пат не беа структурирани и затегнати, туку им даваа слобода на движењата на манекенките. Преку колани и „метални“ реси акцентот беше поставен на колковите, во стилот на Шакира. „Порано работев со Шакира. Можам да си замислам како би полудела за ова“ – изјавила Донатела Версаче. Во егзотичната колекција сè уште се насетуваше рок стилот негуван од Версаче. Повеќето креации беа кратки и ги разголуваа нозете, можеби затоа што Донатела се фокусира на освојување на помлада клиентела. Роберто КавалиСексапил претставен на елегантен и современ начин ја обви ревијата на Роберто Кавали. Обожавателот на животинскиот принт и природата не успеа да ја потисне својата љубов кон дивината, но овој пат животинските дезени беа нежни и поретки. Ревијата започна со бели креации презентирани од русокоси модели, а заврши со црни креации носени од бринети. ПрадаЦветните мотиви присуствуваа речиси на секоја креација од колекцијата, а според Прада, беа „симбол на животот на жената и големите битки кои секогаш ги водиме“. „Сонот е забранет, носталгијата е забранета, да си премногу слатка не е добро. Облеката е израз на овој невозможен сон... Мислев на жената која е силна и слатка“ – изјавила Мјуча Прада. Многу од креациите изгледаа како модерна интерпретација на „кимоно“ стилот. Прада објаснила дека јапонските елементи се појавиле подоцна во процесот на дизајнирање. „Сакав да е силна и сериозна. Сите тие диплења беа последица на тоа“ – дополнила таа. Гучи„За пролет сакам да си играм со боја“ – изјавила Фрида Џанини. Желбата за колоритна игра на креативната директорка на Гучи беше очигледна. Циклама, мастило-сина, тиркизна, сончево жолта, корална... ведрите бои доминираа на модната писта. Освен јаките бои, силен впечаток оставаа и силуетите – туники и широки панталони во стилот карактеристичен на доцните 60-ти и раните 70-ти години, волумен на ракавите и околу вратот, честопати создаден со помош на големи набори и развеани долги фустани кои не го прегрнуваат цврсто женското тело. Ревијата можеби ќе остане запаметена по еднобојните креации, но не може да остане незабележан принтот инспириран од јапонски тапети. Долче и ГабанаОткако постигнаа голем успех со првата колекција висока мода, Доменико Долче и Стефано Габана продолжија да црпат инспирација од Сицилија. Фолклорни елементи, впечатливи принтови, марами на глава, масивни обетки, драматични сламени фустани... невообичаената колекција беше колоритна, енергична и полна со ведрина. „Беше охрабрувачко и веднаш посакав да одам на летен одмор. Боите беа прекрасни, беше несериозно, но носливо“ – изјавила Лусинда Чемберс, директорка на британскиот „Вог“. „Сè правиме на наш начин, не се стремиме да бидеме тренди. Сакаме да правиме облека со надеж дека луѓето ќе ја сакаат, но не целиме да оформуваме нови трендови“ – изјавило дизајнерското дуо. Џорџо Армани„Наша работа како дизајнери е да предложиме нешто што би го носеле луѓето. Што е поентата да прикажеш 30 парчиња кои не одат во продавниците?“ – запрашал Армани на прес-конференција. Искусниот дизајнер предложи андрогина колекција, која започна со ледено сини елегантни костуми чии широки панталони беа поткусени до глуждовите, а продолжи со тегет креации кои блескаа повеќе од ноќното ѕвездено небо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лондонската недела на модата: колекции пролет/лето 2013Британската престолнина изминатава седмица пулсираше во ритамот диктиран од помладите енергични брендови во модната индустрија. Погледнете низ колекциите претставени во Лондон кои не ги оставија модните критичари рамнодушни: Temperley LondonВизијата на младата Софија Лорен беше во главата на Алис Темперли додека ја разработуваше новата колекција. Примамлива палета на бои, здолништа инспирирани од стилот од 50-тите години, проѕирни ленти и висококвалитетни материјали ја окарактеризираа колекцијата на една од омилените дизајнерки на војвотката Кетрин и нејзиното семејство. „Мислам дека ова ми е најомилена колекција досега. Од кројот, до бојата и материјалите, сè“ – изјавила Темперли. Peter PilottoДизајнерите Питер Пилото и Кристофер де Вос мајсторски манипулираат со принтовите во новата зашеметувачки шарена колекција. Дигиталниот принт и неочекуваната текстура се главна карактеристика на креациите во кои се кријат и спортски елементи. „Дигиталниот принт е во јадрото и е толку прекрасно затоа што можеш да изразиш толку многу нешта, па на различен начин можеш да направиш различни слоеви. Толку е безгранично“ – изјавил Кристофер. Експериментирањето со формите, понекогаш „украдени“ од високата мода во 50-тите, како и умерените отсечоци, ѝ дадоа на колекцијата возбудлива динамика и модернистички шмек. Burberry Prorsum„Сакав да направам колекција која ќе ги натера луѓето да се смеат. Сакав да биде весела, малку подрска и посекси“ – изјавил главниот дизајнер Кристофер Бејли откако на пистата испрати армија манекенки облечени во колоритни и сјајни креации. „Корсети и наметки“ беше темата на ревијата за која Бејли црпеше инспирација од архивите на Burberry и фотографиите на Норман Паркинсон. Мантилчето по кое е познат овој британски бренд се појави во многу варијации, додека наметките беа презентирани и во кратка и во долга форма. Ердем„Мислев на жена од друга планета која дошла на Земјата“ – изјавил Ердем Моралиоглу по завршувањето на ревијата. Чипка и плетка, змиски и цветен принт беа комбинирани на неочекуван начин на креации кои зрачеа со дамска елеганција. Кристофер КејнКристофер Кејн секогаш пронаоѓа начин да ги изненади и воодушеви модните критичари. „Беше фантастично, толку умно – елеганцијата и перверзноста“ – изјавила модната уредничка на „Вог“ Лусинда Чемберс за колекцијата инспирирана од Борис Карлоф, или поточно Франкенштајн. Од почетокот до финалето се забележуваше постепено надградување на текстурата на креациите и позабележителна употреба на боја и впечатливи детали. Антонио БерардиАнтонио Берарди ја направи спортската облека гламурозна. Геометриската колекција сочинуваше многу здолништа подолги на страните на нозете, а пократки во средината. Силната сина боја која потсетува на мастило се провлекуваше низ целата колекција, надополнувајќи ја со динамика и урбана привлечност. Мери КатранзуПоштенски марки од Монголија, Венецуела и Финска, како и банкноти со стари валути (германски марки и грчки драхми) можеа да се видат на креациите на Мери Катранзу. Храбрите фустани со А-линија добија почесно место во комплексната, но атрактивна колекција. „Тоа беше фантастичен чекор напред. Формите делуваа толку модерно и охрабрувачки“ – изјавила Франческа Барнс од британскиот „Вог“. Изменето од Valerija - 20.Декември.2012 во 18:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зелената ќе биде боја на годинатаКако и секоја година, американскиот Pantonе Color Institute, специјализиран за бои, ја одреди бојата на годината. Во 2013-та година зелената боја ќе го инспирира светот на модата, убавината, дизајнот и декорацијата.
Одлуката се носи според основата на трендовите во индустријата на дизајнот, а зелено- смарагдната боја веќе ги освојува автомобилите, гардеробата и мебелот. Тоновите на зелената боја се присутни и на пролетните колекции кај некои од најпознатите дизајнери.
По црвено-портокаловата боја во 2012-та, експертите велат дека зелената ќе внесе свежина во секојдневниот живот, а според некои верувања, се препорачува носење на зелена облека за разбивање на малерот.
Зелената боја со сите свои нијанси е одлична идеја за годината пред нас, бидејќи ги симболизира младоста и надежта, а го поттикнува чувството на благосостојба и хармонија. Зелената боја е најмногу присутна во природата, а човечкото око најмногу ја гледа од сите останати бои од спектарот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Elie Saab 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jean Paul Gaultier 2013
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Roberto Cavalli 2013
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Antonio Marras 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kenzo 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Valentino 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dior 2013 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ФОТО: H&M со дебитантска колекција на Париската недела на модатаH&M за првпат презентираше своја колекција во рамките на Париската недела на модата. Познатиот шведски моден бренд ја прикажа колекцијата есен 2013. Чизми до колена, крзнени палта, елегантни наметки, туники, проѕирни здолништа... Шоуто беше микс од елеганцијата на Кетрин Денев и бохо шармот на Џејн Биркин. „Кога започнавме да размислуваме за оваа колекција, зборувавме за драма – модерна драма“ – изјавила Ен-Софи Јохансон, раководителка на дизајнерскиот тим на H&M. Последната ревија на H&M се одржа пред осум години во Њујорк. „Сакаме да ги изненадуваме клиентите со нашите колекции, но и со различни соработки. Помина долго време откако последен пат презентиравме наша мода на модно шоу и сметаме дека ова е одличен начин да ги изненадиме и инспирираме клиентите и фановите од целиот свет“ – дополнила Јохансон. Изменето од Valerija - 27.Септември.2013 во 14:41 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топ 15 модни трендови – пролет/лето 2013 Првите пролетни денови сигнализираат дека е време за освежување на
стилот. Нè очекува геометриска модна сезона, исполнета со риги, принт
кој имитира шаховска табла и точкести дезени. Пред нас е сезона која ја
прославува женственоста преку цветни креации, чипка, развеани модели,
ориенталски мотиви, проѕирни панели и лесни како пердув материјали.
Започнува модна сезона ослободена од правила и обвиена во привлечноста
на едноставноста.
Задоволете си ја љубопитноста и дознајте кои трендови ќе ја одбележат новата сончева сезона. Риги манијаРигите експлозивно се наметнаа како тренд кој едноставно нема да можете да го заобиколите. Хоризонтални, вертикални или дијагонални, црно-бели, морнарски или разнобојни, широки или тесни... не се ограничувајте. Риги манијата се распространи на блузи, кошули, панталони, здолништа, фустани и модни додатоци, па слободно грабнете го омиленото модно парче со штрафти и не се двоумете дали да го искористите во топлите денови. Сепак, важно е да ги изберете вистинските риги за вас, затоа што овој тренд крие ризик од позаоблен изглед на телото. Судирањето на различни риги е нов начин за носење на трендот. Така, нема да погрешите ако носите блуза со хоризонтални, а здолниште со вертикални риги. Црно-бела играМодната сцена очигледно се замори од силните бои, неонските нијанси и „колор-блок“ трендот кои беа доминантни минатата година, па дизајнерите ја прочистија палетата и се насочија кон вечно модерните бела и црна боја. Никој не остана рамнодушен на едноставноста и безвременскиот шарм на црно-белата комбинација. Редуцирани карнериЗаборавете ги плисираните здолништа. Карнерите ги добија своите пет минути, но тука станува збор за редуцирани и елегантни карнери, а не натрупани набори. Низ колекциите на врвните дизајнери карнерите ги видовме на јаки, на ракави и на здолништа, што значи дека нема да ви е тешко да експериментирате со нив. Смарагдно-зелено волшепствоЗелената боја асоцира на обновување, просперитет, единство, баланс и хармонија, па не е воопшто чудно што Pantone ја избра смарагдно-зелената за боја на 2013 година. Обојте се во оваа богата и ведра нијанса која ја носи со себе волшебната привлечност на смарагдот за да постигнете софистициран изглед. Деним шикСтилот на 90-тите години се протна на модните писти преку деним креации. Ископајте ги широките фармерски кошули, сините тесни фармерки и фармерските јакни кои пред повеќе од десетина години ги закопавте во плакарот и освежете го вашиот лежерен уличен стил. Футуристички сјајИридесценција – тренд кој го хипнотизира окото. Ткаенини со сјајни површини на кои се прелеваат боите беа освежителна новост на модните писти, особено затоа што редовно креациите со металик сјај се резервирани за студената сезона и зимата. Шаховска таблаВиновник за трендот шаховска табла е Марк Џејкобс, или поточно неговата последна колекција за Луј Витон. Смелиот принт со квадратчиња ги освои модните критичари, стилисти и холивудски ѕвезди. Но, колку и да е интересен на фотографиите од модните едиторијали или на црвениот тепих, овој тренд е голем предизвик ако сакате да го вклопите во секојдневниот стил. Ако изберете фустан, јакна или панталони со квадратчиња, минимизирајте ги модните додатоци за да не делувате нападно, а останатата облека нека ви биде еднобојна. Најбезбеден избор се модни додатоци со квадратчиња. Црно-белите квадрати се најпопуларни, но не бегајте ни од бело-зелени, бело-жолти и бело-бежови комбинации. Цветен миксПролетта и летото не може да минат без женствениот цветен принт. И во црно-белата сезона која е пред нас, не смеете да ги заборавите цветните креации. Нов начин за носење на трендот се цветните апликации. Модните писти беа преплавени со креации и модни додатоци украсени со мали цветови за тридимензионален ефект. Проѕирни панели и отсечоциКажете ѝ збогум на пристојноста. Дизајнерите ве канат да покажете малку повеќе кожа со проѕирни парчиња и отсечоци на фустани, блузи и здолништа. Најчесто отсечоците и проѕирните делови се во областа на половината, па затоа се вели дека „must-have“ оваа пролет е рамен и стегнат стомак. Алфа жениКостумите не се само за мажи. Дизајнерите го форсираат изгледот „алфа жени“, затоа што ја истакнува самодовербата и моќта на жената. Оваа сезона костумите доаѓаат во секакви форми – со здолништа, долги или кратки панталони. За преферирање се костумите кои имаат впечатливи детали кои ги прават незаборавни и го потенцираат индивидуалниот стил. Здолништа со преден шлицПокажете ги нозете. Никој не може да каже дали здолништата се помодерни ако се мини, макси или миди, бидејќи сите се подеднакво застапени во новите колекции. Но, модните експерти се согласуваат – предниот шлиц е елементот по кој се препознаваат здолништата на 2013 година. Најчесто здолништата имаат два шлица, на надворешните страни на нозете. Неретко шлицот е еден, но висок до бутовите. Кожа за топло времеШирок круг на дизајнери го репризираа нивниот романтичен танц со кожата од зимата. Иако е малку неочекувано, експериментирањето со кожата продолжува и во сончевите месеци. Освен црната кожа, модерна е и кожата во повесели бои – корална, жолта, светлозелена, црвена. Перфорираната кожа се покажа како мини тренд, а исто така и кожените модели со ласерски отсечоци. БермудиНикој не вели да ги заборавите кратките панталончиња, особено кога сакате да ги истакнете нозете, но бермудите се новиот тренд којшто ги привлекува модните зависнички. Дизајнерите ги комбинираа со еднобојни сакоа како летна варијанта на популарниот женски костум или со впечатливи блузи во силни бои. Петар Пан јаки и бели кошулиКошулите се помодерни отсекогаш. Белата кошула е задолжително парче облека за топлите денови. Меѓу најинтересните кошули за сезонава се кошулите без јаки. Од друга страна, останува актуелен трендот на Петар Пан јаки, кои си го пронајдоа местото не само на кошули, туку и на блузи и фустани. Дамска чипкаНе е важно дали е искористена како акцент или како главна атракција – женствената чипка си го зачува своето место меѓу трендовите. Деликатниот изглед на чипката примами премногу обожавателки за да може лесно да замине во модната историја. Изменето од Valerija - 09.Април.2013 во 18:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 6869707172 77> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |