IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - А што прави овој народ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

А што прави овој народ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5657585960 69>
Автор
Порака
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2012 во 22:37
http://www.zdravo.com.mk/skopjance-poludel-dodeka-gledal-porno-so-lezbejki/

“Отако моите родители си легнаа јас пуштив порно филм за да се опуштам”
“Ме фати паника, затоа што сфатив дека уживам во нешто толку болно, неприродно и ненормално. Како ѓаволот да влезе во мене. Прво си удрив шамар за да се освестам, но и понатаму ме привлекуваше сцената со лезбејките. Се удрив посилно со тупаница во главата, а потоа зедов столица и си ја скршив од глава и на крајот удрив со главата со ѕид


леле леле што право овоj народ
изненадување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 11:08
Полемики за бројката нема да прават бидејки видно е дека синоќа имало многу народ на плоштад и дека сакале /нејкеле/признале/ не признале-здружената опозиција собрала народ. Сега Сител им се фатија за  Љубчо Георгиевски не ја пееше македонската..
а никако да се сетат дека секој паметен човек кој малку држи до себе ќе забележи дека и владиниот коалиционен партнер НИКОГАШ не прозборел на македонски а камоли да запее химната. Затоа забелешката не држи вода. Пеел Љубчо не пеел тие кои денеска му се клањаат на премиерот Груевски, на времето “убиваа“ за војводата кој сега го плукаат.смеење
А убаво им зборев, остајте ја опозицијата да си спие, тие кои се преставуваа за пријатели на владеачкава и на кои наводно премиерот им одел дома не слушаа па се рчкаа и чешаа кај не ги јаде-од уста не го вадеа Бранко и  сега имаат за што да молчат. Го разбудија, го размрдаа, го налутија и им собра народ. Не го сакам Црвенковски ни тие околу него, ама па не сакам да се правам слепа и да не гледам дека работите се менуваат и се плашам дека и ке се предизвика овој народ да гласа за инат, да ги казни овие кои сега се на власт. А ке ми биде жал бидејки имам неколку мои фаворити-љубимчиња меѓу сегашниве властодршци.размислување

Црвенковски побара предвремени избори во март



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 11:29

Позицијата сака предвремени избори, така што работава им оди од рака. Тоа го планира уште пред некое време.

Затоа беше инсцинирано недоразбирањето со коалицијата која испровицира некаква си интерпелација во парламентот, затоа се интензивираат врските со дијаспората и добивањето на македонски пасоши...

Работата е што економијата во светов, а особено во Европската Унија ќе биде во надолна линија уште неколку години. За жал, тоа ќе се рефлектира негативно и на македонската економија. тага А тоа не значи ништо друго туку дека денешната економска состојба во државава ќе е подобра од онаа што ќе биде следната година и некоја година потоа. тага

За позицијата тоа значи само едно - предвремени избори додека состојбата с'е уште е добра. Со секој месец подоцна шансите за победа ќе бидат с'е помали.

Опозицијата се фати на јадицата и сега ќе работи за зацврстување на позиција. А оваа во следниве месеци ќе направи инфузија на пари во сите сектори на економијата, ќе им ги врати задржаните ДДВ на фирмите, ќе започне нови градби, ќе донесе нови странски инвестиции (на кои ќе им треба во просек 2 години додека почнат да даваат поконкретни резултати, но никој нема да обрне внимание на тоа) и т.н.

Мoја прогноза, без тронка сомнение: позицијата ќе ги добие предвремените избори без големи проблеми, а за тоа најголема заслуга ќе има токму опозицијата со нејзината кусогледост. тага

 
 
 


Изменето од Messenger - 29.Октомври.2012 во 11:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 11:45
Меси 2006 сегашнава опозиција ги направи истите потези кои ги спомнуваш, ама народот не  ги гласаше-напротив ги казни за сите тие години изживување. Евала да си во право, ама :::
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 12:13
Остави што јавно се зборува... Само следи што практично ќе се случува... Се работи за политика која се крои со месеци однапред, а ние сме сведоци на нејзиното реализирање.

 

Опозицијата заслепена од алчноста што побрзо да се добере до власт, без темелна структурна подготовка (набрзина составена коалиција од некогашни непријатели) и без детална политичко-економска платформа (како и порано само даваат бомбастични популистички изјави без било какво покритие) се излета и се фати во поставената стапица.

Сега, ако се откаже од бараните предвремени избори ќе се покаже како слаба и нејзината коалиција ќе се растури побрзо отколку што се собра (но, ако ја увидат ситуацијата во која се втурнаа растурањето можат да го инсцинираат со божемно недоразбирања, па с'е ќе изгледа како што се случи со нивниот албански партнер. На тој начин, за сметка на повреденото Его, ќе си го спасат лицето од уште едено изборно губење). Ако егата и суетата им се пресилни тогаш ќе останат на барањето предвремени избори (за кои на народов му дојдоа преку глава) надевајќи се дека можеби нема да минат премногу лошо. Проблемот со тоа е што ќе ја зацементираат положбата на позицијата и следниот пат ќе им биде уште потешко да го собираат народот на нови предвремени избори (до кога ќе прават вакви јалови повици???). De facto тоа ќе биде дефинитивно простување од активната политика за Црвенковски (повеќе нема да има никакви оправдувања за останување на чело на партијата која ја доведе до зарибување), Љубчо ќе биде отпишан и од последните луѓе од македонската политика, Жерновски ќе остане жигосан како човек кој поради лични политички амбиции коалицира со било кого, а другите ќе минат во заборав за јавноста.

 
 
 
 
 


Изменето од Messenger - 29.Октомври.2012 во 14:34
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 14:17

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Меси 2006 сегашнава опозиција ги направи истите потези кои ги спомнуваш, ама народот не  ги гласаше-напротив ги казни за сите тие години изживување. Евала да си во право, ама :::

Линков не го ставив за дебатирање околу бројот на присутните, туку поради реченицата која ја болдирав во црвено.

Не сум само јас на кој посочува дека опозицијата се избрза:

Некои велат 11.000, некои 70.000: Колку луѓе имаше синоќа на Плоштадот?

Вообичаено, како и после секој митинг, политичките табори и редакциите на медиумите се зафатени со броење. Минималните проценки според некои медиуми се 11.000 присутни, додека опозицијата се фали, ама и претерува, дека собрала 70.000 граѓани на плоштадот.

Факт е дека ова не беше најмасовниот митинг на градскиот плоштад во историјата на независна Македонија како што се најавуваше и очекуваше. Дали опозицијата и овој пат избрза?

 
 
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 15:24
 
Одличен коментар кој ја дава вистинската слика на опозицијата:
 
 
 
Стари фаци во нови пози

Многу често ни самите не знаеме дали сме во право или не кога вршиме јавна комуникација во некоја дебата или расправија. Многу често веруваме дека сме во право, но ни се случува да се излажиме. Демокрит одамна дал образложение за ова кога рекол дека вистината е во длабочината. Затоа треба да се скокне, ама не во празно. Една јавна комуникација, или поточно објава на „Сојуз за иднината“, што се случи неделава што измина, мене ми заличи на скок во празно. Опозицијата објави дека се здружи. Здружената екипа според многу нешта е интересна. Играчкиот состав е во Бенетон-стил – обединети бои на опозицијата. Ги има колку сакаш и какви сакаш. Чиниш небаре пред нас имаме опозициска ѕуница: Папа, потрошена харизма, лакост-манекен, бранител-квазиполитичар и лидер „на службен пат“. Се служат со исто така многу интересна реторика. Дури и чудна. Еден вели дека нема да се борат за власт. Доколку е точно, тоа од старт е погубно за нив, како учесници во политиката. Таму има само интереси и борба за власт. Значи, на почетокот утка. Доколку не е тоа случај, тогаш тука некој уште на почеток не ја кажува вистината. Мами и манипулира. Додава дека им претстоела битка за државата Македонија. Да ја спасуваат. Се прашувам што правеа досега? Kај беа? Зошто по 22 години независност на Македонија ~ треба спас? И од кого? Друг вели дека тој бил ВМРО. Сите биле ВМРО. Ама не ДПМНЕ. Па доколку е така, зошто на Денот на револуционерната борба, значи на Денот на ВМРО не е присутен на државната прослава по тој повод? Таму беа сите што мислат дека се ВМРО, сите што го сакаат тоа ВМРО, и сите што го почитуваат. Таму се славеше историското ВМРО. Јас колку што знам не се славеше ДПМНЕ. Присутен беше целиот државен врв, дипломатскиот кор, претставниците на верските и образовните институции, медиумите, па и јавноста преку директниот телевизиски пренос. Само тие „што ќе ја спасувале Македонија“, на прес-конференција упатуваа гротескни повици до јавноста. Резултат – демагошка халабука, што имаат намера масовно да ја шират.

Гротеската тука не завршува. Имаше и изливи на интимни чувства на жал за пропуштените средби т.н. кафе-пиење. Kаење зошто биле само кога еден на друг си ја предавале власта, а не и почесто. Признание дека во прашање биле суетите. Нивните лидерски суети. Демек тоа повеќе немало да се случува. Најголем „доказ“ е плавата, а не црвена машна. Македонска трагикомика. Тие сепак мислат поинаку. А што се однесува до мислењата, очигледно е дека луѓето со нив се менуваат, и постојат. Би рекол опстојуваат. Дали ова е логично? „Мислам, значи, сум“, одамна напишал Декарт. Ние сме тоа што мислиме дека сме. Но човекот не е пиле. Мислам, значи не сум! Проникливиот Kант мислеше дека постоењето е логичка категорија. Дали бил во право? Ќе видиме, доколку видиме. Да не заборавиме дека човекот е и регресивно битие. Дали сето ова може да се заборави или избрише? Бидејќи нема ништо зад текстот/искажаното доколку нема. Прашањето е мое, но идејата на Жак Дерида. Дури и него го консултирав за да ја сфатам храброста за понирање во длабочините на нашата политичка опозиција. Дојдов до поразителен заклучок. Нивната задоцнета дружба е пауновска убавина на покажување. Во моментот нивната единствена смисла за политичко опстојување. Тоа ти е ефектот што го нареков „стари фаци во нови пози“. Рамка за групен портрет. Портрет на политичари кои мислат дека тие се единствено во право. Ама и се сомневаат. Фројдовски признаваат дека ете и тие како сите луѓе можеби грешеле кога ја практицираа власта. А богами доста долго и со ќеф го правеа тоа, кога го правеа. Сега по долги „посни“ години сакаат уште од колачот. Не бил за фрлање. А замислете дури изјавуваат дека нема да се кандидираат за ниту една функција. Добро само еден од нив. Не мислете ли дека сето ова ја навредува нашата интелигенција. Kај едни предизвикува срам, кај други чудење, кај трети смеа, а кај напатените од транзицијата што тие ни ја приредија, гнев. Дали тука не се покажува и потврдува вистината? Очигледно во ова не се меша дијалектиката, исто како што тоа го прави судијата во двобој кој не ги испитува причините поради кои дошло до него. Во двобојот е битно да се парира на ударите на противникот и тој да биде прободен. Чиста логика. Но, таа за јавното политичко комуницирање најчесто не важи. Честопати целта е изведување на погрешни тврдења, а тоа е веќе полето на софистиката. Овие изминати 22 години независна и демократска Македонија сепак видовме многу лидерски суети. Тие придонесоа во јавната комуникација да се искаже многу неискреност, што доведуваше и до немалку манипулации, дури и измами. Ќе се согласиме ли дека во такви услови најтешко е да се изговори вистината. При обзнаната на „Сојузот за иднината“ видовме многу вешта манипулативна реторика. Желба секогаш и во секоја пригода да се биде во право. А рековме дека тоа е еристика на дело. Со неа, рака под рака, одат претераната говорливост на едни и вродената нечестивост на други, каков што е случајот со обединетите бои на опозицијата. Некои велат дека еристиката е интелектуална вештина на мечување, што е многу интересна констатација. Јас сепак мислам дека таа повеќе е вештина на интелектуално мечување. Посебен вид на итрина во изразувањето. Синоќа требаше да се случи „најголемиот митинг во демократска Македонија“, па да видиме дали е така.

Сотир КОСТОВ

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=372B8F897D2F194CB6830A1484D1CA29
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2012 во 17:39
Убави прогнози даваш меси и убаво ја насочуваш работата од твоја гледна (да не речам партизирана) точка, ама испушташ премногу моменти.. Се насочуваш кон опозицијата при тоа не согледувајќи ги катастрофалните потези на позицијата.. вртиш водичка на воденичката.. Само за потсетување. Груевски збореше албански пред некој ден, македонците им стануваат заложници на албанците, целава работа се тера кон тивка федерализација, бранителите по којзнае кој пат извисени, струјата дрско крената, животниот стандард далеку опаднат, потрошени народни пари за бакарни скулптури, државата двојно задолжена, народот живее во страв, бројот на сиромашните двојно зголемен, богатите двојно побогати, половината од македонските фирми со блокирани сметки, просечната плата во Македонија (не на папир) е 10-12 денари, извршителите фрчат на сите страни... мислиш дека твоето "конструктивно" согледување на работите сите го гледаат или има премногу народ кој гледа и други работи. Мислиш дека Технохозе, Кемет, булевари и слично проаѓа лесно покрај сите грешки што погоре ги набројав? Народот сака слободна и демократска држава, народот не сака да јаде бакар, децата да им учат во училишта со албански УЧК херои, народот сака поевтина струја, храна и гориво, народот сака закон и ред на целата територија на Македонија.. Колку и да ги мразам сините, ама па дотолку повеќе ги мразам портокаловите.
Секогаш има и поинаква перспектива на гледање на работите НЕЛИ?
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 00:08

Очигледно не ме читаш како пишувам.

Јас не ја бранам позицијата, туку велам дека во нејзин интерес е да има предвремени избори и објаснив зошто е тоа така.

Опозицијата малу кусогледо истрчува со барање предвремени избори и со тоа  оди само во прилог на позицијата која уште пред извесно време се подготвува за нив со стратегијско планирање на исплата на заостанати ДДВ кон фирмите, зголемување на пензии, интензивно организирање на дијаспората за добивање македонско државјанство и пасоши и т.н (да не се повторувам со сите нешта). Истовремено ги финализира поголемите проекти кои ќе ги искористи како аргумент за нејзината работа.

Опозицијата настапува со некаква набрзина составена коалиција на некогашни противници кои никогаш немале ништо заедничко, а немаат ниту денес освен силната желба да ја превземат власта.

Народот, покрај незадоволството од сегашната економија, не е толку наивен да гласа за оваа група која нема ниту скица за некаков економско-политички план, а да не говориме за било што подетално со кое би можелa да настапи како посериозна алтернатива.

Власта во оваа држава повеќе не може да се добие со популистички пароли и играње co моменталниот народен сентимент. Со ваквиот настап само покажуваат дека потполно неприготвенo се фатиле во поставената стапица и се залетале во битка која од далеку се гледа дека ќе ја изгубат.

И ќе повторам, ова не го говорам како подршка или напад на било која страна, туку единствено како анализа на нештата кои се очебијни и кои ќе придонесат до цементирање на власта на позицијата.

Оноа што би сакал да произлезе како најголема позитивност од сето тоа е да го соочи членството на СДСМ со фактот дека мораат да се реинвентираат и реорганизираат со ново, младо и способно раководство кое ќе ја препороди оваа партија во вистински витална и иновативна сила способна да понуди реална политичко-економска платформа за подобра македонска иднина.

И oва постојано го велам кога Црвенковски (не велам СДСМ бидејќи оваа партија стана само Бранковa марионета) подготвува некакви демонстрации или повикува на предвремени избори. Cекогаш сум тврдел дека и едните и другите ќе завршат јалово (како што се случувало) с'е додека СДСМ не се препороди со долго очекуваното расчистување на своите редови и поставувањето на соодветна гарнитура способна да одговори на реалните предизвици кои во иднина ја очекуваат Македонија.

 
 
 


Изменето од Messenger - 30.Октомври.2012 во 00:12
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 00:28
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Полемики за бројката нема да прават бидејки видно е дека синоќа имало многу народ на плоштад и дека сакале /нејкеле/признале/ не признале-здружената опозиција собрала народ. Сега Сител им се фатија за  Љубчо Георгиевски не ја пееше македонската..
а никако да се сетат дека секој паметен човек кој малку држи до себе ќе забележи дека и владиниот коалиционен партнер НИКОГАШ не прозборел на македонски а камоли да запее химната. Затоа забелешката не држи вода. Пеел Љубчо не пеел тие кои денеска му се клањаат на премиерот Груевски, на времето “убиваа“ за војводата кој сега го плукаат.смеење
А убаво им зборев, остајте ја опозицијата да си спие, тие кои се преставуваа за пријатели на владеачкава и на кои наводно премиерот им одел дома не слушаа па се рчкаа и чешаа кај не ги јаде-од уста не го вадеа Бранко и  сега имаат за што да молчат. Го разбудија, го размрдаа, го налутија и им собра народ. Не го сакам Црвенковски ни тие околу него, ама па не сакам да се правам слепа и да не гледам дека работите се менуваат и се плашам дека и ке се предизвика овој народ да гласа за инат, да ги казни овие кои сега се на власт. А ке ми биде жал бидејки имам неколку мои фаворити-љубимчиња меѓу сегашниве властодршци.размислување

Црвенковски побара предвремени избори во март




мислава ти држи вода,ко и секогаш...имаше народ,тоа е факт,сакале да признаат или не.Дури денес се врти есно смешно прашање по  фејсбук-
„Ако 100.000 луѓе ги пречекаа кошаркарите на плоштад, како сега плоштадот собира максимум 11.000?!“
Стварно, како тоа?
туку,друго ми беше муабетот во врска со болдираното
Овој народ на секои избори гласа против,оти изгледа нема друга опција...оние кои доаѓаат ветуваат брда и долини,нудат планови и платформи,идеални услови и сенешто...одкако ќе се устоличат секогаш се бетер од оние кои си отишле
и така се вртиме во маѓепсан круг веќе 20тина години,никако да пораснеме,никако да созрееме...

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 00:55


...........a be, da bea ovcite vmro-ovski, mislam deka ke bea i dvesta iljadi...istite!

..inache ,...jas ne glasam , ama ke im chestitam na onie shto i ako gi trgnat ovie nedonosenive mochkovci koi izigravaat  nekoi si ''jaki'' politichari...........

...i ako , barem nekolku od niv  od niv gi ''opeljeshat '' poshteno,...i gi stavat megju  chetiri zida ,..sledniot pat ke go imaat i mojot glas!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 01:07
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Очигледно не ме читаш како пишувам.


Јас не ја бранам позицијата, туку велам дека во нејзин интерес е да има предвремени избори и објаснив зошто е тоа така.


Опозицијата малу кусогледо истрчува со барање предвремени избори и со тоа  оди само во прилог на позицијата која уште пред извесно време се подготвува за нив со стратегијско планирање на исплата на заостанати ДДВ кон фирмите, зголемување на пензии, интензивно организирање на дијаспората за добивање македонско државјанство и пасоши и т.н (да не се повторувам со сите нешта). Истовремено ги финализира поголемите проекти кои ќе ги искористи како аргумент за нејзината работа.


Опозицијата настапува со некаква набрзина составена коалиција на некогашни противници кои никогаш немале ништо заедничко, а немаат ниту денес освен силната желба да ја превземат власта.


Народот, покрај незадоволството од сегашната економија, не е толку наивен да гласа за оваа група која нема ниту скица за некаков економско-политички план, а да не говориме за било што подетално со кое би можелa да настапи како посериозна алтернатива.


Власта во оваа држава повеќе не може да се добие со популистички пароли и играње co моменталниот народен сентимент. Со ваквиот настап само покажуваат дека потполно неприготвенo се фатиле во поставената стапица и се залетале во битка која од далеку се гледа дека ќе ја изгубат.


И ќе повторам, ова не го говорам како подршка или напад на било која страна, туку единствено како анализа на нештата кои се очебијни и кои ќе придонесат до цементирање на власта на позицијата.


Оноа што би сакал да произлезе како најголема позитивност од сето тоа е да го соочи членството на СДСМ со фактот дека мораат да се реинвентираат и реорганизираат со ново, младо и способно раководство кое ќе ја препороди оваа партија во вистински витална и иновативна сила способна да понуди реална политичко-економска платформа за подобра македонска иднина.


И oва постојано го велам кога Црвенковски (не велам СДСМ бидејќи оваа партија стана само Бранковa марионета) подготвува некакви демонстрации или повикува на предвремени избори. Cекогаш сум тврдел дека и едните и другите ќе завршат јалово (како што се случувало) с'е додека СДСМ не се препороди со долго очекуваното расчистување на своите редови и поставувањето на соодветна гарнитура способна да одговори на реалните предизвици кои во иднина ја очекуваат Македонија.



 

 

 


Проблемот е тоа што ти се насочуваш на дестабилизирање на следбениците на опозицијата и уште од сега посочуваш на нешто што немора воопшто да значи. Нели секогаш се ваделе програми за секои избори. Зошто мислиш дека и овој пат нема да се постави јасна визија од страна на опозицијата и нема да се настапи со јасна порака за нивната програма. И тоа ќе се случи. Впрочем и твоето вемеро настапи со програма т.е преродба во 100 чекори но најголем акцент даде на популистичките мерки па така ја доби власта. Од програмата излегоа само неколку чекори, од кои повеќето беа одење наназад.
Ниту една политичка фракција во државава неможе да победи со политичка програма без разлика каква и да платформа е. Тоа е така бидејќи народот казнува. А овој пат грешките водат кон катастрофални последици за Македонија.
Зошто не се насочиш на одбрана на позицијата во поглед на нивните грешки туку на нападот враќаш со напад. Во овој случај тоа не ти е најдоброто оружје бидејќи нема да упали. И Русија и Америка не се мирисале многу многу па на крај маката ги споила за да го одбранат светот од деструктивните идеи на некоја друга фракција нели. Јас ниту ги оправдувам постапките на опозицијата ама па уште помалку ги оправдувам постапките на позицијата. Знаеш ли зошто? Затоа што ниту една владеачка гарнитура до сега не ја водела Македонија кон федерализација, ниту пак изигравала заложник на малцинство. А уште помалку што оваа гарнитура го задолжи народот до тој степен што дури ни правнуците нема да можат да не раздолжат.
Така да инструирани прераскажани изјави не палат искрено кај народот.
Во едно се согласувам со тебе. Избрзана изјава беше за предвремени избори. Репер требаше да бидат локалните избори, па да се мери силата на коалициите. Но како тргнале работите по надолна линија за владеачкава гарнитура реперот ќе им биде само еден негативен показател за деструктивноста.
Секоја чест за некои потези, но од сето тоа неможе да се избега бидејќи тоа што е најсвето, а тоа е идентитетот и државноста се ставаат на коцка и испит. И тоа не спрема надворешните фактори, туку кон внатрешните фактори. И никој неможе да каже дека тоа е конструктивен пат, бидејќи целата досегашна борба за државноста и уставноста се ставени на тежок испит а некој упорно мижи пред налетот на разнебитувањето т.е федерализација или кантонизација на една целина.
Стави ги грешките на кантар и после погледни на која страна натежнала вагата.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 01:24
Пак ќе кажам.. политичките програми се само мал декор на политичките опции.. нешто само за мафтање пред народот. Малтене секоја програма што произлегла до сега од политичките партии не завршила целосно исполнета, па дури ни 10-20 % не била исполнета. Сите избори до сега се добивани на популистички мерки.
Од друга страна. Ако ги коментираме проектите секоја чест на одредени. Спомениците паѓаат во вода веднаш бидејќи се потрошија значителна сума пари, за небитни работи.
Околу покачувањето на пензиите е нормална работа, само што проблемот е што тоа се позајмени пари, наместо акумулирани пари. А сето тоа да се амортизираат шоковите и разликите што се создадоа при приходите и расходите по едно семејство. Истото важи и за платите на прекубројната администрација која дополнително се зголемува и претставува уште поголем терет на државата. Така невработеноста во Македонија не се намалува.
Трета работа е исплаќањето на ддв на домашните компании. Па зарем е тоа потег за пофалба? Јас мислев дека тоа е обврска на власта. И редно време беше да се исплатат заостанатите обврски кон компаниите и тоа при крајот на годината, наместо на почетокот. Сепак таа исплата на ддв ќе биде искористена кај голем дел од компаниите за покривање на долговите заради бранот на поскапувања, и на тој начин само привремено ќе им се подобри ликвидноста, а ако тоа не се случеше голем дел од нив ќе прогласеа банкрот заради неможноста за покривање на долговите кон нивните побарувачи. Најлошото е тоа што државата зема кредит за покривање на долговите.
И мислиш кога некој ќе излезе со сите овие аргументи и ќе прикаже бројка на задолженост по жител, ќе биде тоа одобрено како сосем нормална работа?
Аргументите дека опозицијата нема платформа може само да ја зацврсти опозицијата и да ја натера да работи посложно за да и докаже на позицијата дека имаат лош аргумент кој предвреме го лансираа. Сепак политичка програма и платформа секоја коалиција може да склопи и да мавта на митинзи со неа...
Повторно популистичките мерки измешани со таа фамозна програма ќе бидат тие што ќе ги носат гласовите.
Локалните избори се блиску ама и доста далеку. Постојаниот притисок на опозицијата е меч со две острици.. Или ќе ја натера власта да работи уште подобро, или ќе и направи изнудени грешки и ќе ја втера во очај.
Но гледајќи ја оваа власт и нејзините интереси, можам да речам дека само ќе ја втера во очај, бидејки планот што го имаат зацртано очигледно успева помеѓу владеачките коалициони партнери па така да можеме само да очекуваме уште некоја авантура во меѓуетничките односи.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2012 во 05:46
Еве нека биле и 100 илјади, луѓе донесени од цела МК, од кои повеќето се дојдени за дневница од 500 ден. и сендвич.

Муабетот ми е дека, бројките по митинзите не мора да значат ништо, зашто за добивање избори не е доволно да го наполниш плоштадот. 

Дела се потребни, завршени работи, ветувања остварени.

Позади комуњарите нема ништо, бел лист хартија, празен, на него нема ништо, само демагогија последните 20 и кусур год. и многу, и премногу лоповлук.

Позади сегашните имаат оставено бааги позади нив, барем за Скопје зборам, јас и неможам толку да осетам затоа што секоја година си доаѓам дома, ама мој пријател летоска кој си немаше дојдено последните 6-7 год. беше воодушевен. 

Луѓето гледаат кој работи, а кој не работел, кој давал а кој зимал од истите, така и ќе гласаат на наредните избори.

Многу е едноставно.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5657585960 69>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.