![]() |
|
Народноослободителна борба на Македонија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3233343536 39> |
Автор | ||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Добредојде на форумов Soridor. Tи посакувам пријатни моменти и дискусии овде. Веднаш да те предупредам дека делење епитети, квалификување на членовите како такви или онакви, како што може да се види од делот кој го цитирав е спротивно на правилата. Истотака, најстрого е забрането политичко етикетирање и ширење на дневно-политички теми или препукувања на овој подфорум. Овој подфорум сепак е посветен на историјата. Постои посебен подфорум за политика. Изменето од Македон - 20.Септември.2011 во 00:09 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Македонските партизани се пред се националисти, а потоа комунисти.
Ова тврдење, покрај статијата, го потврдуваат и спомените на Христо Калајџиев, кој ги обвинува македонските раководители во Скопје дека не се однесуваат согласно марксистичкото сфаќање на националните прашања и се однесуваат тесноградо и националистички. А со вистинитоста на ова тврдење самиот се соочува при посетата на Струмица. Истото го забележува дури и Велика Британија ,која бара од Тито да ги заузда Македонците. А и КПГ, во својата кореспонденција, им забележува на македонските раководители дека меѓу нив има членови на ВМРО, националисти и фашисти и дека неправилно го псотавуваат решавањето на македонското прашање, алудирајќи на национализмот меѓу македонското раководство. Токму ова е потврда и на какви основи почивала НОБ на Македонија и борбата на македонскиот народ за слобода. |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
И ти да не си баба ванѓа па знаеш дали имам врска од нешто или не и што јас мислам или не. Не знам за кои струи говориш тука што наводно ја намалуваат важноста на НОБ, бидејќи важноста на НОБ, на партизанските единици во борбите против фашистичкиот окупатор во ослободувањето на Македонија е незначителна. Умрено е тоа време на креирање на лажна историја на која балканските народи беа изложени повеќе од 40 год. Воопшто на целиот Балкан важноста од воен аспект на партизанските единици се до крајот на 44 год. е минорна. Не ја оспорувам важноста на целокупниот државен апарат вклучително и партизанските единици трансформирани во Ју-армија, после војната, во убивањето и пљачкосувањето на стотици илјади луѓе во бивша ЈУ, вклучувајќи ја и Македонија. Ако мислиш на таа важност тогаш капа симнувам . Да, сега сите што не ја подржуваат лажната историја за НОБ се или бугараши или вмро-ци. Само да ти напоменам дека дедо ми е носител на партизанска споменица 41-ва и член на КПЈ од пред војната. Изменето од Македон - 23.Септември.2011 во 14:26 |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Воздржете се од навреди, делење "епитети" и меѓусебни квалификации! Нема потреба од такво нешто.
Сите навреди и квалификации се едитирани. |
||
![]() |
||
Zeksi71 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Uploaded with ImageShack.us На моите претходни тврдења дека НОВ се до крајот на 44-та е една минорна организација на Балканот вклучувајки ја и Македонија доказ е и оваа фотографија каде се гледа слободната територија под контрола на партизаните на крајот од 42-ра год. две години по отпочнувањето на борбата. Може да се заклучи колкава популарност имале партизаните во Србија и во Македонија во тоа време. Интересна е состојбата со слободните партизански територии каде од фотографијата може да се види дека тие 90 % се стационирани на територијата на самопрогласената усташка творевина НДХ, што само е уште еден плус повеќе во некои понови тврдења дека партизаните и усташите соработувале во тоа време. ![]() Uploaded with ImageShack.us Многу интересна фотографија од второто заседание на АВНОЈ, каде во очи паѓа самата слика на Тито на сцената каде се состанувале делегатите. Ете каде е почната сценографијата која ќе ги прати југословенските народи во наредните децении. Изменето од Zeksi71 - 23.Октомври.2011 во 19:10 |
||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
http://www.scribd.com/doc/41661459/%D0%97%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B8-%D0%90%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%84%D0%B0%D1%88%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-1941-%D0%B4%D0%BE-1945-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0
1941 - 3 1942 -24 1943 - 24 |
||
![]() |
||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу ти е долог линкот... Така по бива: Список на загинатите во народнослободителната и антифашистичка воjна на Македониjа
|
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
мерси
![]() |
||
![]() |
||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако добро прочита од каде се овие луѓе ќе видиш дека тоа се борци од Битолскиот регион.. тоа се вкупно 220 загинати борци само од Битолскиот регион... А каде се останатите региони? Скопски, Кумановски, Прилепски, Охридски, Струмички, Штипски, Велешки итн итн.. да не ги набројувам сите со ред?
|
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ама од 1944та - не са разделени пред и после окупациата
|
||
![]() |
||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако разговараш правилно со факти, тогаш треба и да знаеш дека се до 1943 година, целиот свет бил во одбрана.. А од 1942-43 работите земаат поинаков замав.. Сојузничките сили почнуваат со контраофанзива секаде.. Најдобро сведоштво за тоа е Операцијата Факел која го најавила почетокот на крајот на Фашистите во светот. Најпрво е извојувана огромна победа во Северна Африка над Фашистичките војски со што Ромел бил принуден да се повлече од Африка целосно, потоа следува ослободување на Малта која служела како даска за отскок и префрлање на Европско тло. Паралелно Советската Армија започнува со контраофанзиви за протерување на Германските војски... Тоа нема да се случи се до крајот на 1943. Исто така е формиран штаб за помагање на ослободителните војски во сите држави од Европа и светот кои биле под Окупација на фашистите. Така да крајот на 1942 година се смета за пресвртница за многу работи во Втората светска војна. Инаку партизаните се до тој период биле организирани но слабо опремени за разлика од домашните усташи и четници кои биле целосно опремени и обучени од страна на Фашистите и делувале како нивни единици на теренот со што дополнително била отежната борбата за ослободување на нови територии. Но со поврзувањето на Врховниот штаб на НоВ на Југославија со Оперативниот штаб на сојузничките сили, почнала да пристига и помошта за партизаните во вид на оружје, муниција, санитет, облека и сл... Исто така имале и помош во жива сила која помагала за некои операции.. Значи се доаѓа до определен заклучок, каде и покрај желбата и поддршката на населението во Југославија да се вклучат активно и да се дојде до толку посакуваната слобода, не било можно бидејќи партизаните било слабо опремени, и во секој случај силите од другата страна биле далеку надбројни... Така да картата што покажува слободни зони од 1942 и тоа како е голем успех за една толку мала, не добро опремена и не добро организирана да кажеме војска... За да можеме да донесеме определен заклучок мораме да ги согледаме сите факти... А фактите започнуваат на глобално ниво и се слеваат понатака... Пак ќе набројам... Факт 1.. До 1942 година светот бил во одбрана од замавот на окупациските сили. Факт 2.. Крајот на 1942 и почетокот на 1943 година Сојузничките сили формираат здружена офанзива т.е преоѓаат во контраофанзива. Факт 3.. Се до крајот на 1942 и почетокот на 1943, НоВ т.е партизанските единици не добивале никаква помош од страна на сојузничките сили, и биле далеку помалку бројни од Фашистичките Германски, Италијански и бугарски војски, а дополнителен товар им задавале усташите, четниците и балистите кои биле на страната на фашистите. Факт 4.. На територијата на тогашна Македонија не дејствувала ниту една друга паравојска на страната на фашистите освен балистите. Тоа ја доловува сликата дека Македонскиот народ во тоа време бил здружен и по тоа прашање, извојување на победа на фашистите преку формирање на партизански единици кои биле единствено фокусирани на уништување на фашистичките војски и објекти. Уште поголем товар во тоа време за Македонија претставува фактот дека на овие простори биле стационирани дури 3 окупациски војски Германска, Италијанска и Бугарска потпомогната во некои региони од балистичките банди. Тука се поставува уште едно прашање.. Кога веќе во останатите региони од поранешната СХС претстојувале само 2 војски и 1 паравојска зошто во Македонија престојувале 3 војски и неколку банди? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
![]() |
||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако не ја познаваш географијата на Македонија не коментирај... Во тие листи 99 % се од Битолскиот регион т.е градот Битола и селата кој во тој период гравитирале кон Битола и чат пат по некој гастарбајтер или дојденец... Убаво разгледај ги местата на раѓање и ќе видиш дека 99 % се од тогашниот Битолски регион. Или сакаш да кажеш дека во Втората светска војна имало севкупно 220 загинати од цела Македонија? |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
![]() |
||
NRGMKD ![]() Сениор ![]() ![]() THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако веќе ги коментираме сликите што ги има постирано, убаво се гледа дека горната слика е од Првото заседание на АВНОЈ во 1942, а убаво се знае дека во тоа време партизаните сеуште делувале самостојно без надворешна помош, а додека другата слика е од Второто заседание на АВНОЈ во 1943, каде партизаните веќе земаат голем замаф и се потпомогнати од Сојузничките војски, а доказ за тоа се британското и американското знаме на зидот позади Тито... Така да треба секогаш убаво да се научи Историјата т.е хронологијата на настаните во текот на годините па да се носат заклучоци. |
||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
||
![]() |
||
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
е стави цифра колку са загинатите?
Изменето од d4 b3 - 14.Септември.2012 во 13:13 |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3233343536 39> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |