IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Австралија или Канада да се оди?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Австралија или Канада да се оди?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 27>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 01:45
Originally posted by Messenger Messenger напиша:




Чисто како илустрација, како оди животот на запад кога семејството добива дете...

... ако до тогаш родителите живееле во гарсоњера или еднособен (ваму еднособен подразбира една спална, додека двособен е стан со две спални, дневна соба, кујна и терпезарија) стан за релативно кусо врем ќе мора да се пресели во двособен стан (поголема кирија).

Во исто веме ќе треба да се размислува и за околинaта во која се живее. Ако до тогаш родителите биле спремни да живеат во понесугорна средина за да имаат помала кирија, сега ќе размислуваат да се преселат во поголем стан и во подобар кварт на градот за да можат да му обезбедат на детето посигурна средина и друштво од зградата.

Следат трошоци за градинка кои ќе изедат во просек најмалу половина од една плата. Кога ќе се засметаат трошоците за градинката заедно со сите оние кои се потребни за детето излага дека едниот родител ќе работи само за да го покрие нив.  Со други зборови, со доаѓањето на детето на овој свет едниот родител ќе работи само за него. Една "нормална" плата едноставно нема да биде доволна за таквото трочлено семејство.

Kога ќе дојде време за одење во училиште ќе мора да ги разгледаат опциите кои им стојат на располагање : да оди во училиштето кое им припаѓа според местото на живеење или да бираат друго училиште доколку оноа првото не е баш на најдобар глас според дисциплината или средините од кои доаѓаат учениците. А тоа е затоа што најважното нешто во животот на децата воопшто , а особено на запад, е во каква училишна средина ќе расне детето. Тоа е поважно дури и од квалитетот на наставата.

Е, поради тоа родителите ќе имаат опција да бираат друго училиште - државно или приватно. Ако поради економските прилики мораат да одберат некое друго државно училиште тогаш ќе мораат да го менуваат своето место на живеење (селење во друг стан) <span>з</span>а да добијат право да го користат тоа ново училиште. Ако имаат доволно приходи тогаш ќе имаат шанса да бираат приватно училиште во било кој крај на градот. Трошоците <span>з</span>а одење во приватно училиште во просек доаѓаат до половина од една нето "нормална" плата.

Но тоа не е само така едноставно... новото училиште и новото место на живеење значи најчесто нова економска средина... не само поскап стан и поголеми трошоци на секојдневното живеење, туку детето ќе биде соочено со другарчиња кои имаат подруги погледи на квалитетот на живеење кои резултираат со начинот на облекување, бавење со спортови, балет, музика, одење на родендени (посетување и соочување со домови на поимуќни деца), забави, поседување електронски играчки, следење на секакви трендови... а тоа значи додатни рас<span>х</span>оди за семејниот буџет доколку родителите не сакаат детето да го направат да се чвствува како последна дупка на свирчето во таквата средина и така да го направат понесреќно отколку да било во средината на деца кои потекнуваат од сиромашни и проблематични семејства.

Следењето на младешката мода од неговата средина, членувањето во спортски клубови, следењето на приватни часови по музика и балет, додатни приватни часови по училишни предмети доколку заостанува од другарчињата во класот, одењето на летни и зимски кампови... може лесно трошоците само за него да ги качат на ниво на вкупните лични трошоци на двата родители заедно.

А тоа е само за едно дете...

За одењето на факултет и енормните трошоци како последица од тоа воопшто не почнувам муабет.


Врти-сучи, сметајте и пресметувајте како сакате, за нормално живеење на четиричлено семејство во америкиве и австралисјкиве зеланди треба да се има вкупен приход од барем 100.000. Помалу од тоа значи сериозен компромис ...


Браво Меси! Ни самиот ова не ќе можев подобро да го срочам.

Колку само постапките на луѓето се предвидливи иако сме одалечени илјадници километри еден од друг. Застрашувачки, нели?

Прашањето е како можеш некому да му дадеш, ако дотичниот несака да прими?!

Кога ќе почнеме да ги собираме сите трошоци 100те илјади нема да бидат доволни. Зборуваме за квалитетен живот

Изменето од Platenik - 24.Јули.2012 во 03:25
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 02:29
не вреден Месинџерот ја закуца, рајт ту д`поинт.
 
 
Originally posted by lion888 lion888 напиша:

...............
Mozebi razlikata e vo trosocite na zivot pomegu AU i NZ taka da so prosecna plata od 40k kako sto pisav si na nula ili mal minus dodeka so dve plati skoro pola mozes da ja zastedis.
............
Znaci da sumirame posle danok prosecna nedelna plata od 600$ minusiras 400$ za kirija ili kredit i so ostatokot plakas smetki i se hranis. Sekako ova e racunica na semejstvo koe zivee uste so steganje vo trosenje kako sto ziveaat 99% od Makedoncite vo starata dobra Makedonija.
............
 
Да си здрав и жив. Ми фати пена устата од зборење дека со просечна плата од 50000 долари во САД (40к во НЗ) не може да се живее побогато од најголемиот број македонци во МК. Луѓето се чувствуваат  поубаво во развиените земји од МК и со толку мали пари затоа што општествениот стандард е многу повисок, и тој носи можности кои во МК ги нема.
 
Кажете му на брза-та да ја врати картата за Америка... и шаторот... газење од смеење Оти за квалитетен живот во странство треба многу повеќе да понуди... освен неговиот инает.
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 03:29
Рошелије јавно изјави дека не ја напушта земјата по никоја цена.

Останува на бојното поле докрај, надевајќи се дека со инает и критиката ќе ја промени општествената свест. И кај народот,и кај власта!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 04:55
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кога ќе почнеме да ги собираме сите трошоци 100те илјади нема да бидат доволни. Зборуваме за квалитетен живот


Ќе те поправам, говориме за нормален живот... потпочно под нормален, ама поднослив за овие услови ваму... а тоа е затоа што да биде квалитетен на сето ова требаше да ги ставам трошоците на факултетот ( $25.000-$70.000 годишно за едно дете ), ставање пари настрана за веридби, свадби и крштевки, ставање пари настрана за купување стан или куќа бидејќи со пензијата нема да биде лесно да се живее под кирија и да се плаќаат сите останати трошоци на живеење, ставање пари настрана за стари години како банкарски депозити или mutual founds, плаќање лекарски осигурања бидејќи државното или не постои (САД) или е  непотполно (ова е за Canada, за австралијските зеланди не знам), редовно одење на летни и зимски одмори, купување нов автомобил секои 4-5 години, исчистување на сите кредитни картички и кредити за куќа (стан, викендичка) и  автомобил, одење во театри, балети, концерти, ресторани, клубови за вежбање... и да не редам натаму с'е што се очекува од еден квалитетен, но сепак нормален (не екстравагантен) начин на живеење во овие земји.

За нормално квалитетен живот за едно четиричлено семејство потребни се близу $200.000.

Кога ја спомнав бројката од само $100.000 мислев на минималната свота која можеби ќе овозможи човек да не влезе во сериозни компромиси на живеење.

И тука е оноа што сакаме мие мускетарите од ПМ да им пренесеме на немускетарите од НПМ: денес во ПМ не е оноа што било во некогашните времиња кога луѓето оделе на гурбет. Денес исто постојат добри прилики за востанување на квалитетен живот, но тоа останува за оние кои имаат високо стручно образование и одлично познавање на англискиот јазик. Оти таквите, доколку се амбициозни, способни и строго фокусирани на градење на нов  квалитетен живот во овие земји, ќе можат да ги заработат парите кои ќе им го гарантираат тој живот, оној за кој сонувакле кога планирале да појдат преку океаните.







Изменето од Messenger - 24.Јули.2012 во 04:57
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 07:13
Здравственото осигурување е универзално во Австралија, барем така велат. Тоа повеќе важи за примараната медицина. За се нешто што е поспецифично и поспецијализрано тогаш се плаќа.

Системот наречен Medicare покрива дел од трошоците, а процентот на покриеност зависи од сериозноста на болеста и установениот приоритет. Забарските услуги и некои други специјализрани медицински услуги не се покриени.

Некои категории на луѓе се ослободени од партиципација, но мнозинството не.

Секој еден вработен плаќа 1,5% така наречен medicare surcharge од својата бруто плата за оваа намена. Оние кои заработуваат над 75000 плаќаат дополнителен surcharge доколку немаат приватно осигурување. Значи парите секако ќе ти бидат земени и е озаконет рекет.

Приватното осигурување е опција и како секое осигурвање нуди можности да го прилагодиш на своите потреби. Дури и да избереш се’ незначи дека ќе бидеш 100% покриен. За да платиш помалку, го избираш она кое според твоето убедување ќе ти биде најпотребно.

Моето приватно осигурување ме чини 312 долари месечно и тоа по добиениот поспуст од 30% кој го дава админситрацијата. На име забарски услуги можам да побарувам 1500 долари годишно по член на семејство. Другото, се разбира, од џеп. Има некои данаочни ослеснувања кои стапуваат на сила одкако ќе ги потрошиш првите 1500, сопствени пари.

Пример. Забната протеза на ќерками чинеше 6500 од кои осигурувањето покри 1500, а за другите се испруживме. За артроскопската операција на коленот која ја направив пред извесно време платив 1800 долари, додека остатокот го покри Medicare и приватното осигурување. Целата сметка беше некаде околу 5500 долари. Единствена предност кога имаш приватно осигурување е дека нема потреба да одиш на листа на чекање и можеш да го избереш својот доктор.

За ваква операција, која не е опасна по живот листата на чекање е многу долга. Се чека и до 24 месеци, се разбира доколку сакаш трошоците да бидат покриени од фондот. Во меѓувреме или ќе треба да смениш спортот или воопшто да не се бавиш со спорт.

Значи не е само до храната односно, јајцата, млекото и лебот!

Овде на западот се вели users pay или по наше, простачки, плати, па клати!



Изменето од Platenik - 24.Јули.2012 во 07:18
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 07:51
Originally posted by lion888 lion888 напиша:

.................

Ako sporedis deka vo CA imas temperaturni razliki od +40 do -25 ili vo AU +40 do 0 togas sekoj moze da izvlece zaklucok sto mu odgovara poveke.

................
 
-25? голема насмевка 
+40 е некогаш во Канада (ептен ретко) ама -25 С се навистина оптимистички... голема насмевка Тоа личи на рана пролет. голема насмевка Во сите големи градови во Канада до стотина километри северно од границата со САД (освен Ванкувер) температурата во зима паѓа под -30, без виндчил. Со ветерот, паѓа некогаш под -50. Посебно во континенталните градови - Монтреал, Винипег, Реџајна, секоја зима има по 4-5 недели во континуитет кога температурата не преоѓа над -30. Ѕивра! Се трпи затоа што влажноста е под 10%, а и канадските јакни не може да се споредат со македонските. Снегот е сув како песок и ако џитнеш врело кафе во воздух, капка течност нема да падне на тлото - се се претвора во смрзната магла моментално. Колите ги штекаме во струја преку ноќ (и ден, ако паркираш надвор подолго од саат два) - ако не ја држиш загреана, ќе чекаш лето да запалиш. Тоа не им пречи на родените канаѓани да играат хокеј надвор по замрзнатите реки, дури да возат сноумобили, коли и камиони по нив, или ловат риби во дупка по цела ноќ во шатор - жртва паѓа водката (или ж`та, кај натурализираните). Во Калгари, поради влијанието на морето и планините (ветерот Шенук), периодите на многу ладно (-25, -30) се кратки - ден, два, па температурата оди десетина степени погоре пет-шест дена и така во круг. Слично е во Торонто - не толку ладно, но поради езерата паѓа многу снег (ради љопат, па опет љопат). Уште повеќе снег паѓа на источниот брег, пропратен со невремиња. Во најладните градови и нема многу снег, еднаш, двапати ќе падне по неколку саати и останува шест месеци. Е, ако животот (работата) те однесе подлабоко на север, тогаш и -30 ќе ти се чинат како лето. голема насмевка
Сето ова на неискусните им се чини страшно, но Канада функционира со полна пареа во сите услови... Освен кога дабар ќе реши да направи езеро насред (единствениот) Трансканада хајвеј, и недела дена ќе ја подели земјата на два дела. голема насмевка
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:10
хм ладно изгледа во канада
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:17
Добро де, дијапазонот на температурните разлики во просек е 70+ степени
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:21
Ви ги читам дечки постовите и со некој работи се согласувам со некој не.Во Австралија,Канада,Нов Зеланд и сеуште Америка има добар квалитет на живот.Високи се можности за успех поради шо во секоја фирма има хоризонтална и вертикална диверзификација на работните места шо значи дека ако си квалитетен и стручен имаш големи шанси за напредок во кариерата.Навистина се проблем кириите но и ако имате кука плакате данок.Тоа значи дека потрошувачкото опшество ве тера да ги задоволите апетитите со тоа шо или ке работите додатна работа или ке треба да земите кредит и отпочните сопствен бизнис.И да не се лажиме ,не можи со 5-6 години работа да се направи капитал,потребно е време и првата генерација е жртва,таа го носи цел товар за втората или третата генерација да има услов за ширење на капиталот.
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:32

Она што сакав да кажам е дека температурните разлики во континенталните градови, во зимските месеци се неколку степени (два-три) - денот е околу шест-седум саати долг, нема разлика меѓу дневна и ноќна температура, со еден збор коооочан ладно. Пет минути надвор неадекватно облечен се добиваат фростбајтс.

Во северните провинции зимската температура оди и под -60, не е ни чудо Канада се простира до северниот пол (Месинџерот ќе се јави на ова голема насмевка).

Изменето од Polar Bear - 24.Јули.2012 во 08:38
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:38
бе доста бе

замрзнав
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 08:54
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Ви ги читам дечки постовите и со некој работи се согласувам со некој не.Во Австралија,Канада,Нов Зеланд и сеуште Америка има добар квалитет на живот.Високи се можности за успех поради шо во секоја фирма има хоризонтална и вертикална диверзификација на работните места шо значи дека ако си квалитетен и стручен имаш големи шанси за напредок во кариерата.Навистина се проблем кириите но и ако имате кука плакате данок.Тоа значи дека потрошувачкото опшество ве тера да ги задоволите апетитите со тоа шо или ке работите додатна работа или ке треба да земите кредит и отпочните сопствен бизнис.И да не се лажиме ,не можи со 5-6 години работа да се направи капитал,потребно е време и првата генерација е жртва,таа го носи цел товар за втората или третата генерација да има услов за ширење на капиталот.


Недвижноста во која живееш не подлежи на оданочување. Ако имаш викендица тоа е веќе нешто друго.

Искрен да бидам не те разбирам што сакаш да кажеш со тоа хоризонтална и вертикална деизерфикација?

Секоја една организација ја има и едната и другата. Разликата е во големината на истата.

За успехот до некаде си во право. Да теоретски е така, но во праксата постојат и други непишани правила. Пак се зависи од поединецот, а и она да бидеш на право место, во право време.

Во услови на поголеми економски пореметувања и овде важи правилото, не колку знаеш, туку кого знаеш и колку можеш успешно да се продадеш.

Богаташ на западов никој нестанл за 5-6 години. Меѓутоа, многу луѓе станале богаташи за 5-6 години во сите земји на поранешниот источен блок. Во таа група ги сврстувам и бившите ЈУ држави.

Па види сега ти каде е подобра климата за бизнис. Во матно најубаво се лови!


ПС. За квалитетен живот потребни се поприлично големи средства. Погледни ги предходните постови, ако ништо друго последниот од Месинџер.

Изменето од Platenik - 24.Јули.2012 во 09:02
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 10:31
Диверзификација по хоризонтала и вертикала значи дека можиш да напредуваш со кариерата во одделот каде шо работиш но и можиш да бидиш префрлен во друг оддел како линиски менаџер,менаџер на маркетинг или во унапредување на квалитет.Тоа е она шо кај нас го нема колку и да си способен и креативен и затоа многу високо стручни кадри заминаа надвор од земјата.
А за за богаташите во источниот блок навистина многу брзо се создадоа но генерално тоа се луге кои имаа корени во политиката и службите за разузнавање од 70-80 години но таму како брзо се создава капиталот брзо и се умира.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2012 во 11:30
Нема да полемизирам, но ќе напомнам дека твоето мислење не го споделувам во целост. Не е се така розово.

Ова го зборувам од искуство и тоа не само домашно туку и интернационално. И не само под аскет на врбаотен туку и од аспект на работодавач.

Луѓето се луѓе каде и да се, а згора на тоа луѓето играат игри. Нивото е различно, а и видливоста на секое ниво не е секогаш подеднакво иста. Големината на организација игра значајна улога, а богами и визионерството на извршниот раководен кадар.

Знам дека не секоја компанија на западов има таков пристап, а исто така знам дека некои компании во Македонија имаат одредена стратегија за развој и усовршување на сопствениот кадар.

Колку повеќе се доближуваш до врвот, помал е просторот, а конкуренцијата се зголемува. Јас би рекол дека 95% од луѓето се осудени да останат онаму каде што се. Многу од оние кои се вредни способни и неможат или незнаат да се продадат, а тоа е мнозинството, единствена шанса им е да променат работно место или организација. Белким таму ќе им тргне.

Поимите како boys club, scratch my back I'll scratch yours, click.... не се измислени во Македонија.

Да, приликите овде на западот се поголеми, само треба да знаеш да ја играш играта.

Не сум баш сигурен дека новите богаташи пропаднаа. Тие кои знаеа да играат и им се отворија картите, а згора беа храбри да ги искористат приликите, опстанаа. Само во Македонија Трифун, Минчо, Зегин, Тинекс, Орка.... и многу други и те како опстанаа. За Роман Абрамовиќ и плеадата руски милијардери несакам ниту пак да зборувам.

Успехот е релативна категорија, за некого е успех ако ја продаде соствената работна сила и знаење, за друг да биде шеф на маркетинг, за трет тој што ќе ги влече конците .... и така во недоглед.

Успех е за некого е кога ќе види дека Екрем, Драганче и Вале Голубица пропеале!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.