|
КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА? |
Внеси реплика | страница <1 4243444546 55> |
Автор | ||||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Како што беше во времето на Мојсеј кој го зеде народот и прво го водеше низ пустина за потоа да го воведе во израелските предели,во земја плодна каде што тече мед и млеко.
Така тоа се случува и на големо до свршетокот на светот. Прво христијаните беа водени низ црните векови за потоа да бидат воведени во ренесансата и развиениот свет. Но како што на Мојсеј му беше кажано дека само оддалеку ќе ја види земјата и нема да влезе во неа и таму ќе умре.Така и христијаните влегоа во развиениот свет за време на ренесансата и не се видоа веќе христијански водачи како во времето на црните векови. |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Долго време пред да биде создадена планетата Земја, на небото имаше вистинска религија. Тоа се небесните духовни суштества, организирани, кои се подредени хиерархиски по чин ( архангели, серафими, херувими и ангели ) кои Го обожаваат и му служат на вистинскиот БОГ. Имале само едно правило, како што имале и првите луѓе, а тоа е бидат во единство со Изворот на Животот, ако сакаат да останат живи. Цитати од Библијата : 4 Каде беше кога ја основав земјата, кажувај, ако знаеш! 5 Знаеш ли кој и ги одреди мерките и кој го оптегна измерувачкото јаже над неа? 6 На што и почиваат основите? Кој и постави крајаголен камен, 7 додека воскликнуваа утринските ѕвезди и извикуваа Божјите дворјани? ( Јов 38: 4-7) 9 И кога живите суштества му воздаваат слава и чест и благодарност на Оној, Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови, 10 дваесет и четирите старешини паѓаат пред Оној, Кој седи на престолот, и Му се поклонуваат на Оној, Кој живее во вечни векови, и ги положуваат своите круни пред престолот, велејќи: 11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.” ( Откровение 4:9-11) П.С. Не те прашав дали веруваш дека Библијата е Света Книга, види малку поубаво во мојот пост, познат ми е твојот став . И како би можел да се лутам на тебе, досега немало никаква причина за тоа , се надевам дека нема да има ни понатаму Треба да се опуштаме така е, релаксацијата и смеењето е многу важна работа во животот Поздрав до тебе почитуван пријателе |
||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||
zoranjanev1
Сениор Регистриран: 07.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Точно.
Голем број на учесници на ИДИВИДИ Форумов работите ги сфаќаат многу сериозно.
Не можам да ви наредам, но ви советувам: расположете се барем малку бе луѓе !
|
||||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Според мене сите религии укажуваат на едно исто,љубов,мир,почит...
Верувам во тоа дека животот е само еден тест за сите луѓе за тоа кој ке оди во пекол а кој во рај,односно кој за што ке го искористи животот. |
||||
I just wanna feel real love.
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еееххх ... кога навистина би било такааа! Ама за жал не е! Туку, кога веќе зборуваме за тоа која е вистинската религија, да ве прашам нешто! Дали некој од вас знае за која религија т.е. за кој бог станува збор кога ќе се наведат следниве податоци* : - роден е од мајка девица - роден е на 25 Декември - имал 12 следбеници - правел чуда - го нарекувале „Божјо јагне“, „Светлина“, „Овчар“, „Крал над кралевите“, „Вистина“, „Светлина“ - бил жртвуван - бил умрен 3 дена - воскреснал Кој ќе ми даде точен одговор, иако сум атеист, ќе ја прифатам неговата религија како вистинска. Еве, давам чесен атеистички збор. *- има уште некои податоци, но не би сакал да одземам време и простор за нивно набројување. Р.Ѕ. Постариве членови кои добро ме познаваат, сигурно си помислуваат: „што ли сега наумил Златников, што така „лесно“ би прифатил некоја религија!“ |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Site se vo pravo i nitu eden ne e vo pravo!"
|
||||
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
||||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Zlatnik-Сакаш на некој начин да ни појасниш дека не е можно воскресение?
|
||||
I just wanna feel real love.
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Итар си Златник, ама ќе морам да те разочарам дека сум неколку чекори пред тебе и одма знам што планираш и кон што алудираш, а тоа е она што најверојатно си го гледал во филмот Zeitgeist можеби би привлекле некој кој историја учел од филмови, но, нема да привлече некој кој малку повеќе проникнал во историјата преку читање книги, а не гледање пропагандни филмови. Доколку навистина можеш да докажеш дека тоа што си го навел се однесува на митовите за сите оние божества ( Митра, Буда, Кришна, Дионис и останатите на кои сега не можам да се сетам ) за кои најверојатно си слушнал токму од тој филм, но, цитирајќи релеванти историски извори, а не од некои млади левичарски ентусијасти - социјалисти, јас ќе се откажам од религијата и ќе ги прифатам веднаш сите социјалистички глупости кои ненаметливо се обидува да ги протурка Peter Joseph, а како знак на тоа, веднаш ќе напишан дека се извинувам и се откажувам од се што против социјализмот сум напишал на овој форум. Ама пак, ако јас ги докажам ги побијам оние твоите тврдења, ти ќе се откажеш од сите социјалистички невистини и од се што си напишал за религијата? Нормално, останува ти да го докажуваш твоето тврдење, а јас да го негирам. Го прифаќаш предизвикот?
П.С. Веднаш да ти кажам дека ќе стартувам со неколку чекори пред тебе, веќе имам пишувано за тоа на овој подфорум, иако е некаде во архивата и ќе треба да гo барам, ако не бил избришан во меѓувреме. А и пред да поставуваш ваков предизвик, требаше да прочиташ повеќе за режисерот на овој филм. Секако, за социјалистите не е грев да лажат, затоа што тие си лажеле, лажат и ќе лажат секогаш за да ги протуркаат своите идеи, затоа што друг начин немаат, ниту е прв, ниту последен пат ова. Тоа барем не треба да го докажуваме. Доволно е да се погледне како тие во минатото го убедувале народот дека е среќен и живее во најсреќното општество, истовремено уништувајќи го. П.П.С. Никаде не се тврди дека Христос е роден токму на 25- ти Декември. Црквата е таа која определила тогаш да се празнува тој ден, најверојатно затоа што изгледало логично овој празник да биде воспоставен точно девет месеци по Благовештението, а и за полесно да го засенат идолопоклонството на сонцето, што се славело тие денови. Во првите три векови Божиќ се славел заедно со Крштевањето Господово, на 19-ти Јануари. Ако го прифатиш предизвикот, една од тезите на кои се надеваше ти пропаѓа во вода и тоа прави 1 - 0 за мене. Ти си на потег.
Изменето од Македон - 17.Февруари.2012 во 01:13 |
||||
mkd76
Група Регистриран: 02.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Многу луге ставаат Еднаквост помеѓу:
Верба и Религија Правда и Право Демократија и Избори и уште многу други компарации Ако тргнеш правдата да ја бараш во Правото(по Судови)биди сигурно дека нема да ја најдете.Законите се напишани да ги заштитат тие што ги напишале. Ако Јас се прашувам нивните услуги не ми се потребни. Ако не ѕирнеш во своето срце, и душа нема да ја најдете Вистината Вербата. Во библијата стои Осознајсе самиот себеси и ке се ослободиш. Една стара приказна вели Еднаш Бог се уморил од сите Човечки барања и молби. И ги свикал Ангелите да ги праша каде да се скрие. Еден од Ангелите му одговорил скриј се во Човечкото срце и Ум таму луѓето никогаш не погледнуваат. Така да џабе се сите постови и палење свеќи ако не се осознае Господ во своето срце. Што се подразбира под поимот Атеист? Да не се верува во Бога или Да не се верува во црква? Господ му дал на Човекот ПРАВО НА ИЗБОР со Што се разликува од сите останати Битија. Каков Избор ке направите тое е Ваше Право дадено од Бога. |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Амин !
И за тоа нема да бидете судени, казнувани, наградувани... |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
“Господ му дал на Човекот ПРАВО НА ИЗБОР(!)“, но поради Неговата голема Милост, за да го спаси од грешниот изборот (кој што е повеќе од погубен за човековата душа), тој - во Христа - му Ја дарил Неговата вистинска и единствено спасителна Мудрост, чија надприрода е Љубов! Среќен е секој кој нема да Ја одбие БОЖЈАТА понудена Љубов! А Исус му рече: „Вистина ти велам ... со Мене ќе бидеш во рајот!” Ев.Лука 23:43 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Belata Ciganka
Нов член Регистриран: 15.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 37 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Na krajot na kraishtata sekoj chovek veruva vo Gospod. Samo sekoja kultura ima svoj nacin na religija i na veruvanje. Vo svetot ima lugje koi razlicno mu se molat na Gospod i razlicno baraat pomosh, proshka i sl, no sepak site sme lugje i site veruvame vo Gospod, bezrazlika na se!
Amin |
||||
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
|
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Mnogu luge,a i gospod ne bi se soglasil so ova shto si go napishal |
||||
Внеси реплика | страница <1 4243444546 55> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |