IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 55>
Автор
Порака
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 18:55
Токму тоа сакав да потенцирам.Дека не треба да гледаш од призмата на религија.Зошто тој збор одпосле се појавува.Туку од призмата на бог и божјото кој е од почетокот и продолжува низ Авраам,Исак и Јаков па после преку Мојсеј и израелскиот народ и доаѓанјето на месијата кој ни дава една појасна слика за животот се до денешни дни.И ке си продолжи и псоле свршетокот на светот во вечноста.Ете слава на оној кој светот не го познава.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 19:12
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

...Религија без луѓе не постои бидејќи религијата е човекова творба. ...

... која со својата парадоксалност*, во помала или поголема мера, е основа за избувнување на (речиси) сите конфликти и војни досега. Во текот на целата историја на човекот. Од „пред аврамско време“, па се до последниве случувања во Вевчани!

*- од една страна секоја религија, као, учи за љубов, разбирање, толеранција ... но од друга страна тоа го поврзува само доколку се следи нивната сопствена догма. Во спротивно, секој кој не го прифаќа тоа учење или кој има некое друго, претставува опасност, непријател.
Некои од една страна велат „сакај го непријателот ...“, за потоа да си противречат „кој не е со мене, тој е против мене“
Други од една страна велат мир меѓу сите, а од друга страна џихад, т.е. војна кон сите кои се против (или не го прифаќааат) исламот. И кои сакаат нивната религија да ја наметнат на сите луѓе, за таа да биде универзална, затоа што (според нив) таа е последна во низата религии кои произлегуваат една од друга (јудеизам - христијанство - муслиманство). Демек, Мохамед е последниот пророк, а тоа само по себе кажува дека тој и неговото учење се нај исправни.
И сега? Која религија е подобра?
Зарем досегашната историја на човештвото не е доволен пример за секој да се запраша за погубната улога на религиите?
Уште колку милениуми се потребни за луѓето да ја осознаат апсурдноста на религиите?мечтаење
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 19:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 Vistinskata religija e onaa sto postoese uste na pocetokot na vremeto.



Која е таа религија која постоела пред почетокот нa времето и луѓето (пред да почне време немало луѓе, нели?) ?



Вистинската религија постоеше уште пред да настане човечкиот род , на небото , меѓу верните ангели. Тоа е вистинското обожавање на Творецот на сите работи, невидливи и невидливи.


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 19:21
мојата е вистинска........
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 19:27
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Токму тоа сакав да потенцирам.Дека не треба да гледаш од призмата на религија.Зошто тој збор одпосле се појавува.Туку од призмата на бог и божјото кој е од почетокот и продолжува низ Авраам,Исак и Јаков па после преку Мојсеј и израелскиот народ и доаѓанјето на месијата кој ни дава една појасна слика за животот се до денешни дни.И ке си продолжи и псоле свршетокот на светот во вечноста.Ете слава на оној кој светот не го познава.



 Така е goran-twin да
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
paton Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 789
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paton Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 19:28
не е така горан твин
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 20:43
   
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Официјалната историја секако дека се однесува на општествата и општествените настани. Настанот за кој дискутиравме јас и php e oпштествен настан, односно појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот.


Ако зборуваш за официјална историја, тогаш немој да мешаш шпекулации - појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот. Тој не измислил ништо ново, како што не измилил ниту Константин иако можеме, според оноа што го напиша, да речеме дека тој востановил нова религија по негово убедување, онаа која ја денес ја занеме како католичко/православно христијанство.

Официјалната историја вели дека за времето на Акхенатон овој фараон ја забранил дотогашната египетска религија и ја востановил монотеистичката која веќе псотоела источно од границите на Египет. Историјата вели дека овој фараон поставил нов ред на свештеници за имплементирање на монотеистичката религија според египетските прилики и потреби, а старото свештество го набркал. Историјата вели дека ова старо свештенство се организирало против Акхенатон и после неговата смрт ги приграбило старите позиции, ја вратиле старата религија и ги избркале тогашните свештеници.
 

Дали знаеш на кој период се однесува таа забрана? Востановувањето на оваа религија не значело и автоматска забрана за почитување на старите божества. Забраната е издадена подоцна. Патем, пред да говориш за некаков монотеизам источно од границите на Египет, добро е да погледнеш што претставува сонцето во египетската митологија. Врховното божество, Амон Ра е конгломерат на божествата Амон и Ра, нешто што подоцна станува и Атен. Тоа е ставот на официјалната историја. Ова лесно можеш да го провериш.

Знаев дека ќе го споменеш Константин, но забораваш, дека за разлика од Акхенатон, Констанин не поставил нов ред свештеници, ниту барал да биде обожуван како божество, а неговата улога на соборот во Никеја е пасивен. Тој самиот најдобро ја објаснил својата улога, потенцирајќи дека негова должност е да се грижи Бог правилно да биде почитуван, а, на кој начин се прави тоа, останува во раце на Црквата.

Акхенатон и сопругата биле предмет на обожување. Тие се сметале за божества. Ова се само дел од разликите, секако, има и повеќе.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Според официјалната историја, Зороастреизмот се искристализирал и одвоил од другите религии во тогашна Персија, во шестиот век пред нашата ера. Пред тоа, иако недиференциран и во синтеза со другите, постоел како една синтеза на религиите на тогашните луѓе, а неговите корени се датираат 2 милениуми пред раѓањето на Христос. Официјалната историја го тврди тоа и тоа е точно, корените на таа религија, согласно официјалната историја, се постари од оние на Јудаизмот, кој пак се диференцирал пред тоа да го стори Зороастреизмот. 

Добро е што се сложуваме оти официјалната историја вели дека Зороатреизмот постоел пред Јудаизмот како монотеистичка религија. A со тоа кој кога се "кристализирал" и "диференцирал" влегуваш во сферите на шпекулациите. Со вакви теории се занимаваат следбениците и подржувачите на Јудаизмот, Христијанството и Исламот со цел да ја намалат важноста на историјските факти дека Јудаизмот не е првата монотеистичка религија.
 

Кога се диференцираат и кристализираат книгите на Јудеизмот, а кога оние на Зороастраизмот? Секако дека ќе се сложам дека корените на Зороастраизмот се постари од оние на Јудаизмот, кога токму официјалната историја го вели тоа. 

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
А од друга страна, нешто што очигледно конвенционално забораваш е дека официјалната историја вели дека Мојсие од Египет доаѓа веднаш после смртта на Акхенатон, кога свештенството на монотеистичката религија биле избркани.намигнување 

Во заблуда си. Официјалната историја не го датира прецизно егзодусот, поради тоа што според официјалната историја егзодусот, онака како што е опишан во Библијата, не е докажан факт. Од таа причина, официјалната историја не ги прифаќа сите оние настани споменати во Светото Писмо како такви, ниту шпекулациите дека Мојсеј бил под влијание на Акхенатон. Согласно правилата на докажување, оној што тврди нешто, го носи товарот на докажувањето и принесувањето на доказите. Уверливи докази официјлната историја не извела, според тоа, сето тоа останува во доменот на шпекулациите. 

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Зошто новиот фараон бил толку против Мојсие? Зошто Богот на  египјаните се викал Нук Пу Нук (ЈЕХВЕ на еврејски) ? Зошто Мојсие го прашал Бога како се вика, а овој му одговорил ЈЕХВЕ (Нук Пу НуК) ? Зошто народот го прашал Мојсие - кој бог те праќа ?

Сакаш да кажеш дека егзодусот се случил во времето на Тутанкамoн? Записи за такво нешто нема. Дури и да го прифатиме мислењето дека Сменкхаре го наследил Акхенатон, затоа што не може да се тврди со сигурност дека тоа е Тутамкамон, повторно такви записи нема. Сепак, ќе ти помогнам. Во Втора книга Мојсеева 1,11 споменат е градот Рамзес. Градот Пи-Рамзес е изграден во времето на Рамзес II, далеку по смртта на Тутанкамон, Акхенатон, Сменкхаре и другите. Тоа значи дека егзодусот не може да се случува во периодот кога тој град не постоел, а истиот да е забележан во оваа книга, напишана подоцна. Токму ова денес и археологијата го потенцира. Градот подоцна станува каменолом, место каде што се собираат ресурси за градба. Тоа мислам дека треба да ти говори нешто.

Египќаните имале многу божества, а не едно. Кое точно божество би го симболизирало она кое ти го велиш? Патем, дека народот, или барем дел од него, верувал во Јахве, говори и фактот што Мојсеј потекнува од семејство кое било монотеистичко, барем според Библијата.

И никаде народот не му велел на Мојсеја кој Бог го праќа, туку како му е името на Бога. А за тоа и Самиот Господ говори, кога во Излез 6,3 вели: Jaс им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Семоќен Бог ( Ел Шадај ), а со името Мое како Господ, не сум им се открил. 

Сосема нормално, народот не може да го знае името на Бога, штом тој не им се открил со името.
 
Патем, доколку навистина станувало збор за некакво египетско божество, немало потреба Бог да му вели да оди кај Фараонот и да му вели дека Господ, Бог на Евреите му наредува нешто. Ако танувало збор за некакво божество, на Фараонот јасно ќе му било кој и што наредува, немало да прашува, да бара објасненија од свештениците и сл.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Исто така забораваш, а можеби и не знаеш, дека цели делови од Стариот Завет се буквално препишани од Вавилонските религијски писанија.  

Дали можеш да наведеш од кои писанија буквално е препишувано?

 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
Официјланата историја денес вели дека Јудаизмот е конгломерат од неколку различни религии кои евреите ги вклопиле заедно со своите традиции, верувања, поезија, политика  и историја во една нивна варијанта на монотеистичка религија.

Официјалната историја вели дека Јудаизмот е тоа ти што велиш дека е, но, никаде не негира официјалната историја дека Јудаизмот е монотеистичка религија, а не некаква варијанта на монотеистичка религија. Точно е дека можеби не сите Евреи верувале во оној чист монотеизам, но самата религија била строго монотеистичка, иако дел од Евреите застранувале, за што сведочи и Библијата, а и археолошките наоѓалишта.


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
Не ја мешајте науката во религијски верувања.

П.С. А да, за официјалната историја сите оние религијски истории и доктрини се научна фантастика... добро, културно кажано тоа се митови, народни кажувања, лични привидувања, поезија, политика и делумна историја... затоа во последниве стотина години се развива една нова научна историјска дисциплина наречена "текстуален критицизам" кој минува преку писанијата на светите книги и ги расчистува замрсените, измешаните и фасифицираните работи споредувајќи ги со потврдените историјски факти.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Секако дека е така. Можеби ќе се сетиш на еден наш разговор за старецот Јани од Индија, момчето што медитираше неколку денови, па дури и тибетските монаси кои успеваат да јаконтролораат работата на срцето. Тоа што го велиш сега, спореди го со она што медицината го вели за сите овие. Многу добро знаеш како реагираше Харвард и професорите од таму кога ги добија резултатите од испитувањето врз Прахлад Јани. Како што велиш, за медицината тие се шарлатани и измамници , или покултурно кажано, луѓе кои имаат проблем со прифаќање на реалноста. намигнување


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
Ооооо... сопри си ги коњите пријателе. изненадување

Како можеш да ставаш знак на равенство меѓу нешто што денес науката практично го надгледува и проверува со нешто што претставува конгломерат од повеќе иљади години верувања, фантазии, митови, децепции, лаги, поезија, политика, фалсификати... голема насмевка


Не знам која наука тоа го проверува, со оглед на тоа дека медицината веќе го отфрли она за што говорев. Самиот знаеш каква беше реакцијата на лекарите кога стануваше збор за Прахлад Јани. Да не говорам дека професорите од Харвард дури и отфрлија се што прават нивните колеги од Индија, сметајќи дека таквото надгледување е губење време со глупости.
Да не говорам дека надгледување на некој што тврди дека може да ја контролира работата на срцето никој не прави не заинтригирало ниту еден еминентен професор.


Изменето од Македон - 08.Февруари.2012 во 21:00
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 21:27
Македон кога спомнуваш за Прахлад Јани,за гледачи,бајачи,хиндуисти,будисти,Саи Баба итн не ги ставај во ист ќош со христијани.За измамите на Саи Баба и такви како него можеш и на you tobe да видеш: http://www.youtube.com/watch?v=Yblhsr1O4IQ . А ако сакаш па и ти да ми дадеш линк за тој Јани да за какво испитуванје поточно се работи.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 22:30
Originally posted by goran-twin goran-twin напиша:

Македон кога спомнуваш за Прахлад Јани,за гледачи,бајачи,хиндуисти,будисти,Саи Баба итн не ги ставај во ист ќош со христијани.За измамите на Саи Баба и такви како него можеш и на you tobe да видеш: http://www.youtube.com/watch?v=Yblhsr1O4IQ . А ако сакаш па и ти да ми дадеш линк за тој Јани да за какво испитуванје поточно се работи.

Очигледно сосема погрешно ме разбираш. Целта на споредбата која ја направив е само да го илустрирам низ пример начинот на кој науката ги прифаќа сите оние нешта кои постојат во религиите, кои се резултат на верското искуство, традиција и посветување. Мessenger даде убав пример што претставува религијата за историјата, јас само сакав да му покажам дека не само за историјата, туку и за другите науки се ова кое ние го зборуваме, може да претставува бесмислица.

П.С. За тоа кој е Пралад Јани, напиши на google Prahlad Jani и ќе видиш кој е тој.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 23:07
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 Vistinskata religija e onaa sto postoese uste na pocetokot na vremeto.



Која е таа религија која постоела пред почетокот нa времето и луѓето (пред да почне време немало луѓе, нели?) ?



Вистинската религија постоеше уште пред да настане човечкиот род , на небото , меѓу верните ангели. Тоа е вистинското обожавање на Творецот на сите работи, невидливи и невидливи.




голема насмевка Аха, ОК.

Само да те потсетам дека во човечките религии (не сите) постојат ангели. Според тоа, да кажеш дека религија постоела пред човечката религија затоа што според човечката религијата имало некои битија кои би требало да бидат религиозни е ... оксиморон. намигнување



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 00:13
Originally posted by Македон Македон напиша:

   
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Официјалната историја секако дека се однесува на општествата и општествените настани. Настанот за кој дискутиравме јас и php e oпштествен настан, односно појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот.


Ако зборуваш за официјална историја, тогаш немој да мешаш шпекулации - појава на нова религија врз основа на убедување на владетелот. Тој не измислил ништо ново, како што не измилил ниту Константин иако можеме, според оноа што го напиша, да речеме дека тој востановил нова религија по негово убедување, онаа која ја денес ја занеме како католичко/православно христијанство.

Официјалната историја вели дека за времето на Акхенатон овој фараон ја забранил дотогашната египетска религија и ја востановил монотеистичката која веќе псотоела источно од границите на Египет. Историјата вели дека овој фараон поставил нов ред на свештеници за имплементирање на монотеистичката религија според египетските прилики и потреби, а старото свештество го набркал. Историјата вели дека ова старо свештенство се организирало против Акхенатон и после неговата смрт ги приграбило старите позиции, ја вратиле старата религија и ги избркале тогашните свештеници.
 

Дали знаеш на кој период се однесува таа забрана? ....

.......

Дали можеш да наведеш од кои писанија буквално е препишувано?

.......

.......
Да не говорам дека надгледување на некој што тврди дека може да ја контролира работата на срцето никој не прави не заинтригирало ниту еден еминентен професор.


Многу е долго, па нема да ми замериш што го презентирав во крајно скусена форма. среќа

Македон пријателе, не ми се полeмизира. Ова повторно станува интелектуализирање кое не води никаде. тага

Не сакам да одам од една точка до друга бидејќи е бесмислено... оти од твоја страна с'е ќе се сведе на одбивање и верска одбрана.

Но, да не те оставам така без ништо, ќе наведам само неколку работи:

1. За истоветните нешта од вавилонците и евреите запишани во Тората, меѓу другото, се градењето на Вавилонската кула и Потопот (превземено од вавилонците додека евреите беа во Вавилон).

2. Египетскиот Бог за време на Акхенатон беше Нук Пу Нук - на еврејски ЈЕХВЕ.

3. Не знам што мислиш под заинтересирање на "еминентен професор", но можам да ти кажам дека многу еминетни научни центри во светот, посветени на медицина и биологија, се инетересираат и работат на техниките за контролирање на работата на срцето и нивната практична употреба. Денес е општоприфатено дека човек може по воља да го контролира работењето на срцето. За тоа на запад е разработена цела техника наречена биофидбек.


Повтoрно ќе речам:  Како можеш да ставаш знак на равенство меѓу нешто што денес науката практично го надгледува и проверува со нешто што претставува конгломерат од повеќе иљади години верувања, фантазии, митови, децепции, лаги, поезија, политика, фалсификати... тага

Поточно знам... како верник кој се бори по секоја цена да ја одбрани верата.

Било како, остани ми со своето верување и твојот збор нека биде последен. среќа






Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 00:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 00:19
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 Vistinskata religija e onaa sto postoese uste na pocetokot na vremeto.



Која е таа религија која постоела пред почетокот нa времето и луѓето (пред да почне време немало луѓе, нели?) ?



Вистинската религија постоеше уште пред да настане човечкиот род , на небото , меѓу верните ангели. Тоа е вистинското обожавање на Творецот на сите работи, невидливи и невидливи.




голема насмевка Аха, ОК.

Само да те потсетам дека во човечките религии (не сите) постојат ангели. Според тоа, да кажеш дека религија постоела пред човечката религија затоа што според човечката религијата имало некои битија кои би требало да бидат религиозни е ... оксиморон. намигнување






Јас не зборувам за било кои религии, зборувам за ВИСТИНСКАТА РЕЛИГИЈА која започна најпрво на небото, па после и на земјата.

Можеби тоа што го напишав за тебе тоа е оскиморонство, можеби и Библијата (која го кажува тоа ) за тебе не е Света Книга, но јас ти го кажав своето мислење  за кое сум убеден дека е исправно . да

П.С. Веруваш ли во ангели? среќа
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 00:25
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 
2. Египетскиот Бог за време на Акхенатон беше Нук Пу Нук - на еврејски ЈЕХВЕ.

Со ова пријателе што го кажа пријателе, мислам дека ја направи излишна секоја дебата околу историјата и го минимизираше претходниот пост во кој говореше за oфицијалната историја. Богот во кој верувал Акхенатен се нарекувал Атен, а самиот Фараон себеси се нарекол Акхенатен, што значи "Духот на Атен". Се согласувам дека натаму, секоја дебата по ова прашање, би била непотребно вртење в круг.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

  
3. Не знам што мислиш под заинтересирање на "еминентен професор", но можам да ти кажам дека многу еминетни научни центри во светот, посветени на медицина и биологија, се инетересираат и работат на техниките за контролирање на работата на срцето и нивната практична употреба. Денес е општоприфатено дека човек може по воља да го контролира работењето на срцето. За тоа на запад е разработена цела техника наречена биофидбек.

Се додека во учебните градива на медицинските факултети пишува дека човекот не може да ја контролира работата на срцето, односно дека тоа е регулирано со автономниот нервен систем, се останато, кога е во прашање медицината, останува во доменот на шпекулацијата. 
Кога говориме за работата на срцето, не говориме за намалување или зголемување на биењето на срцето со помош на дишењето, тоа го знае секој кој има тахикардија, туку за влијание, односно можност нешто да се прекине и стартува. 







Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 01:18
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Јас не зборувам за било кои религии, зборувам за ВИСТИНСКАТА РЕЛИГИЈА која започна најпрво на небото, па после и на земјата.


Е која е таа ВИСТИНСКА РЕЛИГИЈА која започнала најпрво на небото ?  Дај малу податоци за неа... закони, догми, препораки, правила, прописи, верувања, традиции...


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Можеби тоа што го напишав за тебе тоа е оскиморонство, можеби и Библијата (која го кажува тоа ) за тебе не е Света Книга


Не е можеби, туку е  според дефиницијата за религија.  намигнување
А што има сето тоа врска со тоа дали за мене Библијата е Света Книга или не ?  Колку пати ќе ми го поставуваш ова прашање и колку пати треба да го одговарам ? среќа

Патем, можеш да цитираш од Библијата каде се вели дека религијата постоела уште пред почетокот на времето ? Можеби постои, а јас не сум го видел. С'е биднува... никој не е совршен. да


Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

но јас ти го кажав своето мислење  за кое сум убеден дека е исправно .


А, тоа е сосем друга работа. среќа

Можеби и јас мислам дека на земјава има вонземјани кои се преправаат како нас и раководат со илуминатите и зидарите за да го владеат светов и да ни го собрат златото... и можеби сум убеден дека сум во право.  голема насмевка

Не се лути пријателе, треба понекогаш да се отпуштиме и да се насмееме. Така подобро се дружи и се дискутира.  големо гушкање





Изменето од Messenger - 09.Февруари.2012 во 01:20
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.