IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Педофилија и инцест во семејството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Педофилија и инцест во семејството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 27>
Автор
Порака
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 17:45
Само сум внимателнасреќа
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 17:48
 vnimatelnosta (ili preteranata ljubeznost) ne e voopshto potrebna koga na neshto imash polno pravo . голема насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 17:49
E mojot najgolem problem... mora da mi bide se odobreno i toa ne mi e bas nekoja doblest, ali ke se vadam na toa mlado sum uste голема насмевка
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 17:54
...koga e neshto nejasno i treba da se bara odobrenie ama,

...koga neshto e ''chisto kako solza'',..nema potreba!

...a toa e:  deka sekoj moze da otvori bilo kakva (razumna) tema,

....pa duri i dupla,...se dodeka ne go ''fatat'' jasno,голема насмевка

...za duplata mislam.намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 17:55
хахахаха, види брза имаш и случаи и посебни случаи.. јас сум втора категорија смеење ќе те замолам за малку повеќе разбирање...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 18:55
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

 
Мислам дека е малку невкусно да се поставува прашање ОТВОРАЧОТ (ова ко отворач за пивозбунетост) на темата дали прави разликазбунетост


ПС- Ако администраторот смета дека наслвот на темата не е соодветен (а постои подолго) има неприкосновено (боговско) право да го смени, дури МОЖЕ И ДА ЈА ИЗБРИШЕ  и воопшто да не се консултира со авторот/поставувачот/отворачот. 
Тоа му го дозволуваат правилата на форумот.
Сигурен сум дека Меси не мислел ништо лошо со тоа отворачот, можеби попригодно би било авторот на темата, но и дијалектите менуваат многу...
 

Јас како администратор немам проблем ниту со темата, ниту со насловот. Во право си мамамд, во твое време можеби админот имал неприкосновено право да избрише било која тема, но денес не е така. Теми со сериозна содржина не се бришат преку ноќ, ниту пак исчезнуваат преку ноќ затоа што на  некој од управата така му одговара. По сериозна дискусија со останатите админи (во случајов со Меси, Перун и Доги) и со колегите модератори на соодветниот подфорум ќе се одлучи што и како со темата. 
Така функционираме денес.
Токму ова прашање ќе го поставам на тркалезна маса, па по донесувањето на конечната одлука ќе бидете соодветно известени.


Podolu kazanoto -pocrvenetoto kazuva mnogu-moe /tvoe/nase vreme збунетост
Znaci ke odlucat adminite, pa moze da go smenat naslovot koj postoi dolgo vreme. Jas kazav deka e vo red. Moze.
No mojot stav okolu toa ne se menuva. Temava e za eden del od zloto, nareceno pedofilstvo.Za semejnoto.
Nigde ne tvrdam deka drugoto ne e teshko. Jas otvoriv tema za semejnoto.
I tocno e, ne znam kako e i neka cuva BOG nikoj da ne znae.Covecki e da se zgrozish koga ke procitash neshto takvo.  Jas smetav deka moze da se pomogne i so diskutiranje/debatiranje za takvite gromorozni raboti, deka ne treba da se molci.
No na kraj izleze po ona staroto-Ubijte go glasnikotтага
Se prasuvam -Podobro li e da ne se otvoraat temi bidejki nekomu nema da mu se dopadne naslovot, nekomu nema da mu se dopadnat diskusiiteзбунетост

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Ноември.2011 во 20:37
mamamd, nikoj ne go ubi glasnikot.

Mozhebi tebe taka ti se prichini, no toa voophto ne e taka.

Rabotata beshe shto ekszi88 temata ja gleda mnogu poshiroko poradi sopstvenoto iskustvo. I namesto da se otvara nova, skoro identichna tema, ne gledam zoshto ne bi se prodolzhilo na ovaa.

Zabelezhuvam deka ti toa si go protolkuvala mnogu lichno, no veruvaj, jas nemav nikakvi loshi nameri koga porachav na ekszi88 da prodolzhi so svoite komentari tokmu tuka.   




No da ne shirime ponatamu, da se vrtaime na temata i ovie raboti da gi ostavime nastrana. Nema potreba od natamoshno neguvanje na nedorazbiranjata bidejkji tie nema da ne odnesat nikade.

Изменето од Messenger - 26.Ноември.2011 во 20:40
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 06:54
Детето преку светот на возрасните учи што е љубов, но кога ќе биде злоупотребено сексуално од личноста на која му ја дала сопствената доверба од тогаш почнува да се гради искривената слика за љубовта или не веруваме дека ја заслужуваме. Се искривуваат многу нешта во нас... Се што сакам да кажам е, секое дете, секое дете на светот е вредно за сакање, какво и да е и низ што и да поминало. Не заслужува да биде силувано, физички и психички константно малтретирано


Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2011 во 15:20
Apsolutno si vo pravo !

Site deca doagjaat kako angeli i lugjeto, naucheni od nivnite prethodnici, perfidno i perverzno gi pretvaraat vo machenici vo zandanata narechena chovechkiov svet.

I toa e gjavolskata rabota, tuka e pekolot !




Изменето од Messenger - 28.Ноември.2011 во 15:21
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2012 во 16:16

Зошто децата се плашат да кажат?

Децата најчесто кријат дека се сексуално злоупотребени и за тоа не кажуваат на никој, но бариерите треба да бидат срушени преку отворен разговор на таа тема.

  • Жртвите често молчат и некажуваат на никој за тоа што им се случило заради чувството на срам, вина и страв.
  • Децата не кажуваат бидејќи се плашат да не ги разочараат своите родители и да не го „оцрнат” семејството.
  • Сторителите манипулираат со децата и многу често се обидуваат да ги збунат за тоа што е добро а што е лошо.
  • Многу сторители ги убедуваат децата кои се на помала возраст дека тоа е „игра” и дека „се е во ред”.
  • Некои деца жртви на злоупотреба се на многу мала возраст за да разберат дека биле злопутребени и не сфаќаат што се случило со нив, а многу често децата незнаат како и каде да побараат помош.
  • Сторителите му се закануваат на детето за да не каже што му се случило.

Се разбира ова се само дел од причините поради кои децата кои биле исложени на сексуална злоупотреба истата не ја пријавиле.



Научете како децата комуницираат

  • Децата кои биле сексуално злоупотребени за тоа што им се случило најчесто му се доверуваат и му кажуваат на некој возрасен во кој имаат доверба. Поради што, едукацијата на лицата кои работат со деца е особена важна во процесот на откривање на злоупотребата.
  • Децата може да кажуваат само делови од тоа што им се случило или да се преправаат дека тоа му се случило на некој друг.
  • Децата најчесто ќе престанат да зборуваат ако лицето на кое му кажуваат реагира емоционално или негативно.


Зборувајте отворено со Вашите деца

Добрата комуникација може да ја намали вулнерабилноста на детето и да ја зголеми можноста детето да Ви каже доколку било злоупотребено.

  • Зборувајте со Вашите деца за нивните тела, за тоа што е сексуална злоупотреба, која возраст е соодвента за започнување на сексуални активности. Научете ги отворено да зборуваат со Вас на сите теми, вклучително и за секс.
  • Бидете позитивен модел за тоа како се грижите за своето тело, научете ги децата да се грижат за своите тела.
  • Научете ги децата дека возрасните не смеат да имаат сексуален чин со нив, научете ги кои делови од нивното тело другите не смеат да ги допираат.
  • Зборувајте со своите деца дека сторител на сексуална злоупотреба може да биде роднина, член на семејството, пријател или некое повозрасно дете.
  • Научете ги децата да не го даваат својот телефонски број, домашна и емаил адреса кога се на интернет.
  • Внимавајте како децата го користат интернетот. Се почесто сторителите го користат интернетот за да воспостават контакт со децата.
  • Ако на детето му е непријатно или избегнува да биде во близина на некое возрасно лице прашајте го Зошто? Дали има некоја причина за тоа?

ШТО ДА СТОРИМЕ КОГА ЌЕ ДОЗНАЕМЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА ?

  • Останете мирни и спокојни и покажете му на детето дека го разбирате.
  • Верувајте му, пристапете со доверба кон кажаното, бидејќи детето речиси никогаш не лаже за злоупотребата.
  • Покажете му и разуверете го, дека и покрај немилиот настан и во иднина ќе го сакате, почитувате и заштитувате.
  • Сосослушајте го до крај, за се што има да ви каже.
  • Не инсистирајте да дознаете повеќе од она што детето е подготвено во тој момент да Ви каже.
  • Не му ветувајте нешто што неможете да го исполните.
  • Не му ветувајте дека нема да кажете никому за настанот или дека злоупотребувачот нема да оди во затвор.
  • Никогаш не го обвинувајте детето за било кој облик на злоуотреба.
  • Не се двоумете и обратете се за стручна помош.


МИТ

Злоупотребувачите им се непознати лица на децата

ФАКТ

Злоупотребувачите им се познати лица на децата и тоа во 80-90% од случаите но може да бидат и непознати

МИТ

Жртви на ваков вид злоупотреба се претежно тинејџери, кои себе си знаат да се заштитат

ФАКТ

Жтрвите се од различна возраст, а повеќе од една третина тоа се деца на возраст од 5 години

МИТ

Децата најчесто лажат за сксуалната злоупотреба

ФАКТ

Децата најчесто немаат искуство, ниту вокабулар точно да ја опишат сексуалната активност на возрасните, ниту лажат со намера себе си да си создадат проблеми

МИТ

Инцестуозните злоупотребувачи злоупотребуваат деца само во сопственото семејство

ФАКТ

Истражувањата покажуваат дека 50% од оваа категорија злоупотребувачи, злоупотребуваат и деца надвор од семејството

МИТ

Ако злоупотребувачот не користи сила, тоа би значело дека детето доброволно учествувало во сексуалната активност

ФАКТ

Злоупотребувачот користи вербални закани или убедувања, како би го навел детето на сексуална активност. Децата не се во состојба да дадат зрела согласност за било каква сексуална активност.

МИТ

Сексуалните злоупотребувачи се ментално пореметени личности, хомосексуалци или ментално ретардирани.

ФАКТ

Повеќето злоупотребувачи функционираат извонредно во многу области на животот; тие се хетеросексуални и функционираат на нормално интелектуално ниво.

МИТ

Сите деца на секоја возраст се потенцијални жртви на злоупотреба

ФАКТ

Да, но најранливи категорија се децата се помеѓу 7 и 13 година. Ова важи и за девојчињата и за момчињата, бидејќи во овој период ја прошируваат социјалната средина и се осамостојуваат.

МИТ

Секое злоупотребено дете веднаш ќе каже за настанот.

ФАКТ

Децата ретко зборуваат за настанот, бидејќи злоупотребувачот им се заканил или им кажал дека тоа е само нивна тајна, помеѓу детето и злоупотребувачот и мораат да ја чуваат.

Понекогаш децата сакаат да кажат сека се злоупотребени, но се плашат дека нема да им веруваат и дека нема да бидат заштитени.

Исто така децата може да се заплашени дека со кажувањето ќе внесат раздор во семјството и ќе бидат одговорни за затворањето на злоставувачот.

МИТ

Сите случаи на злоупотреба се откриваат од страна на надлежните органи во државата и се санкционирани.

ФАКТ

Многу случаи на злоупотреба на децата остануваат непријавени, нерегистрирани и несанкционирани

МИТ

Сексуалната злоупотреба е видлива и забележлива (телесни траги и повреди), дури и за ,,голо око,,.

ФАКТ

Последиците од злоупотребата не се секогаш видливи, најчесто се препознаваат преку однесувањето на детето.

МИТ

Секогаш возрасните ги препознаваат симптомите на злоупотребата кај детето и превземаат адекватни мерки на негова заштита.

ФАКТ

Не сите возрасни знаат да ги препознаат и да ги протолкуваат симптомите на злоупотребеното дете.

Не сите возрасни се доволно добро информирани како да постапат со злоупотребеното дете и каде и кому да се обратат за помош.



Веб страната www.stop-pedofilija.org.mk е изработена од страна на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, и претставува составен дел од активностите предвидени во Акциониот план за превенција и справување со сексуална злоупотреба и педофилија (2009-2012).

ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје е установа од јавен карактер во системот на социјална заштита на Република Македонија, која ги следи и проучува социјалните појави и проблеми и ги унапредува социјалните дејности.

ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје преку истражување на социјалните појави и проблеми и промовирање нови пристапи има за цел подигнување на квалитетот на работата на стручните работници во установите за социjална заштита.

Задачите на Заводот за социјални дејности потесно се уредени со Законот за социјална заштита во Република Македонија.




Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше веб-сајтот www.stop-pedofilija.org.mk, кој дава информации како да се препознае педофил, кој може да стане жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.

Мотото на веб-сајтот е „Секој почеток е тежок. Скрши ја тишината. Побарај помош. Помогни им на другите“.

Министерството спроведува и едукативни работилници во 126 основни и средни училишта, но ја избра и оваа форма за информирање на најмладите зашто се тие и најчести корисници на интернетот.

- Примарна цел е подигнување на јавната свест, но и мотивирање на децата кои веќе биле изложени на сексуална злоупотреба и педофилија како тоа да го пријават. Децата најчесто кријат дека се сексуално злоупотребени, но тишината треба да биде скршена. Тие ќе може да ја пријават секоја злоупотреба зашто ефикасноста е во превенцијата, пред децата да бидат повредени - рече денеска министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски.

Тој порача дека се поразувачки фактите, зашто едно од пет деца во Европа е жртва на некој облик на сексуално насилство.

Веб-сајтот треба да ги предупреди децата дека педофилите не се непознати луѓе, туку најчесто од нивното опкружување. Дури во 85 отсто од случаите, жртвата го познава сторителот. Ристовски рече дека бројот на осудени педофили не е голем, а деца-жртви на педофили во 2011 имало меѓу 65 и 70, што е за околу 50 отсто повеќе во однос на 2010 година.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 13:54
Пријавете педофилија на 15 505

За пријава на злупотреба на деца, педофилија, бездомни, стари и изнемоштени, и други лица кои се во каков било социјален ризик, од денеска е достапен бесплатен СОС телефонски број 15 505.

На промоцијата на новиот СОС телефон, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, истакна дека секој граѓанин заслужува соодветна грижа доколку во одреден момент од својот живот се нашол во ситуација на социјален ризик.
- Ги повикуваме сите граѓани доколку забележат дете коешто се нашло на улица и за кое постои сомневање дека е економски експлоатирано од страна на други возрасни групи да алармираат на 15 505 кај СОС службите бидејќи со еден телефонски повик спасувате илјадници деца коишто против нивна волја се на улица наместо да бидат во топол семеен дом или во училишната клупа. Со еден телефонски повик ќе разбудиме илјадници родители кои воспитно ги запуштаат и занемаруваат сопствените деца. Со еден повик ќе спасиме и  многу други деца кои на овој или оној начин се нашле во социјален ризик: користење на алкохол дрога, цигари и слично - вели Ристовски.
На новиот телефонски број, граѓаните можат да пријават и бездомно лице или лице за кое се претпоставува дека нема дом. 
- Го повикуваме секој граѓанин доколку се сомнева или е директен сведок за сексуално злоупотребувано дете или забележи обид за било каков вид на злоупотреба да не се колеба туку да пријави на СОС линијата. Само заедно ќе му помогнеме на секое дете, ќе спречиме педофилија и злоупотреба на дете - апелира Ристовски.
Кон врв
LGBT Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 114
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LGBT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 19:24
Се регистрирав само заради оваа тема. И сакам да раскажам за мој страв што го имав порано и веќе го немам.

Дека сум лезбејка знам уште од мојата 8ма година, но не беше истакнато. Се истакна кога имав 12 години. И тогаш се повлеков затоа што од секаде слушав дека хомосексуалците се болни и слични работи. Но чув и нешта кои не ми се допаднаа воопшто (од луѓе кои ми беа доста блиски)

А тоа е дека хомосексуалците се педофили. Тогаш бев јас уште дете да се каже, 13 години и воопшто не ми беше јасно што по ѓаволите е ова.

И се обидев себе си да се замислам во таква состојба - но ми беше премногу гадно тоа, ништо не беше во ред (до толку што на таа возраст се обидев да си го одземам животот, бидејки не сакав да бидам како нив) . Мислев дека сум болна и дека ќе се излечам. И потоа една личност го промени ова, зборував со нејзе на таа тема и рече дека хомосексуалците немаат ништо со педофили и дека се здрави личности. Така успеав да ги тргнам тие мисли од главата, и благодарам многу на таа личност!

ekszi88 што мислиш за личностите како мене? Не сум педофил нели?

Изменето од LGBT - 23.Март.2012 во 20:38
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 21:07
Хехехе, да се биде геј нема што да прави со педофилијата.. мада не го исклучува фактот дека постои можност некој хомич да биде педофил... како што може и некој стрејт да биде педофил. Педофилството нема врска со сексуалната ориентација туку со умоболието на личноста, со распадот на личноста, немање супер его туку водење според некои си биолошки измутирани во нездравие инстинкти. Така да спиј си мирно, не си педофилка.. се дур не почнеш да закачаш мали дечиња голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
LGBT Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 114
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LGBT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2012 во 00:06
Уште го имам тој тежок комплекс дека се што правам е за да ги повредам сите околу мене, и за тоа се плашам да не посегнам по дете затоа што тоа не е нешѕо што го посакувам.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.