|
Кога МПЦ ќе ги згрижи бесценетите книги? |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, туку МПЦ треба да се координира со државните институции и со нивна дозвола и поддршка да презема конкретни дејства. Во Македонија постои Управа за заштита на културното наследство, Министерство за култура и Закон за заштита на културното наследство, согласно кој се постапува. Да не говорам дека точно прецизираните дејствија бараат стручна подготовка, која МПЦ за сите ракописи можеби и ја нема. А сите дејствија кои се преземаат за заштита на културното наследство се правно регулирани дејствија. Како пример на ова за што говорам е тоа што голем дел од иконите, кои претставуваат културно наследство,се чуваат во музеите, а не во црквите. П.С. Не станува збор за верување и неверување, туку за факти. Изменето од Македон - 23.Октомври.2011 во 23:23 |
|
Panini
Сениор Регистриран: 13.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 222 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu ubavo kazano, normalno deka crkvata mora da sorabotuva so soodvetnite drzavni institucii vo zastita i a obnova na crkovnoto nasledstvo..ne e samo do veruvanjeto ili neveruvanjeto tuku takva e realnosta..
Makedon imas mnogu realni liberalno-crkovni pogledi, toa e mnogu bitno za pravoslavjeto denes, oti toa e mnogu poveke od konzervativnosta i primitivnosta... pozdrav od Valaam.. |
|
MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
|
|
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вредните ракописи се чуваат во митрополиите, во 2-3 манастири со посебни библиотеки, на ПБФ, на најголемиот дел е во Државните архиви. 60те години од минатиот век скоро се што имало некаква историска вредност, но и политичка, е одземено од МПЦ и пренесено во државни архиви (пример: книгите за крстени и венчани биле земени за да се види коој одел во црква...). Можеби во некое зафрлено планинско село се уште има некоја книга од XIX век, но за нешто постаро се сомневам. Книгите што ги видела сестра ти се најверојатно Минеи, Цветослов, можеби Зборник, Општо пеење или Часослов кои од честа употреба брзо се замастуваат и валкаат, па на тој начин „остаруваат“. Во црквите, барем колку што јас знам, нема останато вредни работи...
НО во целост ќе се сложам дека и она што го има „не толку вредно“ не се заштитува. Како пример ќе посочам случај на грабеж во Свети Димитрија - Скопје 2007/2008 и старешината не мрдна со мало прсте, како ништо да не се случило. Имено во олатарот имаше прекрасна дарохранителница (таму се чува причеста за болни) во форма на црква, беше целата од сребро, филигрански изработена со димензии од приближно д30 х ш20 х в40. После неделното богослужение црквата се испразни, неполн час подоцна ја снема дарохранителницата, едноставно исчезна. Некој чул за ова, некој поднел одговорност, никој-ништо не знае. Така се однесуваме кон нашите цркви, како да се туѓи, а не наши...
|
|
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |