|
Приказни за добра ноќ |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пепелашка
Еднаш многу одамна живееше една убава девојка што се викаше Пепелашка, заедно со лошата маќеа и со две приглупави и себични полусестри. Тие ја тераа да ги врши најтешките домашни работи. Често работеше покрај огништето,па облеката и беше извалкана од пепел.
Еден ден кралот ги повика на забава сите девојки од кралството. Принцот си бара невеста, па, можеби, една од вас ќе има таква среќа, - рече маќеата на своите ќерки.
Пепелашка немаше свечен фустан и тажно ги гледаше своите полусестри додека се дотеруваа за забавата. Но, наеднаш пред неа се појави добрата самовила и и ги исполни желбите. Глувчињата ги претвори во слуги, а тиквата во отмена кочија. Потоа, добрата самовила ја претвори облеката што ја носеше Пепелашка во величествен балски фустан и и направи еден чифт стаклени чевлички. “Немој да заборавиш дека дворецот мораш да го напуштиш пред полноќ, затоа што тогаш ќе престане дејството на магијата”, - добрата самовила ја предупреди Пепелашка и исчезна. Веднаш штом се појави на балот, Пепелашка со својата убавина ги засени сите девојќи и го привлече вниманието на младиот принц. Тој веднаш ја покани на танц. Танцувајќи со него предизвикуваше завист кај другите жени. Сред еден танц часовникот отчука полноќ. Пепелашка се сети на зборовите на добрата самовила и трчајќи го напушти принцот. Во моментот додека трчаше по скалите го загуби едното стаклено чевличе. Без да се сврти, скокна во кочијата и замина. Помина полноќ и Пепелашка повторно беше во својата стара и валкана облека. Следниот ден принцот почна да ги посетува сите куќи во кралството. “Ќе се оженам со таа девојка што ќе може да го обуе ова стаклено чевличе”,- рече тој. Со денови залудно го обиколуваше кралството, кога стигна до куќата на Пепелашка. Грдите полусестри безуспешно се обидуваа да ги сместат големите стапала во чевличето. Потоа се појави Пепелашка и го зема чевличето. На општо изненадување на сите присутни, стакленото чевличе совршено и прилегаше. Принцот веднаш ја поведе Пепелашка во дворецот, каде што наскоро приреди голема веселба во чест на нивната венчавка.
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празничната вечера на Насрадин ОџаПРАЗНИЧНАТА ВЕЧЕРА НА НАСРАДИН ОЏА Насрадин оџа и жена му станаа едно сабајле, утредента ќе биде бајрам. Бајрам дојде, ама, јадење нема, слатки нема, ништо нема дома... Што прават овие? Жено мори, што ќе јадеме сега? Ни манџа имаме, ни баклава имаме, ни ништо... Каков ќе биде овој наш бајрам? Е, што да правиме бе мажу? Вака ќе направиме: јас ќе земам еден стап, ти бегај кај комшијата. Јас ќе дојдам по тебе. Како и да е, таму ќе си се наручаме. Стана овој: Бам – бум! Бам – бум! – со стапот. Избега жената. Ух! Леле, море! Ух! Леле! – избега кај комшијата. Што е комшике? Шѕо стана? Аман! Ме отепа човекон. Зошто ручек не сум направила. Сабајлето донесе се што треба, ама доцна, ништо не направив. Ако бе комшике, ако. Кај нас има јадење. Дојдете, не се карајте. Е, бива ли така? Бива. Е, сите станаа, седнаа да ручаат. По ручекот Насрадин рече: - Ајде жено, стани сега да си одиме дома. Станаа, си отидоа дома. Виде ли жено, - рече – како ем бајрам си истеравме, ем трошок не направивме дома. Никаков трошок не направивме, ама, бајрамот си го истеравме се по ред: со баклавата, со јанијата, се си се најадовме... Господ да ни е напомош, многу убаво си поминавме. |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку за приказни махер сум да измислувам сама...
Толку бујна фантазија имам кога им раскажувам на внуците... Ехее , лавови, тигри, џинови самовили свашта.....и многу често сама компонирам ....оти тие што ги знам исцрпени се одамна... |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оти и ретко имам седено со баба и дедо...Ко низ магла ми поминуваат
некои приказни...Од кои најчесто дедо ми прв заспиваше Но добро се сеќавам на раскажувачот,и нетрпението за следната недела,да тој повторно од крај огништето раскаже една... Воинот и смрта (1) Воинот и смрта (2) Воинот и смрта (3) |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako go najde raskazuvacot....
tolku vreme se trudam da go najdam a ne znaev kako bravossssss |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ох леле бре.... што ви требаше сега темава бе дечки... Ми текна на дедо ми... бог да го прости, беше подвижна збирка на приказни. Од татко му, од дедо му слушани.... Не се сеќавам како беа, мал бев кога ми ги раскажуваше, а последно не најдов време да одделам за да ми ги прераскажи за што ми е ненормално многу мака.
Останува мајка ми и баба ми да се присетат на сите што ќе успеат и јас да ги отпечатам на идивидиов. Очекувајте ги... генерации и генерации се пренесувани... Мај .... ти си ѕвер бе човече...Ме потсети на нешто со овие приказниве смислени у секунда.... Тато е „махер“ за такви импровизирани приказни... само завршуваа најчесто со смеење уште 2 сати пошто човеков најчесто беше капнат од работа и не знаеше што зборува... Изменето од volkswagen - 11.Јули.2011 во 16:41 |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде едно потсетување на детските денови...
Среќното дете |
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
лелеееее....која убавина да се потсетиш на раната младост |
|
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која среќа си ја имал..... Мене на пример.....многу ретко ми раскажуваа приказни.....3-4 пати во годината.....не памтам ни кои..
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баба ми, која буквално ме израсна, ми раскажуваше комични и поучни приказни и басни без самовили и романтика. не беа наменети за заспивање, туку за дружење - или се смеевме или ме проверуваше дали сум ја сфатила поентата.
мајка ми, ретко имаше време да ме заспива со приказна, но затоа кога пристигнаа нејзините внуци - се оддолжи кутрата десеткратно. |
|
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И нас (мене и сестра ми) баба ни ни раскажуваше приказни ама овие беа за преспивање преку ден, оти навечер беше уморена да ни раскажува а и ние од сонцето -по што кај нив на село бевме секогаш на лето. Секогаш ќе ми останат во сеќавање, зашто беа многу поучни и верувам дека многупати и ќе измислеше нешто за да бидат поинтересни и поблиски до тоа нас што ни се случуваше, за полесно да ја сватиме пораката.
Приказните се прекрасна дружба на децата и возрасните и прекрасна ука што само постарите можат да ја пренесат на помладите. И на нивен својствен начин... А детето се чувствува безбедно,ја активира фантазијата и се чувствува сакано додека раскажувачот ткае зборови и зборови... |
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |