|
Дневник - во малку поинаква форма... |
Внеси реплика | страница <1 7891011 22> |
Автор | |
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
uuuuuuuuuuu Scarlet bejbi
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj za dobro utro ....
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Крик во Ноќта“ Отвори ме, како
процеп кон пеколот, И нека излезат
сите мои демони , Нека го видат
светлото на денот За да го помрачат
убавото и нежното ..... Ќе ги стегнам
забите на првиот рез, И ќе ја голтнам
болката како капка, Жедниот не
пребира туку само зема, Собира остатоци
отфрлени како свои .... Ќе слушам убава
музика како анестезија, За експанзија на
болка со секое подголтнување, Отпната на
понудени милости со контра ефект, Со излиен гнев и
наострени песјаци ... Закрвавени очи од
собрани солзи, Солени што горат
за излез па печат, И стегнати заби
во цинична насмевка, Никаде не одат,
тие се мои ...... Остани вечерва и
гледај го помрачувањето, На крвавата месечина
како гласник, Одговор може да му даде само волкот самотник, Кога ќе ја крене
главата високо за нов крик во ноќта ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Изгубен пат“ Се обидувам да се
прекријам себеси, Со тешка свила
која лизга и паѓа, И пак ме остава
разголена пред тебе, Како голите штици
под моите нозе.... Ти
незабележително седиш во облак од чад, Додека се опкружувам
себеси со долги воздишки, Си го
подгризнувам јазикот и подголтнувам Со суво грло
сервирани мисли во зборови ..... Па се фаќам
себеси како го кревам погледот, Кон тешките
завеси од црвен сомот, Знам дека ќе се
спуштат пред тебе Како прашината
долго собирана под моите нозе.... Плукам на
очекувањата и надежите, Врзани за
монодрама со небитен аплауз, Светлата се гасат
секако без пардон, Во пресрет на
темнината која некогаш знаеше да сокрие ..... Сега разгорува
само обрач од див оган, На портите на
страста со ветувања за љубов, За слепиот да
помине без да се изгори, За немиот да
застане без збор да изусти, За глувиот да не
си го препознае својот гласот ..... А јас да трагам долго
по изгубениот пат, По завеани стапки
и озлогласени улички, Со непишана мапа
на номадите, Се додека не те
најдам тебе на другата страна на мостот .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Утрото на
пророкот“ Убаво спакувани
зборови, Со мирис на
утринско кафе, Здив во
заминување половичен, Како насмевка во
аголот на усните....... Преспиени копнежи
во краток сон, Со појадок на
маса од огадени зраци, И низа негодувања
и недоразбирања Со огледалото кое
умее да посака „Добро утро“ ... Виновникот го
сече воздухот, Со мирис на свежо
окосена трева, И неколку капки
дожд за утеха Како предвидување
за дождлив ден .... Пророкот го
измами времето, Ги навлече
облаците како маска, Предизвикува и
мами со ветерот во ракав скриен, За да го растера
сонот со ново утро .... Да, извлечи ми го
од срцето За да престане да
се крие, Постави го пред
мене за да можам да го згазам, Да имам со кого
да се борам пред огледало .... Без надвиснати
прашалници над главата, Прокоцкани ноќи
со многу цигари и малку вино, Кога учам како да
се дочека утрото на пророкот, Измамено,
измамени во безначајна игра на времето .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОЛЊА ....
Подзамижувам во обид да видам, Трага оставена на црно небо после полноќ, После кратката молња што ми го осветли лицето, Остана ли нешто зад нејзината светлост? И спремно ја чекам грмотевицата, Опуштена без стегање со безобразна насмевка, Предизвикувам ко за инает - пркосам, На татнежот кој од далечина ми се приближува ..... Си ги подгризнувам усните на секоја капка, А станаа веќе многу и се побрзи, Се плашам дека нема ништо да остане од уснава, Со што ли ќе те бакнувам? Насмеј се со бела насмевка во дождлива ноќ, За моето будалесто повикување на сонот, Кога останувам накисната до гола кожа, А не чувствувам ништо .... ништо освен тебе .... И се затрчувам па подклекнувам задишана, Ја кревам главата со отворена уста без збор да изустам, И ги голтам капките на својата самотија, Низ звуците на грмежот што ми ја растресува душата .... Молњата беше тука и замина, А јас уште гледам нејзини одблесоци на небото, Кои ја распараа мојата темнина со немир, Во една толку моја убава дождлива ноќ ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„ПРОГОНУВАНА .... “
Прогонувана од мирис на маслинка во пролетен цут, И лесен немир како тапа главоболка толку иритирачка, Само лежам мирно во подножјето на ноќта, Растопена до болка во неразделно измешани бои ... Прогонувана од тежината на сопствените капаци, Кои како четки сликаат нова слика на секое спуштање, Мачкаат и премачкуваат шаренила врз црнило, Да измамат насмевка како пауза од залепен бакнеж ... Прогонувана од огнот на сопствената клада, Како запален бршлен обвиткан околу мене, Оков залепен на рацете кој ме држи толку блиску, Неподносливо топло, до гушење секоја ноќ ... Преку раскрилен танц на црни пеперутки, Во глува тишина пред очајна филхармонија, Го слушам срцето кое дава ритам за почеток, Пред утрото да го разбуди разумот за да досуди крај .... Прогонувана од сопственото огледало надвиснато над мене, Јас пак се прекршувам на половина во два тека, И ја предизвикувам силата до последна капка, Да продолжи да те љуби и кога веќе почетокот е заборавен .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕДУМ ....
Подзастанав на сите СЕДУМ златни плочи, На кратка патека покрај познат патоказ, Не го прочитав го носам како света резба Истетовирана на душата – Заминување .... Ја погалив првата со раце во златни окови, Ги затворив очите да не ослепам од сјајот Малодушност спакувана со златни синџири Во одзвонување кое звони на допир и продожив .... Се потсопнав на втората мазна како стакло, Па удрив силно на коленици разголени, За да ја почувствувам повторно силно Незаменливата топлина на сопствената крв ... Ненаситно пиев црвено вино на третата, Барав уште послужено од твои раце, А голтките секогаш беа толку мали, Сервирани за чувствителен стомак ..... Ги бакнав огледалата наредени на четвртата, Сите до едно со цинична насмевка, Ниту еден мој лик во нив како одраз, И устата ми остана безнадежно сува .... Мал чекор ме одведе до петтата немилосрдно блиска, Толку моја што ме разголи пред жив оган, Да ме проголта и присвои како свое чедо, Да остане да дивее на мојата кожа засекогаш .... Разгневено сама во празнината на шестата, И нема што да скршам освен прашина заборавена, Со застојан мирис на тамјан и пепел, Завртени во вртлог на немирен ветер .... Се поклонив на седмата со крената глава, Свој на своето и секогаш САМА, Ги раширив градите како крилја со длабоко вдишување, Суетноста одсекогаш била мојот омилен грев .... И секаде по патот зад секоја стапка, Те наоѓам тебе како придружник или изговор, А сепак го изодев сама до крај, ТИ и не си тука кога си ВО мене ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A+
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Меури од сапуница“
Зошто остана таму? Затворен, заштитен .... Не можеш да ми го видиш кревањето на градите, Во луд ритам избезумен па не можеш да знаеш Дека мојот здив може да те запали, изгори, пеплоса ... Зошто застана таму? Предалеку, недостапен .... Не можеш да знаеш колку долги ми се рацете, Каква сила кријат во својата бела нежност проѕирна Да те обвиткаат како див лилијан разгранет... Зошто пак се насмеав сега? Гласно,извештачено .... Два чекори наназад, на еден мој чекор кон тебе, Мојот мал незначаен, твоите тешки и болни, Играме игра со меури од сапуница, Неможеш да ги имаш никогаш, бегаат и исчезнуваат ..... И го барам ѕверот секое утро во огледало, Да му ги видам стегнатите заби до болка, Закрвавени очи во стаклен поглед како црн кристал, И знам зошто само јас не бегам од себе .... Изменето од Blue Scarlet - 02.Јуни.2011 во 21:27 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Ода на МОЈАТА ноќ“
Некаде пред полноќ, Брзам кон маглива крстосница босонога, Пак ќе блудничам со невидливиот мој љубен, Со лажлива црна наметка испрскана со ѕвезди .... Некаде пред полноќ, Ќе те достигнам со брзина на мислите, Па ќе се качам со извалкани нозе во бела постела, Од ѕвездена прашина што не остава траги .... На полноќ, Ќе те бакнувам низ длабоки воздишки, Со подотворена уста за шепотење, За да го задушам молкот кој не раздвојува ..... На полноќ, Ќе ја распарам темнината како кошула, Со силни одблесоци од две бели тела, Кои водат љубов без ниту едно движење .... Некаде после полноќ, Ќе те оставам да изчезнеш и да се одмориш, Со болна воздишка низ пригушен вресок, Затворен со нежно минување со прст на твојата уста... Некаде после полноќ, Ќе останам сама легната во постела од скршен сон, Со широко отворнени очи ќе те цртам на таванот, И ќе го дочекам утрото непроменето како сите други .... Без тебе .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СЕ Е ВО РЕД ....
Држам празнина за рака на прошетка до УТРЕ, Со нема уста за слатки зборови пресечени со острина, Низ лесни чекори толку нестварни и мали, И се е во ред нели? Ја облекувам и пресоблекувам сопствената кожа, По стотина пати пред истото осудено огледало, Некогаш преголема, некогаш пука на шавови, Тоа е во ред нели? Умеам да танцувам само со себе без да се згазнам, На музика од сопствено лудило на врвна филхармонија, И не умеам да се изморам и да застанам, И тоа е во ред нели? Ја предизвикувам болката секоја вечер на двобој, И како неподвижна мета застанувам со насмевка, Па сама бирам и избирам колку длабоко ќе се повредам, О да, и се е во ред сигурно.... Заминувам и оставам со мислите наводенети, Конзервирани во чувства непроменети и постојани, Љубовта нема рок на траење ако е отворена, Се е во ред! Јас сум таа едната, истата брливо зборлеста, Впивам како сунѓер солена вода не допрена, Да се пофалам со изградена брана од пукнатини, Се е во ред, само јас и ти не сме во овој свет... За овој свет ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Невидлива прегратка“ Пак разиграна во невидлива прегратка, И немам на што да ја спуштам главата нежно, Кога чувствувам допир кој не постои, го нема А ми ја крева кожата како топол ветер .... Ја кревам главата високо без страв, Со затворени очи танцувам на врвот на прстите, „Ќе те достигнам и дофатам“ - си велам, Само уште малку да потрае музиката .... Месечината лепи одблесоци на моето лице, Го дели на половина како во игра, И која и да ја свртам кон тебе свети, Како одблесок на сребрено огледало .... Плаќам со длабоки воздишки без стегање, За уште еден круг на копнежи по допир, Се рафрлам со парчиња душа пропаднати по џебовите, Ги наоѓам и едно по едно ги фрлам како бакшиш ....
Скапоцености замачкани за да бидат сокриени, Да останат мои во алчност негувани, Ги расфрлам сега како бисери од скинат ѓердан, Некогаш стегнат на моето грло .... Наречи ја љубовна, кога свири душата а јас слушам
ехо, Кое ми одзвонува во ушите како награда, Затоа продлжувам да танцувам лесно и безгрижно, Во твојата невидлива прегратка ..... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Себични ....
Јас не сум таа разлеана во пролетни бои, На сиви улици во лелеави фустани, Акварарел, растечен во грубо сивило, За далтонистите едно монотоно исто ...... Јас не сум таа насмеана на пролетно утро, На прошетка со наведната глава и покорна под сонцето, Јас живеам на улица од седум скршени неба, А таму не престанува дождот да лие ..... Јас не сум таа излезена од убавата страна на приказните, Кои секоја вечер се шепотат на ѕвездите со желби, Јас сум своја меѓу скитниците – талкачи , Свој дом само во сопствената кожа .... Јас себично водам љубов со својата душа, И се гризам себеси до болка во темнината, А секое утро се напушам најтивко што можам, И се оставам во празна постела со распуштена коса .... Јас сум уличен изведувач кој несмасно жонглира, И намерно ја испушта среќата да излизне и да се скрши, За да останам со полни раце растечена тага, Која жедно ја впивам преку порите отворени .... Јас сум наопаку свртена на другата страна на светот, И наопаку читам со свртени мисли испишани чуваства, Јас сум безбожничка во време дадено од Бога И не умеам да се покајам за ништо ..... Изменето од Blue Scarlet - 11.Јуни.2011 во 19:43 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |