![]() |
|
Преговори за името |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 117118119120121 184> |
Автор | ||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
овој Kali и ваа brza потполно се во право...
![]() |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За жал не може без минатото. Ние си учиме од минатото и си го применуваме. Еве банален пр. -За нашите источни соседи -Бугарите едно време важеше девиза- Тази дупка не е дупка! Сега ние -прифаќајки од “историјата“ си имаме девиза (иако трендовска) - Овој советник не бил советник Човек прима буџетска плата, е на некоја си листа на некоја си комисија, ама не бил советник, ама не зборувал во име на комисијата, туку си зборуа во свое име. Ова бре ко комшиката -претседател на куќен совет- кога се кара со топлификација и им вели Не смрзнавте бре-жената значи мисли за себе ![]() Да се чуди човек-кој ли се во наше име “се бори“ за името ![]() |
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
...pa neli ti vika deka ima dve grupi za toa kako se sozdavavaat naciite, i deka toj e za vtorata ! a taa e za toa deka tie nastanuvale po pat na ... -'' Модернистите, пак, сметаат дека нациите се арбитрерни и од понов датум. Тие се одраз на скорешни процеси какви што се цртањето колонијални граници, последици на војни или победа на конкретна политичка група која тврди дека ја претставува нацијата која ја создава'' ...ne vika deka pred toa nemalo makedonci,.( a shto bi bile ako ne bile toa!)...tuku deka samo od togash se ''raduvaat''na sopstvena drzava ,... a i vika deka e samo protiv nivnoto ''antichko'' poteklo .....nema nishto protiv ''slovencite''..... |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пријателе, спореди го сега ова што го кажа тој со ова што ќе го цитирам подолу, кое е извадок од претходната негова статија, која ја поставив една страница поназад: Достигнувањето е дело на генерацијата наши претходници, родена во првите децении на дваесеттиот век, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна Кралството Југославија. Изложена на српска асимилација, но свесна за својата посебност, младата генерација „јужносрбијанци“, го зграпчува историскиот момент на војни и револуции за да го прокламира раѓањето на македонската нација во рамките на федерацијата на јужнословенски народи. Така, радикалниот дел од интелектуалната елита на еден народ разлеан по рабовите на три посилни балкански држави, ја создава сопствената нација. Се обистинуваат зборовите на Крсте Мисирков: „Не сме нација, но ќе станеме“! Отфрлајќи го своето српство, но и бугарството на родителите, некогашниот Владимир Малевиќ, образуван во српската гимназија во Битола и на Правниот факултет во Белград, се посветува на создавањето на македонскиот литературен јазик. Неснаоѓањето на „македонистите“ во услови на демократија, исто така, оди во прилог на визијата на нивните политички противници. Создавањето на македонската нација, без малку половина столетие, се одвивало во услови на еднопартиска диктатура. Во тоа време, и немало разлика меѓу наука и идеологија, па така, македонската историографија, неопонирана од никого, комотно врши селекција на историската граѓа од која што се создавал македонскиот идентитет. ----------------------------------------------- Сега јасно ли ти е што мисли Малески дека Македонците биле пред ослободувањето? Види во примерот за Владо Малески. Србин од бугарски родители. Ти се чини можно раѓањето на Србин од бугарски родители? А како врв на сите статии, прочитај ја и оваа статија. А особено овој дел, кој ќе го цитирам: Едни би ја вратиле Македонија барем едно столетие наназад, убедени, сосема погрешно, дека работите тогаш биле чисти. Два важни дела од тогашниот етнички мозаик, Албанците и Бугарите би се приклониле кон своите матични држави и ете решение за нашите денешни проблеми. Сега, од сето погоре, мошне лесно ќе се извлече заклучокот за тоа што според него претставуваат денешните Македонци, односно кое е нивното минато. Изменето од Анастеа - 11.Март.2011 во 15:45 |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Прости Кали, ама твоето име не го спомнав. Користев ТАА, а колку што знам ТАА е трето лице еднина. Да употребев и трето лице множина, пак ќе постоеше веројатност некој да се препознае. Незнам, можеби и сме параноичен народ, но сметам дека има реални причини за нашиот ментален склоп. Тоа е наследство кое си го носиме, делумно ради сопствените грешки, а богами и ради “неизмерната љубов“ која ја покажувале и ја покажуваат сите соседи на Македонија. Не има секакви, бугарофили, србомани, гркомани, Македонци, разбрани и неразбрани.... луѓе кои се подготвени за некое лижалче кое го нуди ЕУ да тргуваат со сопственото име. Тесна им е македонската кожа. Немам намера да се правдам, а искуството е нешто што неможам да го избришам или заборавам. Истото ми овозможува реториката на “пријателите“ и “разбраните“ Македонци да ми биде препознатлива уште во првата реченица. Разбрани Изменето од Platenik - 10.Март.2011 во 13:20 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Види Брза, Македонец сум по род и по убедување. Македонец можам да бидам по 3 основа. - во најлош случај сум таков од 5-6век, односно некои 1500-1600 години - по географска одредница со оглед дека сум се родил на територијата на Македонија. Да сум се родел во САД сигурно дека ќе сум бил Американец. - во најдобар случај може да сум и од тие Македонци кои живееле на овие простори и пред 5-6 век. Сигурен сум дека античките неиспариле и дека неакаде нивниот генетски код стои запишан, а кој е различен од “грчкиот“. Како што гледаш не претендирам на ниту една од погоре наведените варијанти. Не ми престанува ништо друго сем да ги сублимирам трите и на тој начин да ја градам македонската етногенеза. Ако Македонија небеше ставена под таков притисок ради името, сигурен сум дека немаше да се појават толку многу луѓе кои вложуваат огромен интелектуален напор за да ја обработат македонската етногенеза, од антиката па до денес. Сега кога се’ ќе се сумира нека повели некој да ми докаже дали сум јас словенизран Македонец или македонизиран Словен. Тие што ти ја оспоруваат националноста (ако си Македонец) се тие кои имаат проблем со нашето име, а не ние. Прво нека се погледнат самите себе, та Грци, та Бугари, та Срби, па после нека судат за други. Сите зборуваат за некаква си етногенеза, која е само интерпретација и желба, а не научно, методолошки издржана теорија. Она денешнине Бугари се Словени/Македонци и Тракијци кои стануваат поданици на тукомонгослките Бугари. Не ги сакаат азиските корени, а од друга страна се перјаниците на некој си нов вид на бугарштина кој ни самите неможат да си ја објаснат. За јужните ни соседи, збирштина од Помаци, Просвиги, Маџири, Понтијци донесени од Мала Азија, помешани со Словени, Власи, Арбанаси и етиопски мигранти се наследниците на старата хеленска кутура?! Ајде ќе те молам! Целокупната историја на Блаканот треба да биде преработена, а не да се прифаќа на слепо онака како што ја пишуваале некакви си нозосоздадени Грци или препородени Бугари, сонувајќи за Мегали идеи или санстефански Бугарии. Доблесно е да си ги бараш грешките кај себе, но некогаш треба е да се погледа што прават или правеле другите. Баш од акциите на другите произлегува дека реакцијата на Македонците никогаш небила причина, туку последица на дејанијата на порано “освестените“ народи на Балканот. Не сакам, но ако сум приморан да плукам по некого, тогаш биди сигурен дека нема да плукам по своите. Изменето од Platenik - 11.Март.2011 во 12:58 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Многу работи покрена за дискусија и искрен да бидам незнам од каде да почнам. Прво сметам дека сиромаштијата не е во ред. За да се надмине истата треба да се создадат стабилни политчки и економски услови. Во услови на лимитирани ресурси и можности, борабта постанува безпоштедна. Секој се труди да грабне што може повеќе. Човек на човека му станува волк. Ние како општество, и не само ние, не сме спремни за демократија по ниту еден основ. Непостои политичка алтерантива која има визија, стратегија како земјата да се донесе до саканото рамниште. Сакам да кажам дека Македонија не е единствената земја во светот која се наоѓа во ваква ситуација, а глобалните трендови и позиционираноста на таквите земји сигурно не им одат на рака на таквите држави. Таквите држави само можат да бидат следбеници, а не и лидери. Осудени да бидат следбеници тие немаат друг избор сем да го прифатат понудениот модел на државно уредување, без разлика што тој модел не се совпаѓа со културолшката матрица на соодветниот народ. Дали сметаш дека во арапскиот свет, меѓу бедуинската култура и верскиот фанатизам, онаму каде секуларизмот е мислена именка, може да функционира западен систем на уредување?! Досега историски гледано не е забележано некој да се збогатил од сопствениот труд. Се разбира исклучок се некои професии, кои во суштина се аномалија, а финансиската надокнада не е правопропорционална со вложениот труд. Пред се мислам на професионални спртисти и холивудски филмски ѕвезди. Не поимливо е еден Роналдо да биде платен 100 милиона евра. Трошење на нардони пари имало и ќе има, експлоатација имало и ќе има без разлика на државното уредување. Разбирливо болката е поголема и повеќе се чувствува во земјите на понизок степен на економски развиток. Не мислам дека неспсобноста на поединци е единствената причина што некои луѓе кукаат. Тоа е комбинација од фактори, неагилност, ниска самодоверба, недостаток на мотив и амбиција, слаб борбен дух, незнаење, неспособност, недостаток на поволна економска клима, страв од непознато и превземање ризик, низок морал.....немање желба да се жртвува било време, било пари,апатија, мрзливост и листата оди до безкрај. Полесно е да се најдат грешките кај другите одколку кај самите себе и да се превземе нешто. Полесно е да се оди по линија на помал отпор, да се чека некој друг да ни ги реши проблемите отколку да се фатиме во костец со истите или недај боже да излеземе од својата комфорт зона. Сето погорно резултира во негативен критицизам. Јас сум за критицизам, но само доколку е позитивен, конструктивен. Како што можеш да видиш моите размислувања не се баш праволиниски, а правото за проценака кој колку ми ја сака земјата ќе си го задражма за себе. Секој има свои моменти, кога негативната енергија е подоминанта, но се трудам на истата свесно да интервенирам. Мое е да укажувам на негативностите и да предложам нешто кое би ни помогнало да излеземе од матрицата во која живееме. Дали некој ќе ги прифати сугестиите или и понатаму во своето опкружување ќе гледа само црнила тоа ќе биде само негов личен избор. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Аха...ова да го есапам на моја сметка, или да не се мачам, а...? Бидејќи тешко е да се комуницира со македонски ракавици а ла -кажи свекрво сети се снао- ![]() ![]()
.....И дека се согласувам со ова, да кажам дека оддамна чекам твое видување како сметаш дека треба да се реши прашањето со името. Како во ЕУ и НАТО, како Р. Македонија, кога и што до тогаш? Мојата идеја за Македонија е многу едноставна. Се додека се поддржува и негува клима на параноичност, негативност и агресивност меѓу нас, конструктивност и напредок не е возможен. Колку за изборите, оти и тука ќе биде важно прашањето за името- ниедна партија која ќе ја води и заснова кампањата со плукање на другите, нема да биде добра за Македонија. Крај на приказната. Кога ќе се појават луѓе кои ќе се сконцентрираат на конструктивни решенија и бидат кадри да преземат одговорност, тогаш Македонија ќе има шанси да се извлече од г...лупостиве. Изменето од Kali - 11.Март.2011 во 11:18 |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Платеник, немој лично. Да не ја спуштаме дискусијата на лично ниво, на темава е многу лесно да паднат навреди. Инаку најново од грците е што не им се допаѓала нашата евровизиска песна. Им сметало што Влатко пее “Јас Македонец...“. Сме ширеле пропаганда и сме ја фалсификувале грчката историја. |
||
![]() |
||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Изменето од DragancoLeskoec - 12.Март.2011 во 18:53 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
гладни луѓе версус патриоти, до кога тие филмови ќе ги тера народот и ќе почне да размислува како што треба???
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Еве една таква причина за претпазливост. Од една страна говорат дека стануа збор само за надминување на разликите околу меѓународната употреба на името, а од друга страна бараат и промена на името на јазикот во сите документи во ЕУ. Како што кажа, македонскиот народ се наоѓа во ситуација кога мора да развие чувство кога уште во првата реченица ќе препознава кој што му сервира. И не треба да се срамиме од тоа, затоа што секој чекор на некои лица не уверува во тоа дека она што се говори не е исто со она што се прави. Одлично ги научиле европските политичари политичките лекции, ама прашањето е дали Македонецот ќе дозволи да го минат жеден преку вода и ќе биде заведен од убави ласкања. За сите оние кои сметаат дека е подобро Македонија да влезе преку ноќ во ЕУ, пред целосно преструктуирање, нека го погледнат ова. Не сум економист, но според ова што го слушам и читам веќе неколку денови, станува збор за сериозна работа. Како правник можам да кажам само дека од 01.01.2011 година европските производи не се должни да плаќаат царини при увоз во Република Македонија, што, според некои, ќе предизвика низа економски последици. А најлошо од се е ако се дозволи да се создаде вештачката поделба на патриоти и гладни луѓе и жедни сите да бидеме натерани да ја преминеме реката. ![]() Изменето од Македон - 16.Март.2011 во 02:53 |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Остај тоа, професорот е во право, нашата економска политика нема никаква долгорочна стратегија. Туку да погледнеме на пример преку (не)искористувањето на ИПА фондовите, колку и на каков начин сме спремни за во Европа. 500 милиони евра помош од ЕУ за забрзување на евроинтегрирањето, со последен рок до 2012 година најверојатно ќе останат неискористени и ќе пропаднат, наместо да се вложат во корисни проекти од повеќе области. А зошто? Затоа што оние кои што сакаат да ги добијат парите (како земјоделциве на пример) велат тешка била процедурата, високи биле критериумите, ти реков ми рече... Е па европјаните не даваат пари за џабе и “на лепе очи“ и кој сака да ги добие треба добро да се испоти и да ги оправда. Како овие на пример што добиле. Значи се може. И скоро сум сигурна дека ако прашаш за името, некои од овие што викаат тешко било да се добијат парите, ќе речат дека името треба веднаш да се смени, за да влеземе во ЕУ, оти ќе ни тргнело. Како да не. За оној што е мрзлив и чека некој да му сервира на готово, нема спас ни во ЕУ ни зад ЕУ. Џабе ќе е само името да отиде к*рбан. А примеров со здружениот настап на грчките и бугарските европратеници, за бришење на македонскиот јазик во официјални документи, не е прв обид и е само еден во низата докази за тоа кои се вистинските, позадински мотиви и цели на целото проблематизирање на името. Со секој ваков обид, прикаските за “параноичноста“ на Македонците паѓаат во вода. |
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Пангалос отвори срце: спорот со името на Македонија е катастрофа! Македонија да се остави да се вика како сака. Грчкиот вицепремиер Пангалос останува на ставот:Соседната земја нека се вика како сака!Гркот сака да каже да не си ги виткаме кичмите?! ![]() |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 117118119120121 184> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |