|
Дали да пијам Норлево таблета? |
Внеси реплика |
Автор | |
Bekerel
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Март.2011 во 10:28 |
Здраво на сите. До сега го истражував форумов и навистина е прекрасен, има толку топла и пријателска атмосфера што едноставно ме охрабри и јас да се регистрирам и да си го искажам мојот проблем, бидејќи гледам дека тука има доста искусни и се надевам дека некоја од вас ќе ми одговори - за што ќе ви бидам многу благодарна.
Значи вака. Јас сум 19 годишна девојка, не сум во брак, но со дечко ми почнавме да имаме односи (2-3 пати до сега). Црвенеам од срам заради ова, но тука сега морам да си кажам. Дечко ми не пенетрира целосно и мислам (речиси сум сигурна) дека сеуште не сум скината. Два пати имамве секс без кондом и тој ејакулираше надовр. Но бидејќи стравувавме дека можеби имало precum (излегување на семена течност за време на односот пред ејакулацијата) јас после односот земав Норлево таблета (day after таблета) за да се спречи овулацијата од страв да не забременам. Заради таблетата добив порано од вообичаеното. Тоа ни се случи уште еден пат. Но вечерва имавме пак секс без кондом и тој повторно ејакулираше надвор. Сигурна сум дека ејакулираше надвор. Според калкулаторот на оваа страна, моите плодни денови започнуваат дури на 11 март. Но тоа е ако го земам предвид моето вообичаено време на циклус = 40 дена. Но бидејќи пред 3 недели пиев Норлево, а и пред 1 месец исто така, се плашам дека можеби циклосот ми е пореметен (затоа што по пиењето на таблетата следното добивање ми беше порано од очекуваното - веројатно заради хормонската бомба). Сепак менструацијата ми започна на 17ти и траеше до 20ти и ако земам минимум две недели од 17ти, тогаш излегува дека плодните денови би ми започнале од 3ти март па натака (ова минимум значи). Резиме: Значи не сум скината, тој не пенетрираше длабоко, не ејакулираше во мене и плодните денови ми започнуваат најрано на 3ти март, а веројатно и подоцна. Прашање: Дали има потреба повторно да земам Норлево таблета? Не сакам да се трујам со хормони доколку нема потреба, но од друга страна би испила и 10 само да не затруднам сега затоа што тоа ќе му го уништи животот од темел :( Затоа ве молам за совет. Однапред ви благодарам. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А да си појдеш ти на Гинеколог најдобро,батали форуми и искуства од "најпознатите сексолози" на интернет и речи му тамо на тој дечко ти да си има при рака кондоми,најдобро за тебе ќе биде тоа.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Bekerel
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала за советот fiks. Веројатно ќе те послушам. Инаку не земав таблета и нема смисла да се зема сега, затоа што ако е оплодена јајце клетката, веќе е предоцна. Изброот е направен. Сега останува да чекам или менструација или бебе Го молам Господ да биде првото
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па се надевам дека ќе добиеш...и да се пофалиш...што и да е.
|
|
K1nm23
Сениор Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе пиј алкохол само...норлево морлево......жими мајка...
Инаку еден совет...скарај му се на дечкото....оти има мало к*ре..како може да не те скине.......не пенетрирал......ами како да не.....одбери си таму некој пенетратор салам а не овој со малово к*ре само трудна што те остава...... |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Женски маки Колку многу си се загрижила....а тек почнуваш со сексот Ајде вака, бидејќи сакаш да си ги расчистиш сите дилеми, очигледно баајги си ’’учела’’ за сексот, и стравуваш.... ....Како знаеш дека не си скината?... Не крвареше? Можно е да не си, ама можно е и да си, и без да крвариш. Свршувал надвор од тебе- крај на приказната. Не се оптеретувај понатаму со прекум, и сл. На крајот на краиштата, и не е толку лесно да забремениш Веќе знаеш дека Норлево е хормонска бомба, дека не е препорачливо да се зема повеќе од неколку пати. Него ќе го земеш само доколку имаш јаки причини да веруваш дека ќе останеш трудна. Предсемена течност не е толку јака причина за повеќе пати да земеш Норлево...но во иднина...никако без кондоми! И последно...почни да посетуваш гинеколог, и понеси си вака листа со прашања за него! Поздрав!...И без многу грижи! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |