IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 23>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:46
ЛОВЕЦ НА НЕМИРИ
      
Секој со марифет некој
- Јас со мисла без смисла,
Патишта некои што бара:
Загазани, затревени
- Мустри стари занемени,
Се траќа пустата, рие,
- Место ли нема
Кај да се свие?
Што бара,
Не знае ни таа сама
- Надеж празна,
Или горка измамА
секој со марифет некој,
Јас на грбот на мислата
- Вечен јавач на бесмислата...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:48
ИМА НЕШТО


Има нешто за кое вреди
да се згазне на клетвата
како на глава на змија;
да се плукне на зборот
и кога в лице ветар ти дува,
да се измамат принципите
како ефтини љубовници
желни за ветувања
и проѕирени наметки
од тул на непостоечки разочарувања;
да се разобличат сите облици
ма перманентното самолажење...
Има нешто за кое вреди
да се вратиш на апсолутниот почеток
на најтешките страданија,
да ја спознаеш големата измама
на времињата што ги чекаш
како нафора во гладните очи...
Има нешто што те држи силно
како бела мајчина боска
како гранест корен
во карпеста почва,
што те врзува и не те дава
оти врска е со сите заминати
и недојдени,
со сите невоскреснати
и сите неродени
што ги споменуваш,
што ќе те споменуват...
Има нешто, верувај ми, има,
нешто што останува
дури ти заминуваш....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:48
ПРОЦЕНКА


Го мерам чекорот –
Тежината,
Должината
Го мерам на вагата на сите промашувања
На старите сопнувања
На големите разочарувања,
Го мерам чекорот
Пред да стапнам на нечие срце,
На нечија солза,
На нечија воздишка...
Чекорот –
Живи рани по табаните,
Олово течно во колената,
Историја на лузни,
На пентерења
Без почеток и крај
По ридиштата на мртвите
Експедиции на немирното дете...
Го мерам чекорот
Со опитност на мајстор,
Со точност на геометар,
Како воздржан коментар на хирург
И недоречена мисла на филозоф,
Го мерам чекорот,
Но даските...
Даските под него секогаш се итрици
И пак некоја ќе ме измами
Со своето најадено срце
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:49
БЕЛЕГ
На Филмаџијка

Белегот ќе не распознае,
Белегот благоглаголив
По сенката што ни се влече
Дур врвиме среде липите
Крај заборавените пристаништа
На недорекот,
Од кои мириса зародишот
На непрокопсаните мисли…
Ќе не расапознае во сите времиња
И на сите светови,
Исти како и овде,
Исти како и таму,
Со истиот белег бележани,
Со истото миро миросани -
Зборот ни е :
И храна и вино,
И причесна и молитва,
И лулка и гроб.
Секаде, па и овде….
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:53
МОЖЕШ, ЗНАМ

На А.К.

Можеш, знам:
Патот неизоднина да го свиткаш,
Божем црвена лента е,
Свилена,
И да направиш машна
Од која здивот сам себе не ќе се препознае,
И мојот,
И твојот,
Што ги спакувавме во заедничка кутија
За скапи подароци
Во фиоката на трепетот на нашето
Заедничко исчекување
На сите недофати
Над темните хоризонти на радоста...
Можеш, знам:
Од сонот да направиш чевли,
Со чевлите
- пат
На кој ќе ги пронајдеш сите патокази
Што ги врежав во кората на дрвјата
Со ноктите на сопственото надраснување
Оти знев,
О колку проклето знаев,
Дека ќе поминеш некогаш зад мене
И ќе ја спознаеш птицата на стравот
Сред трњето со солзи што го газев...
Можеш, знам:
Во душата бисери да најдеш
За тебе,
За мене,
За сите по нас што ќе дојдат -
Отфрлени од сите
Презрени од себе....
Можеш, знам....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:55
ПОСк*рА
На А.К.
Не крши ја поск*рата недопечена
и не вади ја од неа паричката
Дури среќата не го покаже лицето
Без сите маски,
Фереџиња
И велови,
Онака, без шминка,
Ко што ти им се предаваше наутро
На сопствените очите
Ловејќи ја нивната задоволна насмевка
По мазното чело на огледалото.

Не плети мрежа од конци на изгниено време
Во која ќе ги броиш преостанатите секунди
Како стара мома
Мртвите серенади во прашината
На прозорецот од моминската соба.

Укради го, од изворот под старото дабје,
Со жилите многулетни даги што вкрстил,
Окото нетрепливо на ловецот итар,
Што научил да чека дур пленот леко
Во примката скрита со спокој му ита,
Окото што препознава рани по лузни
Од опулот стрела што фрла низ ветрот
По кобникот што сонот му го колви...

Не крши ја поск*рата недопечена
И не вади ја од неа паричката
Дур среќата лицето вистинско не го покаже...


Изменето од majstorce62 - 25.Март.2008 во 10:25
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:57
БЕСЦЕЛНО ТОЧЕЊЕ НА МЕЧОТ

Еден ќе нацрта сонце
Вториот ќе рече – ѕвезда е,
Третиот молчи...
Долго ќе молчи и
Ќе го точи мечот
Од камењето ма молкот
- Воинот од прославените битки
Со лузни што не можат да пречат...

Кога ќе го источи,
Кога острицата ќе ја стокми
Во каменот бразда да направи
- солзата да му ја пронајде,
Со крвта на зборот
рана ќе отвори нова
Во душата на мечот
Од прадедовци искован,
Што подвизи навикнал да брои
Од колена редум...

Секој подвиг – лузна нова...

Еден ќе нацрта сонце,
Вториот ќе рече - ѕвезда е,
Третиот ко да не е таму,
Ко да нема што да каже,
Ко да нема што да рече
- Да не ја растури играта
Во молкот ќе се повлече...

А, зарем некој ќе го разбере?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 21:59
ПАТ
На А.К.

Патот долг е,
- змија прекршена;
развлечена сенка
на окапана душа...

Гледај,
зад следниот свиок
р`тат мечти
од семки на залечен сон!

Патоказите се поставени кај им е место...

Чуму стравот
да ти го мајтапи чекорот
во огнот на Прометеј
што го цврстеше...?

Ако нема станици
здив кај ќе собереш
- од тулите од верба ќе ги кренеме,
Ако нема поила
срните на одот да ги оджедниш
- во карпите на болот ќе ги ископаме...

Змија прекршена е патот
- со две глави на крајот - невид,
Едната, јас што ја столчив,
другата, твојот ред што го чека.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:01
СМРТТА НА СВЕТУЛКИТЕ
На А.К.

Умираат ли светулките на радоста
Како риби
во река со испуштени фекалии
Или ти им пресудуваш
на поилото на надежта
Со отровите на самопрезирот
во твоите вени

Мракот ти е бедем на боиштето
Со сите непресметани маски на времето
Што го величаш
и толчиш истовремено
На дланка од сончева преѓа
Со толчникот на неспознатата радост

Гаснат фенерчињата на мртвите светулки
Во морето миризби на раната пролет
А ти со завеси од црн драпер
го сопираш сопственото дишење
Во бесмислената игра
на желбата
да ја зачуваш хармонијата
На песна на најцрниот Орфеј,

Ќе побара ли некој отчет за чувствата,
Во зората. во која сонцето ќе помине
Покрај твојот прозорец
како случаен патник,
Без интерес за твоето отсуство
во мислите на соседите,
Или се ќе заврши како евтина хумороска
СО безимен лик
Што се чита од немајкаде
во автобус на кратка релација?


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:02
ВРАЌАЊЕ НА ЈАНЅАТА

Здив не здивнал
- водовртина...
Одоздола нагоре
И пак удолу...
Врти, сучи
- конец недосучен
Во умот црево развлечено
Од стравот,
Од немирот,
Од неспокојот...

Јанѕата двоглава,
Јанѕата троглава,
Јанѕата стоглава...

Умот никој не ми го варди
Умот штукнат
Од мисла обезличена
Умот недоумици што таи
- оскоруши зелени на радоста...
Ме глоѓа,
Ме саклетисува,
Ѕемнеж змијолик
- стутулнница,
Змијокот во грмушка исушена
Од коренот фиданка што и рти
Без бликнеж на сокови зелени...

Јанѕата двоглава,
Јанѕата троглава,
Јанѕата стоглава...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:05
КОТИЛО НА ЈАНЅИ



Сонот мој свикнал да ноќева
на постела од паламиди и коприви,
да ја траќа главата на зглавје
во кое се ројат стршлените на страшната
помисла на врзаната вреќа на новиот ден.
Сонот мој
од штрекала расновен,
- гнездо без потка на птици прокудени...
Трагот мој -
беспредметна расправа
на неродени пишувачи на книги,
штуровез на кошула на неофајдени мисли
глуво семе во испукана иловица,
Трагот мој -
врволешник од мравки под кожата...
Јанѕи...
Котилишта на јанѕи:
во мислите
во сонот...
Ми ги бодат очите на радоста
со ножеви од инфицирана клетва
на времето што одамна го заклав,
сакајќи да си го издлабам трагот
длабоко во неговата недопрена срцевина.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:06
ИДИЛИЧНА ПЕСНА
На Евридиче

Овој пејзаж,
што не ги спознал уште
скриените искри во гламјите
на човечката велеиздаја,
суште ги бара
безгрижните стадата срни,
кога должината на скокот се мереше
со единици радост,
и потоците
со песната на идилата
на првото пролетно утро
во чие небо се огледуваа белите бакнежи
на срамежливите качунки,
и жолтите миризби на глуварчињата.
Овој пејзаж
што ги прескокнал во сонот
озабените очи на скриените вистини
за сите современи митови,
тагува по шепотот на мајските роси
и вљубениот одраз на утринското сонце
во нивните насмевки,
Овој пејзаж,
што ме буди на полноќ
како молежливо тропање на прозорец
од некој заталкан намерник,
е прекрасна илустрација
за насловната страница
на читанката на заборавената етика...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:09
СЛАТКО ОД ЦРЕШИ
Не едно девојче што го влечев за прцлата.

Кога зрееја црешите,
На ќумбетот во малото дворче
Стававме големо тенџере
и чекавме да зоврие шербетот

Твоите очи личеа на презреани цреши
И имаа сјај на босоного детство
Во солзта што остануваше во нив
Секогаш кога ќе те повлечев за прцлата
Оти не знаев друг начин
На кој ќе ти кажам колку многу
Го сакам слаткото од цреши.

Полна кофа алкајсии сипуваше мајка
Во зовриениот шербет -
гостите со слатко од цреши
Ги добросувавме тогаш
- гостувањето благо да им биде,
А мене твоите црши
Највкусни ми беа,
Но немаше книга
Што ќе ме научи како да ти кажам
па само за прцлата те влечев...

Сето маало мирисаше од слатко на мајка
Кога со шербет врел се полнеа алкајсиите,
А мене твоите цреши умот ми го блажеа
И ги сечев босите табани по маалските сокачиња
Вежбајќи акробации на надежен циркузант
Кој за награда саде ќотек пред спиење добива
оти во незнаење саде за прслата те влечеше.

И денес жените поставуваат ќумбети
И зовриваат шербет во големи тенџериња,
Но денес никој не добросува гости со слатко,
И девојчињата немаат очи со боја на презреани цреши
ниту има циркузанти што за прцлата ги влечат...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 22:10
КЛОШАРСКА ПЕСНА
На еден голем човек
чие име од почит ќе го премполчам

Кога ноќта ќе се разлее како мастило
и се ќе загрне во наметка од црн тул,
клошарот го почнува сонот под отворено небо,
под некој мост без кучиња,
без погледи надрочени од презир,
припокриен со потта
на вајстиногласниците
од булеварите,
Собраниските седници,
црнохроничарите
и сите неспоменати сонувачи
и воздивнувачи
по птицата на големото животно признание
што неправедно друг ја фатил
со нивната примка...
Неговиот сон ноќева под нивните големи мисли
а никој не помислил да му го следи трагот
во ноќта со небо скожурено од студ
и ѕвезди без топлина,
под чии светилки ги бара
страниците на својот промашен живот
Тој јавач на болот,
што ги запознал сите осои на човечките души
и сите беспаќа на големата надеж,
катаноќ ги бара недоколваните трошки среќа
во топлата постела на милозната госпоѓа,
што го сожали со кошула од покојниот сопруг.
А знае, ко да го видел со тажните очи
во некое друго време крајот на истата приказна,
дека зората му подготвува бакнеж
што го вкочанува здивот за навек.
Голем човеку,
зарем требаше да ги чуваш солзите
за друг да те исплаче ?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.