|
Двојното државјанство-потреба или спас |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој македонец со бугарски пасош е предавник.Тоа е повеќе од сигурно.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве и вака дали револуционерите кој се бореле за Македонија а поседувале,турски,француски,руски,италијански пасош биле предавници или патриоти???
Ако речите дека тоа е минато и оваа денес што се случува кај нас некогааш ќе стани минато. Дали на пример Павел Шатев кој имал француски пасош е предавник? Дали Чуповски е предавник зошто имал руски пасош??? Или Дамјан Груев кој оди на обука во Белгија (сигурно не оди со турски пасош ) бил предавникот? Лесно е да судиш и да уништиш едно семејство кое за подобар живот би си погазило на гордоста,но тешко е на тие луѓе да им дадеш од твоето,да им помогнеш. Изменето од mungos80 - 05.Октомври.2010 во 09:11 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас немам проблем со иселениците- многу направиле за оваа земја и сеуште прават, има доста кои се конструктивни.
Немам проблем ни со поединци кои се големи Македонци и патриоти, ни со оние на кои одредени пасоши им се книшки. Ова последново (пасош-книшка) е интересен начин како со називите правиме да се чувствуваме подобро со некои нешта Имам проблем со лицемерието и со дволичноста на истите кои поддржуваат систем кој е уништувачки и разорен, и затоа и пишувам. Едно е да живееш тука и да си егзистенцијално условуван од овој систем, а друго е овој систем да ти е само мила татковина со спомени. Во вториот случај, тој кој гласа има богами поголема одговорност: затоа што неговиот глас влијае на оние кои се директно зависни од овој систем. Затоа, внимавајте. Иако познавам многу иселеници кои оддалеку, баш и поради тоа што знаат што значи да живееш во средена држава и како таа треба да изгледа, го критикуваат ова што нам ни се случува. Изменето од Kali - 05.Октомври.2010 во 11:16 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да ве потсетам на воведот на темава, сосема се оддалечивте од нејзината основната цел. Понатамошни лични препукувања, навреди и етикетирања врз основа на нечие државјанство или етничка припадност нема да бидат толерирани! Брза, имаш последна опомеа за навредливо и вулгарно коментирање. Потруди се да се корегираш во изразувањето, да не дојде до санкционирање. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во однос на двојните државјанства, тоа е сеуште горлива тема на која не и се обрнало внимание какво заслужува и која не е регулирана како треба.
Изменето од Kali - 05.Октомври.2010 во 16:37 |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj objasni malku sto ti preci vo dvojnite drzavjanstva, kaj gi gledas nedostatocite vo postoeckiot zakon, ziti se. A i daj resenie nekoe po pat, ne samo ova necini, ona necini, ova e razurnuvacko a drugono e unistuvacko. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иронизирањето во темата е преголемо... сепак,оној кој повеќе ја познавата нашата не толку далечна историја,па и примерите кои ги изнесов од лична природа ,ја даваат сликата за нас како народ,кои сме и што сме,не е битно дали имаш одреден пасош ,кој може да се добие по различен основ,тоа го има насекаде во свет,битно е за нашава територија и настаните кои биле од порано. Така порано сите се фалеа со југо пасошот можело секаде да се патува и слично(значи поволности до бескрај,голем дел од луѓето уживаа,и тогаш оние што ќе се спротиставеа,поготово Македонци ги јадеше месечината),значи од ова можете да заклучите за денешните патриоти со повеќе пасоши,посебно бугарски ,се вовлекуваат во тие настани и ја предаваат целосно македонската самобитност.
Примерот е следен,не станува збор само за колите кои и тие си имаат своја генеза,како струмичанецот кој наједноставно се откажува од државата поради колата,понатаму се знае од тоа кој бил и што е (егзистенцијата е настрана и татко ми за Македонија лежеше во затвор,па не се откажа од незе,заради егзистенцијата). Но би продолжил,во форумот се покажува за одлив на -мозоци-,млади,а не се осврнувате,на тоа колку млади имаат земено бг,пасош не само заради тоа што се одлеале во бг,за неквалитетно и образование кое е од систем кој во нивните книги(историски) не негира,туку веќе имаме и пример,како тие млади,претежно со купени дипломи,се враќаат како стручњаци овде и влегуваат во нашиот пред се образовен систем(пред времето на илинденското востание,било карактерно за многу дејци,познати како даскали на егзархијата,ќе речете и тие биле по потрага за леб,ама импликациите се познати.)И така си оди работата,луџето,си се обременуваат со нови државјанства и сето тоа си води до имликации,кон самата држава,просто и едноставно,не можеш да седиш на повеќе столици,прво си човек,после одреден припадник на народ,а потоа и ... можеби предавник(така ти е убаво?). |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што го прави обичниот човек предавник???
Дали ако редовно ги плаќа давачките во државата,води мирен живот надвор од сите случувања во политиката,излегува на гласање,и се она што го има создадено останува во татковината или затоа што е предавник останува во Република Македонија. Ама сиромавиот(не во материјална смисла) се огрешил и зел туѓ пасош од икс причини. Ако овој е предавник тогаш што е овој пример: Човекот има само македонски пасош ама е кодош во општеството и преку таа поволност тој успева да заврши факултет за себе и целата фамилија ,да си вработи се до седмо колено,се вози со службени возила,не плаќа сметки за ништо оти е висок функционер,за потребите на службата се става на улуга на онаа служба што ќе плати повеќе за информацијата. Кој е предавник а кој е патриот??? |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mungos,
Ne se potresuvaj mnogu so objasnuvanja i samiot znaes deka dzabe e da dokazuvas nesto ovde na forumot. Ednostavno postojat lugje koi cel zivot se zivo im smeta, nikogo ne sakaat... Neli vide i samiot deka koga izleze sudijana spijun se spustija da go branat, demek go mestele itn... Изменето од Анастеа - 06.Октомври.2010 во 23:45 |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај пак да се вратиме на почетокот- злоупотребата или спас од криминалот во двојното државјанство.
Факт е дека иселениците си сакаат и македонско и државјанство од земјата каде привремено престојуваат. И имаат право бидејки не се знае кога може да се вратат. Факт е дека друга група во потрага по егзистенција низ ЕУ и спас од визите се одлучи на чекор туѓо државјанство. Е сега што некој тоа го злоупотреби во политички цели не е ништо ново за балканската калак*рница. За жал мене спорни ми се оние кои во земјава направија криминал и земаа државјанство од некоја друга земја па си обезбедија спас од естрадиција. Налет тие, налет парите не може да се повратат и вратат во земјава. Ме лути малку кога се зборува за проневери на пари за луге кои останаа тука, отворија работни места за народов, а овие пребеганиве некако ги кријат под чергичето ( и едните и другите од партиите). Обидите за конфискација на имотот нешто слабо оди. Ако им и секнеа изворите на лагоден живот новопечените државјани брзо ке беа вратени и ке можеше да им се суди. Вака само ке читаме за нивниот нов статус. |
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |