IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Приватни острови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приватни острови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2010 во 20:20
Еден од најскапите приватни острови

Niihau, Hawaii - вредност околу $100,000,000,00
Островот има околу 250 жители, се простира на 72 квадратни милји, нема патишта, хотели..НЕМА НИТУ СТРУЈА!изненадување





Изменето од ФорумскаБаба - 28.Јуни.2010 во 21:07
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 13:02
Calivigny - Karibi
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 09:16
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Еден од најскапите приватни острови

Niihau, Hawaii - вредност околу $100,000,000,00
Островот има околу 250 жители, се простира на 72 квадратни милји, нема патишта, хотели..НЕМА НИТУ СТРУЈА!изненадување



  и жителите се сопственост на- сопственикот на островот?изненадување
 или под ќирија се таму?збунетост
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 12:19
под кирија се
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 14:07
Алал да му е на сопственикот,не ставил струја,а наплатува кирија.

Му се погодиле кираџиите.голема%20насмевка
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 00:23


Островот Ram
Место: Machias Bay, Maine, 60 километри источно од Bar Harbor
Цена: 595 000 долари
Површина: 16 ари
Едно дрво, неколку овци, 6 на 6 метри платформа за шатор. Останатото е трева, карпи и 360 степени поглед на море.

Островот на Чарли
Место: Блиску до Marathon, во Florida Keys
Цена: 995 000 долари
Површина: 0,32 ари
Отворен простор нареден со место за седење, и место за готвење, но островот доаѓа и со мала куќичка во која собира 4-5 луѓе.

Островот Snug Harbour
Место: Georgian Bay, Ontario, Canada
Цена: 1 057 000 долари
Површина: 3 ари
На два часа возење од Торонто, овој остров има куќичка со 2 спални, 2 бањи и поглед на море, одвоена куќа за гости со бања, џакузи изградено во камења, дури и безжичен интернет.

Островот Watch  
Место: St. Lawrence Seaway, блиску до Clayton, NY
Цена: 1 950 000 долари
Површина: 1,3 ари
Куќа со 10 соби за спиење, 4 бањи, куќичка за чамци и палуба. Сето тоа на час и половина возење од Монтреал.

Little Hog Cay
Место: Блиску до Abacos, Северни Бахами
Цена: 1 950 000 долари
Површина: 25 ари
Приметете ја лагуната која го дели островот на источен и западен. На западната страна има куќа, со гостинска куќа и со генератор за струја, додека источниот дел е неразвиен. Има марина на 15 минути возење со брод на главниот остров Abacos.

Островот Cove
Место: Howe Sound, Британска Колумбија, помеѓу Whistler и Vancouver
Цена: 2 950 000 долари
Површина: 5 ари
На 30 минути возење со брод од Ванкувер, овој остров е подготвен за градба.


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 01:30
не знам чиј е и колку кошта ...ама делува примамливоголема%20насмевка


Изменето од Andjelina - 10.Септември.2010 во 01:44
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 01:46
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 06:13

 

Дали отсекогаш сте посакувале да имате ваш сопствен остров? Место каде што ќе можете да се изолирате и да се опуштите во комплетна приватност, или да ги приредувате најдобрите забави без вашиот сосед да се жали за гласната музика. Епа ако на вашата сметка имате неколку милиони, тогаш еве неколку предлози.

10. 28 милиони долари - Bird Cay, Бахами

Овој остров во Бахамите со површина од 101 хектар се наоѓа на 30 минути со авион од Насау. Островот има голем број песочни плажи, беспрекорен поглед на океанот и хортикултурно уредени патеки низ тропската флора. Главната резиденција на островот е историска двоспратна куќа со базен. На островот има и гостинска куќа како и пет колиби крај брегот.

9. 28 милиони долари - Agria Trias, Грција

Островот Agria Trias/Aghia Triada се наоѓа во близина на Атина. На островот има голем број овошни дрва и неколку градби, меѓу кои е и главната куќа, неколку куќи крај плажите, куќа за персоналот, па дури и црква.


8. 35 милиони долари - Островот Cerralvo, Мексико

Во близината на Ла Паз, Мексико, се наоѓа овој остров кој на една страна има висок карпест гребене со пријатна песочна плажа на другата. Поради фактот што голем број морски животни поминуваат крај него, а и неверојатно чистата вода, ова е идеална локација за лов на големи риби и опуштање.

7. 35 милиони долари - Hog Cay, Бахами

Hog Cay е уште еден Бахамски остров кој е за продажба (имаат многу острови). За вашите пари ќе добиете 275 хектари богат, тропски рај со главна куќа на два спрата и неверојатен поглед на морето. Овој остров исто така има и приватна писта долга 762 метри, ако ви притреба за вашиот приватен авион.

6. 39 милиони долари - Островот Charles, Бахами


Островот Чарлс, повторно на Бахамите, како што можете да видите од фотографијата, се наоѓа блиску до Spanish Wells, значи секогаш ако ви притреба, помошта никогаш нема да е далеку. Островот е снабден со електрична енергија и вода, што значи дека е подготвен за било кој тип на градба што ќе ја избере идниот сопственик.

5. 40 милиони долари - Motu Tane, Бора Бора, Француска Полинезија


Можеби не припаѓа на оваа листа бидејќи веќе не се продава, но сè уште можете да го изнајмите. Ако неговата поранешна цена од 40 милиони ви била превисока, сега вие и вашите пријатели можете да го изнајмите островот за многу помалку пари. Островот се изнајмува за минимум три дена, и почетната цена е 30000 долари од ноќ за првите 8 луѓе, но ако сакате повеќе гости ќе платите повеќе. На островот има комплекс од неколку колиби опремени со плазма телевизори, неверојатни трпезарии и луксузни бањи, луксузниот остров е идеално место за опуштање во комплетна приватност.

4. 45 милиони долари - Островите Hans Lollik, Американски Девствени Острови


Одлично место за развивање на недвижен имот, овие острови се наоѓаат на само 2,5 километри од островот Св. Томас и нуди плажи, одличен поглед, шуми и идеални места за риболов. Совршеното море околу островот се идеални за секој кој сака пливање и нуркање.

3. 65 милиони - Одморалиштето Caye Chapel, Белизе

Уште еден остров кој повеќе не е за продажба. Можеби забележавте по „Одморалиште“ во името, овој остров бил продаден за 65 милиони пред неколку години и на него било изградено неверојатно луксузно островско одморалиште. Островот се наоѓа на околу 19 километри од Белизе, и на него има терен за голф со 18 дупки, марина, писта, бар, ресторан и конференциски сали, базени, и нормално мног, многу плажи. Луѓето кои доаѓаат тука на одмор добиваат сместување во луксузни вили. Одморалиштето исто така овозможува учество во разни активности како: риболов, кајакарство, едрење, одбојка, кошарка и многу други. А оние кои се подготвени да го напуштат островот можат да ги посетат локалните остатоци од културата на Маите, како и многу други работи кои може да ви ги понуди Белизе.

2. 100 милиони долари - Островот Ronde, Гренада


Сместен во најпознатиот тропски рај, Карибите, островот до неодамна беше кралот на сите приватни острови со највисоката цена, но беше турнат од највисоката позиција. За вашите пари овде ќе добите 809 хектари рај, во основа мала земја. Богатата природа е вистинско чудо, под водата има видливост од околу 30 метри, разновидна морска флора и фауна, како и пештери украсени со сталактити и кварцни кристали до кои се стигнува само со пливање.

1. 310 милиони долари - Островот Lisabon, Португалија


Овој остров е буквално пред вратата на Лисабон, и има површина од 1214 хектари. Постојат гласини дека на островот ќе бидат изградени луксузен голф терен и резиденции, бидејќи има голем потенцијал за развој, и е необичен поради тоа што е комплетно неразвиен а се наоѓа толку блиску до густо населен град. Островот најверојатно ќе биде купен од повеќе инвестори кои би го развиле како што ќе посакаат.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 14:48

Славните и нивните приватни острови

Листата на познати личности кои поседуваат приватни острови секоја година се зголемува.

Листата на познати личности кои поседуваат приватни острови секоја година се зголемува. Славата и дебелите банкарски сметки им овозможуваат на познатите да станат сопственици на острови.

Се разбира островите си имаат свои предности, како што се: изолираност – не ви требаат врати или специјални сигурносни мерки за бегство од папараците, а нема ниту бучни соседи и полудени фанови.

Познатите се обидуваат своите острови да ги држат понастрана од јавноста, но ви претставуваме неколку кои успешно ги лоциравме.

imgSizer.aspx_1

Mel Gibson

Лудиот Mel го поседува Mago островот во Fiji. Тој го купи во 2005 година за 15 милиони долари. Пред него, островот беше во сопственост на јапонската компанија Tokyo Corporation. По дознавањето дека Mel е сопственик на островот, локалното племе Yavusa Vuaniivi започна борба за враќање на островот, тврдејќи дека тој е на нивните дедовци.

imgSizer.aspx_2

Nicolas Cage

Тој обожава да купува имот кој не е многу посетуван, па освен куќата на Rhod Island и замок, поседува и еден остров на Бахамите.

imgSizer.aspx_3

Johnny Depp

Пиратот од Карибите има свој карипски дом. Depp во 2004 година купи остров на Бахамите за 3.5 милиони долари.

imgSizer.aspx_4

Leonardo Di Caprio

Иако во Титаник немаше многу среќа со морето, Leo во реалниот живот со тоа нема проблем, па затоа реши да се повлече на еден остров во Мексиканскиот залив блиску до брегот на Belize.

imgSizer.aspx_5

Pamela Anderson

Нејзиниот поранешен сопруг, Tommy Lee и купи остров во Dubai кoj е дел од групата острови кои го претставуваат цел свет. Tommy и го купил островот кој ја претставува Грција, бидејќи неговите корени се од таму.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 13:35
Петте најскапи острови

Најскапите острови на светот се островите Ли Кали во близина на Амалфа брегот во Италија и вредат речиси 212 милиони евра. Прв сопственик на островите бил кореографот Леонид Масин кој ги купил истите во 1924 година, а по него сопственик бил рускиот пејач Рудолф Нурејев.

Овде летувале многу славни личности како Грета Гарбо, Ингрид Бергман, Софија Лорен и Џекилин Кенеди Оназис.

Освен Ли Кали, на листата на најскапи острови се најдоа и Кејв Кеј, Бахами, кои што вредат 86 милиони евра.

На овој остров има вкупно 38 објекти, аеродром и најсовремен систем за снабдување со вода. Островот е познат и со прекрасните зелени површини, заради што го добил името "рај на земјата".

Островот Стамфорд во американската држава Конектикат вреди 15 милиони евра.

Стамфорд е поврзан со брегот преку голем вештачки насип. Главната куќа на овој остров има 11 соби за спиење, а покрај неа се наоѓа и куќа за гости и стаклена градина.

Островот Наутилус во Бруксвил, Мејн, вреди нешто повеќе од 6 милиони евра.

Објектите на овој остров се изградени уште во далечната 1882 година, а главната куќа има две соби и едно купатило. Во пристаништето се закотвени два брода кои се вклучени во цената, а еден од нив е претворен во бар.

Островот Вајтфиш во Монтана вреди 7 милиони евра и за разлика од претходните четири, тој се наоѓа во едно езеро во прекрасната планинска област.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2012 во 11:53

Дознајте кои се најскапите острови на светот

Најскапите острови на светот се Li Galli островите во близина на крајбрежјето Amalfi во Италија и вредат рекордни 268 милиони долари.

Прв сопственик на Li Galli островите бил кореографот Леонид Масине, кој ги купил во 1924-та година, а потоа нивен сопственик станал рускиот танчер Рудолф Нурејев. Таму летувале славните луѓе како Грета Гарбо, Ингрид Бергман,Софија Лорен и Кенеди Оназис.

Меѓу најскапите острови во светот се вбројува и Cave Cay на Бахамите, кој „тежи“ 110 милиони долари.

На него има вкупно 38 објекти, аеродром и најсовремен систем за водоснабдување. Познат е по убавите зелени површини и важи за „рај“ на Земјата.

Островот Stamford во американската држава Connecticut вреди скоро 19 милиони долари.

Поврзан е со голем вештачки насип. Главната куќа има 11 спални соби, посебна куќата за гости, а тука е и стаклената градина.

Островот Nautilus во Penobscot Bay, Maine, вреди 7,9 милиони долари.

Објектите на тој остров се изградени уште во 1882-та година, а главната куќа има две соби и една бања. Во пристаништето се укотвени два брода кои се вклучени во цената, а еден од нив е претворен во бар.

Островот Whitefish во Монтана вреди девет милиони долари и за разлика од претходните четири се наоѓа на езеро во преубав планински предел.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 22:55
Вистинско уживање на Фиџи

Откријте го идиличниот приватен остров. Островот Лаукала е преубав приватен остров кој ве повикува на навистина уникатен одмор. Луксузниот резорт која се наоѓа тука нуди 25 вили, вклучувајќи и вила која се наоѓа на врв на брдо и нуди неверојатен поглед. 

Приватност, релаксација и исклучителна услуга, Лаукала е повеќе од типичен резорт. Големиот избор на кулинарски специјалитети, сместување по избор, клуб за деца, спа центар со специјално подготвена козметика од  природни локални состојки, спортски активности како нуркање, едрење и голф терен, го прават ова место вистински рај. 

Уживајте во плажите со бел песок, тиркизните лагуни, зелените планини, неверојатните панорами и гостопримвливиот персонал. 




















I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:38

SIR RICHARD BRANSON’S NECKER ISLAND – ПРИВАТЕН ОСТРОВ КОЈ ГИ „ ТОПИ “ И НАЈТВРДИТЕ СРЦА

uui

Приватниот остров кој се наоѓа во Британските Девствени острови е повеќе од дестинација. Опкружен со прекрасни песочни плажи, корални гребени и тиркизна вода, овој остров е бегство од реалноста…во вистинска смисла !

Ако синоним за остров е површина кој е изолирана од „ остатокот од светот “, ова место е откинато парче рај, кое открива еден сосема нов свет, во кој нема место за грижи, а она што го нуди природата, не може да се опише со едноставни зборови.

Задоволството да се биде овде, го сочинува тропски луксуз искажан на перфектен начин. Оваа сопственост е достапна и за јавноста, во вид на преубав ресорт кој може да прими до 27 гости. Убавината не е димензионирана само преку материјалното. Целосната глорификација ова место ја достигнува и благодарение на богатата флора и фауна, карактеристична само за овие простори.

Погледнете ја следнава галерија и дозволете еден од најубавите приватни острови на светот да го „ стопи “ и Вашето срце !

16

17

 



Изменето од Valerija - 26.Март.2019 во 10:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.