IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЈАС ЗНАМ , НАУЧИ И ТИ.....

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
Автор
Порака
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2010 во 23:23
Dobro e Gjuro , primeno na znaenje...ne ljuti odma...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
nema_nick Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
DJ NN

Регистриран: 08.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 91
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nema_nick Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2010 во 19:19
JAS SE ZNAM A TI AKO SAKAS UCI AKO NEJCES NE UCI NOGU GAJLE голема%20насмевка
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2010 во 01:36
..јас  знам да правам  сарма.....голема%20насмевка
 
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2010 во 19:53
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/54/Tobacco_field_cuba1.jpg
.....Од листот на тутунот се екстрахирани протеини како основа за храна на космонаутите за долг престој во космосот....
како и храна за врвни спортисти.....
малку е познато дека од тутунот може да се добие и висококвалитетен мед...да

Изменето од bijonse1 - 31.Мај.2010 во 19:57
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2010 во 04:12
Од малината се користат добро развиените листови и зрелите плодови.

Листот не е доволно хемиски проучен. Тој содржи витамин Ц и Е, а исто така и флавоноиди.

Во плодот се наоѓа повеќе состојќи од издвојуваат шеќерите (глукоза, фруктоза и сахароза), органски киселини (јаболкова, лимонска, салицална, елагинска и др.), танински материи, витамини Ц и Е.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 17:51

Исхрана по хороскопски знак


http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/FC4614BA595BEC42A20FB7CB7E3FAAB2.jpg


ОВЕН
Еуфоричен водач. Својот жесток темперамент може да го смири со лесна храна, пред сѐ зеленчук, малку месо, без жесток алкохол и цигари.
Зелениот и црвениот зеленчук, спанаќот, зелката, рдоквата и цвеклото се некои од зеленчуците кои задолжително би требало да ги внесе во секојдневната исхрана, поради тоа што содржат железо кое на потенцијално анемичниот овен му е повеќе од потребно. За таа цел, треба да консумира црвено овошје, како што се црешата, вишната и рибизлата.
За смирување на напнатоста добро е да консумира и сино и модро овошје: модри сливи или црно грозје.


БИК
Со меланхоличен темперамент, но секогаш со добро здравје, бикот сака мирен и удобен живот. Има голем апетит, ја сака храната, дури понекогаш е и стрвен. Го сака и алкохолот, особено фините пијалаци.
Ја обожува кујната и знае да готви, па ве советуваме слободно да седнете на трпезата која ја подготвил некој бик. Поради тоа што се склони кон дебелеење, особено на постари години, важно е на време да го ограничат својот апетит.
На биковите особено им одговара синото овошје како сливите, капините и останатите шумски плодови, како и грозјето. Корисно е да јадат и грав, компири, ориз и пилешки стек.


БЛИЗНАЦИ
Покрај својата непостојаност, многу се симпатични, витални, младолики и полни со енергија. Припадниците на овој знак се секогаш во тек со времето, па можеби и затоа се спремни да ги прифатат сите трендови во исхраната: макробиотика, вегетаријанство или некоја нутритивна новост.
Го сакаат готвењето, новите јадења и рецепти, но во поглед на храната се многу избирливи. Не сакаат долго седење на маса, па затоа и консумираат помали оброци кои повеќе личат на коктел мезе. Особено ги привлекува егзотичната кујна на азиските земји.
Најмногу треба да јадат зеленчук и овошје со индиго боја - грозје, капини, темни цреши, домат. Особено е добро да се дружат со салати со мешан зеленчук.
Пушењето им е строго забрането, а сиестата во попладневните часови е задолжителна.


РАК
Сензибилниот рак го сака домашното огниште, колачите и другите слатки работи со кои компензира за љубовните и животните проблеми.
Во поглед на храната не е многу избирлив, јаде буквално сѐ. Но, поради осетливиот желудник треба да внимава на алкохолот, а лутата храна треба да заборави дека постои.
Треба да јаде ракчиња, школки и останати скапоцености на морето. Од зеленчукот и овошјето му се препорачува она со жолта кора: компир, тиква, банана, ананас, круши, грејпфрут, лимон.


ЛАВ
Од животот го сака најдоброто, затоа што смета дека му припаѓа по раѓање и поради тоа троши многу пари на животните задоволства, вклучително и на храна.
Кога е седнат покрај маса, многу избира. Бара и го цени квалитетот повеќе од било кој друг знак. Својата исхрана треба да ја организира во зависност од тоа дали има проблеми со крвниот притисок. Ова особено се однесува на кафето и цигарите. Бидејќи негова боја е златната, сака необични видови леб и печива. За неговата исхрана хлорофилот е особено значаен, па треба да јаде кељ, зелка, цикорија. Од зачините и тревките може да консумира копар и магдонос. За да има енергија, мора да јаде храна која содржи витамин Ц и Е. Мешунките, јајцата и рибата треба да ја красат неговата трпеза.


ДЕВИЦА
Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица.
Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка.


ВАГА
Најкарактеристично за вагата е што со лошата исхрана го нарушува своето добро здравје. Затоа, припадниците на овој знак треба да избегнуваат црн пипер, црно кафе, чоколадо, бел шеќер и многу сол. Подобро е да консумираат морска сол и мед наместо бел шеќер.
Од останатите видови храна им одговараат ориз, зелена салата, краставица, рибизли и брусници. За да ја одржат рамнотежата на организмот и витамините, треба да јадат риба, јаткасти плодови и смокви. Портокаловите овошја како манго, јапонско јаболко, кајсија и мандарина треба да бидат редовно во нивната чинија.


СКОРПИЈА
Жестоката скорпија сака пикантна храна, претерува во сѐ, па дури и во пиењето. На скорпиите строго им се препорачува да јадат храна која содржи калциум, натриум и железо. Овие елементи ги има во џигерот, месото со малку маснотии (како говедско), аспарагус или најразлични цереалии. Кога го готват месото, пожелно е да додадат босилек или коприва.
Се препорачува од овошјата да јадат грозје, капини, модри сливи, тиква, банана, ананас, круша и лимон. Додека од зеленчукот компир, зелена пиперка и домат. И млекото е многу корисно за припадниците на овој знак.


СТРЕЛЕЦ
Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите.
Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози.
Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки.


ЈАРЕЦ
Многу е скромен во своите барања, како во поглед на начинот на живеење така и во поглед на храната. Не пие црно кафе и фини пијалаци, а ретко ќе го видите да јаде по ресторани.
Зеленчукот, макароните и млекото се многу корисни за нив. Најважниот елемент за нивниот организам е калциумот. Иако не пати од вишок килограми, сепак треба да консумира храна со помалку маснотии и затоа најдобро за него е да јаде бела храна (млеко, сирење и пилешко месо). Од овошјето треба да јаде малини, јагоди, цреши и црвено грозје. Од зелената храна магдонос и целер, а рдоквата мора да ја има во чинија.


ВОДОЛИЈА
Водолијата е најголем поборник за вегетаријанска и макробиотичка кујна, поради тоа што не сака животните да патат поради неа.
Припадниците на овој знак поседуваат ментална енергија, но со физичката секогаш имаат проблем. Затоа им е потребно многу одмор, сон, уреден животен ритам и правилна исхрана. Особено значајни извори на храна за нив се лимони, какао, соја и кикиритки. Овие производи содржат доволно магнезиум и натриум кои се мошне значајни за секој припадник на воздушен знак.
Јадењата со зелка се особено важни за нив затоа што ја намалуваат главоболката, која е карактеристична за припадниците на овој знак. Од зачините морска сол, како и сите зеленчуци и овошја освен киселите по вкус.

РИБИ
Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе.
На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата.
На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот.
За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 00:23
 
...Не знаев ..ама еве  научив ....голема%20насмевка
 
ДЕВИЦА
Прецизната девица ја мери до грам секоја храна која е дел од дневниот оброк. Поради осетливиот дигестивен систем не смее да консумира одеднаш поголема количина на храна и треба да го избегнува жестокиот алкохол. Токму поради проблемите со дигестивниот систем, најголем дел од вегетаријанците се во знак на девица.
Зелен зеленчук како спанаќ, марула, младо кромитче и лукче, штавел и брокула мора да биде дел од нејзината исхрана. И треба многу железо и калиум. Затоа би требало да јаде овес, тиквички, калинки и јаболка.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 20:45

Со исхрана против прекумерното потење

Се препорачува да се јаде чиста, свежа храна и многу зеленчук, на пример, неварена храна со сосови од оцет, масло, сенф и разни зачини. Покрај тоа, препорачливо е дневно да се испие еден литар чај од жалфија, зашто таа билка ја намалува работата на жлездите за потење. Потењето се намалува, како што е докажано и со редовно пиење на две лажици јаболков оцет во една чаша вода. Притоа, секако треба да се ограничи потрошувачката на кафе, алкохол, сол и лути зачини, како и храна богата со белковини. Врз намалувањето на потењето, исто така, дејствува и ацетисалната киселина. Во овие жешки денови не е препорачливо да се пијат екстремно ладни или топли напивки.

Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 21:16
РИБИ
Ова секако е најкомплексниот знак во зодијакот. Рибата знае да побегне од секојдневните проблеми во светот на храната, па затоа многу претставници на овој знак се дебели луѓе.
На нивниот организам му се потребни калиумот и железото, а особено јодот. Сите овие елементи се наоѓаат во бадемите, калинките, морската храна и рдоквата.
На рибите им одговараат јадења со витамините Ц, Д и Е, за да ја одржат рамнотежата на витамините во организмот.
За да ја збогатат својата исхрана може да јадат свеж и варен зеленчук и овошје со индиго или модра боја како што се сливи, грозје и капини.
Em kompleksna ,em debela sumизненадување
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 21:20
како само лажат ..... па то чудо једно ..........
 
 
СТРЕЛЕЦ
Безгрижниот стрелец може да пати од вишок килограми, а особено се дебели околу бедрата и колковите.
Овој хороскопски знак ужива во храната, па затоа секогаш им е тешко кога мора да прават диета. Потребна им е храна со силициум и калциум хлорид, кои ги има во зелените јадења како што се нане, магдонос, целер и аспарагус. Микс од нане и мед е одличен лек за припадниците на овој знак кои патат од нервози.
Мешункастите плодови и зеленчукот мора да се составен дел од нивната исхрана, а можат да ја збогатат и со цвекло, виолетова зелка и кромид и бобинки.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 13:08

Сè што не знаевте за пуканките

Пуканките се едни од најпопуларните грицки насекаде во светот. Одлично се комбинираат во друштво, на кино, во природа, дома пред телевизор… Но, повеќето од нас сигурно не слушнале за следните занимливости кои се однесуваат на овој пченкарен производ.

• Во една пештера во Мексико, пронајдени се испукани зрна пченка стари преку 5.000 години;
• Се верува дека индијанското племе Вампаноаг им ги подариле пуканките на колонистите и оттогаш се прошириле насекаде;
• Индијанците верувале дека во секое зрно пченка живее дух. Затоа, кога ќе се загреело зрното, тоа почнувало да скока и да пука, бидејќи духот сакал да излезе од врелиот дом;
• Првата машина за производство на пуканки ја направил Чарлс Криторс во 1885 година. Фабриката работи и ден денес;
• Во кино, пуканките се продаваат од 1912 година. Понекогаш приходот од нив е поголем отколку приходот од влезниците;
• Пуканките пукаат бидејќи зрното содржи влага. Кога се загрева, водата се претвора во пареа. Но, лушпата не пропушта вода и поради тоа пареата не може да излезе. Притисокот расте и некаде на температура од 175 степени – пукаат;
• Американците годишно јадат толку пуканки, што може да ја наполнат Емпајр Стејт Билдинг 18 пати;
• Најголемата пуканка која е направена, имала дијаметар од 3,6 метри. 



Изменето од емил - 17.Јули.2010 во 13:09
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 23:49
Авокадото (мрсно тропско овошје) најчесто се продава зелено(на пр. во ВЕРО супермаркетите). Зрелото авокадо пак има темно, накај црна боја и е меко. Ако сте го купиле зелено, замотајте го во хартија и оставете го на собна температура неколку дена и ќе си созрее.

Од авокадото можат да се подготват вкусни слатки напивки(милк-шејк) или крем супи, само треба да знаете со што да го комбинирате.


Зелено и зрело авокадо


Изменето од Majkl - 19.Јули.2010 во 23:52
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 13:05

Малините незаменливи во диеталната исхрана

Малините се мошне ценето овошје поради пријатниот, ароматичен и освежителен вкус и мирис, и тоа како десертно овошје и како мошне важна суровина за приготвување на сирупи, овошни сокови, освежителни напивки, слатко, желеа...
Нивната хранливост ја сочинуваат околу осум отсто овошни шеќери, еден отсто белковини и околу 0,6 отсто масти. Поради тоа што содржи лимонска, јаболкова и други овошни киселини, малините имаат диететски и лековити својства.
Според содржината на витамините, малината е посиромашна од другите овошја: во 100 грама има 13-20 милиграми витамин Ц, зависно од сортата, а потоа и нешто витамини Б1, Б2, ПП и други. Содржи и значителни количества на калиум, калциум, фосфор, железо.
Поради соодветната разлика на шеќерите и киселините (8:1,6), малината е со освежителен вкус, а со оглед на малата содржина на белковините, има значително место во диеталната исхрана кај болните од бубрези и кај ревматичарите. Најдобро е да се јадат свежи, веднаш по берењето.

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 23:51
КИНОА....уште наречено мајка на житата

Најсветата храна на древните Инки на Јужна Америка била киноата, едно нежно, вкусно и полно со енергија растение, кое тие го нарекувале цхесиса мама - мајка на житата. Лисјата од растението киноа, кои за жал многу ретко стигнуваат до потрошувачите се многу слични на лисјата од спанаќот и се високо хранливи. Тие можат да се јадат свежи, во салата или зготвени. Семето е богато со протеини, целулозни влакна и е добар извор на аминокиселината лизин, како и другите есенцијални амино киселини.Киноата исто така е богата и со : протеини, железо, калциум, фосфор како и витамините Б и Е. Во исхраната на древните Инки киноата била главна замена за животински протеини. Исто така студиите показале дека додавањето на киноа во исхраната на бремена зена може да ја подобри секрецијата на млеко. Киноата има три пати повеќе калциум и двапати повеќе фосфор од пценицата. Киноата исто така содржи и албумен, протеин кој се наоѓа во белката на јајцето, во крвниот серум и во многу растителни и животински ткива. Семето е без глутенско и тоа ја прави киноата нутритивно богато и вкусно алтернативно жито за луѓе кои се чувствителни на глутен. Таа е лесна и вкусна за јадење и брза за дигестија. Покрај тоа нејзината подготовка трае само 15 минути, потполно исто како и другите житарици (ориз, пценица,..)

*Го има во различни бои...жолта, црвена, црна*


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,154 секунди.