|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 2829303132 36> |
Автор | |
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1876 полковник Џорџ К'ст'р е разбиен од сиуксите и шаjените при Лит'л Биг
Хорн.
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1902- Во селото Мелница, Мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објави романот „Крпен живот“, а потоа и романите „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“. Познати се и неговите повести „Опасна печалба“ и „Мариовски панаѓур“. Умре во Скопје, на 10 март 1965 година.
1945.- Грчка воена единица стационирана во селото Смрдеш, Костурско, немилосрдно претепа повеќе мажи и жени од истото село и му забрани на населението да зборува на македонски јазик. 1948.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е одржан Основачкиот конгрес на борците од Народноослободителната војна на Македонија. 1989.- Со одлука на Универзитетскиот совет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, е прифатено формирање на Фондацијата „Петар Стаматов“, виден иселеник од македонско потекло. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1934 е роден Петре М. Андреевски, македонски писател.
1956 е роден Борис Трајковски, претседател на Република Македонија. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1861.- Во Прага умре Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објави и Житијата на Кирил и Методиј. Роден е во Кабеларево, на 13 мај 1795 година.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никола Парапунов (Разлог, 1 јули 1909 - Бараково, Горноџумајско, 9 декември 1943), македонски комунист од Пиринска Македонија.
Роден е во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, продолжува да се школува во среднотехничкото училиште во Софија, градежна насока. Потоа работи во родниот град и активно соработува со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација. Во 1931 година станува член на Бугарската комунистичка партија, а на почетокот на 1932 е член на окружното раководство на БКП во Петрич. Поради своето делување како комунист е уапсен и од 1933 до 1941 година е во затвор. По излегувањето од затвор, преминува во илегала и на 26 јули 1941 година ја формира разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија.На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска[се бара извор] и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот. На почетокот од 1943 година станува член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинува кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа. Изменето од mungos80 - 26.Јуни.2010 во 19:26 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1895.- Под раководство на македонскиот социјалист Васил Главинов почна да излегува весникот на македонските социјалисти „Револуција“. Весникот излегуваше еднаш неделно на бугарски јазик и наиде на голема реакција кај големобугарските кругови, кои го оценија како сепаратистички. Покрај Главинов, во раководството на весникот се наоѓаа и познатите македонски социјалисти Димо Хаџи Димов, Веле Марков, Андон Шулев и други. Последниот број излезе на 30 август 1895 година.
1921.- Во Софија, од заведен атентатор на врховистите-платеници на бугарскиот двор, е убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посвети на борбата за слобода на македонскиот народ. Тој е еден од најверните идејни соработници на Гоце Делчев и истакнат заштитник на целите и на принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација. Иако беше противник за предвремено кревање востание на македонскиот народ, тој зеде активно учество во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Варош, Прилепско, на 2 април 1965 година. 2001.- Умре Оливер Китановски (на 21 год.) од Башино Село, Велешко, припадник на МВР на РМ. Тој умре од здобиени тешки рани во борбите на 23 јуни 2001 година против албанските терористи меѓу селата Брњарци и Арачиново. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕС Е РОДЕН ПАВЕЛ ШАТЕВ
СЛАВА МУ. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина Наце Димов
Слава му Изменето од mungos80 - 15.Јули.2010 во 23:35 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1942.- Во Софија, бугарските фашисти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров,македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издаде својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден е во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден беа стрелани Антон Попов-Дончо, и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.
Земја - Никола Вапцаров Оваа земја, сега што ја чекорам, оваа земја, која пролетен ветер ја буди, оваа земја, не е моја земја, оваа земја простете е туѓа. В зори тргам. По фабричен друм безбројните рубашки минат. Ние сме слеани со срце, со ум, но земјата... за своја не ја имам. Над мојата земја напролет зраци сеат сјај и грмат водопади од сонце над роден ми крај Чувствуваш длабоко срцето на земната град и гледаш цвеќа безбројни скокум како раснат. Над мојата земја в небото опира Пирин Облаците в бура илинденски прикаски пејат, охридскиот лазур е бескрајно син и ширен, а надолу уште изгрејсонце Егеј го грее. Си спомнам ли само – и ете надојдува крвта во срцето, кое се топи од некаква нежност... Земјо моја! Прекрасна земјо моја!... Поена со крв, лулеана в метежи тешки. Во Софија 1939. Изменето од mungos80 - 23.Јули.2010 во 01:59 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1926 Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата За македонцките работи. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година.
Каснаковски големиот познавач на Мисирков го заборава овој ден |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на македонскиот цар Самоил беше поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој нареди околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај цар Самоил. Потресен од глетката, цар Самоил умре на 6.октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распадна.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1902.- Во селото Вишни, Костурско, Егејска Македонија, предаден и опколен од османлиската војска се самоуби Лазар Москов, еден од значајните македонски револуционери. По завршувањето на класичната гимназија во Битола, разви организациона дејност во Костурско. Таму тој стана еден од поактивните организатори на ВМРО. Роден е во селото Д'мбени, Костурско, во 1877 година.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1903.- Во месноста Дреновица, кај Кавадарци, четата на тиквешкиот војвода Петар Јуруков водеше херојска борба против 300 турски војници кои требало да заминат за Крушево. Во Борбата која траеше повеќе од 5 часа загинаа 17 борци на четата и 21 турски војник.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1909.- Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов.
1914.- Германија во Првата светска војна и објави војна на Франција. 1945.- На сите етнички Германци и Унгарци во Чехословачка им е одземено државјанството. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница <1 2829303132 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |