|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 38> |
Автор | |
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве, јас веќе го прогласив ... |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уругвај и Холандија во лов на третото финале Уругвај не бил дел од најдобрата "четворка" на Светските првенства точно четири децении, а Холандија 12 години. Од друга страна, Уругвај последен пат играл финале во 1950, а Холандија во 1978 година Веројатно никој пред почетокот на Светското првенство не веруваше дека едната полуфинална двојка ќе биде Уругвај-Холандија. Можеби и никој не очекуваше дека која било од овие две репрезентации ќе успее да влезе во големата "четворка", но исто така никој не може да каже дека нивниот успех е незаслужен. Ниту Холандија, ниту Уругвај досега нема пораз, а "Оранје" оствари максимален број победи на ова Светско првенство. Иако е неблагодарно да се прогнозира, мал фаворит во ова полуфинале е Холандија, па ако избраниците на Берт ван Марвијк вечерва победат, тоа ќе значи дека во Јужна Африка ќе следиме европско финале. Не само поради петте победи на овој Мундијал, "портокаловите" се фаворити затоа што под водство на сегашниот селектор досега претрпе само еден пораз, и тоа во септември 2008 година од Австралија. Почнувајќи од мечот со Македонија во Скопје, Холандија е во серија од 24 натпревари без пораз и 13 победи кога станува збор за официјални натпревари (исклучувајќи ги пријателските). Тоа е достигнување со кое не можат да се пофалат голем број репрезентации, не само на овој Мундијал туку воопшто во професионалниот фудбал денес. "Можеби имаме пет победи досега, но се уште не сме ја освоиле титулата. Сега следува најтешкото, останати се најдобрите и треба да ги победиме, за да станеме прваци. Сетете се на Европското првенство пред две години. Ги совладавме Франција и Италија и сите веќе не прогласија за шампиони, а потоа не го преживеавме ниту четвртфиналето. Затоа, сега сакам фудбалерите да бидат начисто дека мора до последниот ден на првенството да бидат сконцентрирани и да го извадат најдоброто од себе", порача Ван Марвијк. Холандија двапати во минатото играла во финалист, но последен пат играла во натпревар за златото во 1978 година. Уругвај, пак, нема полуфинале од 1970 година, а во големото финале не настапил веќе шест децении. Сепак, и во најавата за ова Светско првенство пишувавме дека оваа генерација на "Ла селесте" е способна за големи работи и дека нема да биде чудо ако изненади. Се разбира, никој не се осмели да прогнозира дека во Јужна Африка ќе остане подолго од јужноамериканските гиганти Бразил и Аргентина, но факт е дека Уругвај на овој Мундијал придоби уште голем број навивачи со своите настапи кои, слободно може да се каже, беа далеку поатрактивни отколку на Холандија. Основен проблем на Уругвај ќе биде неиграњето на втората ѕвезда во тимот Луис Суарез. Стрелецот на три гола на овој Мундијал доби црвен картон на мечот против Гана, но никој не му се налути за тоа, напротив, сите му честитаа и го прогласија за херој затоа што ја спаси својата репрезентација од пораз и и овозможи да се пласира во ова полуфинале. Затоа, во тимот се враќа Диего Годин по лесната повреда, додека капитенот Диего Лугано е неизвесен поради болки во коленото. Поради суспензија, во тимот на Оскар Табарез нема да биде ниту Хорхе Фусиле, додека Николас Лодеиро има фрактура на коска на стапалото. "Последни се пласиравме на Мундијалот, одигравме најмногу натпревари во квалификациите (20) и навистина имавме долг пат до ова финале. Но, тоа што минавме низ сите тие тешки моменти не направи посилни и ни помогна да стигнеме до овде. Не планираме да застанеме овде иако на сите ни е јасно дека имаме исклучително силен противник", вели играчот од средниот ред на Уругвај, Диего Перез. Интересно е тоа што и Уругвај и Холандија досега по двапати играле во финалните натпревари на Светските првенства. Разликата е во тоа што Уругвај победи во двете учества, а Холандија двапати загуби. Уште една заедничка работа им е што двете репрезентации во последниот месец играа со Гана. Холандија во Ротердам победи со 4:1, а Уругвај славеше на пенали. ИНТЕРЕСНО... -Последните три натпревари Холандија ги доби со идентичен резултат - 2:1 -Против Уругвај, Холандија може да постави нов рекорд по бројот на победи на едно Светско првенство. На претходниот меч го израмни својот рекорд од 1974 година кога петпати триумфираше -Весли Снајдер има шест гола на последните седум настапи за националниот тим -Холандија има само два порази на десетте дуели со јужноамерикански репрезентација на Светските првенства -Уругвај е без победа на 13 дуели со европски противници на Светските првенства (шест реми и седум порази) со тоа што последниот триумф датира од 1970 година кога го совлада СССР со 1:0 во четвртфиналето. -Диего Форлан има четири голови на трите настапи на Светските првенства (2002, 2006 и 2010), но сите тие се постигнати против африкански репрезентации (Сенегал, Јужна Африка и Гана) -Три од тие четири гола на Форлан се постигнати со удари надвор од шеснаесетникот -Таткото на Диего Форлан, Пабло играше против Холандија на единствениот дуел на овие две репрезентации на Светските првенства - во 1974 година -Холандија е единствената репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка што победи на сите досегашни натпревари МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ -30.12.1980 Уругвај - Холандија 2:0 пријателски -15.06.1974 Уругвај - Холандија 0:2 СП Германија ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА УРУГВАЈ 02.07.2010 Уругвај - Гана 1:1 (4:2 на пенали) 26.06.2010 Уругвај - Ј.Кореја 2:1 22.06.2010 Мексико - Уругвај 0:1 ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ХОЛАНДИЈА 02.07.2010 Холандија - Бразил 2:1 28.06.2010 Холандија - Словачка 2:1 24.06.2010 Камерун - Холандија 1:2 |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Октоподот Пол одлучи: Шпанија
http://www.youtube.com/watch?v=zNBXsc4Hz64 Изменето од aLbaneso - 06.Јули.2010 во 14:13 |
|
Љаеш НЕ касаш !
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Холандија ....... ............
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
честитки за холандија, одлично играа
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
иако на крајот..судијата си поигра со нивните нерви....
..но ..во секој случај ...беа одлични....
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Х О Л А Н Д И Ј А
N E D E R L A N D |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
More ova Holandezive precizni... Trite gola prvo u stativi, pa u mreza.
|
|
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GERMANY Navivam za Germanija, samo zaradi eden igrac, a toa e Mesut Ozil
|
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Германија
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
сега дури се е јасно, Холандија шампион... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ич не е јасно
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па подобро Холандија отколку Шпанија
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
Внеси реплика | страница <1 2324252627 38> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |